Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Прв пат коментирам во оваа тема,ги немам прочитано претходните мислења,ке пишам јас што мислам на оваа тема.
    Се имам изјаснето за -не-
    Не сум против правење и градење нешто,сето тоа е убаво и останува,малку претераа бидејќи не треба се од корен да се менува,буквално целото Скопје е сменето.Можеа да направат нешто,мал дел од тоа,а не како сега што е.Премногу пари се потрошија за нови градби ,споменици и сл.во услови кога неможеме тоа да си го дозволиме.Убаво е да,но не беше сега време за тоа!
    Од корен се менува цело Скопје во време кога луѓето немаат 20 ден.леб да си купат.Незнам точно колку пари се потрошени,но знам дека се премногу и кога ке помислам што се можеше да се направи за да се подобри животниот стандард на луѓето...премногу сум лута за ова,ова мора да заврши.
    Но од друга страна и ние сме си криви.Седиме дома,молчиме од страв немој и без ова да останам што имам...и тие можат само да продолжат вака да си прават.Штом молчиме значи одобруваме.
    Сите сме паметни и јаки по форуми,но дали некој јавно ке каже што мисли!?
     
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    А бе па кој не е задоволен од проектот нека протестира што да ви кажам. Само да знаете дека повеќе се оние на кои им се допаѓа одколку на оние на кои не им се допаѓа. Неможат да се усогласат и задоволат ставовите на сите граѓани никогаш.
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Треба да има дијалог -пред, а не протести-после ваква работа.

    И тука дискусијата, сега за сега, си ја затворам со Златна бубамара -2014
    http://www.youtube.com/watch?v=BzHlAZRkWIo
    поздрав...уживајте
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    fighter да ти кажам најомилени ми се оние од Сашко Коцев пред некоја година на Бубамара за Проектот кога кажуваше :rofl: :rofl: :rofl: ...врв
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ете и овој текст осамна во денешни весници
    „Седум милиони евра за барок на „Бихаќска““

    извор:http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=62E169172C32A6499E1A02359BFDBE76

    best moment:Фирмата ќе има рок од две години да ја изведе деветкатницата во неокласичен стил. Таа ќе се гради по идејно решение на Жарко Чаушевски, архитектот кој веќе е автор на неколку административни згради и други содржини од „Скопје 2014“.

    ама зошто во барок бре луѓе.....зошто?
     
  6. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.197
    И ајде сега драги поддржувачи на проектов, баш ме интересира што имате да кажете за последната случка со стиропорот?
     
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Е ајде де и јас сум живо заинтересиран за ова. Како ден стана јасно дека Скопје 2014 е најголема кражба што се случила на овие простори. Ако СДСМ во 90-тите години затвараше фабрики и бркаше работници, епа од таков еквивалент е Скопје 2014 по негативност во смисла на злоупотреба на пари. Инаку проект како проект мене ми се допаѓа. :) Убаво е што се изградија споменици, набрзинка создадовме историја и надокнадивме за еден процес кој природно се случува и трае со векови. Сепак граѓаните на Центар рекоа дека се против овој проект и ВМРО ја изгуби власта таму.

    Не ми се верува дека театарот чини 50 милиони евра, а граден е во внатрешноста со стиропор. Некој дебело профитира(ше) од целиот овој проект. Којзнае што се е правено, можеби ќе дознаеме по 10 год. сигурно ќе има некоја афера. Нејсе, фино проектче за широките народни маси, за замајување на народот со спомениците додека некој полни торби со пари и авионски ги пренесува по оф шор дестинации. :D
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Стиропорот се става кога се прави изолација, според стручни лица.Така да, не е тоа што се мисли, дека не е направено како што треба.
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.962
    Пол:
    Женски
    Не те разбрав добро. Сакаш да кажеш дека е во ред што оградава е пола со стиропор, а всушност треба да е со бетон, или? Изолација се става на ѕидовите, не на ограда и столбови. Барем јас така знам. :?:
    Како и да ја свртиш работава, се имам јас и порано изјаснето, страшна кражба ни се случува пред носот, ама ако ни е кога сме си овчички (и јас тука се вбројувам)
     
    На daylight и Giovanna им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Зборам за на ѕидовите, пред неколку дена прочитав некаква штета била направена, затоа реков така. Барем така пишуваше, некаква штета била направена на самите ѕидови.Не ми текнува во моментот, каде прочитав, но добро се сеќавам за тоа пишуваше.
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.962
    Пол:
    Женски
    Се додека се користи за изолација на ѕидовите, во ред е. Иако, мене лично ми смета што зградичкиве ни се пластични т.е стиропор има ставено и кај што треба и кај што не треба. Што мислиш тие украсите по зградиве од што се? Најчесто од стиропор се направени. И ај нека се од стиропор, не ми смета, доколку се заштеди некој денар, ама безобразно се трошат пари, за што? За стиропор? Многу ме интересира за 10 години како ќе ни изгледа градов.
    Инаку, конкретно за ситуацијава со МНТ еве ти слика да видиш каде се има ставено стиропор.
    http://mkd-news.com/barokot-vo-skopje-e ... ideo-foto/
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ами си трошат, им се може и тоа е, да се замарале тие со тоа што мислел народот, ништо немаше да направат, а бидејки не се замараат, си го направиле своето.Кој, кому му се допаѓа, арно, кој не, пак арно.
    Како ќе изгледа за 10 години, не им е битно.Народ може да си збори, што сака.Кога ќе биде некој друг на власт, друго ќе прави и тоа е.
     
  14. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    Само погледнете ја Кенија и ке видите каде сме ние со Скопје 2014!!! хахаха многу сме смешни
     
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    http://www.plusinfo.mk/vest/133543/Prev ... -vo-Skopje
    Е затоа, наместо златните гаќи на Прометеј ќе се купеа хеликоптери само за прва помош (а не да се чекаат оние на мвр и арм), па ќе имавме здравство како во Европа!
     
    На Annath, anina и darcy им се допаѓа ова.
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Првата галија на Вардар „Ројал Македонија“ која планира да работи како кафуле и мезе-бар, овој викенд ги пречека првите гости. Станува збор за галијата која е поставена во близина на МЕПСО.


    Бил ли некој?
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
  18. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Јас бев, преубаво е внатре, персоналот многу услужлив, полно е со луѓе, би ти препорачал со резервација да одиш, а инаку малку е скапичко, но не го знам твојот стандарт :)
     
  19. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Дали сте свесни што сте напишале? Кој е тој процес што трае со векови а кој бил надокнаден набрзина? Која тоа историја сте ја создале?
    Ако историјата се создаваше преку ноќ вие од утре ќе бевте Бред Пит само што не оди тоа така.
     
    На SwanMay и galapce им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми се допаѓа.
    Долги години студирам во Скопје и беше морничав и студен и темен.
    Сега ми е некако луксузен, мерак да ти е да си шеткаш низ него да се изнасликаш.
    А идобар впеачаток оставаме а странци - да имаат што слики дапокажуваат дома, многу знаат тие дали се нови или стари градби

    хахахах
     
    На Cka и Elissa им се допаѓа ова.