Не е доста сега ке изникнат нови не се секирај. Слушам подземна собракајница од Беко до Тејнометал вардар, кружни текови на партизанска и илинденска и на кружниот тек се разбира СПОМЕНИК
Не, премногу ќе биде и уште Мики Маус да го стават, ептен ќе штрчи и онака е кич, уште Мики фали...добро за нив и кичов е убав па за Мики, таман работа...Можеби и може една барокна униформа да ни дадат и ептен ќе биде уникатно, комплет.А и онака биле во странство, незнам како таму не приметиле дека скоро сите скулптури се од мермер, било каде: Италија, Грција, Германија, Франција... Незнам што гледале таму, а еве го пренесуваат и овде, а Прометеј позлатен, Аце бронзен, Самоул мермеросан во дует со Ченто и Јустинијан од другата страна...И после ко виделе во странство??? Да незнае човек дали да се смее или да плаче, работава.
Разговарав денеска со неколку академски скулптори, не им се верува дека на Прометеј му ставиле гаќи - веројатно турски - ön yildiz.
Барокната инвазија продолжува! Сега им се навртија на зградите од Наше Маало, па удриле со камапња на убедување. Дури и сами мораме да си ги менуваме прозорите Среќа постои консензус, па тешко дека таа работа ќе им помине. Ама што мајка ми од сабалје испаничена ме разбуди од кревет, не е на арно. Целта ни е да не препарираат скрзо и мумии да на напраат, не се нормални. Ми дојдоа преку глава жими се, ја претераа. Се надевам дека нема и ова да си го истераат по свое Се надевам....
Ех сега и ти , па сигурно дека ке бидат од бронза,уметничката е платена 650 000 евра,фирмата која што ја нашла Италијанската леарница добила провизија, фирмата што ги порачала добила провизија, ако ги клесале од мермаер( нај квалитетниот мермер во Европа се наоѓа во Прилеп ) не би биле толку интересни цените и провизиите. Не се чудете Коцката веќе започна да блада и да останува без зборови,на новинарско прашање Зошто ограда на мост од милион евра, одговори епа затоа што така сакаме. Убаво го разубавеа градов,ама некако премногу скапо сето тоа .
Па би требало за такви пари да ги направат совршени делата и да направат да изгледа како што треба а не кич, бидејки и за големи цени биле направени совршени дела.Само очигледно имаат различна перцепција за убавина и естетика, а лошо е што правите мајстори за таа работа, не добиваат пари Можеби скулптурата на Александар изгледа убаво, ама кога ќе се види од блиску воопшто не е убава.Еден куп навидум неприметливи работи, кои очи вадат. И после ќе се споредуваат со она што го има во странство? При пари, да не можат мермер да набават Штознам или јас погрешна перцепија за убавина имам или тие...ама најверојатно тие оти целиот проект штрчи од кич.
Јас мислам дека ова уметничково дело што го постави Лилит совршено ќе се вклопи во новиот изглед на владата, па може да биде поставен токму таму, односно бикот да го забива чичето во ѕидовите на владата. Дајте да дадеме предлог.
Моето мислење за проектов го дадов, ми се допаѓаат здградите но не и спомениците. Со зградите ке се заштедат скоро милон евра годишно кои ги дава државата за кирии плус ке се земе нешто од влезници. Од спомениците нема никакво фајде. Сакам да ви споделам еден текст а вие сватете го како колумна, пофалба или оправдување за СКОПЈЕ 2014. Јас мое мислење околу текстот нема да дадам со некој дел се согласувам со некој не. Текстот е колумна од Дневник на Илија Димовски.Се мислев дали да го избришам оној дел каде што се споредува со работата на другите партии ама на крај одлучив да ви го ставам цел текст. Прочитете има многу работи за кои сме дискутирале овде. Спојлер Илија ДИМОВСКИ 21.12.2010 Скопје 2014 и Македонија 2014 Камо ви е достоинството, дами и господа? Дури и во моменти на слабост требаше да понудат повеќе и подобро, а не да понижуваат и навредуваат. Немаат право. Тие ништо досега не покажале. Сакаат, пред да се направат објектите, да ги омаловажат за да им се одмилат на луѓето Половина година сме сред силна дебата за проектот „Скопје 2014“. Како ништо друго досега. Поголем интерес, енергија, нервоза и чувства на општествената сцена не сме виделе за ниедна друга тема. Има многу лажни дилеми што се наметнаа во јавноста. Жално е што поради политичка калкулација на опозицијата, влеговме во период на жолчни пресметки. Се обидуваат да го наметнат впечатокот дека „Скопје 2014“ е единствен проект на оваа влада. Велат дека за ништо друго нема пари, но има за проектот. Ова е дрска лага. Зошто? Поради изградбата на автопатската делница Куманово - Табановце, реконструкцијата на Шарената џамија во Тетово, завршената изградба на 24 основни и средни училишта низ Македонија, изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, новиот лик на Прилеп, новиот театар во Велес, завршување на браната Лисиче, решавање на проблемот со свлечиштето Рамина, реконструкција на многу болници низ Македонија (меѓу другите и две во мојот роден град Велес), набавката на нова медицинска апаратура, новиот универзитет во Штип, новите рудници за јаглен во Кичево и во Битола, заради стотината милиони евра субвенции за земјоделието годишно, реконструкцијата на патот за Струмица, реконструкцијата на двата аеродроми, намалувањето на даноците, зголемувањето на пензиите и платите на администрацијата, патот за Кожув, инвестициите во информатичките технологии, поради набавката на 100.000 нови столчиња и 50.000 нови клупи за македонските училишта, заради.... „Скопје 2014“ е мал дел од Македонија 2014. Нема место да се наброи с` во една колумна. Но, сепак, заради иронија, замислете ако треба вака да набројува некој од колегите од СДСМ? Празна страна, сигурно. Втората дилема што ја наметнуваат е дека за овој проект одлучила некоја мала политичка врхушка. Не е така. За сите проекти има соодветни одлуки и соодветни постапки. За сите има политички одлуки од Собранието на Република Македонија. Сиве овие проекти ги има во Буџетот на државата, кој да потсетам, нашироко се дебатира, а потоа и се одлучува за него во Собранието. Со полн легитимитет се носат овие одлуки, зашто овие проекти беа составен дел од програмата со која власта двапати по ред победува на парламентарни избори. Третата наметната дилема е дека се градат само споменици, а не е така. И ова е со цел да се создаде впечаток дека непотребно се фрлаат милиони евра за бронза. Да потсетам дека со овој проект доминантно се градат згради за државните институции, како МНТ, Музејот, Државниот архив, Уставниот суд, Јавното обвинителство, МНР, Кривичниот суд, Филхармонијата и реконструкција на Собранието. Сите овие зафати се капитални објекти.Парите за нивната изградба одат директно во македонската градежна индустрија, а државата на долг рок ќе заштеди со намалување на трошоците за кирии. На овој проект работат неколку илјади граѓани, кои ќе останат без работа ако проектот се стопира. Четвртата дилема е дали со овој проект се запазува мултикултурниот карактер на општеството и дали Владата има чувство за тоа. Дека е така ќе потврдам со фактот дека ќе се градат неколку споменици на припадници на другите заедници во Македонија (албанската, влашката...), се поддржува изградбата на плоштадот кај споменикот на Скендер-бег, се реконструираат и санираат и цркви и џамии. Се гради спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк. Петтата дилема е дека во Скопје ништо друго не се гради, освен плоштадот и проектот. Не е така. Еве примери. Булеварите Илинденска и Србија и многу други улици, спортската сала „Борис Трајковски“, стадионот „Филип Втори“, новата зграда на НУБ, реставрацијата на Старата чаршија, реконструкцијата на Калето, реновирањето и оспособувањето на Зоолошката градина, жичницата кон Водно, водоводни и канализациски линии итн. Шестата дилема е дали државата доволно прави за социјалните категории. С` што останало како проблем во оваа држава го споредуваат со „Скопје 2014“. Сите знаат дека оваа власт направи многу повеќе од нив, како, на пример, изградба на социјални станови, зголемување на пензиите, зголемување на социјалните трансфери, СОС-продавници, бесплатна струја за социјалните случаи, закон за стечајците со 25 години стаж,им се доделија огромни површини државно земјоделско земјиште на социјалните фамилии. Се направи многу, но не може да се реши с`. Впрочем и најбогатите држави имаат сиромаштија, за жал. Но ќе се работи и понатаму. Камо ви е достоинството дами и господа? Дури и во моменти на слабост требаше да понудат повеќе и подобро, а не да понижуваат и навредуваат. Немаат право. Тие ништо досега не покажале. Сакаат, пред да се направат објектите, да ги омаловажат за да им се одмилат на луѓето.
До негде е ок ама со споменицине претераа ..На плоштад ќе беше доволен само тој на Александар т.е воинот на коњ а другине се претерано набутани ...Ај зградине можат да им се сменат фасадине ама смешно е да се менува историјата кога пола Скопје е направен по земјотресот по идеа на Кензо Танге како некој футурстички , модерен град а сеа ние барок ,од кај го ископаа најкичестиот период . А и да Скопје не е само Центар , има и др населби каде има ископани , неасфалтирани улици , каде се рушат објекти демек да се градат трговски центри а тие наместо тоа стануваат дувло за наркомани , пијаници , деликвенти , каде не работат уличните светилки , каде не работат семафори итн.
Мене ми се допаѓа. Можеби малку е претерано и средствата од некои од спомениците требаше да се вложат во здравството, ама сепак ми се допаѓаат промените. Градов заличи малку
Тоа е добро да се прави ама во одредени граници, а не на секој чекор споменик! НЕ МОЖЕШ ДА СЕ ЗАВРТИШ! Зимаат кредтити и трошат пари на недвижнини кои никогаш нема да ги вратат парите... Ние не сме економски јака земја за да се луксузираме. Аферим, ако сме економски стабилни секој ќе иде во Скопје и ќе ги види спомениците, но има социјални семејства кои ги немаат неопходните сретства за живот,а ќе одат и ќе се шетаат низ Скопје! Се занае во земјава треба да се прават фабрики и да се вработуваат луѓе. Луѓето кога ќе имаат пари ќе отидат и ќе видат. Ама тоа ти како се вели: МИЖИ МИТРО ТОЛУМБИ ПАЃААТ!
Како што кажа еден човек по медиумите "нека стават по една Жална врба на влезот на Македонија, да видат луѓето колку сме ние жални". Срам да им е, навистина жално за народот. Да им дадат орден за најголеми машини за перење мозок. Само линчување за нив ништо друго.
Цел свет гради големи згради,чудни футуристички градби,а ние си градиме замоци,споменици,капии.. Светот напред,Македонија назад!
Еве сега поставија и марионети пред секој споменик да им го чува па затоа пазете каде плукате се снима :geek:
јас го видов видеото од првата страна на темава и останав ваква а и не сваќам што мајка бара црквата пред трговски??? а и со споменициве претераа парите ги трошат на глупости а можат на нешто поразумно
Малце носталгија од времето кога бевме помали а Скопје пошироко, позелено и поубаво: http://www.youtube.com/watch?v=HV-qas1M7ks
Епа што може да се каже? 500 000 макеоднски граѓани се исселиа од Македонија.. Причината е финансиски проблеми. Ги гледате сите псоменици на плоштад? Е тоа се државни пари, потрошени залудно. Ај кажете нешто позитивно во врска проектот? Нема. Викаат разубавување на Скопје, дали е разубавување да има споменик на секои 5 метра... КОлку поразумни начини постојат за трошење на парите! Аххх, каде ќе заврши сето ова?