1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,4%
  2. Не

    405 глас(а)
    61,6%
  1. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Премногу брзаат, не знаат што проблеми ги чекат после тоа и колку пари им се потребни. И приметив дека некои од градбите се чисти копии, како на пример таа портата истата ја има во париз, а и немора се да се трупа во Скопје, во Македонија има и поголеми туристички места, нека издвое дел за Охрид, макар и да го среде Дојран :) колку и да се дискутира тие се убедени го реализират проектот залудно е колку и да се буне народот :)
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Проектот Скопје 2014 воопшто не ми се допаѓа. Премногу споменици натрупани на толку мала квадратура, Споменици кои немаат врска со нашата историја и нашиот идентитет. Што имаме потреба ние да крадеме туѓи стилови која си имаме своја историја? Дали власта води сметка за приоритетите во државата? Како прво улиците ни се катастрофа, сообраќајниот метеж никако да се регулира, здравството и образованието- ужас, сиромаштија,невработеност, заглавени сме од сите страни до гуша. И ним им дошло до споменици. Секојденвно се задолжуваме, се продаваат државни обврзници за да се исплатат пензиите, боловањата на родилките доцнат и им доаѓаат кога децата ќе им пораснат, младите остануваат невработени, постарите ги прогласуваат технолошки вишок. Дали моменталната ситуација во која се наоѓаме дозволува вакви луксузи? Очигледно дека на власта народот не и е важен. Се даваат милиони за споменик, а на лозарите не им се исплатува грозјето. Народот оставен на милост и немилост, а тие од власта си ги полнат џебовите преку овој проект.Скопје 2014 е најмафијашкиот потег на било која влада досега =перење пари!
    Само колку за потсетување. Образованието и здравството се примарен услов за стабилна држава. А се останато е споредно. Ако немаш образувана и здрава нација, немаш ништо. Или целта е сите да бидат тупи, глупи и да испорцкаат тие што немаат пари да се лечат приватно, и да остане некоја група од 100-200-300 000 популација во Р.Македонија, слепи подржувачи и финансиери на фамозни, смешни и непромислени потези на власта. Ако е така, поарно нека изјават на ТВ, дека сите што не се согласуваат со нив, нека ја напуштат државата. Полесно за сите ќе биде.
    Само нека не ги арчат народните пари по карикатурни проекти, кои нема да имаат никакво историско и практично значење за народот, а после и за државата.
    Смешен а дури и трагичен е целиот проект.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Колку не размислуваат за последиците, ќе го земам за конкретен пример тоа што го слушнав последно: мостот Гоце Делчев со поставувањето на лавовите веќе не е безбеден. Слушнав дека веќе не важи гаранцијата од градителот на мостот затоа што лавовите целосно ја измениле стабилноста на истиот. Јас не се разбирам многу од градежништво, може ова е и чиста дезинформација, ама секогаш кога поминувам по тој мост, умот ми е во тоа...
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Наидов на интересно мислење на еден друг форум, па ќе го постирам.
    Цитирам:
    Веќе ко сакат да градит имам и некој урбанистички предлог:
    1. Место триумфална капија( ова па никако неможам да сватам од кај им текна?? триумф врз што??? врз нашата морална и духовна деградација???) нека постави бре еден убаво извајан опинок , одма до ГТЦ... така бар ке го зачуваме правиот идентитет - сељачки и простачки...
    2. Наместо Сандре Големиот разбуфтан на плоштад - еден споменик на овие жртвите од транзицијата шо протестираа пред СДСМ а земале по 1000 ЕУР плата. Тоа ке ја симболизира нашата пакост, злоба и безумие...
    3. Наместо нов мост со незнам некој статуи од личности кој никој не ги слушнал...нега стает некој мост од ортоми и летви - ова монументално дело ке ја симболизира нашата инфраструктура...
    4. Наместо онај бикон на ул. Македонија (демек бикон на вол стрит њу јорк шо ја симболизират јачината и динамиата на америчката еконимија - ќути кај прошетаа ексиќ) едно магаре пцојсано целото натоварено со лепешки- тоа ке ја симболизира нашата живеачка и моментален статус...
    5. Наместо тие коцките- калдрми на плоштад од Коце Коцкица... сето тоа да се ископа и да се остават дупки... тоа ке е симбол на македонската душа во денешно време...
    6. Лест бут нот д лист.. цела земја да ја прогласет за музеј - не да граддат нов музеј за ВМРО--- цела земја да ја прогласет за музеј... ние и онака ни мрдаме ни претаме, ни глас имаме , ни збор пуштаме, гладни, жедни, непрошетани - абе исти сме ко восочни фигури... е таква земја сме и таков народ не направија овие - „ПАттриотиве“
     
    На Anthem, crazyinlove19, FridaKahlo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Убаво напишал човеков што го цитира Боависта! Поубаво неможел да опише.
    Ова најмногу ми се допадна...
    Ова го зборам цело време, во секоја тема што имам напишано досега во Политика и настани. Ова го зборам, ама ме прават будала овие патриотиве! Ако ни е, сами си надробивме сами ќе си сркаме!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Само споменикот на Филип II ќе чини околу 3 милиони евра :o . Епа ако нема пари за студентите, за млекарите, за лозарите, тогаш на следниве избори изгледа ќе ве гласаат Филип Втори, бикот, шмизлата, лавовите....
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Сега пред малку на вестите слушав дека за обновување на старите болници или градење на нови (не ме држете за збор незнам точно како беше) биле потребни една милијарда евра! Арно ама, буџетот не ни бил толку богат. Тоа ќе можело да се реализира дури за 10 години! А за изградба на шмизли, бикови и триумфални порти таман е буџетот. Не ми се верува дека пре се мисли на глупи проекти, отколку на здравјето на граѓаните :@
     
  8. devojceto15

    devojceto15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    4
    Поректот Скопје 2014 е еднакво на перење пари.Овие на власт што се ги заболе за државава туку дека имаат ќер од споменициве и др градби ги праат.На пр ке кажат на телевизија еден споменик е 600 илјади евра а тој всушност е 300 а др у џеб ке ги стаат.Народов нема што да јаде,една фамилија се издржува со 200 евра од двај преживуваат а овие градат споменици ,ако толку им беше за народов и државава и ако беа барем малку хумани ќе им дадоа помош на тие луѓе што најмногу им треба.А ако градат веќе нешто барем да биде асално а не ова,државава ја спуштаат на ниво со шмизли и бикови со муда до колена .Ама сепак ќе кажам власта не е толку крива ко народов,мак народ е глуп како може пак да гласа за нив а знае дека ја уништија државава.Така е кога е сиромашен народов се лаже ке им ги покачат платите а после сите производи ќе ги поскапат.Ни една партија не е добра ,сите за себе си гледаат затоа не заслужуваме држава да имаме за неколку илјади евра ке ја шитнеме.Ама за крај ќе кажам тоа е производ на сиромаштија и лакомост...
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Е! За ова се спречкав пред неодамна со мој близок другар, ми вели - „не ми почнувај со клише муабети дека поарно е болници да се изградат отколку милион тракатанци на плоштад“ :o Си викам, браво! Ама да не си им у кожата на тие на кои им притребале тие болници, на тие кои се лечат од тешки болести, кои немаат веќе ни сламки за фаќање....кога ќе размислам, не ми се рика, вика, или плаче, ми иде од кожава да излезам! Ете толку многу ме иритира овој проект! Триумфална капија - дрн дрн, веројатно ќе симболизира триумф на најголемата глупост во историјата на оваа држава :(
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Леле се изнасмеав за постот од БоаВиста. Охриѓанец се гледа дека е човекот, мој човек, и јас сакав да дадам еден предлог музеј да не‘ направат.
    Аааааааа не не, нема потреба, не сакаме кичерај. Доволно ни се калето, чинарот, Канео и Св. Софија :D
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Овој проект е сосема непотребен за град како што е Скопје, бидејќи не е само центарот да заличи,кога другите населби личат на се , само не на населби од главниот град не!. Па и толку расфрлање пари, просто да не ти се верува, го исцедија народот до крај. Не знаат веќе од кај да го полнат буџетот, па ај ке им речеме нов закон граѓани, откупете си го земјиштето за 1 евро м2, а може ке им текне за некоја година,на некоја друга влада, пу пу не важи. а се знае дека против државата не можеш. Нашиве неизживеани политичари , мрднаа малку надвор и мислат, Скопје е Париз, Њујорк и што ти знам не. Али тоа е кај што има сила , нема правдина !!!
     
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    13.394
    E Хипи, да знаеш дека ви се доста. Туку што ќе ви се лавови? Што ќе ни се воопшто на нас? Имаше една убава група на фејсбук:
    Туку, за идеава, немам коментар. Сите луѓе се бунат, нема пари, нема за ЛЕБ, они лавови ќе купувале. Оние лавовине во зоолошка не се здрави па статуи ќе ставале. Нема да се чудам ако не умрат од глад, ко што умираат секојдневно луѓе. Болници асални нема, во Свети Николе, МИКРОСКОП немаат во болницата, а "владава" лавови ќе става. Толку фабрики се затворија, нема работа, важно Триумфална порта има. Ќе идат луѓе, од потрата ќе јадат. И плус, ај да беше нешто оригинално, а не се копии, немаат ни инспирација, па крадат. Би било многу подобро да се отворат некои фабрики, за нешто што се исплати, за нешто од што ќе има профит, за процути државава, да има извоз. А вака...само тонеме надоле и надоле, бетер од Титаник сме.

    КАТАСТРОФА!
     
  13. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    колку шо сум информирана наводно ќе има барокна градба!?
    абе луѓеее свестетесе !!!! ко владееше во барокот во европа ние уште со турците се `раправавме` ине немаме ни `Б` од барок. стамотаа !!!
     
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Ке кажам само катастрофа.Како прво скоро сите градби се копија од други различни држави.Како второ премногу е натрупано,на ништо нема да личи тоа.Како трето,ова е чисто перење на пари :!: а тие пари можат да се употребат за друга намена-барем да бидат корисни.Не го подржувам овој проект и не ми се допаѓа.Ете толку имам да кажам...
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Глупости се споменициве,разбирам да се постави еден два ајде да се освежи изгледот на градот но не им ја сфаќам целта навистина не ја сфаќам владава исто ти се фаќа како да немаш греење дома а купуваш скап мебел,може чуден пр ама луѓе бе па народов е сиромашен едвај преживуваат стандардот ни е катастрофа зошто со тие пари да не се подобри егзистенцијата да се отвореше можеше некоја институција па работни места да се отвореа....страшно,јас незнам со кој памет ќе гласаат за оваа влада на следните избори само ни ги мачкаат очитесо скулптури и споменици па ај да беа уметнички здигнати и квалитетни,лавовине на мостон се смешни...
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    За да се изгради триумфалната капија, ќе се отстрани споменикот на Крсте Петков Мисирков, наводно сметал. Нели е малку контрадикторно што сакаме другите да ни го признаат јазикот и името, а самите ние заради изградба на некоја си небитна триумфална порта која нема никаква врска ни со нашата историја, ни со нашиот јазик, ни со нешто македонско, ќе го отстрануваме единствениот споменик кој го имаме за една од најтриумфалните личности во Македонија, личност која е една од најзаслужните за постоењето на македонскиот јазик? Ќе се отстрани споменикот на К.П.Мисирков, а ќе се градат споменици на Ванчо Михајлов :o, триумфални капии, како тргнало ништо чудно во некој нареден проект да се изградии и некоја египетска пирамида на местото на споменикот на Гоце Делчев. И се тоа во време кога народот живее во сиромаштија и невработеност. Веќе стварно не знам која контрадикторност е поголема :x
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Тоа баш и јас го видов на вестиве сега... Страшно, немам зборови. :x Триумфот врз сиромаштијата, браво браво, секоја чест :x Ајде вмровчиња мили, што имате да кажете за ова? Ајде скокнете и напаѓајте не, како што знаете низ многу теми. Ц цц ц :x
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Немој така Боа Виста за пирамидите, па тие се вистински симбол и на македонската историја и на современоста! :)

    Ц ц ц Крсте Петков Мисирков ќе го тргнат, ужас. Човекот кој несомнено има најголемо значење за тоа дека зборуваме онака како зборуваме, ќе го кутнат. Во име на кичот, егоцентризмот на неколку тикви зелени на кои им се може и глупоста!

    Триумф над совеста и разумот! Ајт!

    Поздрав со Распеани Скопјани! Нека удрат едно тешко мераклиско овие „горе“, море и нека пукнат од толку мерак :x

    http://www.youtube.com/watch?v=nYBIOVpKaLo
     
  19. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Абе да направиш некој споменик и не е лоша работа,ама да го унаказиш Скопје а башка луѓето немаат леб да јадат е срамота а и греота.Мене искрено дури и ми е смешно,мислам толку испомешани стилови,без никаков вкус замислени градби ...мајко мила тоа е страшно.

    Изгледа дека главниов човек сака да го запомнат по неговиот неверојатен подвиг,по феноменалните градби ,по тоа што оставил нешто после него,демек не отишло се у џеб.Е штета што сепак ќе го запомнат по сиромаштијата во која живее народов,раскопаните калливи улици у 21 век,стопанска инфраструктура-катастрофа,ама и по лавовите оти нивните мадиња коштаат само 300.000 евра,епа треба да се знае нели кој стварно има муда у куќата |(

    Го исилуваа Скопје да си направат само реклама,ама добија само контраефект...туку џабе,кој не прашува па нас? Со душа го чекам Букефал,поради него нема да има новогодишна елка на плоштад па баш да видам шо мадиња ќе има он? :^)
     
    На Phyramide и tanja6 им се допаѓа ова.
  20. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Во никој случај не го пддржувам овој проект.Има многу намени каде што може да се употреби оваа сума на пари.Еден споменик ке ги покрие лозарите,друг тутунарите,трет млекарите а останатите сиромашните луѓе во државата.И најмногу од се ме револтира тоа што со овие споменици сметам дека ке сакаме да докажеме дека сме Македонци,но сепак џабе ние тука дискутираме,кој не праша нас,којзнае колку пари ке се исперат со овој проект.