Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Да не гледав подалеку од носот,ќе и аплаудирав на сликава :lol:
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Што ти прави лоботомија...
     
  3. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Да беше човек и малку, помалку, најмалку, немаше во име на една партија, да се смееш на оваа слика, и да бидеш мизерна до толку да пред реалноста затвараш очи, да ја ставаш партијата пред се што е човечко, затоа што и да е оваа слика монтажа (а не е), сепак вакви луѓе постојат, и за жал се подлабоко тонат, а и бројот им се зголемува правопрпорционално со поставените бронзи и глупости, за кои нормално, од нивна, од наша уста се зема.
    Срамота! На ваква слика да се смееш е срамота, партијата пред човечноста...ццц...до кај може некои ,,луѓе,, да одат. :puke:
    И разбирам дека ти се малку 24 часа, обука треба добра за вака слепо да напаѓаш нешто што не се напаѓа, во исто време кога се обидуваш да одбраниш нешто што ни господ сам не може да го одбрани.!
     
    На crazyinlove19, nena2010 и Offspring им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Кога би збореле за триумф на бедата, ќе се надоврзам само сите досегашни државници,владетели, а и идни својата моќ ја изразувале/ќе ја изразуваат на ваков начин, со нешто што ќе ги одбележи по кое тие сметаат дека ќе бидат запамтени.Прво затоа што така било и ќе биде,по некој си шаблон на владеење, само не им текнало на поинаков начин како што спомена Офи, да беше така, многу поинаку би било, а второ затоа што им се може, се знае зошто.Затоа сега воопшто не сум изненадена од сето ова, можеби бев на почетокот кога коментирав тука, иако знаев, ама пак се чудев :tmi: да било поинаку, сосем друго би било.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Мизерен е тој што ја поставил сликата а не јас.Јас не се смеам на ваквите луѓе,туку на тој што се замара со вакви креации.Јас сум прва што помагала на сиромасите.А тие сиромашни луѓе не се сега настанати, тие биле и претходно,во владеењето на другите.Не се тие настанати од градбиве.За жал ги имало,ги има и ќе ги има.Ќе треба уште мнооогу време за да дојдат до помал процент.
    Прво скокни па речи оп.
     
  6. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    живот заедно со твоите Snow- Queen ова не е никаква креација туку за жал реална слика од секојдневието во нашата ни бедна Македонија...никој не се замара со вакви креациии.... не е некоја голема креација оваа слика...напротив вакви слики има насекаде околу нас, за жал... Се додека ТИ не станеш дел о д овие како што ги нарекуваш креации, нема да знаеш како му е на овие луѓе... имало и порано сиромашни, но дали пратиш статистика да видиш дека сиромаштијата во последниве 2 год. никогаш не била толку голема.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    113.720
    Пол:
    Женски
    Добро ајде не се од сега не се настанати од градбиве, ама зашто тогаш сегашната власт и твојата all mighty партија не направи да се намали бројот туку се уште го зголемува??? Јас навистина не знам каде бре луѓе живеете?? Има паралелен свет некаков за членови и симпатизери на владава па таму е животот Утопија, тече мед и млеко, а останатите живееме овде во реалноста??? Мислам дајте ве молам малку реланост. Перверзно е да се потсмеваш на вакви човечки судбини. Болно, гнасно и перверзно. Се надевам дека нема да ти сврти грб партијата кога ќе се тргне од власт и кога ќе дојде некоја друга гарнитура, а сончогледите ќе се завртат накај сонцето.
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Мислам дека и Офи и СноуКвин имаат ист став и поглед кон она што е претставено на сликата!
    Само, не се разбирате.
    На СноуКвин и смета не текстот, туку смајлито што ракоплеска. Она не би ракоплескала на слика која и предизвикува негативни, жални емоции .... а сакаше да каже дека гледајќи подалеку од носот, ја гледа иднината и има надеж за подобро утре (но, кога ќе се вмеша политиката во секој разговор, истиот излага од контекст).

    Офи пак не и ракоплескаше на сиромаштијата, туку на вистината плесната во очи. Тој народ е дел од нас и ја одсликува нашата реалност .... за жал.

    Јас ќе додадам дека сиромаштија имало, има и се надевам дека ќе нема, без разлика кој е и ќе биде на власт.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Прво, моја партија може да биде само онаа партија која јас сум ја основала.
    Второ, никој не се потсмева на ваквите луѓе, најмалку јас која знам колку сум помагала на ваквите.
    Трето, Алал да ви е како вадите статистики броеви, пари,суми....... од кои ли документи ги копате :D :x
    Четврто, не викам дека не крадат, кој и да седне во владеачка фотеља си става пари во џебот, ама барем сега гледам моите пари каде одат, се гледа.А каде се парите што претходно ги имала владеачката сила.
    Сегашниве може крадат ама и работат,а претходните...,ем крадат ем па ништо нема.
    И како последно, сакале или не, оваа е влада и твоја и моја и на цел народ.Може и мене нема да ми се свиѓа и не ми се свиѓало порано ама тоа е тоа.


    -Да се надоврзам на темава, ако нешто почитувам највеќе од проектов тоа се објектите, како судот....да не ги набројувам сите.Ако до сега плаќале кирија за просториите на оваа дејност. Сега можеби со кредит, ама ќе се изградат и ќе бидат во сопственост на државата, наместо пари за кирија (бунар), се градат еднаш за секогаш.
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    26.227
    Епа ете што е жалното... Важно е на овој народ да му ставиш статуа во сред центар за да види дека НЕШТО ПРАВИШ СО ПАРИТЕ, зошто не е способен да види подалеку од носот.
    Во време на владеење на другите, се изгради најголемата хидроцентрала Козјак, која чини милиони, се изградија повеќето делници и автопати, само не можеш да се сликаш со нив, па затоа не се важи.
    Обиколницата околу Скопје ја почнаа и скоро ја заврши претходната власт, само се погоди Груевски да сече лента...
    А за зградите....Ќе почекаме неколку години, и коа ќе им паднат сите во Вардар, (затоа што корито и кејот на Вардар се вештачки направени после поплавата во 1962 и НЕ СЕ ПРОЕКТИРАНИ ЗА ДА ИМА ЗГРАДИ НА НИВ!!!) ќе видам што ќе кажете и што ќе правите и како тогаш ќе го браните Премиерот.
     
    На crazyinlove19, dryad, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl: кога ве читам вака се газам од смеење
    Да да од тие што знаеа да гледате подалеко од носот, еве уште патиме, и не можеме да се опоравиме.
    А па тие колку гледаат пред носот лелелелеле, да ми простите, ама кога го слушам Бранко Ц. имам осет дека на своите очи, и неговите поддржувачи има ставено плочка лево и десно од очите и нема лево десно, и упорно како со глава во ѕид да мава.
    Сум имала почитување кон тој човек,ок лидер на друга партија е и се тоа, нормално е да се има секогаш,одбрана,напад и контра аргументи,ама за 20год. независност кога рече дека нема да присуствува,целата слика за него се скрши.Па тоа е празник на државата на народот, и он ќе се борел за народот, тој што незнае да слави заедно со него??/
    Хахахах а овие божем не прават проекти за нови хидроцентрали за да градат?
    Инаку кој рече дека е лошо што ја изградиле хид.Козјак, ја не сум како некои што не подржуваат се што е добро за народот.И да велам: е ај ќе видиме кога ќе се уништи....итд

    :!: ЌЕ -идно време од нема
    ЌЕ ИМ - извини , но би требало да напишеш ЌЕ НИ (зошто тоа е за целиот народ), или ти можеби не осеќаш дека тоа е и за тебе
    здравје,само да сме живи и здрави,за некоја година дај боже баш ќе видиме што ќе се деси 8)

    и зошто сте толкави песимисти??? :?:
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    26.227

    Прво, јас не сум подржувач на Бранко, туку реално ја гледам ситуацијата во Македонија (читај НИКОЈ БЛИЗОК НЕ МИ Е ВРАБОТЕН ПАРТИСКИ) ... За славење 20 години независност, да ми простиш, ама тоа беа исто така беспотребно потрошени/испрани пари кои ги потрошија луѓе кои ПЛУКААТ кон оние кои ја создале таа држава со која сега тие се фалат.
    2) Кои хидроцентали ги градат овие? Знаеш колку многу ветерници долж Вардарска долина можеа да се изградат со парите потрошени за споменициве, па сами да си произведуваме струја и сега да немаше потреба од поскапување на струјата... (колку за споредба една ветерница чини одприлика 2 милиони евра, многууууу помалку од Воинот на коњ)
    3) Да, ќе кажам пак ќе им падне, затоа што тоа не е мое, не го чувствувам како мое и нема никогаш да се приближам до тие грдосии од згради. И ЌЕ ИМ паднем намерно го потенцирав, затоа што пред да се изгради кога сите експерти им викаа дека е опасно таму да се гради, ништо не беше важно, важни беа парите кои ќе се земат од тие градби. Прашај било кој инжињер, што има завршено факултет и РАБОТИ проектирање, ќе видиш што ќе ти кажат. Дека е ОПАСНО било што да се изгради покрај Вардар, само не е тоа важно, важни се парите само.

    И за крај, не е ова тема кој што направил... Ова е тема за Скопје 2014, односно перална на пари за сметка на огрдувањето на градот кој тие што израснале тука неможат да си го познаат. И за крај, ќе кажам, па кој сака нека се лути, дека не ми е јасно како може некој што не е роден, не живее, не работи во Скопје (не се однесува на тебе Сноуквин, незнам од каде си) да кажува дека ова е добар проект! ВИ ги трошат парите што и вие ги давате на нешто што НЕ Е ВАШЕ.
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Добро кажано, темава еСкопје 2014, вака до бесконечност можеме да се натегаме, секоја со свои аргументи,ставови и мислења.
    Живи били па видели 8)
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.566
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски
    јас сум ЗА. Како што некои викаат дека е пренатрупано - не се согласувам. Во Италија , Франција итн.. како е? И таму има многу споменици. А како беше пред? Немаше ништо да се види. Шетаат странци и што ке видат , само кафичи? :| Преубаво изгледа и браво за владата. Претходниците ништо друго не направија освен што крадеа па сега нека им збори устата само.. :^)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Имав шанса да разговарам со еден стар скопјанец.
    Всушност, баш тие што живееле тука по спомениците ќе можат да го познаат Скопје,и да се сеќаваат како било.

    Бикот е карактеристика за Скопје,зошто во тоа време се чувале многу волови, па затоа и е ставен.
    Шмизлата е ставена зошто во тоа време, скопјаните се шетале таму, на тој дел, и тоа им било "корзо" во тоа време.Ми рече дека баш се пронаоѓа во шмизлата, бидејќи сите се дотерувале за корзото, само е малку модернизирана,со телефон, минич и слично...
    Ми објаснуваше како тие од провинција се шетале на еден дел,а тие од Скопје на друг ама не го сфатив баш а не е ни битно.
    Чистачот на чевли е ставен зошто во тоа време таму имало извесен Кенан, кој бил чевлар или чистел чевли ни тоа не ми текнува баш... :?:

    Така да, се има свое значење, а старите скопјани го знаат. :)
     
    На Snow-Queen и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    A питачот е слика и прилика на животот тука во минатото, сегашноста и блиската иднина :clap: Ништо не е за џабе :)
     
    На crazyinlove19 и Offspring им се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    ^ Кој питач? :^)

    Да не мислиш на оној што чисти чевли? :^)
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Eве овој, на улица Македонија
    [​IMG]
     
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ау да, е не знам за него не ми кажа ништо. :D
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Па да ти кажам најискрено тие што живееле, нема баш да го препознаат, зашто тогаш немало ништо од тоа што има сега-циркузи. И пак што ми е гајле мене за тие што живееле во Скопје и одамна се преселиле и неживеат тука, нив им преостанува само да дојдат и да речат леле колку убаво браво за шетање, туристи. А ние што остануваме тука што аир имам од нив. Да не ни најдат работа, или обезбедат подобар живот? Не. Едно е да ставиш еден, два три споменици, ама 20тина и повеќе е чист претеризам и искрено делува кичесто.