Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не ми е тоа поентата, може и во музеј да однесеш странци и да им раскажеш, поентата е што главниот град на Македонија не ја раскажува приказната, историјата, туку вреднува туѓи вредности, тежнее кон барок.
    Кога ќе отидеш во Виена веднаш добиваш впечаток за тамошната култура и историја, а кога некој ќе дојде во Скопје едноставно останува збунет.
     
    На Saya и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Токму тоа говорат поставените споменици.А со оглед на тоа, што има поставено и што не треба, тогаш ќе си имаме не така мали проблемчиња, па после пак ќе треба веројатно во иднина да се докажуваат.Инаку, скулптурата, она што го претставува многу збори за историјата :D
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Оваа беда не може да се нарече барок! Нема ни р од раскош, единствено го има кичот кој постоел во барокот!
     
  4. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Проектов некако не е Скопје2014 туку Скопје2024 :D Некако не завршува, само со некоја нова работа, глупост, се надополнува.
    И јас порано мислев дека е супер, дека конечно нема да е се сивило од згради, дека ќе подзаличиме на убаво среден град....ама некако се претера.
    Врби во Вардар?!
    Сплавови во Вардар?!
    Ски патеки на Водно?!
    Споменик на секој чекор....да на секој чекор треба да се се свртиш на некоја страна и да видиш споменик! Или немора ни да ја завртиш главата! Оп, пред тебе е! Хммм....а дали воопшто, мислам дали народот реално знае, е свесен зошто тој споменик токму таму се поставува?!

    Зошто бе место тие врбите, не им текне да средат некој студентски дом?! Мислам на асално средување, не на замачкување очи. Ете тоа ќе е корисно за цела младина што доаѓа во Скопје, од внатрешноста, на академски студии! Ем ќе ќарат гласови на избори и од нив!

    За сплавовите не знам што би коментирала, освен дека доволно ми било покрај кеј да трчам и да ми мириса т.е. смрди на канализациите, а не па уште поблиску да се качам на нив. Значи, тотално непотребно!

    За Водно... ОК значи има бус до средно водно (без пари за пензионери), има жичара за до врв ( за сите кои немаат кондиција или нејкат да ги собујат штиклите), а сега и ски патека?! Кхмммм....за на кој снег бре? Ако евентулано ни дадат некои наочари преку кои место кал ќе гледаме снег, и некои скии (даски) да може да ....ммм... не знам кој спорт ќе е тоа, ама еве де, да се спуштиме некако до доле, па така. Па побогу, Шар Планина зошто ни е?! Попова шапка (oк, убијте ме, тоа е под општина тетово, а не под општина центар) што е?! Нека се среди тоа во убав зимски центар. Па има врвни спортисти што Попова шапка го рамнуваат со најубавите ски терени на Алпите. :!: Башка, еве да речеме ми дојдат братучедите од Австралија на зима на гости, и кај да ги шетам?!

    Не...ние не сме свесни што имаме во вредност а со што се занимаваме. :fubar:
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Одличен проект.
     
    На Snow-Queen и elisabeta им се допаѓа ова.
  6. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555

    Се согласувам со тебе! :o Мене овој проект ми е глуп и цел град го направија да е кичаст. Сегде да се свртиш само споменици, претераа според мене! :devil: :!:
     
  7. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Актуелни политички настани

    [​IMG]

    а што ќе кажете за ова?..секој ден кога поминувам за на работа по мостот, кога и да погледнам го гледам чудово од метал како расте , а целокупниот изглед со сите тие чуда позади ме потсетува на сцена од астерикс и обеликс :D
     
    На Li0ness и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    ^ и што е најлошо го затскрива барокот од Скопје 2014...
     
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    [​IMG]

    Не се гледа целата слика. Пробајте open image in new tab.
    Каков контраст. "Раскош" од едната страна, сиромаштија од другата страна... :worried: . Страшно...
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Градиме брод поголем од коритото на Вардар. Како брана да прават, а кај ќе стои чудово точно? Мислам, во вода ќе биде? Ете кај ќе оди утре лебот на нашите деца |(
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Леле бродов, леле бродов еј. Дал да се смеам ил да плачам. Кога го загледав прв пат стоејќи у гужви на мостот, поглед десно, поглед право....поглед десно со вџашен израз па почнав да се смеам. После зинав. После почнав да ц'цкам. После ми се плачеше.

    Не дека не ми се плаче одамна заради проектот.

    Море со една барокна златна кичеста јамболија на сите по глава. Заринкан брод у Вардар. Чија беше идејава главу интелигентну да му пољубим... :x
    Најмногу се нервирам кога ќе видам фотки со опис „Скопје никогаш не било поубаво“.

    Ооо колку само било, али ајт. Не е поентата во тоа дали е или не е убаво. Да видиме што ќе се случи за кратко време...кога ќе почнат да се исплаќаат парите за овие будалаштини.
     
    На Sanniii, angelina1, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Деновиве така сетајки навака натака ги загледав новите згради на кеј (не знам која што ќе биде) и сватив... Многу убаво си одговраат со поштата :rock: |(
     
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ова бродот од пиратите што често иделе во Скопје да ограбуваат по барокните двореци.
     
    На angelina1, Hipica, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Од овој проект најмногу во загуба ќе одат музеите ... мислам реално зашто да се даваат пари за џабе кога најголемиот музеј е на плоштад и тоа без пари :lol:
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Проектов им е, што да кажам, веќе кажано, уште што им останува од проектов? |( Толку ли самите не гледаат дека им е катастрофален? Ајт пари, ама осет за убавина, складност, пропорционалност и се, ич немаат очигледно |( Па барем ако веќе имаат толку многу споменици да поставуваат, нека постават и во другите градови низ Македонија.Толку им се провидни постапките, да и од авион се гледа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Веќе здосадија се истите коментари во врска со проектот :yawn:
     
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^Па ајде де нека не изненадат со нешто убаво, нормално, логично, па ќе напишеме нешто поразлично.
     
    На antonina и ljubam им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Жално е што го исилуваа градот, направија се што не е поврзано со нашето постоење и историја, микс невиден од кој почна да ми се повраќа. Бетон! Жал ми е што се сконцентрираа повеќе на туристите минувачи кои поминуваат на 1 час низ градот, а го заборавија граѓанинот, кој цел живот живее и опстанува таму, создадоа се што не треба, а меѓувремено направија голема штета по здравејто на луѓето, ги исекоа сите дрвја во центарот, посадија неколку кои не ги заменуваат оние големите кои ме потсетуваат на детство и секогаш беа полни птици, без душа е.. остана само чаршијата, се надевам и молам и оти нема да ја уништат. Не знам од страна гледано боли да гледаш како брзо го сменија лицетот на Скопје, притоа не доби на шмек, доби само на плус бетон..
     
    На angelina1, Phyramide и antonina им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Alert! Alert!
    Огромна ‘рѓосана лименка закотвена во коритото на Вардар, кој, кутриот, мака мачи, ама никако да му успее да ја однесе во Егејско Море |(
    :puke:
     
  20. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Ај нека е за многy години Сплавот, АИРлија нека е, читам некои ја имале честа одблискy да мy се "порадyваат", и нашите поколенија нека мy се радyваат, они ќе го отплаќаат, они нека мy се радyваат..(( Фали yште оној со брковите, Харис ли беше, не е за него Универзална, Сплавот, СПЛАВОТ.. Ко y Белград, на Ада.. "Kоcе Coрy Раstе" предлагам ГраФит, ќе биде најоригинално нешто y проектот Ск'14.
    П.С.: имаа пари за Арката на Николае, а немаа да им платат чартер на ракометарите па овие се малтретираа 20 саати до Шпанија. ДРЖАВНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА///