Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Мене бродот ми е катастрофален! :devil: :envy:
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    26.313
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Кога луѓето би биле подобро запознаени што сè се криело зад наводната „хуманост„ на Мајка Тереза, не би и кревале ни минијатурни споменици...

    линк: Мајка Тереза - Ангел од Пеколот
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Јас пак не можам да разберам, за се нешто што некој направил добро некому, мора истиот да се негира.И не е само овој случај.Зошто упорно се бара нешто негативно кај вакви личности.Па и да имал некој навидум некакви докази за истото, нели е само прашање на тие луѓе кои немаат вера во ништо? Видеото не го ни догледав, бидејки и онака за се нешто мора да се најде нешто негативно со цел да се рече “ еве видовте дека не е тоа така добро како што се претставува“ зарем не сметаат истите дека и немаат право тоа да го речат.Незнам дали воопшто е кажано во видеото, туку кажувам според она кое го рече, што сосем доволно зборува за видеото.Ако е така, тогаш замислете некаде во светов има скулптура на Хитлер, зарем нели е тоа полошо? Кога се работи за таквото потенцирање на туѓата нечистотија.Со кое право си дозволуваат да говорат така? Кога истите можеби и не биле толку добри, за да си дадат такво право.Така да, ако е за тоа, кога некои знаат за Хитлер, не би му направиле споменик, ама ете знаат и прават негова скулптура, која патем крена прашина.Не зборам за кај нас, туку некаде во странство, каде точно не ми текнува.Така што имаат право нашиве да постават скулптура нејзина, па макар и да други тврделе дека и не била толку добра и хумана.
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Доколку го догледаше сепак видеото ќе видеше дека таа ништо добро не направила - напротив го зголемувала и овозможувала страдањето на сиромашните иако имала огромни средства тоа да го спречи - значи, сосема спротивно од она што многу луѓе го мислат поради недоволната информираност и мачкањето очи од страна на повеќето медиуми. Таква личност според мене не заслужува споменик!
    Тоа не се навидум некакви докази, тоа се конкретни факти, досега никој ги нема побиено со контра-аргументи. Кристофер Хиченс, авторот на видеото „Мајка Тереза - Ангел на пеколот„ бил додуша атеист, но независно од него, за истите но и други скандалозни работи известуваат и поранешните соработници на Мајка Тереза, други новинари (меѓу кои има и верници), сограѓани од Калкута и тн.

    Кој сака повеќе да дознае за наводната „хуманост„ на Мајка Тереза може да го прочита извадоков од исповедта на Сузан Шилдс која била сестра во Мисијата на Милосрдието и имала клучна улога во организацијата на Мајка Тереза до 1989 год. кога ја напушти истата.
    Текстот носи наслов Мајка Терезината куќа на илузии: Како ги повреди своите помагачи и оние кои „помагаа„:

    ... Како мисионерка на Милосрдието бев задолжена да ги бележам донациите и да пишувам писма на благодарност(до донаторите). Парите пристигаа во луди количини. ... Потпишувавме примање на пратки редовно во висина од 50,000$. Понекогаш донаторот ќе ни се јавеше да праша дали ги добивме парите очекувајќи да се сетиме лесно(за кој донатор се работи) бидејќи сумата беше висока. Можевме ли да кажеме дека не се сеќаваме само затоа што примавме бројни пратки со повисоки суми?

    Кога Мајка(Тереза) говореше јавно, таа никогаш не бараше пари, но ги охрабруваше луѓето да се жртвуваат за сиромашните, „да се дава до болка„. Многумина го правеа тоа - и даваа. Добивавме трогателни писма од луѓе, понекогаш очигледно и самите сиромашни кои се жртвуваа да ни го пратат она малце пари кои ги имаа: за гладните луѓе во Африка, погодените од поплави во Бангладеш или за сиромашните деца во Индија. Најголемиот дел од парите остануваше да лежи на нашите банковни сметки.

    Напливот од донации беше сметан како знак за Божјото одобрување на конгрегацијата на Мајка Тереза. Ни беше кажувано од нашите претпоставени дека добиваме повеќе дарови од било која друга верска конгрегација затоа што Бог бил задоволен со Мајка(Тереза), и бидејќи Мисионерките на Милосрдието беа сестри кои се верни на вистинскиот дух на релеигиозниот живот.

    Поголемиот дел од сестрите немаше представа колку многу пари натрупуваше нашата конгрегација. На крајот од краиштата, ние бевме учени да не собираме ништо. Едно лето на сестрите кои живееа во предградието на Рим им беа дадени повеќе гајби домати отколку можеа да распределат. Никој од соседите ги нејќеше(доматите) оти годината беше мошне родна. Сестрите решија да ги конзервираат доматите наместо да ги остават да изгнијат, но кога за тоа дозна Мајка(Тереза) беше мошне незадоволна. Зачувувањето(складирањето) работи укажувало на недостиг од доверба во промислата Божја.

    Донациите постојано притекуваа и беа депонирани во банка, но тие немаа никакво влијание на нашите аксетски животи и многу малку ефект врз животите на сиромашните на кои им се обидувавме да помагаме. Живеевме едноставен живот, лишен од секакви изобилства. Имавме три пара облека, кои ги закрпувавме додека материјалите не станаа крајно неупотребливи за да можат повторно да се закрпуваат. Сопствената облека ја перевме рачно. Бескарјните столбови од чаршафи и крпи од нашето ноќно засолниште го перевме исто така рачно. Се бањавме само со една кофа вода. На стоматолошките и медицинските прегледи се гледаше како на непотребен луксуз.

    Мајката се грижеше мошне многу за тоа да го зачуваме нашиот дух на сиромаштија. Трошењето пари би ја уништило таа сиромаштија. Беше опседната со користење на само најпростите средтсва (потребни) за нашата работа. Беше ли ова во најдобриот интерес за луѓето на кои се обидувавме да им помогнеме, или пак ние всушност ги искористувавме како алатки за унапредување на нашата сопствена „светост„? Во Хаити, за да се одржи духот на сиромашноста, сестрите ги употребуваа истите игли(за инекции) сè до затапеност. Гледајќи ја болката која ја предизвикуваат тапите игли, некои волонтери се нудеа да набават нови игли, но сестрите одбиваа.

    Просевме за храна и намирници од локалните трговци како да немавме ресурси. Во една од ретките прилики кога ни се потроши даруваниот леб, отидовме да просиме во локалната продавница. Кога нашето барање беше одбиено, нашата претпоставена одлучи дека нашата кујна за супа може да работи дента без леб.

    Не им беше нудено само на трговците да бидат великодушни. И од авиокомпаниите беше барано да ги превезуваат сестрите и товарот(каргото) бесплатно. Од болниците и лекарите се очекуваше да ги покријат трошоците за медицинските третмани на сестрите или да земаат од фондовите наменети за религиозните. Работниците беа охрабрувани да работат бесплатно или по снижени цени. Силно зависевме од волонтерите кои работеа долги часови во кујните за супа, засолништата и дневните кампови.

    Еден вреден фармер посвети многу рани утрински часови(досл. часови на будење=waking hours) за собирање и испорака на храна за напите куини за супа и засолништа. „Па јас да не дојдов, што ќе јадевте?„ праша тој.

    Нашиот кодекс ни забрануваше да испросуваме повеќе отколку што ни беше потребно, но кога доаѓаше до тоа (да мора) да сепроси, милионите долари акумулирани во банка беа третирани како воопшто да не постојат.

    Со години требаше да пишувам илјданици писма до донаторите, кажувајќи им дека севкупните нивни дарувања ќе бидат употребени да им се донесе Божјото сочувство полно љубов за најсиромашните меѓу сиромашните. Успевав да ги смирувам поплаките на мојата совест бидејќи бевме подучувани оти Светиот Дух ја води Мајка (Тереза). Сомнежот во неа беше знак на недостиг од доверба и, уште полошо, станување виновен за гревот на возгордеаноста. Ги одложував своите обвинувања и се надевав дека еден ден ќе можам да разберам зошто Мајка (Тереза) сакаше да собираме толку многу пари, кога таа самата не` учеше дека дури и конзервирањето доматен сос покажува недостиг на доверба во промислата Божја.
    извор: http://www.secularhumanism.org/library/fi/shields_18_1.html
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Поентата ми беше со кое право тие осудуваат дека таа жена и не помагала како што треба.А дали тие помогнале некому, еве конкретно тие кои ја обвинуваат, кога последен пат помогнале некому и дали воопшто помогнале? Не зборам за тоа што таа направила и што е кажано во јавност, а што не.Зарем тоа би требало да биде причина да не поставуваат скулптура, со оглед на тоа дека во светов постојат скулптури на луѓе кои и не биле така фини, добри, хумани, туку имале тенденција за време на својот живот кон материјалното, уништувањето на другите луѓе и сл.? Зарем има скулптури само на луѓе кои биле хумани? Или е поставена било која скулптура во чест на оној кој имал некакво врвно достигнување за себе си, за местото каде живеел? Од кога е таа поделба да за оние кои не биле добри, да нема скулптура, а за оние кои биле добри да има? Или се поставува скулптура од причината која како прашање ја споменав претходно? Тука не игра улога таквата поделба, бидејки е биле/ се поставуваат во однос на достигнувањата на таа личност, која имала направено нешто значајно според други, без разлика на верувањето.Тогаш ако е така, ќе треба сите поставни скулптури во проектов да ги нема.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Морам и јас да се вмешам ...
    Мајка Тереза била пред се била човек , сигурно дека правела грешки , ама бидејки сакам да верувам во добрината на луѓето , ги признавам нејзините дела .
    Овој текст од нејзина соработничка ништо не ми кажува , калуѓерките и монасите живеат аскетски живот не знам што не е јасно тука . Факт е дека Мајка Тереза била дури и опседната дека со страдање можеш да ја докажеш љубовта кон Бога и затоа се лишувала и самата и нејзините следбенички од земни задоволства .
    Но дека помогнала на многу луѓе помогнала , била од богата фамилија и доста образована , а се решила да стане калуѓерка и да живее со малку . Веројатно дека чуствувала некој повик за да се откаже од се и да тргне во Индија . Помогнала на многу луѓе , има многу сведоштва за тоа ... Стекнала популарност и кредибилитет благодарејки на нејзините дела .
    Дали правела грешки ? Сигурно дека да .Кој човек не прави ? Ама не можам да речам дека била ангел на пеколот , и сигурно дека заслужува споменик многу повеќе од бикот или шмизлите :D
    Малку е и безобразно да се осудува некој кој направил толку бидејки имал мани , а не знам кој ги нема ....
     
    На Hipica, viktorija.manevaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Мене лично не ме интересира значењето на некој споменик тyкy користа од него. Кога би имала моќ да одлyчyвам, помеѓy Гонџа Бојаџиy алијас Мајка Тереза и Александар Македонски би се одлyчила за споменик на Нобеловката Мајка Тереза, барем поради неа имаме наклонетост од Сyбрата Рој на пример, а од АЦЕ- зеро, дyри и y минyс идеме. Јyжниот сосед, за жал, не поверyва дека тоа е споменик на само еден Воин На Коњ. А тоа дека Скопје почнyва да наликyва на Лас Вегас со своите копии, тоа е... дрyга приказна...
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Па ете тие работеле со нејзе цела деценија.
    Па и не треба да ги има! Тоа е поентата!!! Зошто би се подигала скулптура на било која конкретна историска личност - особено луѓе поврзани со убивање на други луѓе?(на пр. Александар Македонски) Тоа е нешто кое треба да се промени не само во резонирањето на луѓето во Македонија туку низ целиот свет.
    mimiiiii не се поентата калуѓерките кои доброволно живееле аскетски живот, туку сиромашните луѓе кои страдале од глад и болести на кои можело да им биде помогнато а намерно не им било помогнато во име на одржување на култот на сиромаштијата и страдањето кој го пропагира католичкиот ред чиј следбеник била Мајка Тереза.
    Како и со што им помогнала??? :^) Да умрат побрзо иако имала пари да ги лекува? Им помогнала со тоа што ги боцкале со нечисти игли? Им помогнала да бидат гладни и недохранети иако имала средства да направи обратно? Тоа не се мали човечки мани кои секој човек ги има туку сериозни гревови.

    Ако јас те замолам да донираш пари со цел да се нахранат гладните, а потоа јас свесно и намерно тие пари намерно ги ставам во сеф и забранам да се употребуваат дали би било тоа хумано, чесно, во ред? Дали би било тоа мала мана што секој човек ја има??? :?:
    Популарноста ја стекнала преку медиумите, најпрвин со документарецот на БиБиСи од 1969 год. како што објаснува во Hell's Angel на 02мин.:01сек. а не преку нејзините дела.

    Од нејзините дела сиромашните ништо не виделе. Еве дел од статијата на Walter Wuelenweber со наслов: „Мајка Тереза - Каде се нејзините милиони?„ 10 септември 1998 год. „STERN" од 10.09.1998 , - (во суштина конзервативно списание и не е познато по наклонетост кон анти-католицизам):

    „... Самити, човек на околу 30 годишна возраст, без заби, кој живее во предградијата на Калкута. Тој е еден од „најсиромашните меѓу сиромашните„ на кои Мајка Тереза го посвети својот живот. Со пластична торба во раката, тој стои во километарски долгиот ред во Калкута Park Street. Сиромашните чекаат трпеливо, додека волонтерите не зафатат малце ориз и леќа од вреќите и им стават во нивните торби. Но Самити не ја добива својата храна од Мајка Тереза институтот, наместо од таму, ја добива од Собирот Божји(Asembly of God), американска добротворна организација која послужува над 18000 оброци дневно тука (во Калкута).

    „Мајка Тереза?„ прашува Самити, „Ние не добивме ништо од нејзе тука. Прашајте во предградијата - кој добил било што од овдешните сестри - тешко дека ќе најдете некого.„
    Паналал Маник исто така има сомнежи. „Не разбирам зошто учените луѓе на запад направиа од оваа жена таква божица!„ Маник е роден пред 56 години во предградието Рамбаган, кое со своето 300 годишно постоење е најстаро предградие на Калкута. Она што Маник го постигна може да се нарече „чудо„. Тој изгради 16 згради со станови насред предградието - простор за живеење на 4000 луѓе. Парите за градежните материјали - во вредност од 10,000 германски марки(околу 5000 евра денес) по станбена зграда - Малик ги измоли од Рамакришна Мисијата(Индијска хинду добротворна организација) ... Жителите на предградието самите ги изградиа зградите. Тоа стана модел(пример?) за цела Индија. Но што со Мајка Тереза? „Јас појдов кај нејзе 3 пати, „ вели Малик. „Таа дури не ни сослуша што имав да и кажам. Сите на планетава знаат дека сестрите имаат многу пари. Но никој незнае што прават со нив! ...„
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Не мислев на тие што соработувале со неа, туку и на оние кои не соработувале со неа.Инаку, за Александар, ете пак го има, само во скулптура :D па е тука :D :wasntme: воскресна :rofl: Нека мислат странците, незнаат дека е :D :D Тоа е, има скулптура за секаков тип на луѓе, кои уништувале, кои правеле добро, битно има.
    Во врска со другото мислење, да се надоврзам сакам,колку луѓе има во светов, кои полупомогнале, не помогнале, помогнале целосно, а за тоа што ги боцкале со нечисти игли, која е разликата, во однос на она што се случува сега, ќе речам од аспект на медицината, профитот, колку работи има за кои луѓето незнаат, та навистина не би требало таа да се наведува како пример на злодело.
    Инаку, нели проектов е и за скулптура, па мора нешто да постават, а да е така впечатливо да изгледа како којзнае кога направено, уште можеби требало со нешто да ја зачадат скулптурава или објективе, нели да се даде некаква си автентичност, да не биде вака апла копија :D
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Разликата е во тоа што Редот на Милосрдието имал милиони и милиони долари (добиени од луѓе кои верувале дека со тоа помагаат на сиромашните) и можел без проблем да набави нови и чисти игли, храна, облека, кревети а тоа не го правеле бидејќи Тереза бранела да се чепкаат милионите а кои изворно биле всушност за тоа наменети.
    :rofl: Ќути не им давај нови идеји, ќе земат да трошат народни пари за зачадување на спомениците за да бидат поверодостојни.
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Па, мислам дека доста им се скулптури, шо ќе прават до рокот предвиден за реализација, кај ќе ставаат уште скулптури, вака барем нека сменат правец на трошење пари, кога веќе ги имаат многу :D
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Е значи ќе си легнам и ќе си умрам :rofl:
    Во Скопје има толку многу споменици што дури има и апликација на фејсбук „Кој споменик од Скопје 2014 си ти?“ :D
     
    На kravce и Hipster им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Колку градинки и училишта немаат солидно греење? На глупостиве им нема крај. :|
     
    На Annath, angelina1 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Еве едно интересно гледиште на не толку далечен турист
    http://neblog.bjuti.info/neblog.item.37 ... afija.html

    на страна хејтерските гледишта очигледно изнесени во репортажата, околу 80% е пренесено доживувањето, индивидуално, не-СДСМ-овско, објективно, на странски државјанин.
    Што мислите, сите ли вака не доживуваат, како една бедна шега, циркус на Балканот? И ако е така кој доведе до тоа? И зошто побогу после толку критики не прекинува?

    Блогов го пронајдов преку Бетмен ВелиТ на фејсбук, имаше напишано нешто во врска со тоа дека може да се пронајдат приврзаниците на тоа дека сите не мразат, па се замислив, ако еден те мрази тогаш тоа е негов проблем, ако двајца те мразат можеби треба да размислиш, ама ако повеќе, кој е виновникот?
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Поважно е што пример англичанец би рекол на нашиов проект, бидејки со оглед на тоа кои се не негираат, не би ми било релевантно тврдењето на не толку далечен турист.Многу работи се испомешани во проектов, разни теории и се.Инаку, дали сите така не доживуваат, незнам, но воведувањето на проектов како нешто ново за нас, кое патем трети тврдат и дека не е нешто што ни е туѓо, туку наше, само преземено, а кое секако не се вклопува, нормално е да биде трн во око.Но, ако е за тоа и американците имаат такви градби, кои патем не се нивни, нити пак би се вметнале во нивната историја.А тоа што сето ова е само политичка игра, ништо друго, дополнително мислам дека создава одбивност, само по себе.
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Дали гледиштето на овој не толку далечен турист се однесува на проектот Скопје 2014? И дали нам треба да ни е интересно?
    Јас лично читам потсмев и негирање, прикриена омраза на се што е македонско, негирање меѓудругото на македонската историја и македонската култура.
    И колку да е хејтерски настроен, премногу е. Не дека проектов 2014 нема комични моменти, но кој е тој да суди за нашата историја.
    Така е кога на времето кога се градеше нивниот Београд, меѓудругите и на наш грб, Скопје чмаеше, да не зборам за другите македонски градови.
    Тие што не почитуваат како народ, ги почитувам, за останатите марш таму во вашето гнездо на шундот и кичот со Цеци, Меци и останата багра. И нека се секираат за славно Косово кое им го земаа пред нос, пред да ја анализираат нашата историја.
    Ептен се изнервирав :@
     
    На Annath, Hipster и E...V...I...L им се допаѓа ова.
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Далеку од тоа дека треба да ни биде интересно, значи надвор од прикриената омраза и негирањето, бидејќи никој нормален македонец не би го поддржал тоа, значи конкретно коментарите околу проектот 2014, статуите, распоредот и слично. Потсмевот потекнува баш од тоа дека проектот е турлитава. Или можеби тоа е целта на проектов, да се промовира турлитава култура, богатство од правци, ние сме толку се`страни?
    Јас искрено од постот прочитав дека околните држави не сметаат за очаен обид за држава, се потсмеваат бидејќи реално има на што да се потсмеваат, мислам војниците на Александар се борат со лавови бидејќи нели, Македонија до Африка била.

    А додека има препукувања од типот да се секираат за Косово и слично, никој нема ни да не поддржува и вечно ќе бидеме предмет на потсмев. Не мразат Србите, и има зошто да не мразат, го признавме Косово. Сите знаеме зошто го признавме и кој е крив за тоа, ама оди докажи, поголемата слика е дека Македонија го призна Косово. Тие ако се секираат за Косово, ние треба за Тетово и цела Западна да се секираме.

    А зошто мислењето на Англичанец е поважно од некој Србин? Нели треба и соседите да ги придобиеме, па после и другите?
    За Америка, не може да се споредува Америка со Скопје 2014, не може ни Македонија да ја споредиш а не пак Скопје. Имаат споменици, ама не им се сите начичкани на едно место. Едно е истакнат еден туѓ споменик во израз на восхит, а друго е кичесто начичкани споменици на плоштад. Во Њу Јорк да се стават споменициве повеќе ќе личат него ли тука, бидејќи ќе бидат пораспоредени, бидејќи има каде да се распоредат. Или еве, низ цела Македонија да се распоредеа ќе беше милион пати подобро. Ама проектот не е само спомениците, туку очигледно се форсира барокот. Мислам, што е поентава на ова? Што е поентата на целиот проект? Да се бодат очи на соседите или што? И чии очи бодеме и што постигнуваме со тоа?
    Ако до толку веќе мораше да се игра таа игра, зошто за инает не подигнаа македонски споменици во стара чаршија? Или не сме до толку јаки?
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Не ни можеме да ги придобиеме, поготово сега, затоа реков дека би ми било поважно англичанец што би мислел за проектов.Америка ја спомнав со оглед на тоа што истите градби кои ги направија нашиве, за кои се вели дека се преземени од Грците, патем Америка ги има истите, така што кој кому презел? Не зборам за моќта која ја има Америка, за да ја споредам со нашава држава.Значи целата таа збрка ја имаат и они, само што секако Америка, нема што да се правда за своето, секако дека и таму е изградено во чест на нешто, како што тоа е во било која европска земја, која е разликата? Не е работата дали се заедно поставени спомениците, туку што значат истите, она кое го кажа чии очи бодат.Инаку се согласувам потполно дека можеле спомениците и низ цела држава да ги постават.
     
  20. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Уште една година... Потоа да се надеваме дека нема повеќе да им текнуваат такви фикс идеи :clap: