Се согласувам од збор до збор Па кога ќе ги слушнам за туристите било тоа, кој туристи бре луѓе вие слепи ли сте?
А извинете ќе ве молам, туристи си има. У петокот баш заприметив група на пензионери Германци беа изгледа зашто така збореа, и да ви кажам искрено повеќе мене ме сликаа одколку фонтаната ама ај да не се фалам многу многу.
Хахах и Филип го поставија, изгледа, лице во лице со син му Аце наш :geek: Сега и Грците кога ќе почнат пак со истата песна тоа па тоа, може и тие ќе го постават Филип, оти и тие имаат еден Аце, само не копираат, ич не се оригинални Е сега мислам дека е редно и Олимпија да ја стават, оти тука е и татко му, па сега треба и мајка му да ја постават.А чим е до 2014 проектов, гарант имат уште скулптури за поставување.Можеби арен ќе беше проектов, ако имаше една, две и три скулптури, ем простор, ем скулптура, а не вака сите еден до друг, ни простор нема.Туку, шо има везе, шо и да збориме, исто е.
Еден човек го прашуваат,дали знаете кој е ова?! А тој одговара,величествениот,секој ден го гледам... И тоа е... Не ми се ни офка веќе. Онака,си викам у паралален свет боље живееме. Сум ја имала несреќата да се паднам во побизарниот и покомичниот. Ама морам да признаам ме фатија неспремна со Фиќо!
Ќе ја стават и Олимпија, под Филипчо ќе има повеќе фонтани кои ќе се преливаат една во друга, а доле ќе си седи Олимпија. Мора цела фамилија да се стави како така Инаку ова во Жена Парк, тој златниот дечко без гаќи што беше, слушнав дека многу жени се исплашиле, па сеа гаќи му ставале
Од тоа што го видов ќе кажам, центарот на Скопје не го препознав ... го прежалувам. Скопје си ја изгуби душата.
Ами ако де цела фамилија, таман до 2014 сите ќе ги собере ако не ги собере, на некоја ливада нека ги стават Сега ново Скопје имаме, какво-такво
Скопје не само душата си ги изгуби и достоинството, шармантниот дух и ведрите луѓе. Во Скопје можеби на велико се гради, ни искрено пропаѓа. Не е тоа тоа, ни луѓето, ни архитектурава, па ни климава. Жално е стварно, да одиш по пат и да не си го познаваш родениот град, и тоа се се случи можеби не преку ноќ ама за максимум 3 години. Од 2009 па до сега скопје како да остаре за 20 години, овај пардон за незнам колку векови.
Секоја чест на авторот за овој текст Извини ама не е комплетна цела фамилија. А дечкото на Аце?? Како без љубовта негова да го стават тука а?? Море не за зафрканција работава, ни отиде градот во неповрат.
Пара вести Поставената скулптура на Прометеј во паркот „Жена-борец“ веќе нема воопшто да биде разголена. Откриените гениталии на митолошкиот јунак, кои беа спорни за дел од јавноста, поточно за неколку женски здруженија, од викендов се покриени со бронзена наметка налик на гаќи. Надлежните одлучија да ја облечат скулптурата по реакциите на голем број женски невладини организации, кои реагирале дека не доликува среде центарот да стои гол исправен маж, независно на тоа што станува збор за скулптура. Но, од извори блиски до градските власти, Пара вести дознаваат дека на адресата на Градот пристигнале нови забелешки за голотијата на скулптурата, и тоа од страна на неколку машки здруженија. Имено, здруженијата на мажи „МЕВ“ и „Скопјанци“ испратиле писма во кои бараат да се покрие и голото торзо на Прометеј бидејќи „такво какво што е воопшто не соответствува со реалната состојба на торзата меѓу македонските мажи, со што на светот му се испраќа погрешна слика за телесното здравје на Македонецот и се создава лажен стереотип за изгледот на македонските граѓани од машкиот пол“, се вели во нивното соопштение до јавноста. Покрај тоа, овие здруженија, кои најавија и протести доколку властите не им излезат во пресрет, тврдат дека „статуата може да предизвика одредено опаѓање на самодовербата кај значаен дел од мажите во Република Македонија, како и дека истата може сериозно да влијае на душевното здравје меѓу младите, посебно оние што влегуваат во пубертет“. Тие предлагаат статуата да се прекрие со бронзена маица која ќе ги има сите ознаки на една памучна маица произведена во текстилна фабрика од Македонија. Авторот на Прометеј, Томе Ахџиевски, за Пара вести изјави оти смета дека неговото дело не е спорно, но дека сепак, по барање на инвеститорот Општина Центар, со бронза по втор пат ќе ја преработи скулптурата, за што ќе му се доплатат 5 милиони евра. Инаку, таа е дел од споменикот „Паднати херои“, кој целосно се очекува да биде готов и откриен до средината на летото.
Целиов проект кај е утка тотална, па и смешен е мислам со скулптуриве, веќе се знае на шо мислам Уште не можам да се изначудам, како можеле да го реализираат проектов, со кого истиот е реализиран А за професионален пристап кон истиот, да не зборам, катастрофа Различно гледиште имаат за убавина, дефинитивно...
Скопје 2014 ужас , нема никаква естетика прво , второ толку невкусно ,претрупано , само што не се споменициве еден врз друг. Значи тотално без вкус, а да не зборам дека во овој момент се непотребни воопшто, тие пари можеа на многу по битни работи да се искористат и да се оплодат, не само да земаме кредити и да се задолжуваме за споменици , тоа е најлошото тие пари некој треба да ги враќа. А тоа сме ние , народот рајата.
Каква естетика, кич, јас незнам како може тоа да биде убаво да имаше простор, ќе разберев, ама при онолкаво просторче, скулптури да има, не ми е јасно.Како прво друго е тоа што виделе нашиве во странство, каде има огоромни плоштади, има простор, а сосем друго е кај нас.И да, тие пари се непотребно искористени, само и на нив им е јасно тоа, ама ете пак поставуваат скулптури...Трагикомично.
Јас незнам што има убаво во проектот Скопје 2014??? Ептен е пренатрупано, споменик до споменик на ништо не личи. како што имаа кажано погоре немаме ние толкав простор за толку многу споменици, а за триумфалната порта немам зборови, сите одат напред и градат нешто што е модерно, а кај нас се враќаат 2 века назад и мислат Париз сме ние . А и минатио пат се шетам низ Скопје и имаше мислам тука негде кај собранието заградено и нешто се градеше, тогаш поминуваа мајка и две дечинња(машко и женско), машкото ја прашува сестричката што ќе градат овде? а тоа душичка му рече КОЊ, хахахахахаха цел ден сумс е смеела на тоа
Is it only me? или Филипчо потсеќа на Супермен. Пред некој ден случајно го посматрав од зградата на НУБ. Меѓу зградите се гледаше само од половината нагоре. Од профил, со наметката и со кренатата рака беше прав Супермен, само што не полетал... Патетика станаа веќе споменициве. На ништо не личат. Коњите и "манијакот" од жена парк уште ги немам видено, ама споменикот на АСНОМ ми е како 9-10 плашила седнати да плашат мали деца. Не сум мало дете ама и јас се ѕверосав кога ги видов. Кај огромни па и грди... Ова со мајка тереза ми е страшна глупост. Незнам што чачкаме, со сите се испокаравме, уште со Бугариве ни фали. Куќа и изградија (колку да се рече), има споменик, и само уште таа ни фали на 30 метри. Ќе го имаме светото тројство на плоштад.
Oсвен тажната, да ја видиме и смешната страна на целава приказна. Мило ми е што нашиов народ и покрај цела несреќа, не губи од хуморот. Па така деновиве се изначитав смешни досетки во врска со Филип, златните коњи и преименувањата, меѓутоа ова мислам дека е далеку најдобро: Ако Центар се преименува во Александрија, нека се спојат со Кисела Вода за да се викаат Шприцер... Да се посмееме малку и на своја сметка.
По НАТО самитот у Букурешт,нашите самопрокламирани модерни политичари без план Б у ракавот реално не знаеа што да прават со слободното време,па у тој "меѓупростор" се роди филмот за Скопје 2014.Прво,спорот со Грција тешко дека ќе се надмине,така да влезот у НАТО е сан летне ночи.Оваа ситуација ќе се тегне у недоглед.Што ние како земја правиме во врска со безбедноста а утре и суверенитет и територијален интегритет особено у западниот и северо-западниот дел? Многу малце.Од Албанија и Косово на неделно ниво сигурно ни поминуваат по 100 луѓе по цел тој појас(тетовски,гостиварски,кичевско-дебарски,охридско-струшки) или 400 луѓе жива илегала на месечно ниво.Кој со пиштол,кој со калаш,ако е поголема група комотно може да си пренесат и поголема количина на оружје од вообичаената.Промаја. Еве јас што би направил по Букурешт: 1.Поставување на камери по целата должина на нашата западна и северо-западна граница.Знам звучи лудо но мора да ставиме крај на таквата ситуација.3000 камери X 1000 EUR за камера=3 мил.ЕУР.Од 3000-6000 луѓе од државна администрација(особено оние кои си ги држат и си ја чешаат за време на работно време) закачи ги да буљат у камерите.Нека се работи у 3 смени,секоја по 8h.Мислам дека и со помала бројка на луѓе може да се среди работава.Или ротирачки камери од птичја перспектива или нешто уште пософистицирано.Со тоа значајно ќе го намалиме влезот на оружје од Албанија и Косово. 2.У горенаведените региони би направил технолошко-идустриски зони по примерот на ТИДЗ Скопје,со таа разлика што наместо ослободување од плаќање на даноци за странските инвеститори во првите 10 год. за овие региони нека биде 15-20 год.Имаме како земја интерес у тие региони да влезе странски капитал особено во производство.Прво,се коригира регионален диспаритет.Второ,македонското население од тие региони нема толку да шитка недвижности и да доаѓа у Скопје.Трето,дури и 5-10% од немакедонското население да биде вработено у тие меѓународни компании е добра ствар,само подалеку од планински шеми и оружје.Четврто,ниту еден странец не е луд да инвестира 60 мил.ЕУР по фабрика а да дозволи некои планинци да му го попречуваат нормалното работење.Знаеме како се вршат денес тие работи,и колку крупниот бизнис е поврзан со политиката.Дефинитиво можат да делуваат во наша полза а и во нивен економски интерес е. 3.Неколку поголеми акции во насока на разбивање на неколку поголеми групи и одземање на илегално оружје и наркотици. Реализирај ги овие 3 точки,па прави попис. Да видиме кога ќе имаат само ножеви дали ќе се силат толку,а не 17-18год.млади деца со калаши у рука.Не верувам дека повеќе од 20-30 милиони ЕУР се потребни за реализација на ова,па дури и да е значајно повеќе мислам дека е ОК.14 милиони ЕУР ги дадовме за попис,без никаков ефект. Наместо тоа,по Букурешт ние се одлучивме да продаваме бронзени муда за бубрези. Ова со уметничкиве дела и скулптуриве е внимателно избран концепт затоа што кај тие дела значајна разлика може да постои помеѓу трошоците и цената која авторот/ката,скулпторот/ката ја бара,и тука се можни секакви заебанции.Слично ќе биде и со сплавовите,ќе го работат тоа роднини и јаки пријатели на луѓе од Влада. Па можеби не у рамките на Скопје 2014,но ни најавија дека имаме нафта.Чекајте у наредниов период и неколку милиончиња да се одлијат од англиски до австралиски консултантски куќи.Јас мислам дека дури и да нема они ќе викнат механизација багери,длабок коп и има матер да и е*бат на оваа наша сирота Земја.На крајот ќе излезат со конечната cost-benefit анализа и ќе кажат дека нема ништо,или има нешто ама е неисплатливо.Експертите ќе се јават и сите со консензус ќе констатираат дека длабински коп повеќе од 50м,за даденото ниво на техничко-технолошка екипираност и механизација е неисплатлива операција за Македонија.Главната тема е да се одлијат државни пари од буџет за вакви квази проекти од национален интерес,кои ќе завршат у нечии раце.Затоа и толку се гради и создава. Џабе е граѓанско движење и незадоволство ако не постои масовност. Ако фрлиш со камен на Влада тогаш си social outcast,ако се обидеш да влезеш со тенк на Седница на Влада,ќе те прогласат за тежок манијак .Битно уво не им чуе на надлежните институции како МВР и Јавно Обвинителство,а сите знаат што се случува.Кога работите ќе почнат да шкрипат ќе фатат по еден авион и ќе му ја дувнат.Ни продаваат бронзени муда за бубрези а ние ќе бидеме тие кои ќе треба да ги чистат нивните срања.
Ми се блуе од толку кичерај, а да не зборам само колку сме задолжени и буџетот ни е на минимум па сега им текна те казни за старо презиме, те за сообраќјајни дозволи морало нови да се вадат старите веќе немаледа важат, уште што не ќе им истекне,ама нашиов ни мил и наивен народ пустиот се радува се градело ко се да е у државата средено па само киповите ни фалеа. Мислам само усте мики маус фали на плоштад да ставиме и ќе биде стварно сензација за туристите! Мислам дека треба и барокна униформа да ни дадат за да биде све у тон! Толку кипови на едно место ?! Хм...има и зашто нека се рефлектира цела негативна енергија врз луѓето, што секој ден е се по присутна меѓу народот,глад и сиромаштија на секој чекор ама битно имаме Божици,коњи врби у Вардар нема везе што пловат секакви гадотии битно имаме зеленило кое чини 82.000 евра па чобечеееее што е тоа за нас а да можеби ја филтрираат реката,несмееме толку негативно да рзмислуваме Ах македонче,македонче ќути и трај зошто ако се побуниш можеш во затвор да завршиш. Ваков молк како последниве 5 години мислам немало никогаш не дека порано било подобро се крадело и тогаш ама ова сега е претеризам бе,па што не мислат дека сме ние овци? Доста е више !!!