Многу сум против тие спомениците што ги има на секој можен чекор.. Ало бре луѓе Другото е океј.. Чекам само да се среди се' и да го видиме целокупниот резултатат.. Вака.. не ми ветуваат многу
ех! барем да беа од чоколада тие спомениците ќе имаше и за ошто да ви облизнуваме на вас Скопјани ! ама вака???
Една работа ми е иронична до бескрај... Сите што плукаа по спомениците (99% приврзаници на СДСМ и вечити критичари на се што е позитивно и симпатизери на најголемото зло што некогаш и се случило на Македонија и на Македонскиот народ), на отварањето на фонтаната и спомениците, беа првите кои се сликаа и ги залепија сликите на ФБ, направија албуми со името Моето Скопје, Скопје <3 итн... Истите тие денеска коментираат леле колку е убава фонтаната, како свети... МРШ! Еден позитивен збор да ви излезеше од устата, еден! Краделе, переле пари... и да краделе, оставиле нешто што ќе остане за народот, додека СДСМ и тоа што го имаше го уништи, да не изградија споменик кога беа на власт сите години? И пак бевме сиромашни и пак во државава постоеа истите проблеми, ништо не беше поинаку, само што бевме сиромашни за многу споменици кои сведочат за нашето минато, нашата историја. Бездушници, бодевте очи да ги браните А1 и Велија, истиот оној кој ги подбуцнуваше албанците да прават немири и да бараат права со нивните провокативни емисии... (извинете за офф топиков). Не дека толку лошо ви изгледа Скопје, него инатот во вас не дозволува да кажете дека нешто што е направено за времето на ВМРО е добро, проблем на ментално ниво е тоа. И да, мене ми се допаѓа изгледот на Скопје 2014, моето Скопје никогаш не било поубаво, бар од кога јас паметам. Тоа го рекле и многу луѓе кои за прв пат го посетија Скопје после изградбата на спомениците, кои немаат никаква врска со партиска определба, странци и роднини кои веке 6-7 години живеат надвор од Македонија.
Значи преку половиов орган! СДСМ во 90тите градеа држава, која немаше ни армија, која тек основаше своја валута, и таа Македонија тогаш излезена од социјализмот во кој била со години!!! Еве што изградија сдсм. 250 километри автопат, во вредност од 260 милиони евра. Автопати: Скопје-Тетово, Тетово-Гостивар, Хиподром-Миладиновци, Градско-Неготино, Неготино-Демир Капија, Смоквица-Гевгелија. Обиколница околу Скопје во вредност од 110 милиони евра. Изградба на ХЕЦ Козјак во вредност од 140 милиони евра. Започната е ХЕЦ Св.Петка, но власта на ДПМНЕ ја запре нејзината градба. Отворен најголемиот граничен премин во Југоисточна Европа-Табановце. Отворени три гранични премини кон Албанија. Далековод Скопје-Битола и Битола-Лерин Далековод Штип-Црвена Могила Дај информирајте се пред да тресете глупости!!!
Ахх мила, доволно сум информирана, впрочем тоа и ми е професија. Него да прашам јас, ова ти го сметаш за достигнување на СДСМ? Што за сите години ги изградиле тие работи (со пари донирани како помош за развој на земјава, во главно). А што е со затварањето и приватизирањето на нашите најголеми фабрики? Со 150 000 државјанства, поклон на албанците во замена за гласови? Ве молам... Применувајте го правилото, информирајте се пред да тресете глупости. И гледам добро ги знаеш сумите на проективе, милиончиња, така лесно кажани небаре се денари а не милиони евра, за автопатот Тетово-Гостивар кој како треба да биде некое достигнување и да личи на современ автопат со астрономска вредност?! Па зар и ВМРО не издраги патишта? Не ги средија ли улициве по Скопје? Да се крстам во три гранични премини со Албанија??? Како да тоа и беше најпотребното нешто на Македонија, приоритет да се поврзе Албанија со Македонија, небаре ќе се побратимуваме... а да, па тоа е и вашата цел, олеснување на животот на албанците во Македонија, во замена за нивната наклоност на секои избори... Ох Боже, врати ги на вистинскиот пат сите луѓе кои се поклонуваат на алкохоличари. Ве молам, не ме коментирајте во постовите доколку секој коментар оди во штета на Мојата убава Македонија. Извинете за офф топик, го кажав своето мислење на темава и излегувам од неа, нонсенс е да коментирам на релација достигнувањата на СДСМ и ВМРО низ времето.
Тоа е вмровското, изолирај се од сите соседи, после тоа нека те мразат, ама да знаеш ти си во право не се они. Сите грешат сите се лоши само ние сме арните. Да, го сметам за достигнување, и за проекти од колку толку суштинско значење на оваа земја, и тоа во моментите кога сите нејзини соседи воделе крвави битки, ние сме оделе во нагорна линија. Сега, по 20 години од осамостојувањето, наместо да правиме суштински реформи, и на надворешен план, ние коваме барокни огради, во Скопје, додека цела провинција замира, и сите гледаат како да се населат во Скопје или ако се по амбициозни да избегаат од државата. Епа јас не мислам дека во време на меѓу две економски кризи е потребно градење на порта македонија. Многу ми е гајле дали на Скопјани им направиле порта, ограда и коњ, кога јас овде во Велес се чудам на кој начин да избегам од државава, и кога на секој млад човек му е амбиција истото!
Се додека имаме развиена индустрија во државава, стапката на невработеност за некоја година ќе стане еквивалентна на бројот на млади и перспективни луѓе. Скопјани после не ни се лутете нас провинцијалците што ви го уништуваме градот. Јас единствена добра прилика за работа гледам само во Скопје. Зошто све е во Скопје сконцентрирано. Тоа беше оф,а сега он топик Ај градат, што градат.. ама кога веќе неможат да ги излекуваат, барем нека им променат дилер на архитектите задолжени за овој проект. Толкава неускладеност на едно место не сум сретнала. Градба како градба е посебно убава, но нема старост во неа, нема квалитет, све е квантитет во овој проект. Што повеќе градби, тоа поубаво Скопје? Ај тоа, барем да знаеја како да ги распоредат, каде да ги стават. Оваа капијава уште не ја разбирам и никогаш нема. Но, еве еден предлог бидејќи до 2012 постигнавме големи успеси во полето на архитектурата, наредно да биде мини ајфелова кула, мини опера хаус во Вардар и мини биг бен на сред плоштад. Можеби тоа ќе биде убиствено добро. И ме интересира дали државата е свесна колку е задолжена? Не и се смеете на Грчка, зошто кај и да е маката ќе не спријатели со неа.
Одговор на „Плоштад Слобода“ на говорот на Груевски по повод отворањето на Триумфалната Капија во Скопје на 06.01.2012 Речиси 2 години откако Владата ни даде до знаење дека има некакви планови со нашиот главен град и по телевизиите го пушти славниот видео спот Скопје 2014, Груевски пресече уште една црвена лента. Овојпат на најбизарниот, најнепотребниот и најкичестиот објект на овој проект – триумфалната капија лоцирана кај Чичко Стоилко. Но, ова не беше само обично сечење лента. Груевски својот говор го посвети за целосен осврт на проектот Скопје 2014 и на процесите што го следеа. Цинично им испрати поздрави на противниците, уште еднаш обвинувајќи ги дека работеле во корист на опозицијата. Еве што поточно рече Груевски: “...Благодарност до сите мои противници и неистомисленици, на сите противници на проектот, на опозицијата, НВО секторот кој, најчесто во договор со опозициските партии организираа протести. Благодарност до одреден број професори и студенти на архитектонскиот факултет, разни колумнисти, и други истакнати личности, но и на дел од медиумите и нивните претставници. Тие со сета жар и максимална посветеност работеа на максимално оцрнување на овој проект, со надеж дека на тој начин ќе ме оцрнат мене и моите соработници, како и актуелната политичка гарнитура”. Бидејќи премиерот својот говор и својот градски проект го смета доволно вреден за историски осврт, ајде да направиме еден историски осврт на проектот што не може да се чуе на владините медиуми, а така и се заборава во јавноста. Ако Груевски вели дека “Јас стојам зад овој проект, сметам дека е добар, квалитетен и корисен и дека нема ништо лошо во него”, ајде да се осврнеме малку наназад и да оцениме дали е навистина (1)добар, (2)квалитетен и (3)корисен како што тврди. Премиере Груевски, дозволете да ви ја расипеме забавата! (1) Добар Проектот Скопје2014 го објавивте на 6-ти Февруари 2010. Речиси една година откако вашите активисти ги тепаа младите на плоштадот во Скопје кои протестираа против градењето на црква. Го објавивте неколку месеци откако тогашниот најчитан дневен весник на својата насловна страница скандалозно објави дека планирате да потрошите 10 милиони евра зе леење бронзени скулптури, иако денеска знаеме дека ќе не чини 30 пати повеќе. “Пропуштивте” да го спомнете во своите изборни програми во 2006, 2008 и 2009, иако веќе наголемо сте спроведувале конкурси и тендери со барокни фасади. Целиот проект го спроведовте незаконски. Не само што го криевте од јавноста, туку и од институциите надлежни за вакви проекти. Законот јасно кажува дека Собранието е надлежно за поставување на споменици од национално значење, а општините за спомен обележја на локални личности и настани. Која е локалната важност на Александар Македонски или Филип Втори за Општина Центар? Вие го заобиколивте Собранието зашто го немавте потребното мнозинство, се плашевте од јавната дебата и амандмани на листата на споменици што си ја направивте сам. Го заобиколивте Собранието и го прекршивте законот. Проектот беше непопуларен од самиот почеток. Како политичар кој цело време се потпира на анкетите на јавното мислење, сигурно знаевте дека мнозинството е против изградбата на верски објекти на плоштадот, а откако го објавивте проектот 2014, видовте и дека повеќето граѓани се против него. Одевте директно против вољата на граѓаните. Проектот не им го понудивте во вашите изборни кампањи, а откако го објавивте, го игнориравте нивното противење. Ја игнориравте општата јавност, но и стручната. Архитектите и урбанистите не беа консултирани за вашите градски планови. Кога се спротивставија, ги игнориравте. Кога побараа увид во планот, документацијата, проектите и решенијата, повторно ги игнориравте. Може ли најголемиот урбанистички зафат во Скопје да се смета за квалитетен без учество на асоцијата на архитектите? Оваа зима во Скопје за прв пат ги чувствуваме ефектите од Скопје 2014. За вашите барокни згради го уништивте Паркот Жена Борец, паркчето спроти пабот Лондон, паркчето спроти влезот на главната Пошта, имате планови да го уништите паркот кај Домот на АРМ, како и оние спроти МЕПСО и спроти хотелот Бристол. Планирате да изградите и 10 катница на самиот плоштад, и изградивте неколку објекти покрај реката во самиот центар на градот. (Сечењето на дрворедите на Климент Охридски и Илинденска можеби не се дел од планот за Скопје2014, но убаво го покажуваат вашето разбирање за потребата од зеленило во градот). Во моментов во центарот на Скопје се гради на преку 15 локации. Истовремено! И ова се случува додека секојдневно Скопјани го проверуваат индексот на загадувањето во градот. Овој град не е загаден со јаглерод диоксид или сулфур диоксид, овој град има загадување со ПМ10 предизвикано од градилишта и нерасчистено од намален проток на воздухот. (2)Квалитетен Без намера долго да дискутираме за вкусови, вашата визија за Скопје со сигурност ќе стане синоним за кич и невкус. Градите класични и барокни фасади со современи градежни материјали. Каде е предизвикот во тоа? Сте се запрашале зошто владетелите во барокот не граделе со ренесансна естетика? Сте се запрашале зошто Casio денеска не прави песочни часовници, а Volkswagen кочии со дрвени тркала? Вашето денешно имитирање на туѓите достигнувања од пред неколку векови е смешно. Градењето на Акропол пред 20-ина векови со никаква механизација и недостапни градежни материјали е импресивно. Градење на античка зграда со малтер и цигли, и антички столбови од гипс-картон е за жалење. Во таа смисла, не моравте да градите нови ѕидини на тврдината. Можевте да ги изработите со гипс-картон и да ги облепите со тапети со шара на ѕидини. Вашите ценети уметници изработуваат скулптури што се веќе изработени и ги красат плоштадите и тротоарите во други градови. Измислуваат писма (нешто помеѓу латиница и кирилица) за да ги докажуваат вашите верзии на нашата античка историја. Скулптурите се недовршени, со изместени пропорции, лошо и набрзина сработени. Фонтаните ќе прскаат фекални бактерии на минувачите на камениот мост. Има ли поголем кич наратив од начинот на кој вашиот омилен скулптор ги подредува жените во нејзините дела? Кога сме веќе кај неа, Валентина Стефановска ја направивте веројатно првиот милионер-уметник од Македонија. Жената има изработено повеќе капитални дела, отколку што има појавувања во јавноста или изложби. Во уметничките кругови никој не ја познава. Не се сеќава на ниедна нејзина изложба, ниедно нејзино дело што не е сработено за држава/општина... Единственото интервју во кое зборува за својата уметност, Исус и Александар Македонски го има дадено за најтиражниот таблоид во Македонија. Зарем вие ја сметате за компетентна да се бави со еден историски проект како менувањето на личниот опис на нашиот главен град? Дали не ви паѓа тешко кога ги гледате странците како се подбиваат со нашиот град? Кога најгледаната ТВ во светот CNN го нарекува вашиот проект „тематски парк“, The Economist го нарекува „несериозен“, а Јутарњи Лист „лудило“. Дали ви пречи кога ХТВ целиот проект го нарекува „леб и игри“, го поврзува со вашето тоталитарно владеење и вашите лични хирови, а Вечерње Новости го опишува како „пикање прст во око на Атина“? Впрочем, сте погледнале ли настрана за да го споредите вашето дело со урбанистичките достигнувања на модерните светски метрополи. Додека Белград и Софија градат подземни железници, додека Талин и Тирана градат супермодерни објекти, додека Загреб гради музеј на современата уметност, вие градите барок во 21 век. Вашиот проект за Скопје повеќе потсетува на проектот на Назарбајев за казахстанскиот главен град Астана, отколку на стара европска метропола, како што сакате да го замислите овој град. Коинциденција или не, баш пред еден месец во Казахстан беше отворена речиси идентична триумфална капија како вашата. Секоја чест! Вие си дозволувате на Скопје да му приредите поголема реконструкција од онаа во 1963 по земјотресот. Вашата тоталитарност оди дотаму што освен што сакате да ја окупирате сегашноста, сакате да ја окупирате и иднината на градот. Вие практично не оставате ни еден квадрат простор да биде изграден од некој после вас, од некој нов голем Никола Груевски. Во центарот на градот нема ниту еден тревник, ниту еден паркинг што ќе остане недопрен. Дури и надвор од центарот, на најубавото земјиште под калето јавните претпријатија и вашите партиски другари градат во вашиот омилен барок. Дури и една личност со така големо историско значење (Тито), со толку големи законски надлежности и тоталитарни склоности не си дозволил цел град да си го дизајнира по свој терк. А можел. Дури и тој ја имал доблеста да дозволи новото Скопје да го осмисли меѓународен тим на архитекти избрани на конкурс на ООН. (3) Корисен. Конечно, последниот дел од вашата изјава за овој проект, околу неговата корисност, не смее да остане непредизвикан. Корисноста на проектите се мери со парите што ќе ги генерираат, прашањата што ќе ги решат, долгорочноста на решените проблеми... Што од ова мислите дека постигнавте со овој проект? Иако на почетокот лажевте дека проектот ќе чини 80 милиони евра, краток осврт на досега спроведените тендери покажува дека сте потрошиле 3 пати повеќе. А проектот не е ни завршен. Од независноста наваму, ова е најголемата капитална инвестиција во Македонија. Просто е неверојатно дека толку пари сме потрошиле за скулптури и фасади. Во време кога зависиме од странската енергија и со години не можеме да започнеме нов енергетски проект што ќе генерира струја за неколку градови, кога железнички сме поврзани со 3/5 од нашите соседи, кога ниеден автопат не е до крај завршен, а „приоритети“ како коридорот 8 остануваат незапочнати, вие мислевте дека Триумфалната Капија е поважна? Дали сметате дека е „корисно“ и менувањето на ликот на скопските фасади само затоа што на вас не ви се допаѓаат? Зградите околу плоштадот имаат свои автори кои се горди на своите дела и не сакаат архитектонски незнајковци како вас да им ги оценуваат и менуваат. И не само нивните дела, вашата дрскост оди дотаму што имате намера да го менувате изгледот на еден од најубавите објекти во Скопје каде имате среќа да поминувате 24/7 од своето време и покрај противењето на неговиот автор и немањето никаква реална потреба за такво нешто. Во меѓувреме, во неколку наврати ја кратевте социјалната помош за најзагрозените семејства и ги зголемивте бирократските процедури за социјалците, неколкупати ги одбивте стечајците да добијат мали месечни средства за да издржат до пензија. Поскапеа нафтата, водата, струјата и парното, а со тоа и вашите приходи од акцизите и даноците. Додека нашиот живот поскапуваше, парите ни ги трошевте на ваши играчки. Истовремено, покрај што нашите пари ги трошите за вашите фасади, ги трошите и за нови вработувања во јавната администрација. Без никаков отчет вработувате и вработувате буџетари, а притоа одбивате да го кажете конечниот број на административци. Денес имате и министерство за јавна администрација, а ни тоа самото не го знае тој број. Единствената корисна работа во Скопје2014 е што ќе им користи на некорисните државни службеници. Оние чиј број е бесконечен. За нив веројатно ќе има доволно бироа, столчиња и фиоки. Ние останатите во меѓувреме ќе го губиме кровот над главата. Се надеваме дека овие редови ќе ви го расипат меракот со Скопје 2014 онака како што ни го расипувате меракот секој пат кога ќе поминеме покрај некое од вашите чудовишта. Онака како што го сменивте личниот опис на нашиот град надевајќи се дека со тоа го заслуживте своето место во историјата. Заборавате дека историската наука можеби не ги памти жртвите на кинескиот ѕид или версајскиот дворец, но овие жртви веќе оставија свој траг. Трагите на вашето тепање, судско гонење, изигрување на процедури, отпуштање од работа, иселување од домови, забранување за вработување, јавен линч и клеветење ќе го пратат вашето Скопје2014 во секоја идна монографија. Вашето место во историјата е обезбедено и придружено е со фусноти на злосторства против својот град и своите граѓани. Плоштад Слобода
Свечено отворена триумфалната порта на Бадник. Во истата не само што ќе се организираат конференции, симпозиуми, собири, туку ќе се прават и свадби и веридби. Не ми се верува, што уште нема да измислат.
Текстот што го има објавено KuklickaSk и јас го прочитав пред некој ден.Убаво е аргументитрано и се е објаснето.Не можам да разберам како може во модерна ера,да се гради во барок стил и тоа со модерни градежни материјали,како може одеднаш да го претрупаат цел град во прашина во брзање да му се смени личниот опис на цел град и пред се како по анкетите не се слуша јавното мислење.На крај краева ние треба да живееме овде и да поминуваме секој ден,а додека да се изгради да се гушиме во прашина.Не за џабе индексот на загаденост рипна толку многу. А најмногу не можам да разберам како може да се троши на вакви работи кога најосновните алки ни се нишаат.Здравство за никаде,не дај боже да те натера пат во болница,образованиево вришти,плати мали,рипната цена на струја,парно и сите производи неопходни за исхрана и одржување хигиена,стечајци колку сакаш,социјални случаи во трошни колиби...Ќе доаѓале странци ќе ни се врати од туризам?Па малку ли заспани туристички места имаме?Нека се вложи во нив,нека мрдне туризмот во друга насока.А и не верувам дека толку болна сума на пари ќе се потрошеше за тоа. Работава ме потсеќа на некои што уште немаат кров над глава,дома фрижидерот празен,ама битно кола од 40. 000 и нова гардероба секој ден. Аман веќе од вакви непромислени политики...искрено се надевам дека доаѓаат нови генерации што ќе имаат барем малку памет во глава и трошка совест...
Kако прво,секој си има право на свое мислење и немој мене да ми пишуваш дали знам што пишувам..знам многу добро си го кажувам своето мислење... имам милион причини да наведам за моето мислење 1.ако не умираат од глад како што напоменавте..оние на тв што ги даваат секој ден дека немаат пари за огрев,храна,здраствени потреби..кој се тие?некој милионери си играат играчки 2.може да се помогне на оние кои бараат средства за своите најблиски кои имат потреба од операции и сл.. 3.средните и основните училишта нека ги средат како што доликува.. немам ништо против тие споменици,доколку основните потреби од државава се задоволени..немам потреба повеќе да пишувам затоа што го искажав своето мислење и како што напоменавте јас незнам што пишувам..најмногу ме иритира тоа што не оставате други да се изјаснат,незнаеле што пишуваат само вие знаете,а секој има право на свое мислење..е сега јас забегав од темава,бидејќи во оваа тема не се ценат другите мислења..
Кај триумфалната порта ќе се правеле свадби т.е ќе се давало судбоносното да. Само тоа нормално дебело ќе се наплаќа. Уште тоа фали, малку има гужва низ град уште свадби да прават, ќе биде како порано сред село кога славеле и свади правеле Баш гледав слики од Скопје на нет, на момент добив чуство дека не го познавам Скопје, дека гледам во некоја чудна вештачка творевина, како да гледам некоја странска метропола. Скопје полека станува Лас Вегас, лоша и ефтина верзија. Уште пирамиди ни фалат, кога ќе заврне Скопје се претвара во Венеција, биковите дотрчаа од Шпанија, Париз го имаме преку Тринфалната капија, во Лондон ќе одиме со двокатен автобус, а Њу Јорк не ни треба ние си го имаме наш Грујорк Којзнае што ќе не снајде до 2024, се плашам и да помислам.
Јас како што разбрав внатре во капијата ќе се одржувале тие свечености Да не е трагично било би комично.
Внатре, надвор, нема разлика, како што пишав селска слава нема да ни биде рамна! И плус после април ќе се наплаќало влез...незнам колку ама сигурно нема да биде малку. Господ нека ни е напомош!