Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. K-a-t-e

    K-a-t-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам дека овој проект не ти треба.Парите можат да се потрошат на многу други места каде што се попотребни отколку за глупави споменици.Нека се инвестира во катастрофалното здравство на пример.
     
  2. ChocoladeGirl

    ChocoladeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    2
  3. ChocoladeGirl

    ChocoladeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    2
    сега гледам вести и видов па 2 лава за џабе 100.000 долари така нешто за мене се живи глупости :envy:
     
  4. ChocoladeGirl

    ChocoladeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    2
    за жалење се
     
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    :puke: :puke: :puke: :x :x :n: :n: :n:
    едноставно сум БЕЗ КОМЕНТАР
     
  6. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Не 100.000 него како што разбрав двата лава коштале 1 милион :o :o :o еххх колку работи можат да се направат за тие пари или на колку луѓе може да им се помогне, жално :(
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Убај лавовине, а? :D :D Еххх бреее, сега луѓе нема криминал, има кој да ве чува на мост :D
    Извинете на оф топик...
    Инаку коштале милион и кусур само тие четири лавишта као добро разбрав :x
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Имав коментирано на темава претходно,па ќе допишам нешто плус,проектот е тотална утка,прво за да се сместат тие скулптури,фонтани,треба простор,нашиот плоштад е многу мал за да се реализира сето тоа,иако веќе е почнато.Сосема различни се плоштадите во другите светски метрополи,но таа архитектонско-скулптурална поставеност на плоштадите во светските метрополи е направено во согласност на плоштадот,големината итн.,направени се некаде околу 14 до 19 век,време во кое постоеле фантастични уметници и архитекти,сето тоа е создадено во нивна взаемна соработка,знаеле како,каде и што да постават,додека подоцна 20 век е направена само нивна реставрација,иако не го оспорувам фактот дека е додадено нешто ново.Меѓутоа тоа што сега се случува кај нас е мешање на стилови,поставување на нешто што нема никаква врска со старата архитектура на градот Скопје,како и воведување на странски архитектонско-скулптурални стилови,невообичаени за Балканот.Додека за изгледот или анатомијата на скулптурите на луѓе,животни можам да кажам чиста утка,а за големината на истите да не зборам.Карактеристично и сосема нормално,една вообичаена техника што ја правел секој владетел како порано,секој што доаѓа на власт поставува нови работи,односно прави слоеви во уметноста или архитектурата,нешто што некогаш било направено од страна на друг владетел,останало,ама се додава ново од страна на нов владетел и можеби некарактеристично за поднебјето,архитектурата на градот.Според мене е тоа,но и тие пари вложени во тој проект, можеле да се искористат за други цели.Сепак многу добро ја разбирам и јасна ми е таквата постапка на владата,но има моќ и овластување поради нејзиното значење.
     
    На FridaKahlo и starfish им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Како прво кичерај, како второ, без никаков ред и поредок, како трето - премногу излишно потрошени пари и како четврто, место да го поправиме тоа што го имаме и што е специфично за нас или изградиме барем нешто модерно, ние создаваме вештачка историја, која никогаш не сме ја имале. Кога ние сме имале готика, барок и слични стилови?!
    Целиот проект е страшен, и апсолутно не се согласувам со него. Пред некој ден се возев со таксист и зборевме на оваа тема, ми кажа „а да направеа надвожњак, подвожњак, ма што и да е само да се избегнат гужвите веќе еднаш наместо ова лавовите што ги ставија?“, јас му реков, па мора да има гужва за да може човек убаво да ги види на раат тие „лепотани од лавчиња“ :)
    За крај, како што рече еден мој другар, уште Тимон и Пумба од една од друга страна, и ќе го комплетизираме Lion King :lol:
     
  10. femina.sk

    femina.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2010
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    144
    Штета што го деактивизирав акаунтот на фб оти баш би сакала да отворам група : "Дај Боже во 2012 да биде крај на светот за да не се реализира проектот "Скопје 2014"..!!!
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    О Господе прости им, не знаат што прават. :tmi:
     
  12. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Јас па ја сакам куќата на Јулија на плоштад и точка.Меѓу сите тие зданија и еден монумент со сиот свој романтичен сјај не е на одмет :D а и да ја отсликува романтичната страна на македончето јадно,бедно..
    Уште кога ја најавија оваа идеја се наежив.Од толку проблеми во државава,кој од кој поголем,они најдоа Скопје да го прават светска метропола.Луѓето ќе се крпат со неколку илјади бедни денари и ќе се чудат дали утре воопшто пак ќе отидат на работа,младите ќе се мислат на каде да фатат за подобро утре,ама битно Скопје ќе блеска во 2014та.Беда!Самооо дали ќе има кој да го гледа?Некои испораселени по светот,а некои гладни,па сиот тој ''гламур''нема да ги интересира со празни стомаци..
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Мајка ми вели за нешто пренатрупано кога е дека уште на попот капата фали. Па нема да ме зачуди и на попот капата да ја изѕидаат таму |(
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Баш така. На попот капата - оп 2 милиони евра! :shake:
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Еве отприлика како би изгледало тоа...
    [​IMG]
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    браво оффи,сега со на попо капата ке биде комплет све. ;)
    скорото слушав дека ке ставале склуптури и на персиски кралеви,и на грчки богови и митолошки јунаци.аман те бе луге,шо врска имаме ние со Персеј,со Aхил, и сл,или поентава е за инает на грците ке ставаме нивни херои и богови споменици.свашта...и ко кажаа за некој си Tартуфи ли,Tортиља ли :D првпат слушам луге мои за таа личност а богами доста книги сум прочитала :) како шо слушнав демек брат на Kрали марко бил :?: или пак сум го пропуштила тој час по историја можеби ;) .баш ме интересира колку од вас предходно слушнале или знаеле за оваа историска личност и нејзиниот допринос?
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ја прочитав целава тема и неможев да се воздржам а да не искоментирам дека иако не сум од Скопје далеку повеќе ме погаѓа! Затоа што се трошат пари од цела Македонија за проектов. Провинцијата нема леб да јаде, секој гледа да фати магла одовде, тие г(к)радат плоштад каков што имало низ Европа. Абре, нека има низ Европа такви плоштади, ама таму се граделе со текот на времето, векови и векови. А овде бре? Дај гВујо да го ставиме на споменик секогаш да се сеќава народот кој ги искраде, кој ги одведе во неповрат и најважното кој е тој што го изградил тој кичерај, кој е тој што нема никаков сенс за естетика! Леле цел свет ќе ни се смее, ќе не исмејува, резили невидени... Македонија краде идеи од другите градови. Цела Европа на мал простор сместена. Леле леле за каде сме ние бре? За каде сме?! Свестете се луѓе, црно ни се пишува! Сме тргнале во неповрат и недоглед!
     
    На Anthem, crazyinlove19 и BoaVista им се допаѓа ова.
  18. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    К А Т А С Т Р О Ф А !

    Народ нема леб да јаде битно скулптури и порти се прават.Мислат дека го разубавуваат градов со кичов?Демек ќе дојдат странци ќе видат лавови,Гоцевци,мостови ќе ги импресионираме..Можеби.А што правиме кога ќе прашаат некого како се живее во Македонија?Без работа,сиромаштија,криминал,корупција..И тоа ќе ги импресионира :) Нема пари за лозарите,нема пари за болниците,за училиштата,нема фабрики (секој ден на вести тоа па тоа)...Па ќе нема,отидоа за лавовите!Ги прашал ли некој како им е на луѓено што ги лазат бубашваби во државна,дечињана од домовине за деца без родите,по затворине?????????????????????? :@ Требаше на А1 да им опнат тужба зошто прикажувала работи кои може да ја вознемират публиката..Па покажаа само каква е реалноста.СУРОВА.За жал таа бабичката што лелекаше е нечива мајка,децата што учеа на светлина од свеќа,немаат право на првенствени услови за шивот!? Јас сум од Скопје и посебно се нервирам што СЕ СЕ ПРАВИ ВО СКОПЈЕ! НЕМА ЛИ МАКЕДОНИЈА УШТЕ ГРАДОВИ?!?!?! Што со тие луѓе таму? Патишта,нивните болници,имаат ли струја и вода за живот?!?!Уште малце станавме милион во Скопје!Зошто да не заживее Велес,Кичево?Да не се отворат некои фабрики таму да работат луѓето,факултети да студираат?Разбирам дека Скопје е главен град ама не е толку голем за сите да се преселат во него..Греота е другите делови од Македонија да замрат...Жално е..
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема да дојдат! Ниту Т од турист нема да се види. Туристите ако сакаат да гледаат барок има каде низ светот оригинал барок да се гледа! Во Велес и тие фабрики што беа се затворија, а не пак нови да отворат! Наместо да се правеше оваа бесмислена работа ќе се реновираа неколку фабрики и народот ќе можеше да заработува за живот! Сите таксисти станаа, го дотолчеа народот, душата му ја извадија! Незнам зошто продолжува глупоста, зошто продолжува оваа идеја кога се гледа јасно дека народот не се сложува со ова! На народот не му е дојдено до скулптури! До работа и пари за пристоен живот и одгледување на семејство му е дојдено! Само штета, нема кој да овозможи! Јас знам како е да ти избркаат родител од работа, од таму каде што работел 20 и кусур години! Јас живеам во Велес, јас сум свесна како беше порано, а како е сега. Јас сум свесна дека сите фабрики се затворија, дека малкуте што останаа функционираат бедно и народот работи за бедна плата од 5000 денари! Јас сум видела како од 20 000 плата месечно, татко ми допре да биде таксист! ЗОШТО!? За да се краде и да се градат глупости! Не опустошија! Народе свестете се!!!!
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас малку и емотивно гледам на овој проект, затоа што Скопје е мој град (аха а јас сум негова :lol: ). Шала на страна, навистина сум носталгична кога ќе се сетам како татко ми кој патем се разбираше во архитектура ми кажуваше какво било Скопје како град порано и реалноста и она што прават со градот денес ме убива. Јас разбирам да се гради, да се поправа, да се средува, ама со усул и со вкус. Овие два збора за жал за проектов и луѓето кои го смислија се мисловни именки.
    Улиците со дупки, урбанистички план - никаков, фасадите се запоставени, контињерите преполни со ѓубре, ама битно ќе имаме кич статуи и фонтани кои се плус и одбележје на стил со кој ние немаме апсолутно ништо заедничко! Плус да не почнам да забегувам подлабоко во теми како сиромаштија во сите останати делови на Македонија, ама битно имаме пари за вакви излишности кои не ни се потребни.
    И пред да почне некој тука да ми реагира, дека сум партиски определена, комуњар и не знам што - не сум драги мои, ама главчево знае да размислува, и навистина колку и да сакам да најдам позитивности во проектов, не можам.
    И ептен ме нервира аргументацијата - ако воопшто тоа може да се нарече аргументирање - па битно нешто се гради! Абе ајде, е*ате аргументот! Битно нешто имаме, го*но е, смрди, ама имаме нешто. Епа не иде!
    А за странците т.е. туристите едно нешто да ви кажам, носам странци во Македонија - и ме прашуваат какви лудаци имаме во влада што дозволиле вакво нешто да се гради. Дигам раменици, им турам ракија и барем им го нудам ноќниот живот во Скопје, ако ништо друго - брзо ќе заборават што виделе претходно во центарот на градот :tmi:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.