Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Неможам да ги разберам некои луѓе,не ги подржувале спомениците ова она а за сликање први се таму да се сликаат со нив,кога не ги сакаш што се сликаш со нив?Второ ,па луѓе нормално дека Скопје во иднина треба да има нов изглед кој век сме?што ке чекаме да се распадни све па да го задржи стариот изглед ,па на новите генерации искрено кажано не му е потребен стариот изглед на Скопје.Па све ке си дојде на место ,ете сега и со новите автобуси ке заличи градо.Што, да ги оставеја старите автобуси не за друго,за да остане она старо Скопје да се потсеќаме на минатото.Свашта!!!И Дубаи е целиот град бетон па сите сакаат таму да одат.Мислам до менталитетот на луѓето е што не го прифакаат новиод изглед на Скопје.
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^ Никој не спомна за автобусите, автобусите се океј, зошто е логично дека ни требаат подобри превозни средства (реално предходните автобуси беа ужас).
    Која е потребата од сите тие кичести статуи натрупани во едно? Која корист ја има народот од двете шмизли на плоштад? Симбол за девојките во Скопје? Што значат Ромео и Јулија (ако воопшто тој глупав споменик и така се вика)?
    Да не збориме за одвратната и огромна триумфална порта која е врв на бедата во градот. За да ги достигнеме големите градови? Што ли значи проклетата и глупава порта? Каде е триумфот?
    [​IMG]
    Скопје станува задушено, грозно и одвратно!
    Го гледам како мал, но топол дом за безброј души кој што очајно плаче и вриска за се` што му се случи. Додека народот молчи и клима со главата.
    Преку глава ми е веќе од членови на Х политички партии кои се препукуваат меѓу себе и застануваат позади се` што направил политичарот од нивната партија и гледаат како коњ, ниту лево, ниту десно, само право и по патот кој им е запишан. Отворете ги очите и сфатете како ви го перат мозокот!
     
    На Nymeria, kristii и Hipster им се допаѓа ова.
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Па нормално статуите не се за корист ставени се гледа за што се, за да заличи градот,а што му сметаат на наридот?дека градот заличи на нешто тоа смета?Одете малце прошетајте во други земји видете кави не споменици има не само да кажвате што треба и што не треба.И пак ке го поставам ова прашање,кога не ја подржувате изградбата на спомениците што се фотографирате сите со нив ?или сакате да ви заличи сликата на нешто?секој втор на фб е сликан со тие споменици кои не ги сакате ,Зошто ????А другата партија на власт да беше и тој мостот камениот еден што го имате ке ви го срушеја.Радвајтесе оти нешто се прави, поарно нешто отколку ништо!
     
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    НСе извинувам што се вмешувам,ама не дека не сме за споменици ама да се градат со ред и да не бидат пренатрупани.Фонтаната Александар Македонски е навистина убаво и личи онде,ама некои поситни градби околу неа стварно не треба.Како на пр Шмизлите,не знам што означуваат тие,што сакаат да покажат со тоа.Многу пари се фрлаат за непотребни работи.
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^ Се немам фотографирано, ниту пак планирам да се фотографирам со тие ужасни споменици. Не можам да ги гледам кога поминувам од што ме иритираат, а не па да ги имам за спомен во архивата со фотографии.
    Споменикот треба да има некаква важност и значење, ШТО ТАА ПРОКЛЕТА ПОРТА ЗНАЧИ ЗА ДРЖАВАВА? Ако не, нека изградат Ајфелова кула на плоштад, ќе се стиснеме, не е фрка.
    Го загушија градот, факт е дека се ПРЕМНОГУ.
    Што направиле Ромео и Јулија за нашава држава?
    Теоријата е што повеќе, толку поголем процент во џеб. Ништо повеќе. Секој си гледа за да му биде меко под сопствениот газ, а на сите што не им се допаѓа едноставно се како: „Што би смениле ние, ако мора да е така, нека е така...“
    Убаво, ептен...
     
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    А тебе ти е тесно сега со спомениците а? Ако не ги изградеа ,ако ти го оставеа местото слободно ти што ке правеше со тоа место оро ке играше? :D
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Ти фалат аргументи, очигледно е.
    Доволно ми е само да се движам нормално, без мадињата на нечив коњ да ми доаѓаат над глава.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Па нормално дека и целосно коњот ке го прават ,не ке го остават беез нив недовршен ,а коњите во историјата без мадиња да не биле случајно ?,па сега статуите без нив да се прават :D :D.Што чекате Грците нека се радуваат со прост народ како нас ,тие ке изградат побрзо наши споменици ,АЛООО!!!!Треба историјата да си ја зачуваме!
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Цел хиподром со коњи направија на плоштад. Не знам дали ми ја разбираш поентава на муаветов, или чувствуваш должност поради партиска книшка да го одбраниш она што партијата го направила, т.е. парите кои ги испрала.

    Нема потреба што на други да им се докажуваме. Спомениците нема да променат ништо. Доволно одредените што требаше нешто да направат „направија“ околу тоа.
     
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Немам врска јас со партиите не ни гласам за некој,само сакам да кажам оти прост народ сме ,А да не на правеа споменици да си ги кркнеа парите в џеп после пак ке плачевте нема да ви чинеше ,сега кога прават нешто пак нечини!
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    А вака мислиш дека не си кркаат пари во џеб? Дупло повеќе, верувај. Можеа да направат нешто корисно, или кога веќе не се способни - нека не прават ништо. Како и да е, требаше да ја следат вољата на народот. Само што народот е доволно прост за да се подлаже на гратис возење во вторник и петок, локум, кафе и не знам што.
     
    На mariatim му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Ако не си доволно информирана тие со локумот и со кафето беа СДСМ :D :D ,па неможе преку ноќ све да се направи ,а здравството на кое дереџе беше дојдено ,па му текна на сегашниов министер за здравство да појди некако да ги разбуди докторите што спиеја на работно место ,и ајде да не почнувам со оф топици ,темава е Скопје во 2014 год? не е темава локуми и кафе :D Значи има секаде разни споменици по државиве и нормално дека заликуваат на градови ,но овие нашите со тој камен мост уште ке си останеа кој и тој ке му го струшеја како што се против споменици.Па нормално дека има почесно место ФИЛИП втори во нашата држава ,заслужува споменик и то како ,а и скопјанките нека се гордеат што му направија споменик со скопските шмизли шојма во тоа лошо :) па треба да се има секакви споменици.За тоа дека рече дека земаат пари дупло ,па нормално дека земаат ,ама и направија нешто ,а другите само замаа и земаа и не направија ништо недека ги бранам ама така е.
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Информирана сум и знам кои беа, сите се насочуваат кон гласот, а не кон работите што ќе ги променат. Тоа ми беше целта и затоа го спомнав.
    До какво дереџе дојдовме, ништо чудно по некое време Никола и Бранко да ги има на плоштад и народот да им ги бакнува нозете, само зошто НЕШТО НАПРАВИЛЕ.

    Подобро е да има статус кво, отколку глупости на тон.
     
  14. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Македонските споменици од нашите херои со кои многу се гордеам ако за тебе тоа се глупости срамота!! затоа грците ке се радваат оти сме глуп народ !
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Ако животната цел ти е сатисфакцијата грците да се секогаш под тебе, тогаш да не правиме муабет повеќе.
    Тоа со грците е долга тема, која што ниту јас, ниту ти, ниту споменициве нема да ја решат.
     
  16. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Па тоа сакаат грците да не се гради споменици кај нас и малку по малку да ни го земат Александар Македоски кои тврдат деке му припаѓа нив.А во случајов ти го оправдуваш тоа.
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    А што ќе се случи ако и грците рецимо стават споменик од Александар? Ќе се натпреваруваме ако не, кој повеќе - негов е.
    И престани да ми ги испревртуваш речениците и да ги ставаш во друг контекст.
     
  18. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Како што гледам не ги разбираш работиве ,јас не ги испревртувам речениците!Нема тука никаков натпревар со грците ти кажав дека тие му е ќев кога ние глупите македонци си ги нејкиме нашите споменици изградени во чест на нашите херои, дури името сакаат да ни го сменат зошто демек нив му припаѓал Александар Македонски,и нормално дека не се натпеваруваме од кое појке Александар Македонски,туку тие сакаат да докажат дека нив му припаѓа ,и сега што да не градиме споменици? да му го дадеме на грците и тоа што ни остана и што ке биде после ????Глупости!!!
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Спомениците не менуваат ништо, ама баш НИШТО!
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Да, има споменици во другите држави, но тие не се сега направени и не биле со цел да се потрошат парите конкретно за споменици, а кои истите би можеле да бидат потрошени за позначајни работи, како што тоа е сега.И едните и другите, колку што знам земале, само на поинаков начин ги потрошиле парите :D

    Има натперавар, на начин на кој преку споменици се истакнува својата моќ, националност итн.Инаку со Ацка, друга долга приказна е тоа.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.