Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Па и јас сум за тоа. Нека се собере веќе еднаш народот и нека рече стоп. Па не е државава само на актуелната власт туку на сите граѓани. Сепак се работи за стандардот и квалитетот на живот на сите нас, а и наши пари се трошат.

    Ама пак после си велам кој ќе стане кога знаеме дека кај што има сила нема правдина. А и поголем дел од граѓаниве се со партиска книшка и на тој начин се вработени или се надеваат за вработување, па ќе си ќутат. Штета што кај нас така функционираат работите. Штом некој се побуни или не цени ништо што се прави или е пратен од опозицијата .

    Не сме сложни тоа ни е проблемот, ама нашле овци па ќе стрижат.
     
    На esperanca, soco, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Точнооо. (за жал.) Кога се работи за граѓаните, за работни места, за пари за леб да им се даде е тогаш се нема. А кога се работи за споменици, за бикови, шмизли, лавови и други глупости тогаш имаат. :fubar: а сепак треба на нас да ни кажат ФАЛА! бидејќи сепак тие се наши пари. :fubar:
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Бродовиве и тие дел од проектот, м? Уште бродови во Вардар фалеа |( |( Туку како немаме една пирамида |( :fubar: уствари не е една, трите во Египет шо се, нема да се чудам и тоа да направат :x |(
     
  4. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Мислам дека можеме и носач на авиони да ставиме во Вардар.


    [​IMG]
     
    На Hellen, esperanca, soco и 2 други им се допаѓа ова.
  6. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    А бре не го сакам. Ама ич.Премногу ми е се.Сакам воздух и дрвја и градини и урбани луѓе.Е па...ништо од тоа. Сега и чаршијата ми ја `рчкаат. И имињата на улиците ми ги менуваат. Па и на мене еден споменик нека ми стават-делиме пола кеш мене-пола тебе :^)
    Некогаш помалку е повеќе-ама ај... иди објасни им. Од опинок -кондура(чевел ли беше) не бидувало, а?!?
     
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    А како претходно да изобилуваше од дрвја, градини и чист воздух Скопје? :D
     
  8. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Секако дека не-но имаше можност да се направи нешто, посебно ако некој сакаше да го зголеми квалитетот на битисувањето во главниот град. Сега сето тоа е уште потешко :(
    Искрено-ме плаши до каде ке оди сето ова...бидејќи продолжува...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, наместо да има повеќе зеленило, а тоа би значело и подобрување на воздухот, оти самото тоа е нешто што е многу важно не само за кај нас, туку и општо, кога истото не би се нарушувало.Само ете некако е се повеќе градби да има, споменици и на крај ќе излезе да човек нема да може ни да помине од толку споменици.Разликата е што секој град си има свое обележје, нешто по што го прави посебен, индивидуален, Америка си е посебна, има згради на купче, но таа не преземала нечија идеа за да биде таква каква што е, добро со исклучок на Белата куќа каде целата е во грчки стил, а кога би говорела основно би рекла македонски, ама тоа е друга тема.Една од многуте грешки во светов е елиминирање на тревната површина, зеленилото, кое е и те како важно за воздухот, а што е основа, па поради тоа настануваат секакви проблеми во светов.Секако тука е нели и намерата за што повеќе да се направи нешто што би било во своја корист и олицетворение на моќ, сила, доминација.Зборувам на глобално ниво. Сепак кога веќе решиле да поставуваат споменици, треба да знаат каде и како да се постави, а не туку така.Катастрофална грешка се сплавовиве/ бродовиве во Вардар, да е океан, разбирам, ама не е и не разбирам како може да се постави брод на сред Вардар.Треба да се има познавање за некои работи, за да може да се види дали е добро или не истите да се реализираат.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ај што нема зеленило ама дури и ги сечат постоечките дрва да да направат споменик, конкретно зборам за во жена парк, знам дека се исечени неколку дрва.
    А не би било лошо да почнат да го чистат градов и градскиот парк наместо да го трупаат со споменици, аман веќе.
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Барем нека посадат трева во главите на спомениците. Како Чупко, ако некој некогаш го растел по дома.

    [​IMG]
     
    На crazyinlove19, CoverGirl10, JoxyTheFreak и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Е да би било подобро така, отколку да ставаат само скулптури на секој чекор, ништо чудно, човек па и навечер да види споменик може да се извади од памет.Јас кај католичката црква кога видов дека ги исекоа дрвата, ми падна жал, шо убаво беше со нив, а сега ги немат веќе, ојдоа у неповрат :D :( сега нешто не поставуваат скулптури или ми се чинит :?: немат кој да стават веќе, сите ги поставија, Аце, Ченто, ооо па и Филип, татко му на Ацка, како без него :fubar: :D :wasntme: и мајка му ама нешто немат за неа прогнози дали ќе ја имат или немат :wasntme:
     
  13. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Кога првпат прочитав сплав, сосема подруга замисла имав. Прво Вардар не е ни соодветно место за ова. Ај да е некоја чиста река, со длабоко полно корито, па ај "ќе пиеме кафе на сплав", ама вака се околу да ти мириса на урина и фекалии... не. Потсвесно во глава очекував некој поширок док, па на него ако решат да стават кафич или ресторан што пак ќе речам не ми е најсјајна идеја во овој момент.. Сплавовиве на ништо не ми личат па и елементот со лав (по незнам кој пат) веќе иритирачки стана. Ги гледам сликиве и одма му доаѓа слика - Коце(та) во костим на Џек Спароу (ме мрзи да отварам face in hole инаку може да биде интересно :D ) ај покасно :angel:
    таман на брадичето може може да му се сплетат плетенчиња :emo:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа идеава.Знам дека ќе биде атракција и ќе има голема посетеност.Слушам многу луѓе зборат ееее кога бев на сплав во Белград, а сега кога се прави во сопствената држава нечини....немој молим ти се.Знам дека ќе биде многу посетувано место, и ми се допаѓа.Браво, можеби треба неколку сплавови на различни релации.
     
  15. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Вистина е дека Скопје со спомениците веќе наликува на светските метрополи,и тоа еднаш се прави и останува,но малку ми се чини дека се претера со толку многу на број споменици,подобро да се распределат и во другите градови дел од нив!
     
  16. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Еј луѓе баш вчера сонував како гњуриме во водите на Вардар со Коце Трајанов. 8)
    Баш профи бевме опремени и двајцата гњурачи со специ маски за гњурење и дополнителна подводна опрема.
    Имам предлог за еден јавен апел од спортско - здравствен карактер воедно а, тоа е Владата да организира бесплатни часови по нуркање :
    1. За деца од 5-8мо секој ден после часови на Градска плажа.
    2. За пензионери гратис гумени заштитни капчиња и по некоја маска за дишење под вода.
    3. За вљубените ноќно капење секој петок вечер.
    Нареден проект на Владата нека биде scuba diving часови на Градска плажа во Вардар.
    Ако се реализира проектов таман ќе имаме каде да скокнеме од СПЛАВ.
    :!:
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Епа не е исто сплав на Сава и сплав на Вардар 8)
     
    На CoverGirl10, Hipster, esperanca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^Не е исто па ни Сава и Вардар, па уште помалку ДУБАВ!
    Вардар уште смрди на канализција они бродови ќе носат.
    Работава ме потсеќа нема кров над глава а мерцедес си купува.
    Ама ајде да не мрчам многу....
    П.с
    [​IMG]
    ова вас ако ви личи на сплав под итно на очен :geek:
    ми доаѓа како паритите на карибите доаѓаат на гости...
    И нема да биде актракција, цирукуз ќе биде, суштинска разлика ;)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ЗАКОН!
    Одвај чекам да одам на некој сплав на Вардар.
    Па и журки ово оно.
    Можеме да правиме семафор журка.
    Наместо по облека тука ќе се распознаваме по бојата на затките за нос.
    [​IMG]


    Па уште ако има сплавови ко у Београду со трубачи, па плесачици, па циганчици на маси, па ечи Цеца, Брена, Ѕвезде гранда, све пијано, се пее на цел глас. Кај плажи, кај палми, кај бродови, кај фонтани у сред Вардар, уште београдски турбофолкерски сплавови ни фалат.
    Не фала.
    Одете си у Београд слободно кој љуби такви ствари.

    Очекувам ден кога и подморници ќе имаме. Па веќе нема да е смешен клипов и конечно ќе стане реалност. Ќе испадне теткава пророчица и гледала иднина...
    http://www.youtube.com/watch?v=w3nN1YBfcgU
     
    На crazyinlove19, Hipica, CoverGirl10 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Ali u Beograd ima i techno na splavovi paaa, malce dub/che koj kako i sto zaurka si ljubi a, ovdeka nie sme ponapredni posto splavovite ''mavaat'' na futurizam srede renesansa i ako potone splavot Vardarski so praime?
    Ke treba i spasuvaci da se angaziraat na Kocebeach pa, moze nekoj od reziserive ke se zafati so snimanje na makedonski Baywatch all rights received. 8)