Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Да, се отвориле работни места, ама прашање е за кого? За оние со партиска книшка и мама и тато вмровчиња по рака.
     
    На K0ST0VA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Еве се гледа колку си помислила на гладните.
    Мизерни 100 ден :o навистина....

    Најниската социјална помош изнесува 1800 ден., постојана парична помош за самохран родител изнесува околу 4000 ден., највисоката парична помош за туѓа нега на болно лице изнесува околу 4500 ден., детски додаток за дете во основно училиште изнесува 720 ден., а за средношколец околу 1200 ден., додаток за дете со посебни потреби изнесува исто така околу 4000 ден. итн...сето ова се месечни приходи при што секој месец соодветниот соц. работник води сметка случајно да не се надмине некоја бројка за да истата помош им биде укината (да појаснам-доколку семјството т.е. детето прима дет. додаток, платата на 2-та родители не смее да надмине на пр. 10.000 ден. или по просек на семејство за секој член да има по 2500ден., доколку и за само еден денар оваа бројка е надмината помошта се укинува). Месечни приходи, месечни :!:
    Кажи ми ти мене што ќе попрво да си купи средношколец со тие 1200 ден, со нив може само маркица за слободна автобуска карта да си купи.

    Мизерна ни е социјалата, ете тоа е мизерно. Тие 100 ден. се мизерни се затоа што куповната моќ им е мизерна, мизерни се затоа што со нив можеш едвај да си дозволиш еден пристоен оброк...ете затоа се мизерни.
    Наместо да се градат вакви проекти сите тие средства на пр. можеа да бидат насочени т.е. наменети за социјалните семејства. Ова е само уште еден пример од мене за што би можеле да се искористат буџетските средства.

    А ти која очигледно тагуваш за тоа што ни е поделена Македонија оди и кажи им на некои од овие социјално загрозени семејства дека мизерни се 100-те ден. кои ти си ги платила за час по историја. Мислиш дека тие не сакаат едукација, макар и на училиште, ама тие истите за жал едвај преживуваат, а камо ли да одат по музеи и да гледаат восочни фигури.

    Очигледно не си сретнала сиромашни па затоа имаш време да толкуваш политички, националистички и не знам какви ти се не идеи и замисли.
    Е па драга моја, пред неполн месец баш пред Новогодишните празници дојде еден сосед и ни побра на заем додека да му дадат плата токму 100 ден. за да им даде на децата утредента да одат на училиште (на двете деца по 50 ден.). Значи побара за утредента.... а задутре, а позадутре, а за до крајот на неделата :( од каде ќе најде, од кого ќе се позајми, до кога ќе се позајмува.
    Е кога некој тебе ќе дојде и ќе ти го побара истото со срам и насолзени очи тогаш дојди и пишувај за мизерноста на тие 100 ден.

    И после кога пишувам дека сте деца се лутите. :!:
     
    На BeLLaDona23, imelda, KuklickaSk и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Едноставно речено КИЧ! си лечат некои компекси на овој проектот и си перат пари. Лично мислам дека е пренатрупано, нема простор, се е во близина ставено. Друга работа, ова во европските држави го правеке ред неколку века.ние??или сме назад со времето неколку века, или некои луѓе мислат дека играат паметно.Башка денес слушам Владата на градовите ке им ставала АНТИЧКИ имиња! каде бееее? аман со сила не прават сите глупи.сите пари од проектов можеа да се искористат во многу поразумни цели!
     
    На K0ST0VA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.359
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Јас прочитав негде дека на општините имињата ќе им ги менува со антички имиња.
    Така да Центар ќе се вика Александрија :o
    Па добро, да се слага со надворешниот изглед на градот |(
    Ова ако го направат ќе биде дефинитивно најголемата глупост што ја направиле до сега!
     
    На esperanca и K0ST0VA им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
  7. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Мислам дека ова е жива глупост. :tmi: Само копираат од големите држави. Не знаат да си направат ништо свое. Порти,лавови, шмизли... :fubar: Мислам хелоуу??? глупости. :D
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Во проектот Скопје 2014 се огледа бескарактерноста на балканскиов народ.

    Не велам дека не треба ништо да се гради, точно , фирмите ќе добијат работа и пари но што е толку тепко да се гради на соодветни локации? Што беше толку тешко Филхрамонијата да се постави меѓу МНТ и црквата кај МАНУ? Не треба да си архитект или уемтник за да забележиш дека локацијата на Филхармонија меѓу МНТ и МБУ(муз.балет.училиште) само го задушува просторот и не дозволува самата филхармонија да дојде до израз.

    Исто така, повеќето градби освен промашена локација, се градат во промашено време. Потребна ни е инфраструктура, пруга до Бугарија и Албанија, автопатишта, еколошки електрични централи(со енергија од сонце и ветер) за поефтина струја за домаќинствата , планови за климатските промени во Македонија...

    За изгледот на зградите пак ќе речам само: за вкусовите не се расправа, но за локацијата и времето и те како мора добро да се промислат.
     
    На K0ST0VA, esperanca и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Lolita кога напишав мизерни баш мислев на нивната мала куповна моќ. Со 100 денари скоро и ништо да не можеш да купиш, а кога веќе ги имаш зошто да не појдеш во музеј?

    Јас се сложувам со тебе дека многу граѓани на Македонија живеат во сиромаштија, но кога веќе ја спомна Нова Година друг пример ке ти дадам. Сите кукаме немаме пари а за Новата година продавниците и дискотеките беа полни. Јас попрво би потрошила 100 денари за влезница во музеј отколку 1000 денари за влез во дискотека за Нова Година. Никој не треба за туги сметки да збори, секој различно сака да си ги троши парите. Мислиш ли дека ако не се изградеше Музејот твојот комшија немаше да биде сиромашен?
    Ке си ги пикнеше некој парите во џеб и чао пријатно.

    Моето мислење си го кажав. И јас не се сложувам со спомениците кои никнуваат на секој чекој, и јас мислам дека се тоа залудно потрошени пари. Како да напишам за Портата дека ми се допаѓа кога не ми се допаѓа? Не ми се допаѓа и новиот споменик во паркот што го градат и еден куп такви споменици, но Музејот навистина ми се допадна и сигурна сум дека ни беше потребен еден таков музеј.

    Според твојот пост заклучив дека сите што сме дале 100 денари за Музеј треба да имаме чувство на вина , дека сите ние сме бездушници и крволози, го мразиме човечкиот род. А јас сакав само да кажам дека ми се допадна музејот (ама очигледно смртен грев е да ти се допаѓа барем една зграда од проектов).
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ^^Знаеш што... не навлегувам повеќе во дискусија, кажав што имав да кажам, не би да се повторувам по 1000 пати. Како сакаш сфати, терај си ја младоста како ти одговара, посетувај музеи наместо дискотеки, троши како сакаш итн. итн.

    Како за крај мислам дека токму тој музеј и тие восочни фигури се залудно потрошени пари, барем денес кога се можеш и на нет да дознаеш. Баш неодамна рекоа дека ќе донеле уште 5-6 фигури, а една од нив коштала некаде 15.000 евра, така мислам не сум сигурна. Толку пари за восочни фигури :o (помножи сега 5*15.000 евра), а општеството да се распаѓа е срамота, греота, не знам веќе кој збор да го употребам за да го искажам гневот.

    Доколку средствата рационално се користеа немаше сега да вршат рестрикции на струја (рекоа нема домаќинства да исклучувале, а лажат, струја исклучуваат и до 19 ч. навечер го оставаат народот да смрзнува) и да се препуцаваат цело време дали децата требало да одат на училиште или не (на Тв гледав дека во некои општини училните се загреваат со ќумбиња :x ....колку тоа ќумбе може да ја загрее цела училна :^) , може само г*от на учителката да го и` стопли :!: , со извинење).
    Реков и пак викам, парите место за восочни фигури пр. можеа да ги искористат да стават парно греење во школите, да им дадат средства (пари) на општините да купат нафта, мазут, дрва и не знам веќе што им треба за греење. Еве во нашата општина директорката на градинката рече дека мин. за обрз. и скинало 3000 евра од буџетот на градинката кој и бил потребен баш за нафта...па се чудеше директ. што и како да прави, да оди да моли...(не би се` да објаснувам).

    Има тука многу да се дискутира, мене само ми е криво што народов е слеп и негледа колку го крадат и што упорно подржува и величи некој кој го е*е у здрав памет. Е тоа е целиот проблем, колку народов е поткупен и лижог*ач, а не гледа дека се` пропаѓа, дека ништо во држава не чини.....тешко на нас и на нашите деца, само полоши времиња доаѓаат, нормално за нас обичните смртници, а не и за оние кои си ги топлат фотељите и си потпишуваа ливчиња и креваат рачиња и си се тапшаат.

    Во мојата општина ништо, ама баш ништо не е сменето откако сум тука, некако се поклопува времето на моето живеење тука со владеењето на владеачиве. Ништо, ама буквално ништо не е доизградено ниту реновирано, ниту поправено, ништо. Освен општината, нормално т.е. зградата на општината...нова изградија, го средија и просторот околу, си направија паркинг, зеленило, споменик нормално опнаа итн.
    Друго ништо, се` е во состојба од времето пред или непосредно после земјотресот `63.

    Тврдам и стојам на ставот дека проектов со се` музејот е катастрофално трошење наши пари и дека има каде да се инвестира и да се реновира.
    Завршувам тука и тоа е се` од мене на оваа тема.
    Искрено страв ми е да не ме чита некој :bandit: :bandit: па да одам сургун.
    :hai: :hai:
     
    На Phyramide, imelda, Danilela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Потпис за ова.

    Да не се повторувам многу, имало има и ќе има сиромашни.
    А од тие што највеќе зборат за сиромашните, кога ќе видат сираче на улица како проси за пари, ни 5ден. не му фрла, а не па да му подаде нешто повеќе.
    И тие истите што не први не им помагаат на сиромавите, први зборат за нив, и први зборат како се нечини и се немало пари....а се облекуваат по последна мода, во марки, се сликаат на плоштад фрлаат 1500ден. за Нова Година, тродупло повеќе за дотерување(ова важи за женските) треба фустан,штикли,ташна,шминка,фризура нокти.....(живи глупости)
    И после истите тие да ми зборат за сиромаштија???Па тие незнаат што значи буквата С од сиромаштија.(не зборувам ништо конкретно за ниеден член,да не сватите погрешно).

    Дали сте запрашале од сиромашното население кои се причините што се сиромашно семејство?
    Еден прост пример: основно училиште учев "Васил Главинов", школо каде што учеа македонсци,турци,босанци,роми,срби...
    Во мојот клас бевме околу 15тина македонци, 10тина роми, 2-3 босанци, 2 турчинки и 1 србин.
    Сите учеа, ама од 10те роми учеа само 2-3ца.Алал да и е на едната до 8мо со сите 5ки, медицина со сите 5ки,сега е и на факултет, утре со работа ќе се оствари финансии за своето семејство. Така е нели не се лажам. Но, што со останатите 7-8 што не учеа?Што едвај 8мо завршија, средно не ни запишаа.Работа со 8мо одделение ќе најде, финансии нема, а ќе се ожени и 3-4 деца ќе има.И после...сиромав....така? Кој му е крив што не учел? Што сега нема работа, туку со тие деца на семафор шета? Што треба да направи државата, диплома од факултет да му додели и работа?
    Некој ќе рече па нека му даде работа, добро ќе му даде, и сите тие што не учеле ќе имаат работа, и понатаму нивните генерации нема да учат.
    А некој што изгуби 17-20год во школување,ќе чека работа уште 5год?
    Епа за повеќе од половината сиромашно семејство не е државата крива, самите си се криви.
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Која иронија. По порталиве гледаш слики од Триумфална, фонтаната, па пак од Триумфална пардон портата, снегче, „убавини“ и ти вика одозгора - Ова е само наше Скопје |(

    Штета шо на тие слики, јас „наше Скопје“ не го препознавам....
     
    На Hellen, drugarka, crazyinlove19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мене ова за проектов повеќе ми мириса на добро осмислена стратегија за перење пари ... Ништо друго ... Сепак да сакале Скопје да го направат единствено уникатно ... би смислиле нешто уникатно, а не нешто веќе видено..

    И сепак , во ред е почитувам историја и све тоа , ама ја навистина не би да се навраќаме во минати стилови, помина времето за тоа ... Сега цел свет гледа да направи нешто што по модерно и уникатно ние глеаме да ископираме нешто ...

    И не само тоа, туку овој “барок“ стил дава погрешна слика за нашата историја на странците. Зашто од една страна е факт дека никад кај нас немало барок, наместо коа веќе сакале да покажат нешто историско нека покажат нешто наше историско. Сепак имаме богата историја нека го покажат тоа во светов ...

    И навистина ми е жал за Скопје и за плоштадов, наместо да го направат ко шо треба, го уништија . Не го воздигнаа туку го срамнија со земја.
     
    На Hipster, enca.69 и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Излези од Скопје малку и прошетај се накај Источна Македонија, па тогаш да дискутираме малку зошто е едно семејство сиромашно. Па мислиш ти мојата мајка не сакала и мене да ме прати на факултет? Не, не, и она сакала и јас сакав да скапувам по конфекции уште од 18 години за 200 денара дневница, наместо да учам, за да можам еден ден и јас да најдам работа во Скопје. И не, не сум ромка, туку сум шопка, но не сум проста оти не сум факултетски образувана. Ако сум способна да работам во престижна фирма во странство, ега сум способна бре мајката и за во Македонија за нешто повеќе од пеглање, ама еве ај да не им ја земам работата на факултетлиите ќе си седам настрана јас.

    И да, ми пречи сиромаштијата во Македонија, и ми пречи тоа што владата уво не ја боли, што болницата во Кочани се распаѓа, што таа во Штип на инфективно одделение смрди на фекалии оти немаат средства за хигиена, да не навлегувам...ама ми пречи, и зборувам. Фрлам пари на најнова мода, фрлам на шминка, на коли, ама фрлам мои пари, а не државни, од ничија уста не скратувам.
    А колкава стипса сум јас ваква богата, како не ми е срам само не знам да се појавам во јавност со моите чевли од 500 фунти кога само скромни 2000 фунти, по сиромашни луѓе, од лични мои пари имам фрлено(како што си го подвлекла), и тоа само ланската година. Знам С од сиромаштија оти знаеш ли колку семејства само од мое село без туѓа помош не можат 6 кубика дрва да си купат за зимото.

    И немој да ми речеш, ама јас не зборев за тебе. Оти не си ја осетила сиромаштијата и бедата во нашата ни Македонија, со она нема од каде, затоа народот ти е крив оти е сиромав и нешколуван. Сепак, знам дека нема да разбереш.
     
    На lolyta777 и Danilela им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ТОЧНО ТАКА ќе ти речам не зборев за тебе, зошто зборев за повеќето кои ем се сиромашни ем не се труделе.А не за некој како тебе што се трудел...како што самата велиш.
    Ја ги оправдувам тие што крв под ноктот дале и се труделе а сепак немаат.
    А тоа дали имам познавање на С од Сиромаштија, не збори, зошто ни ти знаеш за мене или за било која членка, ни јас знам за било која членка низ што поминала во животот, затоа за такви работи не се збори,зошто можеби некогаш некој ќе повредиш или ќе го присетиш на лоши моменти од животот низ кои поминал и се трудел да ги заборави.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    346
    Девојки дали имате вие С од сиромаштија или не, нема врска со проектов и без тоа нас никој не не прашува така да за џабе ви се препукувањата.

    Во врска со проектов не сум ни 100% за, ни 100 % против. И мене музејот ми се допага, и тоа ме натера да го сменам малку негативното мислење што го имав за проектов. Јас сум за да се гради, ама не така се одеднаш да се изгради. Можеа да градат секоја година или на две години по најмногу една зграда. За спомениците сум многу ПРОТИВ. Претерано е. Мене искрено повеке значење ми имаат фигурите во музејот, отколку спомениците на истите личности. Ние имаме еден куп споменици кои не ги орджуваме па и овие. Многу попродуктивно би било да се реконструираат црквите и манастирите во земјава кои пропагаат.

    Гледам кометари од типот -Градат на сред сиромаштија-. Во право сте, и египетките фараони граделе кога народот бил богат и задоволен, ама во Македонија е постојано сиромаштија, дали тоа значи дека не треба ама баш ништо да се изгради?
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    А ти ако си гладна и боса ќе гледаш парите да ги потрошиш за јадење и облека или за да си го средиш дворот или да си направиш фасада на куќата?

    Ок е тоа што се гради и се инвестира во културата ама срамота и греота е да се трошат толку пари на такви работи кога голем дел од населението живее во беда. Во болниците побрзо можеш да се разболиш отколку да оздравиш, на учениците им капе од покривите на училиштата, диполомирани кадри седат дома зошто нема работни места.
    Епа кои треба да бидат приоритетите ?
    Нека се средат болниците, нека се отворат фабрики, работни места, па после нека се инвестира во разубавување на плоштадите.

    Зошто утре недај боже да се разболиш ќе те носат во болница каде ќе ти шетаат лебарки, нема да те однесат во музејон што бил многу убаво среден.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Извини Snow Queen ако те лично навредив со тоа С, точно, не те знам и не сакам да те навредам со моите претпоставки.
    Ама ти мене сепак не ме разбра.
    Види јас кај сум се потрудила, на страна, па да добијам нешто за тој труд, кога скоро сега сите од помладите од мене на село се со факултет, знаеш ли колку од нив кмичат дома? Некои успеале да се запослат во продавница, во конфекција, мажите претежно таксисти и пазарџии, алал да им е знаењето. Кога они не се снашле, како пак јас ваква нешколувана таму ќе се снајдам за да не треба утре друг дрва да ми купува за огрев, или лекови за срце(пу-пу-пу). Ги оправдуваш сите што се сиромашни што се труделе со цела сила и пак немаат, ама што аир ако ги ти оправдаш бе душо? И кога веќе го спомнав примерот -штипската болница пак ќе си смрди па народот учил/се трудил или не, исто ти се фаќа.
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Пренатрупано, загушливо, перење пари. Толку. :)
     
  20. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    346
    Не знам дали забележа од мојот пост, и јас НЕ го одобрувам проектов во ваков облик како што е. Еве ја разгледав темава и забележувам едно. Дали сите ние на кои ни се допага музејот овде треба да бидеме обележани како слепи ? Ги гледам резултатите од анкетава. Не е толу голема разликата во анкетата како во мислењата. Значи страв им е на некои што се ЗА проектов да коменираат, бидејки одма ке бидат тука нападнати со кометари од типот Нели гледаш што се случува. Еве и јас дадов еден пример каде би можеле да се користат парите, јас ако се прашувам би инвестирала во стотиците манастири кои пропаѓаат, да се спречи исчезнувањето на иконите стари стотици години затоа што тие се нашето вистинско културно богатство.

    Сиромаштија во Македонија имаше и пред музејот, ке има и ако не се гради ништо. Нели гледате дека ниту една влада досега не реновирала болници, не отворила нови работни места, не им помогнала на бездомниците секој за џебот свој си гледа. Има една изрека - Од двете зла, помалото е она што треба да се одбере. Така и во случајот. Кога не сакаат да ги решат вистинските проблеми, подобро да изградат нешто отколку да си ги стават парите во џеб (не дека вака не си ставаат).

    Проблемот кај нас е што знаеме да лаеме само тука по форуми, да оговараме пред зграда, да се делиме на ваши и наши, а ниту еднаш овој народ не се собра да направи еден сложен протест во последниве 20 години. Ако беа сите против проектов, зошто народот му дозволи на Груевски пак да биде на власт? Ако народот се гуши во сиромаштија (а се гуши) , зошто тие илијадници сиромашни го дале својот глас за него? Или јас не можам да ги сватам одлукита на нашиот народ или навистина народот нема подобра опција од Груевски. Мислам дека ние од главата си патиме. Се додека не застанеме сложно против нечија политичка одлука, кој и да е на власт ке си прави пари на сметка на народот.