Можеби има капацитети, за современа аритектура, воопшто не изгледа убаво мешањето на стилови во архитектурата, поготово за архитектурата на Скопје, но, кога некоја скулптура е направена, барем да е совршена, да има душа, жива да е, да успее да го испровоцира гледачот во позитивна смисла.Прибидејки во целиов проект се споменува Италија, па совршенството од уметноста е таму, врв, а според мене е незаменлив пример за изработка на друга скулптура да речеме, ама ете Александар и останатите скулптури се правени таму, доколку сум грешка, слободно нека ме поправи некој, негативно мислење имам за скулптуриве на плоштад.Инаку потполно се согласувам последниов дел од цитираното.
Господин Тинекс и неговата општина најавија поставување на нов споменик на плоштадот помеѓу Гоце и Александар Македонски, а највени се и поставувања на некакви натписи на општината кои ќе бидат изработени од специјални камења у римски стил, а кои секако чинат многу пари. Јас незнам што му е на народот зашто ќути? ајде ова со натписите иако мислам се непотребни, но дали е потребен уште еден споменик среде плоштад? Го уништија, наумиле да го снема со пренатрупување на непотребни споменици, па дали имаат осет бе? Ми се плаче , повеќе не ми се проаѓа низ плоштадот, да можам одма би избегала од Скопјево само заради тоа, ама неможам.
Само едно ќе речам, наш народ кога ќе отиде во странство,покрај сите капии,споменици,и уште триста фигури се слика и се фали,а во сопствената држава тоа не го поддржва.Наместо да бидете задоволни,само се жалите.Утре ќе ви дојде некојгостин,роднина од страна,па ќе имате што да покажете,да се гордеете со Скопје. Незнам no comment сум за тие што не поддржуваат. Јас само ќе речам БРАААВООО за проектот Скопје 2014
A во која западноевропска метропола си видела толку многу споменици на едно место? си вдиела ли како се средени нивните плоштади? ниеден споменик нема.
Е затоа ние имаме нешто што ниту една друга метропола нема: Нашиот плоштад целосно претставува една склуптура - Шаховска табла
Види ако немам што да му ставам на маса на гостинот кој ќе ми дојде, тогаш ќе го фатам за раче и ќе го прошетам низ плоштад за да му се пофалам-види братучед може немам со што да ти го нагостам стомак, ама можам да ти нагостам очите...погледни колку ни е убав плоштадот.... е братучед ова со мои пари е правено, ама брат мене никој не ме праша полни очи брат, полни и раскажи на светот на страна колку сме богати...ама со споменици. Браво за Скопје 2014 год.
Јас би им направила фотомонтажи... Ем е поефтино, ем со Вистинските објекти ке ги монтирам...Со париската триумфална, па и со Ла Дефанс ако сакаат...Ве молам, ова е малограѓанштилук...Ако единственото објаснување за Скопје 2014 е фото студио, тогаш вие сте полуделе! Не се горедеам со Скопје, никој што прошетал настрана од него не би се гордеел со него... До ден денешен разумно објаснување за поддршката на овој проект не добив...Само некои искомплексирани и исполитизирани ставови...Најверојатно поинакви и не постојат. Копијата никогаш немала вредност, па вие слободно ракоплескајте и! Сё на светов, секакви луѓе...па и Скопје 2014...
Да бе, пази да не сака да се слика некој со триумфална капија во барок стил изградена во 2011 Кога одиш и се сликаш со Триумфалната капија во Париз, се сликаш затоа што има некаква историска важност и е стар споменик, а со нашана зошто да се сликаш??? Дека го слави триумфот на господин Груевски? или ја слави сиромаштијата во земјата? Нека изградат екстра модерен трговски центар, нешто што личи на градба од 21 век, па ќе видиш тогаш како сите со мерак ќе се сликаат со модерни градби, а не со некакви жални и бедни имитации.
Не е спорен трговскиот во Карпош (најголемиот на Балканов- се некој комплекси си лечиме, а знаеме дека не е до големината, туку до содржината, изгледот, одржувањето...ама прво ке скокнам, па ке оп-нам ), туку е спорен барокот/нео-класицизмот во Центар. Барокот сам по себе не е импозантен, колку што е импозантно во кој век се изведувал, со која технологија...Денес да се изведува барок е гола вода. Ама не вреди да се зборува. Доцниме 4 века, а вас тоа ви е супер! Па и да е нео-класицизам во прашање, пак доцниме 2-3 века! Во историјата на мкд архитектура и уметност и под османлиското владеење се појавуваат барокни нишки (ако ни е криво што сме го немале ). Тоа што сме биле лишени од нео-класицизмот, треба да не прави среќни. Тоа не е ништо повеќе од плагијат приспособен на поднебјето (ова приспособување сега кај нас е изоставено, да биде поголема трагедијата). После кажаново, дали некој има да се изјасни со 'ЗА' за Скопје 2014? Ако има, ке го замолам тоа 'ЗА' да го објасни неисполитизирано. Не прифаќам туристичко фотографирање и сл малограѓански ДЕЈАНИЈА , како изговор да се 'здроби' толкава пара (и притоа да се нагрди најпрекрасното нешто што на Скопје му се случило- ГТЦ).
Јас ќе го оправдам моето ЗА, кога ти ќе ми кажеш нормална работа за НЕ - неисполитизирано, бидејќи ова горенаведеното според мене не држи вода.
Девојченце, не ми е поентата да се натегам околу тоа што држи вода или не. ФАКТ е дека се инвестира во архитектонски мутации. ФАКТ е дека тие архитектонски бесмислици не се ценети. ФАКТ е дека Скопје нема да биде Париз, и не треба да биде (идентитет, препознавање е во прашање). Не секоја современа архитектура ми се допаѓа. Во тој случај можеме да (не)дискутираме околу вкусови. Тука не се работи за вкус. Тука се работи за феномен "криза на идентитет". Проблемот е многу подлабок од фотографирање. Немам намера да те навредам, млада си, ке сфатиш понатаму. Не ми смета што се гради, ми смета ШТО се гради. Ми сметаат и Вашите аплаузи на нешто што не е ново, нешто што не дава можност да покаже дека Македонија има капацитети (интелектуални) да создаде препознатлива архитектура. П.С. ФАКТите секогаш 'држат вода'.
Девојченце,не ми е поентата да се препукувам на форумот, секоја однас има право на свој став и свое миеслење.А ако не се лажам ти беше таа која го потегна прашањево Така да,мислам дека е најпаметно темава да си остане со цел на изјаснувања ставови и мислења,а не од типот,ај сега нека каже некој,ај да ве чујам....итн П.С. Bolje ikad nego nikad (ако немало и не им текнало пред 4века, и не им текнало на другите кои владееле во новово време,сега барем некој се сетил и направил нешто.)
Во контекст на муабетот, да се надоврзам, без разлика дали им текнало или не, според мене апсурдно е да се гради во барокен стил на место кое не е ни тло на кое е создаден барокот.А токму затоа воопшто не делува убаво реконструкцијата на зградите во барокен стил а триумфалната капија врв на сето тоа ај некако да се рече за тие згради на кејот, каде според некои антички записи се грчки, а дека се грчки, тоа е веќе друго.А скулптурите, да не зборам, имам кажано, е сега најново што чув Грците ќе ставеле скулптура на Аце кога бил дете е да си признам за разлика од нашава скулптура, ооо поубава е, уште посмешно ми е тоа што го прават Грците со вакви трагично - комични потези тоа е веќе друго и друга тема.Би можеле да направат нешто што е сосем складно, прифатливо за ова поднебје, но не и вакво нешто, тоа би било како нешто сега наш стил на аритектура да поставиме во странските држави, па веројатно ќе бидат запрепастувачки резултатите на тоа, особено за некои кои имаат познавање од овие работи.
Е па кога веќе ме повлече за јазик, ќе ти кажам дека чекам образложение од некој кој е ЗА проектов и е доволно компетентен да дискутира на тема архитектура, а со твоите години и со твоето непознавање на архитектурата (дури и како поим), не се сврстуваш во групата меродавни. Се сврстуваш во групата на која конечно и изградија нешто пред кое може да се фотографира. Имај убав ден, девојченце
Морам да реплицирам... Од кога тоа ГТЦ е најубавото нешто што му се случило на Скопје??? Ако е тоа убавина... ондак стварно немам сенс за архитектура. Во контекст на темава, не сум ни ЗА, не сум ни ПРОТИВ. Премногу се натрупа, премногу се исполитизира... Убаво е да се гради, ама да се гради со некаков осет... Ми се допаѓа Музејот и Театарот, даваат убав шмек на градот, но со се од околу пренатрупано, ништо до израз не доаѓа!
Убавината на ГТЦ е во неговото несилување на градот. Не доминира, а е референца. Покриена чаршија, која не се блокира ако комерцијалните единици престанат со работа. ГТЦ е машина која функционира 30 и кусур години без престанок. Сведок е на времето кога постанало, споменик на Модерната. Ако го споредиме со блескавите Рамстор и Веро (иста намена)-кои се сведок на денешницава, е далеку пофрекфентен и понезависен. Рамстор 'опадна' брзо, а сега Веро му е конкуренција. Е па ГТЦ е објект осмислен да нема конкуренција. И тоа му успева. Многу паметен објект. Своевремено убав и физички, а функционален независно од добата. Се слагам со тоа дека е убаво да се гради, но не е убаво да се градат плагијати.
:up: :up: Значи ...конечно! Се согласувам и сакав да слушнам мислење од архитекти на форумов..Но зошто не бевте доволно гласни, дали воопшто се организиравте да застанете против проектот пред да почне да се гради? Сега е премногу доцна и можеме само да стоиме и да гледаме од страна што се случува.