Мхм, лесно е да ја спомнеш само фонтаната и да ставиш слика пред и потоа. Фонтаните и спомениците не се огледало на градот и на државата душо, ами здравството, образованието итн.... А какво ни е здравството? Болниците какви ни се? Зар не ќе беше попаметно со тие пари да се купат најсовремените апарати, да се реновираат сите болници, да се чистат редовно и да се доизградат нови болници кои се навистина потребни. Какви се школите а? Зар не паѓаат кровови секоја година? Зар децата во селата имаат со што да се греат на училиште? А да, имаат ли убав пат како да стигнат до училиштето или пешачат по брда и калови? На Скопје не му фалеше ништо, ниту фонтани, ниту барокни згради, ниту споменици. Можеа еден музеј да направат само и да си сместат таму сите историски ликови. Кога немаш поим од животот лесно е да се восхитуваш на градбите и да кажеш дека е тоа во ред. Убаво е да се гради и да се разубавува, не викам не, ама има други многу побитни работи кои треба да се направат. Не лупајте само без везе!
Да секако парите можат да се искористат подобро,јас и тоа го напишав.Но мора од некаде да се почне така? Сега што немаме држава со луѓе на место е друга работа.Утре можеби државава ќе почне да ги подмомага семејставата кои се во лоша финансиска состојба,додека медицината тоне,апаратите застаруваат,лековите поскапуваат (пример).И тогаш ќе се најдат луѓе да кажат дека не треба така туку дека можело парите попаметно да се искористат,да се подобри медицината во случајов.Во овој случај и на двете страни треба да се вложат пари.Не е на нас да одлучуваме на што ќе се потрошат парите,туку на државата.Зборот ми беше,и ова што го прават е за добро на државата.И да јас имам 16 години,ова е моето мислење,твојава реченица дека “немам појма од животот“ ме навреди.Патем,јас лично живеам во населба каде што нема вода,да, и јас мислам дека би можело да се искористат парите во таа цел,да се стави вода во местата каде што нема затоа што водата е услов за живот.
Абе душо, ај 16 години што имаш, имаш. Ама какви демагогии ти се постовиве, да се прекрсти човек. Знаеш што се случува кога трупаш миризливи цвеќиња врз септичка јама? Колку и да се убави, пак ќе пропаднат во гомна. Требало Скопје да заличи на нешто како не, ене ги у 21 век уште умираат од хепатит фатен од прастари апарати за дијализа. Отворете очите, бетер сте од цигански коњ на автопат.
Јас мислам дека ќе биде преубаво. Дека кога ќе дојдат туристи ќе има кај да се сликаат и што да видат. И еве едно мое гледиште. Седев во МЦ на 2 кат во Центар-Скопје и гледав кон плоштадот и навистина гледката беше преубава. Мислев дека сум дел од некое Холивудско сценарио!
Не, државата сме ние, а владата која НИЕ ја избравме ја одлучи таа намена на државните пари, кои патем доаѓаат од народот, од тие даноци и давачки и казни што ги плаќаме, а не добиваме ништо за возврат, а не паѓаат од небо или од џеб на министрите и премиерот. И додека сите ќутиме и не превзимаме ништо ќе ги трошат парите на народот на тоа што сакаат. Немате вода во населбата, а ти го правдуваш проектот? Епа нема да ти се извинам што моите зборови ги сфати како навреда, да немав јас вода во мојата населба ќе штрајкував пред влада наместо да им го величам проектов.
Убав пример си дала, само не, тогаш нема да мрчиме. Јас лично нема. Бидејќи барем ќе знам дека се помага на сиромашните, знам дека ќе има што да јадат и кај да спијат, и без разлика дали тоа ќе го прават или ќе ги обноват апаратите ќе бидам задоволна, бидејќи ќе знам дека на добро се потрошени парите. Ама не го споредувај тоа со ова што се случува те молам. Што корист имаме од спомениците? А да, и спомениците им помагаат на сиромашните. Служат да се потпрат децата на нив и да пружат рука да просат! Така? И да, не одлучуваме ние, иако би требало, бидејќи тоа се наши пари. Ама за жал државата одлучува, убаво кажа. И кога веќе се градат тие споменици и секакви други срања, зошто само во Скопје се градат? И уште пајтон фали бе ц ц ц ц. Ај можеби ќе вработат некој да го влече пајтонот па корист да имаме. А на тебе девојко не можам да ти се изначудам. Него ако, на таквите така им треба, додека ти седиш без вода, Груевски нека живее од твоите и моите пари. Па ти сега пак величи си го!
Да,сега гледам дека навистина сте во право.Го цитирам баш твојов пост затоа што ти си се обидела да ми објасниш на не толку груб начин додека другите да можеа рака ќе пружеа преку компјутер да ме задават зашто така мислам.Човек сум разбирам.Поздрав
Во право си, тоа е најбитното Ќе станеме хит туристичка дестинација. Се во едно. Па што бараат туристи во Париз кога во Скопје има Триумфална порта? Што бараат во Лондон кога и овде можат да се возат во двокатни црвени автобуси? Што бараат на крстосување кога во Вардар ќе имаме сплавови? Нека се сликаат, ама ќе се сликаме и ние за брзо време. СО ПРСТОТ ВО УСТА!
Пред некоја ден беф во Скопје,а немав појдено одамна,Значи се чудам што останало од градот.Толку градби на едно место не е на убаво.Најмногу што ме нервира е тоа што се што се прави се што се гради е во Скопје.Па што ќе биде кога сите ќе заминат да живает на поубаво место Скопје.Скопје ќе се преполни со луѓе од 1 милион,а ако целата Македонија има 2 милиони жители.Тоа е глупо како прво,нема логика.Дај ако веќе имаат одвишок пари нека пратат и по другиве градови да се направи нешто.
цццц....! срамота ги трошат милоните на глупости глууупостии... а кога ке ни требаат пари во рецесија сме ццц .................
Ах, колку само не го препознавам центарот на градот, како да не е мој, како да не живеам тука. Верувале или не, дури и избегнувам да поминувам на плоштад
^да те прашам нешто, да ја тргнеме политиката,партиите и се.....дали треба слика скопје 1965 и 2012 да бидат исти??? ништо да не се менува, нови дрва да не се садат,....така како било40-50 години така да остане....само сијалици може да се менуваат, бива така? па дај ви се молам, во цел свет се реновира средува прави, ние ако можеме и на кочии ќе се вратиме да се возиме,само да не е двокатен автобус.Стара чешма на плоштад да има,само да не е фонтаната. А после знаете да зборите бев ваму бев таму леле колку се напредни,леле какви слики си направив како разгледници. Едноставно не ве разбирам....
Snow Queen Све ок, со реновирање, градење урбанизирање, модернизирање на еден град или метропола . Но работите и начинот на кој го направи оваа влада не е во ред. Значи кое модернизирање кога градиме стилови што никад ги немало у Македонија, Градиме споменик на Александар кога сме во најголема каша со Грција, Градиме црква на плоштадот, градиме по неколку мостови ко небаре ни еден да сме немале.. Градат копии од другите Метрополи, наместо да се измисли нешто ново, нешто невидено, нешто посебно по модерно ние си се враќаме назад, и тоа со нешто кое нема никаква допирна точка до нас. Многу погрешна слика тоа дава за странците кои ја посетуваат државава... А и да, на сред економска криза кога народот нема пари за леб јадење, ние градиме споменици. Епа не идат некои работи.
Јас од кога знам, Македонија секогаш била сиромашна држава,и ќе треба уште мноооогу години да поминат за да биде нешто.Само претходно некој ем си пунел џепче ем ништо неправел.Не велам не, и ови сега си пунат џепче ама и работат. Искрено не ми се допаѓа идеата црква на сред плоштад....се надевам нема да биде, нека ја стават на друго место. Второ Александар е МАКЕДОНСКИ i bas me briga,што мисли Грција.Па ние ли наш херој да не градиме, е ај сека ќе кажеме Његош е наш и Србите мора сите споменици од него да го срушат-давам само пример.
Абе еден битен детал многу често заборавате. Не е тоа Александар наш- воин на коњ е тоа. Сум се изјаснила за темава, нека се носат и спомениците и грујо и проектов... у три п.м.