А што ќе се случи доколку во 2014 или порано се промени власта? Дали и тогаш ќе се доврши проектот? Дали ќе се срушат дел од градбите? Како е тоа уредено со закон? Мене лично многу точки од проектот Скопје 2014 ми се допаѓаат ама како што веќе реков мислам дека им е тотално утната локација и време(најпрвин нека средат инфраструктура па после споменици). Букефал Македонски повеличествено би изгледал качен на Кале... ако случајно не може таму тогаш нека се продаде на некоја топилница во странство (за да се земат повеќе пари). Зградите за администрација нови што ги градат би требало да се поместат крај кејот но кај Александар Палас и да се назначат неколку автобуски линии на кои таму ќе им биде почетна станица.
Што толку се лупате у груди за Александар Македонски??? Ја пре би рекла дека повеќе турско има во нас одколку античко македонско, ај малце логика и повеќе историја.
^е ради таквите н(в)аши искази, другите кога ќе видат дека ние самите не си се бориме за нашето, тогаш они сакаат да си го присвојат.
Види, јас не реков дека го негирам. Ама додека владата пробува да не заслепи со градење вакви споменици кои будат патриотски чувства го одвлекува вниманието од криминалот кој се крие позади проектов. Затоа реков да не се лупате во гради толку. А дали е наш или не е наш постојат експерти за да го докажат тоа, ма да мене вака од она што го знам по историја античките македонци се едно, а сосема друго се словените кои се преселиле на територијата на античка македонија, и кога на сето тоа ќе се додаде турското ропство и низата други ропства коишто поминале низ таа територија никој неможе крајот да ни го најде, затоа неможе некој да ми тврди дека ја носиме крвта на Александар Македонски. Олабавете, нека не ве заслепува фонтаната
Не се сметам за заслепена, нема никакво политичко влијание врз мене, на ниедни избори немам гласано, а и не планирам да гласам. Од таа страна имам слободни размислувања кои не се во границите на политиките што ги проповедаат ВМРО и СДСМ, а за другите партии и не коментирам. Се согласувам дека фонтаната е преубава и моќна и дека фалеше фонтана на плоштадот. Се согласувам дека е убаво да се гради, но не по секоја цена и се согласувам со тебе дека досега оваа влада направила повеќе од која и да била до сега, но за жал погрешно и се насочени целите, а суштинските работи во државава не спаѓаат во нивните цели. Не ми ги парафразирај речениците, ова што го пишувам е само мое мислење не алудирам на тебе или на некој друг конкретно
Повеќе има античко македонско, отколку турско зависи од кој агол се гледаат работите и секако ако се знаат
И самата си го кажа, а јас па се мачам да пишувам постови... Будала си Мимс ако мислиш дека само со фонтана се заслепуваат, ма со многу помалки од тоа , будали сме сите ние што не имам АРГУМЕТИ и јавно си ги искажуваме тоа што е МОЕ, НАШЕ МИСЛЕЊЕ не на бојата позади мене, до мене, карши мене и ми дише во врат И да не ни забраните да критикуваме, незнаев дека Е ЗАБРАНЕТО да се има свое мислење... И за тоа закон се спрема, ќе видите
Јас сум no comment, жими се некогаш не ми се ни пишува кога ќе видам дека секој си го врти орото како сака...секој си го кажа својот став и мислење.Кој што сака нека мисли,кој што сака нека рече, немам намера на никој да му зборам и убедувам, јас си имам став дека е супер сево ова, па кој што сака нека рече. п.с. почитувам туѓи мислења, ваше право
Еве ви го Скопје 2014 http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID= ... FC1ED7F41B Неможам, срцево ми се стега...
Ха, па имаше секако. Не е ова од вчера. Имало и ќе има уште повеќе. И што уствари ти значи прашањето? Тоа не треба ни да се прашува. Баш дека и пред тоа имало вакви случаи, Скопје 2014 е едно големо сра*е. Срамота е ова! И тоа голема! Кој разбра разбра, а кој си гледа како коњ само право без да се сврти и да види од страна, нека си продолжи...
Три жални врби во Вардар за 250 000 евра. Добро бе овие нормални ли се? Се извинувам на изразов али не е**т во здрав мозок. Ние испаднавме поголеми жални врби. Не ми се верува до кај стигнавме? Отвори се земјо голтни не. Доста се брукавме веќе.
Некаде прочитав дека проектов ќе биде во времетрање од 4 години. 250 000 евра се инвестира во нешто што не е трајно. Плус тоа по друг форум читав за професионалниот тим на архитекти и геодети кој е ангажиран во овој проект. Тоа е тим од 2 луѓе насила, а останатиот тим го сочинуваат форумџии од српски форум. Нареден проект http://www.youtube.com/watch?v=w3nN1YBfcgU Не треба да ги реметиме и да им се потсмеваме на ваквите подвизи на млади и перспективни луѓе предводени од актуелната власт. Искрено се жалам себе си повеќе од таа жална врба сред Вардар.
А зошто кога и онака 70% од провинцијата пак ќе доаѓа во Скопје, демек пред 10 години кога немаше ниеден споменик не доаѓаа пак во Скопје? И Скопје ради тоа ИМА милион жители, се градат згради на секој чекор, гужва, галама, коли, прашини, со еден збор ПРЕНАСЕЛЕНОСТ. Те молам немој да збориш дека Скопје ќе се наполни ради проектов, Скопје се полни константно. Ја уопште не викам дека нема моментално подобри услови за живот али и тие кај и да е ќе ги нема од толку луѓе, но тоа е веќе друга тема.
Скопје се полни константно зошто во другите градови не се инвестира воопшто. Младите немаат каде да работат. Нема фирми, нема фабрики.. освен да бидеш во продажниот сектор со 7000 плата месечно, друга перспектива ќе имаш само ако на татко ти или мајка ти предвреме ги пензионираш и им го земиш местото. До толку е очајна ситуацијата. Можам слободно да речам дека на секој 100 или да не претерувам ама ете 50ти млад човек, 1 е вработен по струка, друго све се келнери, шанкери и продавачи. А, што е за право секоја фирма ќе бара CV пополнато со работа според струката. Немаш ни каде да волонтираш. Ако немаш позадина, добро разработен бизнис,сам скоро и да не можеш да успееш зошто немаш каде! Мислам немојте со вакви размислувања,млади сте. Размислете која е привичната причина зошто ви го загадуваме воздухот.