Ќе истакнам неколку работи од неговиот текст од кои се гледа дека сепак не е хејтер туку искрено го напишал тоа што го мислел и доживеал за време на посетата на Скопје: Спорд мене сосема му е на место коментарот, дури и си замерува на сопствениот српски народ кој деведестетите год. од 20.век им веруваше на историчарите-дилетанти и црквата дека србите се народ најстар и дека се небесен народ. Чист факт! Ќе беше попаметно и поисплатливо да се изведеше проект Македонија со нова и проширена инфраструктура 2014 отколку Скопје 2014. Ете, нешто и му се допаднало... Тоа е инаку одговорот на газдата на некој ресторан или кафуле во стара чаршија. Блогерот претерал со потсмевливиот стил, но ја кажал во голем дел реалноста која за жал обичниот народ не ја забележува туку ја толкува како исполнување на предизборните ветувања - причина повеќе повторно да и се дад уште еден мандат на владава. Да се надеваме дека тогаш ќе се нафатат на Македонија со нова и проширена инфраструктура 2018
Читај го и вториот дел за впечатоците од Скопје, кое јас толку многу го сакам. Јас денес го прочитав, абе се , ама во стилот да ти се плаче и од мака не плачеш туку се смееш. И после тоа со часови мислев, што откако ќе си отидат, што ќе направиме со цел тој бетон и недобро поставен мермер, за на крај да ми текне реализираниот проект за Скопје во 2014 година да го продаваме како авторско право, односно како некој нов предмет за студирање на архитектура, како политиката НЕ НЕ НЕ треба да се меша секаде, особено не во архитектурата и естетиката. Па можеби така ќе си ги вратиме кредитите со кои ги отплативме овие ископлексирани и инфериорни идејни решенија. АМА ПАМЕТНА СУМ БИЛА, ЗА СЕ ИМАМ СООДВЕТНО РЕШЕНИЕ ОД КОЕ СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ЗАДОВОЛНИ, и ние кое го мразиме ќе си добиеме финансиска сатисфакција затоа што ќе имаме пари за отплата на кредитите, и тиа кои се палат на кичот ќе си ги имаат волгавном спомениците.
Во ова денешно модерно време наместо да имаме објекти од типот: Ние го имаме ова сра*е: Срамота е покрај толку образовани "магистри" и "доктори" да не знаеме што е убаво и што прилега на новото време. Не сум против тоа да не се гради, слободно нека градат ама они "што" градат
која е потребата од толку масонски симболизми - мост око, многу столбови и некако се во масонски стил
Зошто само Ск14 зошто не и Мк17?(( До кога вака, па ова е права диктатyра, сите докази yкажyваат на тоа; порта (за каква победа, ви се молам) сопствен мyзеј, сопствени медиyми и Факyлтети, брод (комплекс на "месија"), а, која е Финтата со Прометеј yште не ми е јасно. Секој диктатор сака да гради, историски гледано наназад, ама овдека има и некоја псиxолошка заднина, како да сакаат да компензираат за нешто, Фројдовски гледано. Нека подигнат и Обелиск и сe' ќе ми стане јасно. Толкy се внесени y оној нивни Масонски Филм, а диктаторот не може да стане 'слободен sидар' го знае ли тоа нивниот Пастир? На времето Франсоа Митеран се занесyваше со оние египетски симболи y Париз па мy извадија прекар 'сФинга' се чyдам каков прекар ќе заработи и нашиов 'премиер'...?
Што има во проектов масонско? Јас мислам дека нема ништо масонско во проектов.А она што се вели за масоните дека оние симболи кои ги имаат се масонски, тогаш тоа е исто како што е нашиов спор со Грција.Која е разликата? Ако би правеле споредба со нашиов спор со Грција и преземањето на тие нивни симболи кои ги сметаат за нивни, тогаш излегува дека не се нивни.Така што според мене, немат ништо масонско во проектов.И зошто Груевски би бил масон или не само тој, туку и сите познати политичари би биле масони? Ако е така, тогаш и Бранко би бил масон ако би го остварил проектов, не дека сум за едниот или другиот, но правам само споредба.Има некој симбол во проектов масонски? Не секој што направил нешто добро за својата држава и е од општ корист е масон.
Што бе сеа Николче е масон? Тоа многу го објаснува фактот дека Македонија никогаш нема да пропадне, нема заебавање со масоните. Е сега ќе си стоиме на работ од пропаѓањето, тоа да, ама важно не сме пропаднати, соу ин јор фејс бичес.
Ne e opsto poznato ama vmrovcite miluvaat ponekad da spomnat deka komitata Dame Gruev bil Mason. I toa sto se vlezeni vo masonski film, u smisla na intenzivno gradenje za dobroto na opstestvoto (demek), toa ne gi pravi masoni, ne aludiram na masonski simboli kako sto e mostot oko . Predlagam avtorot na mostot da se izjasni dali toa e sevideckoto oko, i dali tie vrbi (vera, nadez i ljubov) se simboli na altruizmot na masonerijata. Se izvinuvam za latinicata na ovaa 'napravija' neam kirilica.
Хрватскиот писател Павичиќ за проектот: Скопје 2014 - Триумф на лузерите, место каде антиталентите стануваат Мештровиќ и Шпеер
Еее баш да видам кој е тој што ќе успее да ги симне спомениците. Џева направија за наши луѓе од историјата, а за орлите на битпазар сите ќутат.
Не е во тоа проблемот туку во локациите и вклопување во околината. Орлите ги немам видено на битпазар сеуште, но очигледно е дека повеќето споменици во центар се крајно невкусно пренатрупани. Често имам работа со странци од ЕУ и други континенти (значи не од балканот) и сите велат дека центар е пренатрупан и дека фали зеленило. На пр. тостерот може да се стави на работна маса, но не се вклопува, штрчи. Подобро се вклопува во кујна, трпезарија... така и со спомениците.
^ Па од нас видоа и тие, да не останат покусо, искориситија во збрката и они споменици. Од чии пари, од нашите. Не сваќате луѓе, џабе се дискутира на темава. Ама убаво кажа дејлајт, што ги направија, ги направија, ама да се разместат на поише места, а не вака стационирани на едно смешно делуваат. Пренатрупано, кичесто, хаотично.
споменици од разлиЧни временски периоди еден до друг усте рака да си фатат мене тоа ми изгледа ептен без вкус,колку само да се стават
Доаѓаат туристи и ни се смеат. Пола коњ, вратна спондилоза Ацета да го видиш, виц е, фонтани имаат во нивните земји ама немале коњи... Владава не знае за доста. Народот се воодушевува. Кредитите кога ќе стигнат за враќање лебот може и 100ден да биде. Банките веќе сите станаа ризични, нема каде Владата да не е задолжена, се подигаат депозити, под душек пак методата се враќа. А нас све ни е убаво. Гледам слика од Скопје и да ме праша некој -а каде е ова? Врска немам, ни улица ни објект во близина. Наопачки тргнато, наместо да се негува историјата, кај нас историските, стари делови се отстрануваат, ги премачкуваме во барок. Од волку барок, во Италија да појдам ќе ми се слоши. Каде е Скопје?
Многу ми се допаѓа стаиот нов театар, од тоа што го видов на ТВ. Едвај чекам од септември да почнат претставите, веднаш ќе одам
За театарот немам коментар, прекрасен е. Но, исто така бев пријатно изненадена кога викендов видов како е средено после камени мост, како му доаѓа, мислам Пајко маало се вика. Преубаво, кога ќе ми текне какво беше посебно ако заврне дожд, со гумени чизми едвај се минеше. Најмногу ме воодушеви фонтаната со мајките и децата, во различни позиции