Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Убаво велам дека Скопје МУЗЕЈ го напрајвија
     
  2. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    НОВО МИЛИОНЧЕ ЗА ОГРАДА ОД КОВАНО ЖЕЛЕЗО ЗА ПЛАЖИТЕ

    Градската плажа во Центар, покрај палмите кои ќе си ги добие назад, новата сезона ќе ја отвори и со нова ограда од ковано железо, за која градската власт има намера да потроши околу милион денари. Која е оправданоста за новите небулозни трошоци за шминкање на центарот на градот, во услови кога земјава навлегува сè подлабоко во долгови, се прават ребаланси во државниот буџет, а македонскиот граѓанин е на работ од својата егзистенција, градоначалникот Коце Трајановски, без конкретен одговор.
     
  3. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Што и да му прават пак не е град
     
  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Мислењето ти е на место, јас може сум помлада од тебе ама апсолутно не сум толку млада па да не ги согледувам работите како што се. Проблемот е што веќе не се ни труди никој да побара работа во своето место или околу, пишав едно мислење во една тема за образование не би да го повторувам пак истото. Овде ситуацијата не знам кој се усреќил па да му е подобра, честито за тој и секоја чест. Во мојата фамилија имам и факултетски образовани и со средно, и тие и тие, зборам за помладите, братучеди, брат работат за плата од 8 000- 14 000 денари. Од моите родители едниот е вработен за плата од 20 000 денари, а другиот предвремен пензионер. Без кредити преживување тешко. Така да искрено, Скопје ни малце не нуди веќе подобри услови за живот. Баш поради тоа што е преполно и што има многу луѓе кои бараат работа, а меѓу нив има и оние кои прифаќаат пониски плати, па не се работодавците будали да не земат таков кадар. И да не заборавиме 8 000 во Крива Паланка на пример и 8 000 плата во Скопје не е ни малце исто спрема цените на се друго, почнувам од храна, облека, пијачки. Мислењево не е за темава у секој случај, али стварно не е напишано од мрза према провинцијалци туку за жал од лично искуство.
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    За интересот и за доброто на граѓаните на Македонија, значи за подобар живот, за да може да ги прехранат семејствата и да имаат достоинствен живот, би нап­ра­ви­ле сe, што значи и отстранување на Воинот на коњ - вели Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, одговарајќи на прашањето на Вест, дали за повисоки цели и интереси на Република Македонија би го тргнале "Во­и­нот на коњ" од Плоштадот, би ги смениле називите на Аеродромот и автопатот "Алек­сан­дар Македонски" .

    Тој додава дека СДСМ кога ќе дојде на власт нема да ги урива спомениците од проектот Скопје 2014
    .„


    цел текст на линк: Петров: Би го тргнале воинот на коњ за доброто на граѓаните

    Конечно нешто паметно да изјават сдсмовците. Аеродромот навистина носи невкусно име, име на човек со паганска вероисповед, кој бил одговорен за страдање на илјадници луѓе и животни низ глобална окупација и тероризирање на тогашниот свет. Што убаво име си имаше меѓународниот скопски аеродром порано: Петровец. Ем звучи македонски, ем христијански (Петар беше името на еден од Исусовите апостоли, името значи Карпа) ем не крева кај никого политички тензии.
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    :tmi: Лелеее уплав добив од тоа коњите, од коњоводците и останато ... Скопјено не го препознав.
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    милион за ковано железо???? па дали се арни бре, ни иноксот не чини толку, а нерѓосувачки е!
    о боже мили, дајте ни по еден коњ дома да си јаваме, барем да имаат децата занимација |(
    ај што е невкусно, туку се на едно место налупаа, нема Скопје други општини, други местенца, нема Македонија други градови. Да ти се плукнам у владата глупава. Толку ли слепи не смета и глупи, па да не сфатиме дека се ова е едно големо перење на пари. Туку ќути си ти и трај си, од пред телевизор коментирај се. Нашите пари ги јадат, за нив треба да се излезе и да се протестира. Ама не...кај Нора ќе се јавиме или црн бубмар ќе дадеме и сме ја решиле работата :@
     
  9. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Исто е, па и сдсм да биде па скулптури ќе има, кој и да е од нив исто, оти државичево ни тапкат во место.Зарем името Александар не звучи македонски? Ако е за тоа пример и во Италија има споменици од личности со паганска веросиповед, па никому ништо.За тероризирање на светов и денес го тероризираат, само малку повеќе, дури и бетер, тоа било гола вода тогаш :D Мене малку грубо ми делува ова со споменициве, начичкано, кај и да се свртиш, споменик, а ништо чудно и да се удриш во споменик,по грешка :D И некако слабо им одат убедувањата дека ќе ги тргнеле спомениците, божем до сега не видело нивното, незнам шо лажат.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    daylight, мислам дека малку го претера со коментаров околу аеродромот...почнавме да плукаме по се живо, и да не ни чини ни историјата.Луѓе тоа е историја било и поминало.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Веројатно да. Јас не реков дека сдсм ако дојдат на власт ќе биде подобро, туку дадов коментар за конкретната изјава дека планираат да дислоцираат некои споменици и да го сменат називот на меѓународниот аеродром. Еве предлог до владата како да си обезбеди нови политички поени: нека ги надитрат овие од сдсм така што они први ќе го вратат убавото име Петровец на аеродромот.
    Не велам не, но звучи и грчки - што во суштина и е грчко име кое додуша низ вековите станало интернационално. Меѓутоа :!: Името на аердромот не е Александар, туку Александар Велики - неоспорливо е дека било конкретно историско лице(независно од кој народ бил) и дека се бавел со убивање и освојување. Нека се вика подобро Алекснадровец - ете баш убаво име, или Саше&Сашка :inlove: :lol:
    Не ми ја разбираш поентата. Јас велам само дека е пологично и попатриотски Петровец да се вика отколку Александар Велики. Истото мислење го имам и за именување јавни објекти низ другите земји! Луѓето слабо размислуваат за позадината на нештата, што е тоа што им се нуди да го величаат, каква вибрација имаат одредени историски имиња и како тоа штетно или поволно се одразува на духовната свест на човештвото.

    Освен тоа ако низ Италија постават споменици на мафијаши не значи дека истата глупост треба да ја направиме и ние.
    Се согласувам, но тоа не значи дека треба на таквите некогашни и денешни да им подигнуваме споменици и според нив да ги именуваме јавните објекти.
    Убаво е да има по некој нов споменик, ако... не велам не, но како прво премногу пари во погрешно време.Нека средат најпрвин инфраструктура после туристите уште повеќе ќе можат да навалат да се сликаат пред спомениците. Како второ некои не мал број од нив имаат утната локација. Не се работи за личен вкус туку за очигледна геометријска работа. Ете некоја можеби и се допаѓа Воинот на коњ, на мене не ми се допаѓа - тоа е вкус, мене ми се допаѓа бел фриждер некому палв и тоа е личен вкус - но не можеш фриждерот насред дневна да го ставиш - едноставно штрчи, не е во согласност со околните предмети.
    Претераа они со спомениците и менување на имиња, остана изгледа уште името на државата да и го сменат и тоа ќе им биде шлаг на „тортата„.
    Јас не плукам, напротив пофално се изразив за предлогот. А историјата била таква - крвава. И тоа не може никако да чини. Токму поради крвавата историја на народите денес човештвото сеуште има проблеми.
    Јас токму тоа сакам и да кажам!!! Тоа е историја! Ајде да ја оставиме низ музеи и лексикони а не на модерни современи аеродроми и автопатишта, училишта и населби. Да живееме во сегашноста градејќи посветла иднина, а не енергијата да си ја трошиме на минатото кое донесе толку страдање.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Како тоа е грчко име кое низ вековите станало интернационално? Инаку, се согласувам, дека луѓето слабо размислуваат за позадината на нештата, всушност би требало да се гледа не тоа што се прикажува, туку вистинското лице на нештата.Потполно се согласувам за погрешната поставеност на спомениците, кај таа грешка, поради која просторот изгледа претесен, самите скулптури не се сразмерни, не се направени како што треба, пример главата голема во однос на телото, за форма да не зборам, Ченто изгледа како само груб мермерен блок туку така поставен, мислам овие нешта се премногу видливи и не можам да разберам како тоа ним им изгледа пропорционално и убаво. Скулптурата на Александар е убава, ама оддалеку, а ако се загледа во ликот од блиску, врска нема со Александар, мислам работава ем личи, ем не личи, плус како може поставен е на коњ, во движење, а косата му е залижана |( која логика? :^) Значи да се загледа човек во скулптурине, еден куп грешки ќе најде.Со други зборови, проектов катастрофа.Ме насмеа со фрижидерот :D :D баш така е поставено во случајов со скулптуриве.Незнам шо друго да кажам, само дека секој има различна перцепција за убавина.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Изворно тоа било лично име кај старите грци, и се пишува вака: Αλέξανδρος - се чита Александрос, во превод значи човекобранител, каде глаголот Алексо=брани, одбранува а именката андрос=човек. Уште попрецизно кажано името не е старогрчко туку микенско(од микенскиот се развил постепено стариот грчки) и првобитно било женско име - Алекасадара - приближно на денешното Александра.

    А дека станало интернационално се гледа од тоа дека името Александар го среќаваме кај американците(Алекзандер), кај србите, русите, италијанците(Алесандро), шпанците(Алехандро) и тн.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ок кај излезе Александар грчко име?
    За некое име може да се каже дека е нечиво ако потекнува од некој бог на нечива религија, или ако за прв пат се појавило таму.Имате извори дека е грчко?
    Пример да Helеna е грчко, во наше би било Елена, српски Јелена, англиски Hellen, а пак е интернационално, но е грчко.
    Како што за името Дијана дека е римско, по божицата на ловот Дијана.И сега да дојде некој од Америка и да рече аа не ние имаме Diana, тоа не е ваше.


    Добро за некого претерале за некого не, не навлагам во таа дебата, јас зборев за аеродромот. :!:

    Била крвава, е крвава, и верувај додека постои човештвото ЌЕ БИДЕ, и што сега?што да правиме, може смени, луѓе со векови наназад не смениле, па сега ние земја прцул ќе менуваме....абе молим ти се не ме зезај.

    Е како бе да го крстиме, Трпе Марковски, Јане Хаџиевски или Цветанка Јовевеска?
    Да направиме лотарија, по некој граѓанин на Македонија, а ?
    Или да распишеме референдум дали да е Бранко Црвенковски или Никола Груевски?
    или daylight, или може snow-queen? уште појако нели?
    Не ме зезај молим ти се.....по нив и треба да се крсти,по личната историја

    Јас сум за едно преименување, ако е Александар, тогаш нека е Александар македоснки, но ние ради грците го пишавме Александар велики, и да не се лажеме се знае на кого се мисли.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Да, ете ја наведов анализата, а изворот се глинените микенски таблички пишувани со тнр. линеарно Бе писмо.
    Но зошто била? Била крвава затоа што мнозинство од луѓето така одбрале, верувајќи им и ставајќи им се на располагање на поединци. А дали ќе биде зависи од денешните генерации како размислуваат! Ако денес народите сеуште живеат делумно во минатото тогаш му дозволуваат на минатото негативно да влијае врз нив преку што се создаваат предуслови за неубава иднина. Тоа мора да се промени ако сакаме подобро утре. Еден од начините е токму тој: да внимаваме со што ги поврзуваме работите. Какви мисли и чувства будат разни имиња на јавни објекти, улици, населби и тн. бидејќи што човекот мисли и чувствува, во некоја рака тоа тој е или тоа ќе стане.

    И прцул земја може да смени многу, ако ништо друго барем во своите рамки. Исус рекол по смисла: „Малце квасец цело тесто скиснува!„
    Па беше многу убаво крстен: Петровец. Но ајде да се запрашаме уште нешто: зошто воопшто да го крстиме некако? Не е тоа маче или кученце па да има име. Тоа е меѓународен аеродром во Скопје - јасно како ден. Да нема забуна, не го велам јас ова само за скопскиот, истото го мислам и за аеродромите низ другите држави. Солунскиот го крстиле „Македониа„ пффф, што му фали да биде меѓународен аеродром Тесалоники? Или меѓународен аеродром Њујорк.
    Зошто? Според која логика? Авионите подобро ќе летаат? :^) Историјата од таков тип е за во музеи и енциклопедии.

    Најискрено мислам дека би било подобро да се крсти (ако веќе толку сакаат да има име) според нешто што може да се поврзе со авијацијата: Облак, Сонце, Суперсоник и тн. Тоа се работи кои се многу поубави и поважни отколку имиња на разни историски личности и насилници.
    Тоа е целиот проблем што всушност не се мисли општо на некој Александар, туку на тој освојувачот. Инаку нема логика дека е поради грците крстен Велики кога и грците таа историска личност исто ја нарекуваат: Александрос Мегалос=Велики. Аеродромот и редица други работи се така именувани поради безкарактерноста на оние кои сето тоа го планирале, на тој начин се идентификуваат со нешто божем важно и „големо„ и така и дел од народот може да си го крева егото преку таа илузија. Но тоа долгорочно не донесува ништо добро.
     
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Стварно се претера со проектов. Гласав ЗА кога се отвори темава, бидејки на Скопје стварно му требаше Музеј и фонтана убава, па и тука таму уште некоја зграда. Реков и порано на темава дека стварно ми се допаѓаат тие градби. Ама ова се претера, секој ден никнуваат споменици ко печурки. Жена парк е упропастен засекогаш. Бар да се некои споменици ко што треба, овие на ништо не личат.
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Не се мисли, туку тоа е.Како нема логика? Има логика и тоа како, аеродромот е крстен така поради грците, работата е што и едните и другите знаат за кој Александар станува збор, како второ Грците, цела историја ни ја имаат преземено, единствено е што имаат историја за од Атина и надоле островчињата, некоја си култура која има некакво место во историјата, плус што имале мали градови-држави и толку.Грците за се нешто се закачаат со нас, рекле Платон, Аристотел, Филип, Олимпија и уште некои за кои не можам во моментов да се сетам, дека биле Грци, тие тврдат дека се грци, ама се протнуваат низ документи некои податоци и дека не биле грци, дека биле македонци, документи кои можеби и допрва треба дополнително да се анализираат, а да не зборам за наводни грчки божества, понатаму од нивната стара архитектура, по која се тие познати, за која исто се вели дека најверојатно не била грчка...итн.Најверојатно има уште што кријат.И сега истите се фатиле за Александар, за него да докажуваат дека бил нивни? Нашиве поставија скулптура на Александар, за само кратко време и Грците поставија скулптура на Александар, наводно гордеејки се со тоа дека нивниот некогашен окупатор бил Грк |( Не е само политиката во прашање, туку и тоа допира до нив самите, им пречи па и на обичниот народ, не измислувам, ми кажале.Можеби со проектов, нашиве им бодат очи на грците, со секое поставување на историски личности, кои на грците им пречи, патем и не е само заради пари во проектов, туку и демонстрирање сила.Освен тоа, грците во странство прават се само да го наметнат своето мислење, својот став.Јас искрено незнам како може грците да се бунат за нешто што немаат, наместо да ја проактуелизирааат историјата на делот за Атина и надоле, тие се фатиле како демек нашево не чинело, дека е нивно.Уште да направат и да речат дека Каменот од розета, всушност средниот текст дека е грчки |( такво до сега немам слушнато, освен ако и не рекле.Има логика во сето ова, а со проектов, дополнително, особено со поставувањето на архитектурата од другата страна на Вардар, е сега само да не се фатат Грците и за неа, уште тоа ни фали, да речат “ Зошто се така градени? Па тоа е наше“ |( Незнам до каде ќе одат, затоа што искрено досадни се Грците со тоа, мислам смешни се.Е сега, незнам што уште ќе постават нашиве до 2014, којзнае која личност ќе ја постават и каде, ова е премногу, а па да не зборам за понатака.
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Внимавај, тие нешта можеби имале врска со античка Македониа, но многу малце со денешна република Македонија претежно населена со словени. Исто така треба да се прави разлика помеѓу античките грци и денешните грци. Во секој народ се јавуваат квази научници кои пишуват романтични историски книги каде за сопствената држава оди сè во суперлатив и присвојѕваат разни работи. Секој народ сака да биде нај нај... На пр. во Србија 90-те се пишувале книги со наслов „Србните народ најстар!„ и тн. со куп „докази„. На крај завршија како што завршија, бидејќи сè се тоа илузии продуцирани од ѓаволот кој сака народите да си ја трошат енергијата на минатото наместо да ја насочат кон вистинскипосветла иднина.

    Јас не ги оправдувам грците, туку сакам да кажам дека и нивната и нашата задоеност со историја е штетна. Дури и кога би било сè така ова или она е наше или ова или она е нивно тоа треба све delete во recycle bin да оди ако сакаме подобро утре.

    Проектите треба да бидат поубаво и почисто Скопје 2014(или која и да е год.) а не понатрупано, попровокантно и позадолжено Скопје 2014
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Мислам дека толку машки ерекции немало во Скопје колку што има дигнати споменици во последнава година.

    Жена парк, грдотија! Невиден кич! Стварно погрдо нешто немам видено, па таму гледаш некое злато се губи помеѓу дрвјата, ко за беља не го ни гледаш, абре ужас!
    Испред тука АСНОМ, позади некои златни коњи, од што пуштив солза не ни сакав да анализирам што се нема.

    Луѓе мене сериозно ми се плаче.

    Па уште кога ќе ги видам луѓено се сликаат пред фонтаната. Ок нека се сликаат ама тоа само ми докажува колку им е на сите сеедно колку пари се вложени во она чудо и сеедно им е што некој си игра ку* - ташак со нивните џебови.

    Ко што рече една моја другарка, Скопје не е веќе Скопје.

    А душа ме боли, ми се рика. Тоа е.
     
    На Extraordinary.girl, crazyinlove19, esperanca и 5 други им се допаѓа ова.