Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Се разочарав кога слушнав дека ќе имало уште една фонтана на плоштад. Прегрдо ќе е, ништо веќе нема да може да се одржува на плоштад. |(
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  2. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    И нека се натрупа цело Скопје, кое веќе почнува да изгледа побанално од другите градови кои не се ни со прст гибнати.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Во Скопје масовно се градат мали црквички.
    Изгледа власта си мисли дека со тоа ќе си ги покрие гревовите.
     
    На fast_and_curious му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    За новата фонтана на плоштадот...големо НЕ.
    Фонтаната е многу убава вака на изгледа, ама местото не и е таму. Ајде да го затвориме плоштадот до максимум и да нема каде игла да се фрли.
    Се е убаво тоа што се градти и вложува, ама дајте бе прераспределето низ повеќе општини.
     
  5. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Сите ни се смеат за овој проект. Читав со германски весник „Шпигел„ се запрепастив што се има напишано за Скопје 2014 и што Европа мисли за тоа. Како еден град потонува во кич. Како се дадени милиони евра за фонтаните и спомениците кои немаат врска со нашата историја и ред други работи.
    Еве линк ама на германски е
    http://www.spiegel.de/politik/ausland/a ... 28255.html
     
    На eliesaab и fighter им се допаѓа ова.
  6. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    Cе Чудам дали барем малце имаат совест и срам,ова веќе е претеризам не само германија цел свет ни се смее :x
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Не знам дали постирав, можеби и не сум, имаше натпис во некое хрватско списани....страшно!
    а од овој тескт неколку поднаслови се битни:
    1.Eine Stadt versinkt im Kitsch
    2. Grandioser Kitsch и
    3.
    да не речат утре дека Заев или Бранко им го диктирал текстот на овие од Spiegel
     
    На darcy и Ani.taa им се допаѓа ова.
  8. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Еве како изгледаат денешните учебници и сликовници. Почнаа на децата уште од најрана возраст да им ги перат мозоците.
    Ако не друго Скопје 2014 ќе им послужи како инспирација за пишување.
     

    Прикачени фајлови:

    На fast_and_curious, fighter, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  9. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Кај има овде перење мозок? Една обична, дури подпросечна зимско-новогодишна песничка за деца.

    Баш така, во еден проопозициски медиум песничкава беше претставена во најцрно светло и искористена против новите градби во Скопје. Во све наоѓаат инспирација за пишување против "Скопје 2014".
     
  10. lolitoo

    lolitoo Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Не ги поставија на власт само во Скопје проекти да прават,ги поставија на власт за цела Македонија,за проекти низ цела држава,а тие ко се запнале во Скопје,решиле луѓето уште една зоолошка да прават,каде да се завртиш лав ќе видиш.Споменици,фонтани,музеи,пирамиди и што уште не,луѓе умираат од глад овие споменици прават.
     
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    извор: http://libertas.mk/%D0%B5%D1%80%D0%BE%D ... %BC%D0%B5/

    Гробишта во позитивна смисла?!
    :wasntme:
    по позитивно.....здравје!
     
  13. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Ајде цела Софија и Бугарија ни се смее...Срамота!
     
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Kе направам една споредба.Речиси сите сакаме украсени куќи и дворови посебно сега за Нова Година.
    Ако куката е средена одвнатре со се што е потребно, однадвор со нова фасада, со среден двор, кога ќе се украси со новогодишни украси е милина за очи.
    Додека пак стара кука која речиси се распага, со расфлан двор , полн со ѓубре...а украсена со истите украси како и богатата предизвикува смеа до солзи.
    Ги ценам напорите на власта да си го зачуваме идинтитетот,достоинството ....но ова е дефинитивно погрешен начин.
    Ако сакаме да привлечеме внимание тоа ке го сториме со реновирање на туристички објекти, со отварање национални паркови ,со чиста и здрава животна средина, а не скапи споменици кои едвај се гледаат од смог.
    Место во Скопските споменици, ако се вложи во Македонските села , тие да бидат видени и посетени, туризмот би тргнал во една позитивна насока .
    Од една страна градиме споменици, а од друга Словенците и Кинезите да ни го чистеле Охридското езеро :?: Толку многу има невработени во државата и секој од нив за минималец би прифатил сезонска работа во Охрид.
    Имаме толку многу природни богатства со кои треба да се гордееме, а стојат така запуштени и не искористени од којзнае кои причини.
    Имаме богата историја, и што е најиронично самите си ја крадеме.
    Место да си го зачуваме идентитетот, ние со спомениците сме навистина исмејувани .
    Единствено може некој да посака да го види Скопскиот циркус..
    Залудно потрошени средства и пари.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    http://365.com.mk/116535/retka-snimka-o ... od-1981-va

    да можеше (освен декларативно пред избори кога некој се залага) да се врати и усоврши функционалноста на железничката инфраструктура во МК.
    За се правиме така.
    Ќе го оставиме да падне во заборав, па после предизборно ќе се фалиме дека ќе го реновираме (читај нашминкаме) и па ништо.
    Со тоа кичерастите фонтани и мостови, дел од пругата ќе се завршеше,а ќе можеше да се користи и некој ЕУ фонд.
    АМА НЕЕЕ, нам тоа не ни треба.
    Нам ни требаат споменици и реклами, за да не заборавиме колку прекрасно живееме.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    А до сега демек кога немаше склулптури и споменици сите цветавме и сите имаа пари и живееа како гастербајтери. Што ви се смени пред и после проектот ај кажетеми, и како проектот Скопје 2014 ви се одрази лично Вам. Многу ме интересира. Мене на пример никако ми се нема одразено, иста плата зимам, исто јадам исто пијам ништо не ми се скрати, што сигурна сум и дека ако не се изградеа спомениците пак исто ќе беше за мене, никој немаше со мене да сподели дел од парите.
    Читам некој погоре, се срамел од спомениците и од тоа што живее во Мк, е поарно ли ќе ви биде да живеете во град како од вестерн филмовите, и ќе бидете ли горди. Без споменици, без стази во парк, без жичарата на Водно, без парковите во скоро сите населби, без детските игралишта без спортските сали. И без милион работи кои се направија за неколку години. Мене лично ми се допаѓа целиот проект, со исклучок на некои споменици за кои сметам дека не им е таму местото, но ете со тек на време се навикнав и на нив. Време лечи све :)
     
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Одговор: НАМ, ни се одзеде уставнити право на избор и одлука, дали ја прифаќаме идејата за Скопје 2014 или не!
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Уставно право за да се гради нешто??? Не сум чула, инаку желбите и вкусовите на толку луѓе никогаш нема да се задоволат, еве тебе не ти се допаѓа, мене ми се допаѓа, некој воопшто не се замара и така. Каде во светот се чека дозвола за да се изгради споменик или било што од секој граѓанин поединечно? незнам.
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Си се прашала од каде пари за се тоа?
    Тоа ти е како да земеш кредит кој ќе го плаќаат твоите внуци за да живееш во палата и да прашуваш па поубаво ли ќе ви беше во скромната куќарка, види овде и џакузи имаме. Ама дали имаме пари за да си го дозволиме тоа?
     
    На Annath, Anne.B и angelina1 им се допаѓа ова.
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Епа еве...пошто генерализираш, не си чула за уставно право, за желби и вкусви...и сметаш дека никој не се замара, а секој може да си гради
    што сака и кај сака, каде сака...еве ти пример за било што...пошто не си чула де....

    Мирен протест против џамија во Горна Белица
    Код:
    http://webcache.googleusercontent.com/search?q=cache:L43QRjiqfmoJ:www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest%3D517101023226%26id%3D9%26setIzdanie%3D21985+&cd=1&hl=mk&ct=clnk
    Простес, во село Октиси,Струга, против изградба на црква.
    Код:
    http://www.telegraf.mk/foto/29581-protest-vo-selo-oktisi-struga-protiv-izgradba-na-crkva-foto