Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ај шо натрупаа со градби натрупаа, ама мора ли сеа сите да светкаат и да ги мењаат боите? Зградана над Тренд ко семафор е, срвено, жолто, зелено плаво, виолетово.... она министерствоно од карши такоџе, фонтаната исто, тоа музеј ли пошта што ќе биде и тоа ќе свети, аман веќе ко Лас Вегас стана плоштадов. Или што би рекол другар ми, кога ќе го стават и тоа тркалото ко Дизниленд ќе биде. Фуј :puke:
     
    На Phyramide, anabel-a и Li0ness им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Стварно незнам како тоа на владава проектов не и делува неубав, повеќе споменици ќе имат,отколку народ :D Уште се чудам, направија барок, што ќе биде следно...? Можеби готика? :D :wasntme:
     
  3. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    Коруптивна оргија на тотален кич, роден во главите на транзиционата олигархија.
    Финансиран од џебовите на полуретарираното население, кое преплашено да не ги загуби своите 200 евра месечна милостиња го голта секое говно кое му се сервира.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Убаво е. Се` тоа што го градат ок е, имаме споменици колку сакаш чоек да се сопне од нив ко шета :worried: Излегувам, скопје не го препознавам, ни С- нема од она шо имаше. Туку кој го плаќа сето тоа :worried: ? ...Товарот врти сучи паѓа врз Граѓаните на Ск. :|
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.011
    Допаѓања:
    51.864
    Пол:
    Женски
    Иу. Толку.
     
  6. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    :Down:
    На плоштад има повеќе споменици отколку луѓе.
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    БУЏЕТ- нешто што се полни од даноци, давачки на фирми и граѓани на цела РМ.
    И по некој заем од ММФ, кој пак кој го плаќа НИЕ!
    Али јбг, некој мислат дека од нивни џебови е тоа, али необразованост и недоволна информираност, ти праи ова што сме, глуп народ силна држава.
    Океј направија фонтана, средија улици се тоа е океј и за пофалба, стварно, ама оваа мегаломаинја ај што е кич и невкус, премина у масовно зголемување на даноци и прераспределување на пари за битни работи во китење со туѓи перја.
    Не личи и не личи, ма колку сакаат да тврдат дека е за доброто на народот, НЕ Е!
     
    На viktorija.manevaa, imelda и kravce им се допаѓа ова.
  8. loveeeeeeeeee

    loveeeeeeeeee Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Ги прочитав првите 2,3 страни од темава и мора да се изјаснам.Добро бе луге Скопје во 2014 ке биде подобро или ова што е денес(пред проектов)што им фали на споениците па сите тие луге се бореле за МАКЕДОНИЈА и оставила трага во историјата на Македонија.Зар ке беше подобро Груевски да ги бутнеше и овие пари во џеб или да го направи проекотов ја не викам дека не треба на сиромашните да им даде али еве на пример последниот пат кога видов на вести делеле станови за нив и јас колку што знам (мозе сум в о грешка ) сите улици во скопје ги преправија (за во скопје зборам дека сум од скопје и го гледам тоа што го прават )И на крај краишта на сите не ви чини проектов а кога ке биде готов ке се сликате кај спомениците и ке ги носите роднините од странство за да видат што имаме на плоштад како и секогаш што прави македонче ..од ништо не е задоволен.
     
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Како Прометеј и Афродита се бореле за Македонија? Или преспав некој час по историја? :tmi:
     
    На anneyy, Phyramide, Filiposka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^ :D
    Мене најсмешен ми е делот

    :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. loveeeeeeeeee

    loveeeeeeeeee Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    чекај малце кај се наогаат спомениците на прометеј и афродита во скопје стварно за тоасега прв патслушам дај просветлете ме !!!
     
  12. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Скопје,цел со споменици ќе го наредат. Што ќе ги прават тие глупи споменици,што неможеме имињата да им ги запамтеме а не па како се создале,која е причината....
    Тие пари за споменици што ќе ги дадат,подобро е да изградат згради постабилни,поубави,фабрики...
    Искрено,се запрепастив од проектов. Ај споменик наа некој важен човек,ама споменик на вмро-дпмне???
    Се видов,ама ова не. И на сдсм ќе почнат да прават.Се повеќе и повеќе се губи разумот на Македонциве...
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    И јас тоа се прашувам.Некои велат дека тие митски божества, биле македонски, но дека се бореле за Македонија, не, невозможно.Ај што се тие двајца, ама и Дионис :^) што да кажам...А што да се каже за шмизлите, чевларите,биковите? |( Ај другиве има некаква врска, ама овие другиве? И тоа личи на убавина, а да не зборам за некаков допринес за државата? Од кога тоа ваков тип на споменици бил својствен за државава? А се прашале дали наши работи, поставени како споменици, има во странските држави? Што да кажам пак за изработката на истите, да беше сега жив Леонардо, ќе умреше од смеа :D :x Па и уште се правеле по терк на италијански споменици :x |( ама според ова што е сега, не изгледаат така.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Можеби е дел од некоја теориоја на завера: Се работи за дел од програмата за бришење на македонскиот идентитет и заменување со грчки, секако на подмолен и незабележлив начин. :rofl:
     
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Отиде мојата младост. Прва љубов, први бакнежи, прво пијанство, многу нови пријателства, забава за ич пари, љубење на трева под ѕвезди, кавги и прегратки, мечето, места каде што седевме, места каде што некој со некого се смирил, друг раскинал, трет пишувал поезија, позитивни концерти, настани, сепарињата бре :tmi: Носталгија однапред.
    Ќе пишуваат малите деца нови спомени во нов парк. Нашиот...отиде
     
  16. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    не сум по политика,и не сум политички определена но конкретно за овој проект сум против затоа што кој и да е на влас нема врска и земаш бре ти човече кредити со страшни суми и правиш споменици,а луге немаат работа,многу училишта греење немаат,по болницине гад да ти е да останеш,па нормално и мене нека ми дадат пари и јас знам што ке правам ке се дотерувам ова она,а не тие се фалат со туѓи пари,кредит и после тој кредит кој ке го враќа????децата наши!!! глупостии не видени ке одиме ние сега ке се шетаме низ плоштад и споменици ке сликаме ете има музеи кој сака ке оди а и освен лутање веке ништо и др не не очекува без пари...само мислам има мн побитни работи од спомениците кои треба да се средат и да им се обрне внимание,згризуванје на кучиња скитници,бездомници,сиромаштија,а не удираат и на покачување на пензии одкако се смени старосната граница,,,и ретко кој ужива и ја доживува пензијата па затоа сега имаме пензиско осигурувањ е одбитоци и некој др ги користи се извинувам за офф топик
     
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ОВИЕ НОРМАЛНИ ЛИ СЕ БЕ?????????????
    Ајде нека го направат цело Скопје само бетон, да се удавиме сите во прашини и да поцркаме во лето од топло. Тоа и онака е цело бетон, сега и парк ли ќе го ликвидираат?
    Не не јас дефинитивно се селам од тука, де-фи-ни-тив-но!!!
    Абе има ли некој од министерство очи? Кога веќе немаат мозок, барем нека видат колку го огрдија Скопје со секакви глупости од типот, порта за секој влез, ограда за секоја зеленика, скулптура за секој атом од воздухот!!!!
    Значи парк си е убав таков каков што е, и корисен, и остана единственото место кое вреди да се посети во Скопје, да си ја одмориш душата...и да се пролапаш во темниците :D Единствено нешто од кое никој не се жалеше, можеше да дојде и старо и младо и да си помине преубаво. Место каде што во исто време ќе видиш пензионери со внуците и тинејџери со побеснети хормони во една симбиоза, а не грда глетка!!!
    Некој ако не го спречи ова на време жими се ќе се постелам пред влезот на парк во знак на протест и нема да се тргнам од таму, булдожер преку мене нема да помине!!!
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Се запознаваш на сепариња, се шеткаш до 8те чешмички, до кај школка веќе се држите за рака, под брдо идат бакнежи па во стариот парк на повеќе акција и пуштање безобразно рачиња :rofl: (па после и малото го шетате до луна паркот :wasntme: ) Цели истории на растења и љубови и другарства се пишувани во нашиов ни парк...
     
    На Saya и Nymeria им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Не го поддржувам проектот, ни најмалку.
    Првенствено, се уништија многу спомени, се уништи оној стар шмек на нашето Скопје, оној мирис кој беше присутен во секое ќоше во градов. Не не` плени со истата магија повеќе. Зошто се инвестира во нешто што е тотално непотребно?
    Не го сакам ова ново, силувано Скопје. Оваа е беда, додека барокот е раскош, бисер со неправилна форма достапен за луѓе од високата класа. Заеднички им е единствено кичот.
    Нека престанат да го уништуваат и надоградуваат, затоа што светот на младите останува, а сакам идните генерации, моите деца да се сеќаваат на она старото Скопје. Жал ми е што никогаш нема да имаат прилика да го почувствуваат оној вистински скопски шмек кој некогаш постоел. :(
    Ширината што некогаш ја имаше на плоштадот е најубавиот споменик, симбол на слобода, која повеќе ја нема.
    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=2NlYKK1naqo
     
    На viktorija.manevaa и Hipster им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Е браво.Ај и Парк сеа уништете го и готово.
    Кај е се пренатрупано,не се диши во Скопјево,уште тоа ни фалеше. |(