Се покренаа студентите и мислам дека се сеќавате како се заврши сето тоа. Студентите ни беа единствена надеж, бидејќи тие беа единствените кои се меродавни да реагираат, а не беше загрозена нивното работно место. За жал, политиката ги направи неми сите оние кои се вработени и искусни. Се се сведе на студентски протест (кој според мене беше најискрениот протест години наназад), кој на крајот и навистина се исполитизира. Опозицијата се вмеша, позицијата према сите посочи како СДСМовци. Катастрофа!
Девојченценценце си според твоите постови, не вреди зборови и дискусии да оставам овде со тебе, кога потценуваш некој според годините, и втора работа по професија што потценуваш. Така да од тие две причини, дебатата со тебе од моја страна нема да продолжи. За останатите феминки,секоја си има свое право на мислење
Студентите кои реагираа не се исполитизирани и меродавни се, а на крајот сепак ги етикетираа и се се сведе на политика. Не се слагам целосно, еве зошто-Студентите не спаѓаат во група меродавни затоа што немаат сеуште диплома, искуство позади себе и интелектуален авторитет во кругови каде што се одлучува за вакви клучни потези, така што кога ќе се појават војниците на власта ќе ги згазат со еден удар како што и направија. Јас реков - Зошто архитектите, уметниците, вработените во овие сектори, професорите не реагираа? Баш тие кои можат нешто да сменат, затоа што политиката ги направи неми? НЕ туку зашто ги штитеа работните места и професорските титули..Како не им проработи професионалната етика и совест дека се единствени повикани во тие моменти да говорат. Беа викани по медиуми и избегнуваа дебати. Сега е касно да жалиме, и да не живцира кога гледаме деца како се сликаат пред Триумфална капија, како да е тоа осмо светско чудо.
А зошто би се плашеле за своите работни места освен од политички причини? Значи да, политиката ги прави неми, се плашат да го изнесат својот став. За колку многу работи не се реагирало, што се не има проголтано овој народ, па ова нема ни да биде причина сега да се проговори. Кучињата лаат, караванот си врви, таква е работата.
Јас бев студент и протестирав и се чувствував меродавно, бидејќи знаев зошто реагирам. Историјата на архитектурата ја имав 'поминато', па ми беше јасно што се случува. Како и да е, се случи...
Не..Не.Види, во здрава демократија политичките несогласувања и различните идеологии, ставови,вкусови итн. НЕ се причина за страв. Стравот е егзистенцијален, дали ќе опстоиш или не, дали ќе бидеш ловецот или пленот. Стравот нема врска со политика туку со гола борба за живот. Е тоа е работата- Ако си професор, архитект, интелектуалец ќе Викаш, ќе пишуваш, ќе дебатираш, ќе се бориш. И затоа доаѓаме до моментот: Не реагираа зашто се плашеа дека ќе им кркорат цревата ако се спротивстават..Епа во такви услови БАТАЛЕТЕ уметност, и гледајте го шоуто што ви се сервира. Секоја чест на твојата реакција! Но токму тоа го мислам, ве згазија партиските посланици со една политичка етикета. Дали бевте моќни и во позиција да седнете и на маса, да ги изнесете аргументите против проектот, и да биде слушнат вашиот глас - не. И зошто беше тоа така? Затоа што студентското движење против, не го истретираа како одлучувачки фактор дали ќе се гради или не.
Се согласувам со тоа дека е фрекфентен и независен... Ама мене лично не ми е убав... Дека не го силува градот исто така точно, ама ипак е строг центар и треба да биде позабележителен... На тоа место секако ќе биде фрекфентен и независен, можело да биде поубав и повпечатлив како одлика на центарот на Скопје, подобро тој, отколку Порта Македонија што штрчи највисока меѓу околните згради и објекти и не личи на ништо.
На тоа место секако ќе биде фрекфентен и независен И Соравија и Сити Галери се на слична локација, никогаш не функционирале како ГТЦ
Па затоа и реков дека е пренатрупано Скопје... Блиску се и Веро и Рамстор... Не ни може сите да функционираат. Премногу е. Ако веќе копираме од западот, таквите трговски центри се обично подалеку од центарот на градот. Башка зборев за изгледот не ГТЦ, не за функционалноста. Дека најдобро функционира тоа е факт, ама како градба не ми се свиѓа!
Имам предлог зошто не си направите вие Скопјани петиција за бронзен Дедо Мраз со целата опрема - санка влечена од неколку бронзени ирваси, па весели бронзени џуџиња наоколу, може и по некое леприконче, па и бронзена елка, ама да не го надминува Ацета, упс воинот на коњ... Битно е да се изразува почит кон ликот и делото на важните луѓе, убаво ме потсети Росоњерка денес уште утрински. И чек дис аут, го најдов по нетов, ептен е јаки4ко победа? победа? поБЕДА? A-хам, !!!
http://vecer.com.mk/?ItemID=B59E653E67A ... C6ACE72F35 По "Воинот на коњ" Скопје ќе добие скулптура на уште еден толку голем воин. Со висина од 13 метри, во стоечка положба, овој воин од плоштадот "Карпошово Востание" ќе гледа кон оној на плоштадот "Македонија". Двете скулптури се со речиси иста висина - "Воинот на коњ" има 13 метри до главата, а со мечот е висок 14,5 метри. Автор на двете дела е Валентина Каранфилова - Стевановска. Оваа стана милионер со наши пари, ја ќе си пукам во колено, а народот апатичен ќе ќути и ќе трпи... Епа тоа е Македонија...
Не го поддржувам, бидејќи кога шетам низ плоштад се осеќам како предавник на уметноста во мене, гледајќи го сиот тој кич и оргии од дизајни, бои и стилови, кои реално кажано, му штетат на мојов очен нерв.
Готово, ќе си пукам во колено Фонтаната на грандиозниот споменик на плоштадот Македонија е заштитена од студот. Со бели платна се покриени деловите каде има механизми за вода, со цел истите да не замрзнат за време на студените денови кои се најавуваат. А луѓето што мрзнат?! Ќе ги покрие ли некој за да не замрзнат? М? И дај малку логика, ако замрзне механизмот за вода кога ќе се стопли ќе се одмрзне
Според анонимнава анкета на: ДА; НЕ; ''МОЖЕБИ'' проектов Скопје 2014та требаше да биде изгласан единствено ЗА ПРОТИВ на РЕФЕРЕНДУМ. Во секоја нормална земја одлучува народот за тоа што одговара а , што не. Е сега ќе си живееме помеѓу куп натискани споменици . Вакво нешто не е видено во историјата на ниту една ЗЕМЈА се' досега!!!
Залудно потрошени пари! А колку само има невработени и луѓе на улица, немаат леб да јадат, ние ќе се китиме... Тука е моментот кога дознаваш колку власта го сака и се грижи за народот. (Да се разбереме, не сум политички определена за ниедна партија, презирам секаков вид на авторитет)
Се гледа дека некои луѓе си немаат попаметна работа во животот,освен да создаваат искривена слика на животот. браво за таквите кои имаат вишок време (а мене 24h во денот ми се малку)
Скопје 2014 сакам да видам конечно решение на прашањето со јавниот превоз. Ме воодушеви идејава на кинезите, со тнр. тунелски автобус на електричен погон и тоа без жици: http://www.youtube.com/watch?v=Hv8_W2PA0rQ Требало една година само за да се изгради линија од четириесетина км. Генијално!
Вистина? Искривена е? Монтирана? Не, не бев иронична. Погледнете си подалеку од носот, еднаш во животот.