Па нормално тие не се за да сменат нешто ,се разбира за што се за во чест на нашите херои,ти каде прочита дека споменици се градат да ги сменат нештата? Да се знае дека тие и припаѓаат на македонија !!!И да се гордееме со нив!!
Ти од кај знаеш дека се потрошени сите пари за споменици?Ете ако не гледаше на вестите кажаа дека ке градат и болница ,па неможе све наеднаш да никне бе луѓе !!
А ти имаш поим кои се македонските херои воопшто? Прометеј, Јустција, што направиле за Македонија? Го имаше и претходно прашањево ама вие информираните и историски образувани патриоти што со споменици ќе ја браните историјата, не знаевте да го одговорите. И доста веќе со тие глупави аргументи „ако сите ги мразите зошто сите се сликувате“. Тие што не им се допаѓаат не се сликуваат пред спомениците, тоа што на фејсбук секој ден имаш по 20 нови слики од пријателите пред спомениците е само доказ за тоа колку испрана маса опстојува во Македонија. Едит: и не можело се наеднаш да никне. Знаеме дека не може, ама гледај го редоследот на никнување, прво ги обезбедија спомениците, а сега кога народот се буни ќе изградат и болница. Приоритетни многу споменициве.
А каде ќе ја градат? Меѓу фонтаната и шмизлите? Болниците и спомениците се две различни работи, со различен фонд. Далеку ќе стигнеш ако веруваш во се што кажале на вести, поготово ако гледаш вести на Сител.
Јас лично познавам луѓе кои се сликаат со тие споменици а не ги подржуваат ,и зошто е ова глупост за тебе оти ја зборам вистината?А според тебе не треба да се градат споменици? Алооо од кој да градиме или од Клеопатра да изградиме или од Буда
Секој споменик кој бил/е поставен не е само заради во чест на таа личност за која се прави споменик, тоа секако, но самите споменици поставени секаде низ светот, говорат дополнително зошто се поставени, покрај честа, ако нема споменик на одредена личност, незначи дека не е истата заслужна за почит.Патем, сигурно и дека во светов не се направени многу скулптури на луѓе кои нешто направиле позначајно.Сега, за во врска со националната припадност на некоја личност, зарем поставен споменик на Аце, кој ако добро се сеќавам беше некогаш поставен во Израел, треба да значи дека таму припаѓа или пак не мора да е споменик, туку релјеф на Александар во еден од египетските храмови, тоа треба да значи дека припаѓал на Египет, не на Македонија? Значи, поставување на споменик на личност кој не припаѓал тука, е грешката и не ни може да се рече дека таа личност припаѓала тука, сега секако дека ако е поставена на место каде не припаѓа е само од аспект на културата.Не велам дека во другите држави нема скулптури на странски личности, туку не значи дека тие припаѓаат онаму каде што се поставени. Инаку, од каде знам, знам
Да сигурно меѓу фонтаната ке биде иц да не се секираш ,ама како што гледам со тие размислувања ништо не заслужуваш да се изгради туку тоа сто го имаш и тоа да ти се одземе па тогаш ке бидеш задоволна!!
Не ме ни чуди тоа. По Ромео и Јулија и Триумфалнана, нема да ми биде чудно и тоа да се случи. Штета што не можеш да разграничиш некои работи и живееш во кутија и мислиш дека е се` розово како што некои ти викаат.
А зошто во други државо да го има кај нас сите бунт кренаја ?Знаеш зошто ? Затоа што сме глуп народ просто кажано!!!!
Свесна си колку ти е иронично и контрадикторно мислењево нели? Инаку, и Клеопатра била македонка по мајка (не знам колку е вистина ова прочитав одамна не ме држи добро сеќавањето што и како, само знам дека беше по некоја жичка таму македонка) па ајде и на неа да и изградиме еден споменик, ако она си немала врска со Македонија и била египетска владетелка. А ти лично што ги познаваш тие, немам коментар, самата постапка кажува доволно за нив. И според мене, не треба да се градат ТОЛКУ МНОГУ НЕПОТРЕБНИ споменици, ајде неколку да беа добро, ама на секоја коцка по еден е премногу и кичесто и никакво и не знам веќе како да го наречам. Само на непрошетан човек може да му се допаднат, впрочем Македонија е полна со такви па затоа и продолжува градбата. И да те прашам, иако гледам за џабе прашувам бидејќи ги игнорираш прашањава, да погодам и зошто, како може да докажеш дека некој херој е „наш“ со градење на споменик минимум едно 100 години по неговата смрт? Знаете, има и други начини да се одбрани своето, со градење на задоцнети споменици само се дава погрешна слика на другите.
А ти дека мислиш дека е се сиво демек во право си??? На форумов можеби само јас мислам така и некој мал број како мене мислат ,ама надвор од форумов не би рекла дека мислат сите како тебе!!!
^ Има и исклучоци. Се` дур голем дел играат како што им свират, ќе биде тоа така. А бунт кренаа зошто се партиски следбеници, место сите заедно против системот, се испотепаа меѓу себе. Инаку контрадикторна си цело време. Јави му се на Груевски да ти каже што да напишеш.
Па нормално дека е задоцнето со вакви како вас имаше државата работа ,па ете на некој му текна да изгради инаку уште ке доцнеа незнам до кога И ако не се изградеа спомениците да не случајно тебе ке ти ги дадеа парите?
Не треба да му се јавам на никој јас го кажвам она што го мислам не треба друг да ми каже што мислам за спомениците.Па некој напиша дека само не прошетаните луѓе може да му се допаднат спомениците , на Груевски му се допаѓаат значи тој не е прошетан човек ?Дајте не лупајте!
Да мене требаше да ми ги даде парите за спомениците, затоа сум толку лута. И друг пат, ако не си упатена не навлегувај во дискусија, или барем спреми една лекција по историја колку да имаш со што да се одбраниш а не да лупаш во празно. И со непрошетан не мислев на буквално непрошетан, а Груевски колку и да шета џабе му е.
Чекајте Клеопатра била македонка, татко и бил македонец, потекнувала од македонската династија Птоломеиди, владеела во Египет, македонка која многу направила за Египет, има врска со македонија, та и крвно сродство со Александар, колку што добро паметам, така што може зш да не може да постават кај нас нејзина скулптура? Покрај Ацка, татко му Филип, требало и на Пердика да му постават скулптура, како така? Па тој е генералот во кој имал доверба Александар, затоа и му го дал владетелскиот прстен пред да умре.Значит, може Клеопатра ако мене ме прашуваат А за Буда, не може, тој немат никаква врска со нас Значит, проблемот во проектов е што имат се поставено како скулптура, а другиот проблем со проектов, искористено пари за погрешни цели, тоа треба некако да си го решат, оти и Обама знае зш се потрошени парите
Гордана не заборавај и главниот проблем, што се градат споменици што немаат допирна точка со Македонија и историјата, што не ја негуваат историјата туку наметнуваат нешто туѓо...да речеме барок. Замислете, доаѓаат странци во Скопје, и сакаат да шетнат да дознаат нешто повеќе за Македонија. Ги шеташ, им раскажуваш како Гоце Делчев успеал да ја дигне на нозе Македонија и да ја ослободи од Турците, како Македонците живееле тежок и мачен живот порано, а околу тебе странциве гледаат барокни фасади и триумфална порта. Како ќе го поврзат тоа со есенцијата на Македонија?
Што има за историјата да се зборува ,колку да му кажваш на некој како тебе џабе е .И цела историја да ти ја раскажам бадијала,и не се прави многу паметна не сум јас овде за да се бранам пошто не се наоѓам во прламент ,второ си го кажвам моето мислење и воопшто не ме брига што мислиш ти за моите постови дали знаам за историјата на македонија или не !
Па бар малку да се потрудеше да оставиш впечаток ко да знаеш за што пишуваш, инаку мене воопшто не ми сметаат твоите постови, мора да има и такви...
Па ако мислиш пред триумфалната порта да му раскажуваш за Гоце Делцев па однесиги кај гробот на Гоце !!!