Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Наредно што ке биде поставено на плоштадот е господинот Латас со iPhone во рака.Не не не,незнам до каде оди ова....
     
    На nezastitena и slavica999 им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Убаво што поставиле скулптура на Тоше, но, не личи на него.Навистина незнам зошто кога прават скулптура, зошто не се загледуваат во ликот, зошто анатомски не го проучуваат? Па како мозе скулптурата да личи на ликот, кога се изработува според некој сосем друг замислен лик? Не разбирам, па античките скулптори имале осет за автентично претставување на одреден лик, осет за убавина, за складност, па предобри скулптури имаат направено, кои треба да бидат земени за пример за создавање на една скулптура.Незнам што друго да казам, само треба да се обрати многу внимание во однос на тоа, пред да се создаде едно уметничко дело.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Незнам зошто не ви се допаѓа,и не би сакал да навлегувам во тоа .Сепак сите имаме различен критериум за убавина и различна перцепција на работите .Баш ми е жал кога самите не си го почитуваме убавото .http://www.cdm.me/zabava/muzika-film-i-tv/postavljen-spomenik-tosetu-proeskom-u-skopljuСо постот за поставувањето на скуптурата на Тоше сакав да нагласам како сепак има некој што почитува и се грижи за блиското минато на луѓето од естрадата што заслужиле почит.Неблагодарно е скуптурата на Тоше да се користи за мрчење од одредени луѓе за да се добие ефектот на НЕубава поради нивните фрустрации од Скопје2014.Прочитав разни коментари не сакам да цитирам и да навлегувам во дискусии што водат во расправање .Еден од таквите коментари беше нешто како -тоа не е на Тоше стилот-ставот .. ПА добро каков е тој стил-став на Тоше |( ?.. Представен е во мн убаво светло со скуптурата ,ликот очите и насмевката искрена се тоа што според мене ја доловија вистината за Тоше и на скуптурата , она по што беше предпознатлив .
     
  4. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Катастрофа.. плоштадот музеј ќе го направат.. ај да имавме некоја преголема историја што покрај ние, ќе беше признаена и од другите држави, па да правевме вакви работи.. мислам стварно катастрофа.. според мене прво треба да се реши невработеноста, кризата и сиромаштијата кај народот, потоа да почни да се инвестира во спортот, глумата, пеењето и притоа не мислам спорт -и само да се направи една сала, туку да се инвестира во талентите, не само во фудбал, ракомет и одбојка, туку во сите спортови, па да можеме на (пример) Олимписките игри гордо да одиме а не со 20тина луѓе од кои 10тина се спортисти а другите новинари или поважни луѓе.. под глумата подразбирам да се наоѓаат надарените за глума, да се прават квалитетни филмови, да имаме барем еден/а наш/а актер/актерка во Холивуд, која луѓето ќе признаваат дека е од Македонија а не од ФИРОМ.. под пеење подразбирам повеќе натпревари за пеење во кои ќе одат навистина талентирани луѓе, а не некои од шала пратени, водители да не бидат ЛиЛа, Боки, Драган Вучиќ, туку некои искусни пеачи. Во добрите пејачи да се инвестира и да бидат познати во повеќе земји, не само на Балканот... е кога ќе успееме во овие работи, тогаш нека изградат пред секоја куќа споменик ако сакаат.. толку од мене..
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Реков зошто не ми се допаѓа, не е работата за различен критериум за убавина, туку било кој уметник ќе го казе истото.Човек ќе почитува убава скулптура доколку знае како е создадена, врз основа на тоа дали е добро создадена, ке мозе да даде критериум за истата.Сосема е во ред што има скулптура, но истата не личи на Тоше, како што и скулптурата на Александар не личи на него.Едно е да се прави по замислен лик, кој не ја подрзува автентичноста, а сосем друго е кога се прави идентично како што е.Нема врска со никакви фрустрации, туку само еден глобален поглед во однос на проектот.А кога веке нашиве решиле да направат нешто, нека го направат како што треба, професионално.
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Вака од слики и од тв што го видов вчера,споменикот на паднатите херои-многу е убав.Ќе отидам баш деновиве да го видам.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    |( со секоја нова ствар, е вака вртам со очите.

    Кога ми беа на посета туристиве, враќајќи се од Стара градска куќа накај ГТЦ неизбежно беше да се забележи поминувајќи по мостот какви све кичојни има од таа страна. Другаров подзастана со зината уста.
    И онаков со ептен сериозна фаца ми вика - ви фалат статуи. Не, малку статуи имате. Зашто не додадете уште по некоја а?
    Леле колку малку статуи, јас би ставил уше по некоја.

    Се плесна по чело и продолжи. Му го сфатив хуморот ама не ми беше веќе ни смешно. Да знае кутриот дека измеѓу тие „малку“ статуи на мостот на уметноста планираат да укрцаат по еден бронзен столб.
    И овој лагано продолжи - шо бе, Донатела Версаче да не е главниот проектант а? Со многу вкус е правено се, мхммм.
    :D

    Исто поминавме низ Жена парк, сакав да му покажам нешто што е типична слика за жена паркот - пензионерите кои играат шах.
    Се воодушеви.
    А јас се натажив дека ги нема толку многу затоа што толку многу го стесниле просторот таму, чудо. Со овие глупости од споменици. Испосекоа дрва, ставија кичови, а чуму? Навистина не знам.

    И така си решив да им дадам предлог да има и мој споменик. Како седам на шоља и читам. Шо бе? Да не не сум заслужила, има место ќе ме сместат негде измеѓу.

    Мммех. Сликајте се луѓе, сликајте се пред споменици. Многу сте слатки. Ајде аирлија нека е.
    Ми се гнаси од центарот заради сево ова.
    А шо ни се смее цел нормален свет, тоа е друга ствар.
    Шо би рекол другар ми од Словенија - еј немој да се навредиш, ама она у центар ви е нешто измеѓу Пјонгјанг и Дизниленд.

    Што да ме навреди? Вистината? Не бранам јас све што е мое, само затоа што е - мое.
     
    На Fallin-ForHisSmile, green.eyes, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Искрено, знам дека ќе биде дискриминирачки и крајно снобовски, ама пред статуите и воинот се сликаат само сељаци (не географски определено) што во живот не виделе статуа, па сега им е момент да го овековечат откритието. Не гледам друго оправдување, и се надевам и дека нема.
    Не сум ни јас некој уметник ниту пак студирам историја на уметност, па да можам да ги критички оценувам, ама имам свест дека за еден Прометеј во гаќи, Аце на 20 метра столб, Јустиција напишана на шпански во име на постмодернизмот (уат да фак беше ова!!!) не ми се троши енергија да го извадам апаратот од ранец, а не пак да трошам пиксели. А можам да претпоставам каква претстава си имаат туристиве кога ги гледаат овие шеги, Прометеј во гаќи бе!
    Замисли ти одиш во некоја земја, и го гледаш рецимо Гоце Делчев со рокчиња на глава. Сеир невиден.
     
    На Phyramide, crazyinlove19 и Hipster им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Уште подобра финта би било, на пр. во Мелбурн Гоце без мустаќи, или Јане сандански наместо на коњ на мотор харлидејвисон. :rofl:
     
    На Danilela и Nymeria им се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^самиот народ бараа споменикот да има "гаќи".....а кога ќе одат рим,барселона....се сликаат покрај нивните споменици кои немаат гаќи
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Они као дека за се го слушаат народот што ќе каже па затоа на Прометеј му лупнаа гаќици, порта ни направија, фонтана, коњчиња ни ставија, огинче ... се бе се, како што сака народот.
    Сеа народот да каже на Олимпија голи да и бидат цицињата ќе и бидат бе, зошто да не, се се прави во интерес на народот! :!:
     
    На Phyramide и slavica999 им се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не не на Олимпија никако нема да и бидат голи цицињата, не е во интерес на заштитениот вид во државава, на нив секоја желба им се исполнува. Тоа е непочитување на нивната религија, ко демек на Христијаните у религија им е голи да шетаат. Заеби ти уметност и митологија, кај нас единствено од митологија што функционира е мито. Се срамеле од петелот на Прометеј, па наместо да го тргнат Прометеј тие гаќи му ставија. Грцине нека гледаат и нека си се смеат, зошто ваква држава не им претставува закана.
     
    На Extraordinary.girl, angelina1, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Чекај Сноу, не сум била во Рим, ама Барселона сум ја шетала и тоа асално, и јас не видов споменик без гаќи. Небитно, не сум видела нигде бре споменик без гаќи, и тоа у сред град, па и у паркот на жената па, ејјј работава ептен погодена демек подарок за жените за осми март :rofl: :rofl: :rofl:
    Штом Ромео во Верона беше со гаќи,тогаш што е*ачиште ќе да беше овој што без гаќи го ставаат,да ми простите на израз.
    Работава да не сакаат да ни покажат што се муда, дека народов наш ем из*бан ментално од сите страни, ем без скршен денар и уште нема муда да ми кажа СТОП на оваа глупост.
    Не сме до толку сиромашни бе, и гаќи ќе му скроиме, ќе му купиме ако треба, келвин клајн и тоа, да му ја држи гордо машкоста 8)
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас мислам дека целиот проект е многу добро осмислен. Испланирале тие се, ќе се пријават тие уште малку за нов рекорд на Гинес, или за најмногу споменици по жител во градот, или за најмногу споменици на километар квадратен. И оп, еве ти развој на туризмот, ќе трчаат сите да видат како успеале да ги натрупаат и соберат спомениците. Ама јас ќе ги зафркнам, ќе си наредам камчиња во дворот и секое ќе го крстам со некое име, секое ќе ми биде една скулптура. Апстрактна уметност бе :) Така набрзина ќе им го срушам рекордот, и готово... пропадна планот :)
    А пелените на Прометеј многу лошо му стојат, многу вештачки. Опремата одоздола не стигнав да ја видам каква е :rofl:
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Уште ова ни фалеше. На времето среќа беше да се најде детелина со четири ливчиња во трева, а сега како што тргнала работава, среќа ќе биде да се најде трева во градов наш. Натрупаа...многу. Гаража во барок :?:

    [​IMG]
     
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Која локација човече, наоколу комунистички згради и оооооп, гаража во барок стил. Гаража бе, во барок стил! Луј 16ти го паркирал ферарито на 3ти кат. Абе ова хипстериве не уништија. Стикам палци во наредниве 5 години да пројде од мода ова бароков и да дојде готик, па тогаш да бидеме баш хорор филм...иако веќе од архитектонска гледна точка и во психо трилер навлегуваме.
     
    На anneyy, Name, Extraordinary.girl и 3 други им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    26.314
    Изгледа им здосадија коњиве, па сеа хит се катниве :D

    ПС. Колку коњски сили ви е плоштадот? :rofl:
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Прочитав еден јака реченица пред некој ден на интернет.
    -"2014 не била годината до која требале да бидат готови туку бројот на спомениците" :rofl:
    Е богами така испадна на крајов.
     
    На angelina1, Li0ness, Chocoholic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    На angelina1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Речи су сувишне.
     

    Прикачени фајлови:

    На angelina1 му/ѝ се допаѓа ова.