Ни го уништија градот...Само камењарници и прашина...Се отрувме...А за тоа колку пари испраа и си ги наполнија џеповите за да не загадат е веќе друга приказна...Не сакам ни да коментирам...Место да направат паркови, зеленила за да здивнеме малку, тие и тоа го уништија...Жена парк на се личи само на парк не личи...Арамии ...
Целта на капиталните делови од проектот Скопје 2014 (историските споменици) изгледа дека е духовно (спиритуално) затемнување на свеста кај луѓето со цел тие постојано да живеат во минатото - она што не може да се промени, наместо да живеат во сегашноста и на тој начин градат посветла и подобра иднина.
Веројатно ќе да си во право, затоа што знам дека и други ( кои се занимаваат со македонштината), истово го велат, како и тоа дека поставувањето на Александар, Филип, има огромна врска со тоа што е најден гробот на Аце кај нас, а не се откопува поради тоа што може да предизвика војна, па затоа само поставувањето на клучниве ликови во проектов е само мал дел од тоа зголемено спиритуално поттикнување на свеста кај народот.
Она што го кажав е токму спротивното: преку ова не се потикнува туку се уназадува духовната свест на народот. Тоа не е само во Македноија така, туку и во многу други земји низ светот. Ако сакаме подобра иднина треба да се бавиме со сегашноста а не со минатото и гробниците.
Да, така е, но според владава не е уназадување на духовната свест.Добро во другите земји, голем дел од спомениците не се направени сега, за да се отпочне нешто ново во однос на поставување споменици, значи тие веќе си имаат се, проблемот е што кај нас поради тоа што не негираат, на ваков начин да се направи некаков пресврт во однос на докажување на идентитетот, затоа е поврзано со скулптуриве, гробницава.А иднината некогаш зависи и од минатото, од ваков аспект.На странците веќе им е зачувано културното наследство, а кај нас не, се е растргнато на сите страни, не дека и кај странците го немало тоа, но не толку често како кај нас.Инаку, да, треба да се свртиме кон иднината, а не кон минатото, но проблемот лежи нерешен во минатото и затоа уште трае.
Наместо да ги трошеа парите и времето на споменици можеа уште 2008 кога го добија вториот мандат да ја почнат пругата, па до 2014 ќе беше готова. Ако иам пруга има и масовен промет на стоки и патници по ниски трошоци а висок профит. Е тогаш од тој профит ќе имаше смисла да најават „Скопје 2020„ но за жал приоритетите намерно или ненамерно беа измешани. Пругата кон Бугарија ќе биде готова за 10 години
Извини имам малце поинакво мислење од тебе.Сакам само да го споделам.Мислам дека ти мн пристрасно гледаш на работите и не ја приложуваш вистинската слика .Некако ги мешаш работите со спомениците.Да вистина е дека се потрошени мн пари брм брм брм НО барем сите знаеме каде се потрошени и мн убаво излгедаат.А за тоа дека ако се пушти пругата дека ке има по МАСОВНИ промет од луѓе и стока ... МОЗЕБИ .Но треба да се грижиме и за убавината на гардот а не само за користа на луѓето .Кога се има стратегија однапред јасно дефинирана и кажана ќе се постигнуваат резултати.Инаку СДСМ кога беше на власт не инвестираше речиси во ништо убаво .Да не преоѓам во друга тема но само ке прокоментирам ако толку е лошо Скопје 2014 ке го стопираа самите луѓе ,но видоа и се уверија во тоа што беше ветено .А не само празни зборови .....
^Поентата е дека пругата до Бугарија е нешто кое е долгорочно реално потребно бидејќи спаѓа во инфраструктура и затоа било и е подобро што е можно порано таа да почне да се изградува, а спомениците се нешто кое иако може долго да опстои, можат да се направат било кога - од нив директен профит поширокото население нема. Верувај, има многу луѓе кои сакаа и сакаат да го стопираат но едноставно не се во позиција тоа да го направат, а не припаѓаат ниту на една партија. Некои од нив сè што можеле да направат е да одбијат да учествуваат во проектот СК2014 иако им биле нудени големи хонорари. Не е доволно само да се исполни ветувањето, битно е и што ќе се вети. Ветиле дека ќе го пренатрупаат централното градско подрачје и навистина го пренатрупаа... Каква корист од такви остварени ветувања? Исто така не е доволно само спомениците да бидат убави, битно е и да се вклопат - а повеќето од нив, факт е дека не се вклопуваат во сооднос со околината - а тоа веќе не е личен вкус, туку осет за геометрија и композиција, нешта кои се учат на сите светски академии.
Мене воопшто не ми личи на Тоше. Убаво што некој се сетил на него, ама поглупо не можеле да го направат. Мене ми личи на Гоце Делчев без брк! Башка за тие спомениците, скулптурите веќе реков, аман доста се... и многу се!!! Читам уште многу се планираат. Наместо тоа, може некој да се погрижи за неговата спомен куќа. Да не зборувам многу бидејќи не сум била, ама се повеќе и повеќе читам по интернет страниве дека е многу запуштена и одамна никој не се грижи за неа.
^ Cпомен куќата е преубава (посети ја и увери се), гробот е тој што не личи на место каде што треба да почива било кој човек, а не пак Tоше . . .
4 Министерот за здравство Никола Тодоров се пофали дека Кралството Холандија ни подари 8 милиони евра за да ни помогне да се намали бројот на умрени новороденечиња и мајки при породување. Оти процентот е поголем од европскиот просек. Ќе се реновираат сите родилишта и ќе останат пари и за 75 патронажни коли. Не дека ние немавме 8 милиони. Имавме ние и 12 милиони, и сто милиони и двесте милиони. Ама ни требаа за попаметни работи. И уште ни требаат. Холанѓаните видоа, не видоа, си рекоа што се виновни децата што имаат родители што гласаат за споменици, огради и барокни кулиси и прежалија 8 милиони. Исто како што прежалија милиони за помош и Американците кои ни ги реновираат вецињата и прозорците по школите, Јапонците што ни купуваат коли за брза помош, Норвежаните и Швајцарците што ни ги заштитуваат планините и езерата, Швеѓаните што ни го чистат ѓубрето... А ние нашите пари си ги потрошивме парите за Луна парк во центарот на Скопје. Што убаво си кажал човеков, ние само донации собираме а нашите пари за глупости се трошат. Безобразлук!
Убаво што се сетиле и направиле негова скулптура,...што знам,наликува на него да....ама мислам дека можело подобро.