Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. bubu1

    bubu1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    12
    Oбразованието денес стана комерцијала. А здравството да не збориме. Во држана болница седни на кревет ќе пропаднеш. Ако ти треба за во школо да праиш инсектариум, најголемите бубашваби се таму.. :/
     
    На TS-310 и dryad им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^ На свои 13 години со политика се занимаваш? :D
    браво за тебе, ја на твои години сеуште ластик играв
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    10.204
    Јас како студент некој поголем ќар немам видено.Со книги сами се снаоѓаме и лабораториските опреми сами ги купуваме,а тие ама ич не се ефтини.Уште се живее во беда по студентските домови и нема олеснителни околности за превоз на студенти.На онаа кампања што беше направена...многу повеќе очекувам! ама ај да не забегуваме многу од темата.

    Здравството е далеку од решено и не зборам само за Скопје. Знаеш колку пати се има случено во амбуланта да немаат 96% алкохол? Немаат најосновни вакцини и инекции,стара е и искршена опрема па што останува за другото.Скапите машини за дијагностицирање се малку...и да купиле една,треба уште една.А не луѓе да чекаат 3 месеци да се снимаат и да умираат по ходницине пред да дознаат што им е и пред да имаат шанса да преземат нешто за тоа.

    И не се само здравството и образованието што се фативме ко слепи за стап...кажав и претходно, многу други сектори ни се килави.

    Има за пишување овде ехеее....долга и широка е темава.Само може ние да се пењавиме до сто и назад,пак муабетов ќе се врти во круг :)
     
    На lolyta777, dryad, TS-310 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. LaFemina

    LaFemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    34
    Да де, селендрата произлегува од главата, тоа и се гледа. Навредувајќи некого, за кого не знаеш ништо од типот тој е селанец, или во контекст на муабетов селендарец кој излегол од селендра, успеал да се насели во многу покултурна и пообразована средина (за жал) од нашава и таму да отвори свој бизнис и да биде почитуван од страна на луѓето кои живеат таму и соработуваат со него а воедно не се селендарци, или некој кој е повикан да работи таму, во нивните болници кои се далеку подобри од нашиве поради знаењето кое го стекнал во селендрава наша, е супер пример на тоа дека селендрата произлегува од главата, точно.
    И благодарам што ми откри топла вода, јас незнаев дека е користена иронија во коментарот, муабетот ми беше дека е крајно ретардиран и наликува на коментар даден од страна на малцинствата кои живеат во нашата земја.
    За уметникот на делата нема да коментирам, не сум уметник, неможам да коментирам дали тие дела се добри или не, можам само да кажам дали ми се допаѓаат или не. Исто така не ја разбирам потребата, кога се споменуваат спомениците, да се наведува бикот како пример, небаре само него го имаме. Немој да ми кажеш дека баш ниеден споменик не ти се допаѓа. Што е со спомениците на борците, словенските просветители? И мене не ми се допаѓаат сите споменици, но, не значи дека баш тие кои не се по мој вкус, не се по ничиј. Се што сакав да кажам и прокоментирам на темава е тоа и да постои некоја позитивна работа, макар и една единствена, приврзаниците на СДСМ пре би си гризнале од задникот, само да не го признаат тоа, да го премолчат или критикуваат без реална причина. Се што слушам е СДСМ направиле ова, она, автопат, ти реков ми рече, 4-5 работи за време на нивното владеење, а нигде, ама баш нигде не прочитав една наведена работа што е изградена за времето на ВМРО. Каде се субвенциите дадени на земјоделците, аеродромот кој сега наликува на аеродром, поволностите за пензионерите, кредитите за младите брачни парови, рекламите (за кои бар јас им пишувам голем +) во стилот образувај се, избери живот итн... Ете само дел од работите што новата влада успеа да ни го овозможи, додека старата ни даде 2-3 нови автопати, еден куп Албанци за соседи по нашите домови, ТАТ штедилницата, затворени најголемите фабрики во земјава и најбитното, ни го промени нашето ИМЕ, ЗНАМЕ, за кое претците наши го давале животот бранејќи ги.

    Извинете по незнам кој пат за офф топик, но имав потреба да одговорам.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    А јас на твои години се занимавав со симпатии, дечковци и со колоквиуму и испити.
    За проектов се имам изјаснето, не го сакам, не го подржувам, не го одобрувам....уште фасадата значи фалеше да ја средат |(
    А ти Сноу-Квин да не ти плаќаат за пропагандава :^) ...мислам толку ли ти е испран мозокот. И искрено ич не ми е гајле дали ќе ми биде пријавено мислењево како навредливо или ќе ми биде избришано....со што ти го переа мозокот...со ариел, гонг, дуел или директно варакина ти истурија....Дај дете порасни, влези сама во животот, почни сама да се снаоѓаш, да работиш и од твоите пари да изградат нешто а тебе да не те ни прашаат ..... а кога ќе ти тргне детето во школо секирај се дали ќе има со што да си ги измие рачињата кога ќе излезе од тоалет и дали случајно ќе падне во чучњевите од времето на Тито и Хитлер.....или пак кога ќе се породиш во некоја од нашиве државни клиники па кога ќе ти дадат една штиркана ноќница или пак кога ќе побараш да ти го сменат крвавиот чаршав а ќе ти речат дека нема испрано, па кога ќе одиш со влечки лајнарки во тоалет каде нема топла вода, а треба да се измиеш на отворена рана, па ќе јадеш и спиеш во соба со бебето а доле ќе протрча бубашваба, а да не збориме за прекрасниот звук кој ќе го слушнеш ако згазнеш некоја од нив :x ....е тогаш дојди на темава, па ќе дискутираме за проектов и неговата корисност, грандиозност и убавина.

    И додека јас и останатиот нормален свет се замараме со вакви прашања ти оди сликај се пред спомениците и праќај новогодишни разгледници...можеш цел колаж да направиш, ги имаш во изобилство.
    Во суштина не се раправам со политички испрани мозоци, ниту се обидувам да ги разубедам, ама те читам веќе подолго време во истава тема и на секој кој не го подржува проектов му реплицираш, веќе навистина паѓаш во очи.

    Се работи а? Е па прво требаше таму да се работи, а после на коњи, фонтани, споменици, јарболи, куполи, градски плажи, палми и не знам какви не се` фасади, капии итн. итн.
    Ти се восхитуваш, :^) е па јас се нервирам и сега се думам каде да одам за некој месец да се породам, дали пред Никола Карев, Александар Македонски (упс Воинот на коњ), пред Ченто, цар Самуил или тримфално пред новата ни капија. :!:
     
    На Chocoholic, La.Reina.Del.Sur, dryad и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Што е оваа?? :^) Доволно е сега какво го направиле а не пак уште. Па со овие споменици се расфрлаа. Ако вака го направат оваа што ќе стане?? Шаховска табла. :x ПА НЕ ЛИ ГЛЕДААТ ДЕКА СКОПЈЕ Е ПРЕОПТЕРЕТЕНО, ќе стане и СИРОМАШНО ако продолжат вака. Пред да го направат оваа нека прошетаат низ градот...
    Да видат колку луѓе просат, колку деца седаат голи и боси.Па нека цирнат од прозорците да видат како живеат жителите во Скопје, дали секој има телевизор ПЛАЗМА, компјутер со голем екран бежична тастатура и глувче. Дали имаат фрижидер и шпорет. Јас не живеам во Скопје но како што гледам вака е . Не ми замерувајте ако нешто сум згрешила, сега. Но како во сите градови така и во Скопје.Пред некој ден бев во Скопје во аеродромот Александар Велики. Си признавам...убаво е, но сепак неморале до толку.

    Ајде се разборев :talk: ќе се разбереме нареден пат
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Кажи ми што имаш ти против овој мој пост,јас само искоментирав дека на нејзини 13год. играв ластик,а не коментирав за политика.А тоа што ти си се занимавала со дечковци браво,јас не-јас имам еден дечко долго време и не ми треба друг, одам на факултет и исто се занимавам со испити и колоквиуми (ако баш те интересира)А тоа што коментирам за политика е мое апсолутно право (ако не се лажам и според законот е над 18год. се има право на глас)

    прво - моето мислење и партиска определеност да не те интересира, нити вршам пропаганда ниту збора вака така,само изразувам мислења. тогаш што прават другите што контрираат на моето мислење, и тие ли се платени за некоја нивна пропаганда како што велиш ти.
    И како второ,претпоставувам дека си постара од мене, но тоа не ти дава право да ме нарекуваш дете.И да ме клеветиш дека јас вршам пропаганда, срам да ти е.

    Ова е форум, тема за дебата-имам право да пишувам,нити некого сум навредила,наклеветила или нешто слично.А тебе ако ти смета не ги читај моите мислења и ставови.
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓаат градбите но не и статуите ниту пак местото на кое се наоѓаат. Се е некако натрупано на плоштадот. Триумфалната порта не е којзнае што а и на неубаво место е ставена. Мислам дека сите овие статуи му тежат на плоштадот, башка од нив нема ни вработувања ни приходи, не знам дали и некој се слика пред нив.

    Во секој случај гласам ЗА за проектов. До пред некое време бев неопределена, но влегов во новиот музеј и малку ми фалеше да не паднам на г*з од тоа што го видов. Колку е само убаво средено и организирано. Има што да се види и да се научи. Внатре се чуствував ко да не сум во Македонија, навистина музејов може да го рамнам со музеи од други држави кај што сум била. По излегувањето уште толку се разбуди македонското во мене, кога видов колку загинале за нашата земја. Се надевам дека и другите градби ке бидат вака убави, едвај чекам да ги видам.

    А да, и во овие згради ке има работни места, ке се вработат луѓе од многу области како во изградбата така и со отварањето на објектите. За оние кои зборат против власта да кажам. Оваа влада и Груевски и ГРАДАТ и КРАДАТ, предходната со сдсм само КРАДЕШЕ.
     
    На Snow-Queen и sanjaeva им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сноу-Квин ништо не си ме разбрала, ништо....штета.

    Во овие згради ќе има нови работни места кои уште од сега се испланирани и договорени за кого ќе бидат, или ќе се донесат оние кои седат дома и си земаат плата, така што не верувам дека ќе има нови работни места, истите се веќе одамна пополнети и со овие работни места ќе се зголеми бројот на веќе и онака преполна државна администрација која бај д веј зема плата од мене и од тебе.
    Оние кои работеле на изградбата повеќето од нив работеле на црно, непријавени и неосигурани.
    А за да дојде до изградбата на овие објекти само треба малку да Ви работи фантазијата како работи урбана мафија, и кој колку се наполнил со пари за да добие некој тендер.

    Така што додека се восхитуваме на оние кои загинале и ги дале животите за нашата слобота, некој веќе одамна си ја има осигурано иднината не само на своите деца, туку и внуци, а некои за жал му ја мислат како ќе го поминат денешниот и утрешниот ден...ама можеби еден ден и тие истите ќе бидат споменати во некоја алеа на великаните пошто и тие страдаат и умираат за доброто на некои други (нормално не по своја волја, ама тоа е, немаат избор.)
     
  10. TS-310

    TS-310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    37
    Читав нешто во весник,ќе имало и Битола 2016.Ако е вистина нека им е со среќа!А фасадата на владата сигурно ќе биде во барок,покрај Вардар се градат објекти исклучиво во тој стил,па не може владата има современ изглед,БАРОК!
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    и ти мене уште помалку, но не ми е криво,ја своето си го кажав кој разбрал разбрал ;)

    за ова прв пат слушам,но се надевам дека ќе биде убаво

    единствено нешто што исто чув,но незнам каде точно ќе биде т.е. во која зграда на кеј, ќе се преместоло т.е. таму ќе било новото матично
     
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Lollyta не знам како се вработени тие луѓе таму. Два пати бев во музејот и два пати освен од изградбата се воодушевив и од вработените таму. Барем оние два водичи што ми се паднаа мене беа како родени за таа професија. Оној на врата што ти кажува што како исто така.

    Има мнооогу нови работни места, им се дадоа можности на многу наши уметници, историчари, скулптори и слично. Воодушевена сум од витражот на музејот кој е изработен од Охриѓанец. За витражот се употребени 14000 парченца стакло.
    Велиш дали сум помислила на гладните додека сум се восхитувала таму. По излегувањето од таму ке помислиш на мнооогу полоши работи, посакав да ги оживеам фигурите на Ченто и Гоце да ги изнесам надвор да ја видат самостојна Македонија. Но за момент се сепнав. Што ке видат надвор? Една поделена Македонија, еден народ што се дели на наши,ваши,нивни , кој ниту еднаш во овие 20 години не се крена сложно против ниту еден политичар, кога ни го сменија името, кога дадоа државјанства на Албанци, кога помилуваа терористи. Ке научиш дека за нацинални интереси треба да бидеме сложни, се почуствував виновна зошто бев против изградбта на овој музеј. Овие луѓе и во форма на восочни фигури испраќаат многу пораки до нас, да не беше музејов никогаш немаше да ги прочитам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Snow-Queen и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    На какви наши уметници им се дали работа? Читаше ти кој ги има цртано сликите?
    Друго работа како што знам фонтаната, портата и сличните работи се издизајнирани од една особа, така да дали едвај на 2-3 уметници им дале шанса.
    Музејот дека е преубав не оспорувам, ама јас како што ги читав имињата на авторите на сликите се едни исти ми се вртеја и guess what не ми текнува дали имаше некој македонец, имаше поише руси ми се чини.
    Восочните фигури не се ни приближно онакви викстински како што треба да бидат, кога ќе ги видам на слика од Мадам Тисо 100 пати по реални ми изгледаат од овие, па и допрев една, како пластични се, гарант не лажат :D
    А и од водичот баш не сум задоволна, ко да сакаше на брзинка да не исфрли, додека на еден странец кој беше сам му посветуваа по 20 минути на една фигура...

    П.С. Коа ќе донесат склуптура од Киро пак ќе го посетам музејот.
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Јас пред 2-3 месеци кога бев, баш тој водичот спомна вика ова место го чуваме за Киро Г., вика не личи на жив човек фигура да му нарачуваме.И откако почина баш и на вести кажаа дека веднаш ќе биде нарачана
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    А ти дедо Иљо Малешевски во живо да не го имаш видено па да кажеш дали личи или не.

    Мимс покрај бугарските и руските има и македонски автори. Лично познавам студенти од ликовната академија кои учествуваа во проектов и беа добро платени за тоа. Јас лично сум задоволна од водичите. За мизерни сто денари што ги платив саат време ми држеа час по историја. И тие водичи што ги вработиле не се од Кина донесени. Значи има нови работни места. Е сега партиски било. Нека дојде СДСМ на власт ако може и нека ги смени, што друго да ви кажам.

    Фигурите ги сметам за преубави. Особено онаа на Кочо Рацин, ко да е жив. Лицата на сликата на судењето на Ченто ептен се погодени со ситуацијата.
    Е не ми се допадна само една слика во тој делот кај што е попот и селската кука мислам оти беше. Не знам дали е до подлогата или до што е ама ко на пола ми е некако сликата.

    Фигурите на Караџорџевич, на Кемал Ататурк и на Тито се стигнати треба да се постават. Фигурата на Киро ке стигнела за 2 3 месеци.

    Друго што не ми се допаѓа е во врска со портата што демек ке се наплакало после април влез. Ако остане таква каква што е не знам зошто некој би платил да се качи таму кога не е нешто посебно. Ако се среди нешто повеке тогаш океј нека наплаќаат влез. И би сакала да се среди делот околу портата. Тоа цементот пред неа на ништо не личи.
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    А ти си го видела за да знаеш дека личи?
    Не ми беше поентата да кажам дека не личи, нормално дека личи не ги праеле како ќе им текне, иако водичот кажа дека некои ликови се правени од претпоставки односно дека нема баш слики и записи како вистински изгледале, јас сакав да кажам дека и врз основа на тоа изгледаат доста неререално, куклине на излози изгледаат повистински од восочниве фигури.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Не ни можат да бидат приближно вистински на лик, мислам онака како што изледале, затоа што за да се направи, треба да има основа на што ќе може да се направи, не може од претпоставки или рекла-кажала работава, да се направат.Незнам како можеле само на претпоставки да се базирале :^)
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Не реков и јас дали личат или не, ама постојат доста записи и слики од последниве стодтина години. Сигурно ја виде фотографијата на мртвиот Даме Груев.
    А со ова со кукливе или ти претера или мене очиве не ми гледат убаво (ама скоро бев на очно :( )
    Мене многу ми се допаднаа. Посебно онаа на Мисирков и онаа на Ченто како работи на Голи оток, онаа на Мирка Гинова. Сите што биле во музејот се воодушевени од фигурите, не се сложувам дека се фаллсификат. Не дека сум ги испитала хемиски ама погледите на фигурите, лицата, во секој момент очекував да ми прозборат.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    До мене ќе да е изглеа :lol:
    Несакам да наметнувам мислење, не ми е тоа целта.
    Некои изгледаат реално, а некои ми беа ко пластични и премногу вештачки изгледаат. Сеа да не се рамњаме со Мадам Тисо, ама по мене штеделе на квалитетот на фигурите. Признавам го допрев Ѓорче Петров :tmi: немам допрено восочна фигура незнам дали чувството е исто како да допираш пластика.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55


    Темава не изискува мешање на баби и жаби но, штом веќе.. тогаш ајде.
    Моето или вашето мислење за изгледот или имиџот на градот не менуваат апсолутно ништо во тоашто проектот Скопје 2014та е нашата овдешна реалност и затоа можам да дадам какво сакам мислење на темава = неможете барем тоа ми го ускратите ниту пак да ми го одземете тоа право а, употребениот јазик го поистоветувам со мојата РЕВОЛТИРАНОСТ КОН СКОПЈЕ 2014та од причина што додека се обидувам да се прошетам низ мојот роден град а, воедно и низ родниот град на мојот татко, дедо па и родниот град на мојот пра дедо по потекло од Саук Чешма!= јас сум скопјанка 4 генерации наназад! но,се шетам со главата надолуу во мојот роден град!!! Од СРАМ !
    Не сум политички определена ниту за СДСМ ниту пак за ВМРО! Мислењава ги упатувам кон темава а, не кон вас и вашите лично. Тука нема ништо лично освен посредство преку форумов кое не е лично штом е посредство. Не се работи за лични препукувања ниту пак за навреди. Ако сакам да го навредам бикот тоа си е мое право затоашто така сакам. Нели е ова демократија во која секој може да си го каже мислењето? Нели е? Демократија? Конкретно пишав дека бикот е одлично изработена скулптура во однос на мноогу други но, тоа не подразбира дека ми се допаѓа.



    [/quote]


    Мојот чичко/дедо=маж на мојата тетка/баба=сестра на мојот дедо од таткова страна е/бил основач на абдоминална хирургија и еден од оснивачите на Клиничкиот центар воопшто, во време во кое во Скопје ретко кој имал факултетско образование и тоа дури до/усовршено на Yale. Мојот дедо бил значаен функционер во бившиот општествен систем, такашто секој нареден коментар во однос на малцинскиов извештај може слободно да го удавите во питките и бистри води Вардарски. Малцински во смисла на ИНТЕЛЕКТУАЛНА МАЊИНА ДА за тоа сте потполно во право! Малцинството не подразбира единствено прашање на национална определба 8)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.