Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Мене исто ми се допага Скопје Сега :l:
     
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Немав го посетено Скопје неколку години.
    Рака на срце убаво до некаде за очи.
    Купиштата малтер,железо и пренатрупаната историја ми го земаа не здивот,ами воздухот.
    Во Скопје секогаш малку деликатно било она со воздухот и дишењето ама сега е малку уште повеќе.
    Едно време читавме како надојденците го пренатрупиле градот,еве сега сами си го дозатрупивте.
    Да не се разбереме погрешно,љубител сум на убаво осмислени архитектури низ градовите,ама сакам да дишам дур ги разгледувам.
    Од политички и финсиски аспект не ми се коментира баш.
     
    На SwanMay, darcy и daylight им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.891
    Пол:
    Женски
    Толку непродуктивно трошење на пари до сега се нема случено. Попрво ке умреме него да дојдеме на ред во болница, пошто или нема апарати или не работат, пари да се купат нема, ама за споменици има. И додека болните чекаат со месеци да се снимаат на некаков апарат, нагло се гради, реновира, се мењаат фасади. Објаснување за тоа е дека туристите што идат у Скопје треба некаде да се сликаат. WTF??? Побитно е еден турист да се слика одколку да се спаси нечиј живот.???
     
    На Quincy, Hipster, dragan4eDR и 5 други им се допаѓа ова.
  4. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски

    Делам исто мислење со тебе. За споменици и реновираше на фасади секогаш ќе има пари, а за болниците, луѓето што немаат кров над глава и што спијаат на улица немаат. Знаат да градат фонтани, а незнаат да изгадат посовремени амбуланти. Во амбулатине од пред 50 години, попрво ќе се разболиш отколку да се опоравиш. Знаат да го средат плоштадот, а незнаат да го средат образованието и здравството.
     
    На kukla21, dragan4eDR и DraTilHelvete им се допаѓа ова.
  5. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Бев пред еден месец во Ск и изгледа убаво. Не можам да речам не.
    Ама не сме ние, финансиски, толку спремни па да го реализираат овај проект. На толку сиромаштија во државава, не е време за фрлање пари
     
    На girl-miri и fighter им се допаѓа ова.
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.197
    Може слободно да се смени годината во насловот, затоа што очигледно преродбата и бистрите идеи продолжуваат и во 2015, а на забеганоста очигледно и нема крај...
    Овој пат не само во Скопје, туку и во сите други градови каде што има чаршија.
    Ми се плаче.

    http://www.skopjeinfo.mk/gradot/805658982/isti-izlozi-za-site-dukani-vo-starata-carsija
     
    На Hipster и daylight им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    ^

    Не знам мене ова не ми е јасно - е може како досега еден златарски дуќан да има излог пет на пет метри, а друг три на три. Токму затоа бараме унифицирање и автентични решенија за секој занает одделно.

    Како тоа унифицирање и автентичност за иста работа?
    Не ми се верува што прават...не ми се верува... Рекорд заличува на red district street , чаршијата ќе ја автентизираат со едноличност за секој занает...
    Ми допираат по гол нерв со ова.
     
    На NoellePage и mackica1 им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Тука веќе не се работи за вкус, тоа е потценување на една цела професија. Не може да ми зборува за добра архитектура некој кој не бил никаде, не видел ништо и нема со што да спореди. Или бил, ама очигледно не знае да ги види вистинските вредности. Не можеш да измислиш историја.

    Ми се плаче за ова со дуќаните во чаршија.
     
    На NoellePage, Valerin, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Единственото автентично нешто што е најблиску до македонската традиција и историја е чаршијата впрочем и тоа само остана... сега и тоа ќе го упропастат. :@
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Имаше некаде статија дека ќе се градат Шпански или некакви скали на сред плоштад , точно ли е оваа информација?
     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    А еве ја новата разгледница на вмро за странците .... (преземено од фацебук)
    [​IMG]
     
    На crazylady, daylight, darcy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Се надевам дека ќе успеат и дека почесто ќе организираат вакви убави и корисни настани за граѓаните и градот.

    Студентите предаваат за ГТЦ
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Не можам да се ставам во улога на критичар бидејќи не ги познавам градбите. Но, за онака на око ми е океј, иако сметам дека малку претерале со барокот, пред се бидејќи не сме повеќе седумнаести век, па затоа треба да се стремиме кон современа урбанизација но, и разумно користење на просторот. Под разумно користење мислам да не се оштетуваат даровите на природата, т.е зелениот простор за кои да бидеме реални, оправдано се крена фама минатава година, иако не се постигна многу. И да, се согласувам дека ние не сме доволно финансиски поткрепена држава за тек така да ги фрламе парите во ветер.
     
    Последна измена: 15 април 2015
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Гледам сликата погоре е со зеленило, а слика подолу како да имало војна па се гради, а околу пустелија и бетон.
     
    На НаталиЛили, daylight и Valerin им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    На Abrakadabra и Valerin им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    „Поради големиот интерес на првата и втората интерактивна настава, студентите од Архитектонскиот факултет, во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, денеска ќе организираат и трета прошетка низ Градскиот трговски центар која ќе има цел да ги запознае граѓаните со културните и архитектонските вредности на овој култен градски објект.

    Прошетката ќе почне денеска во 18 часот, а збирно место повторно ќе биде пред платото на ГТЦ од страната на паркот „Жена борец“.


    „На прошетката може да дојде секој заинтересиран граѓанин и низ интерактивна настава да дознае нешто повеќе за културното наследство на нашиот град, кое ГТЦ го чува веќе четири децении“, се наведува во соопштението.„


    извор: http://plusinfo.mk/vest/22924/studentite-deneska-po-tret-pat-kje-predavaat-za-gtc


    (y):bow:
     
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Како Скопјанка ( моите со генерации наназад се Скопјани ) искрено не да не ми се допаѓа ова што го изобличија градов без никаков вкус и мерка, туку ми личи на квази Лас Вегас. Секој кој што прошетал малку надвор од земјава, ќе препознае еден невиден кичерај и тотален архитектурен хаос. Ама, јас зборувам во мое име. Некому му се допаѓа.
     
    На Babushka, daylight, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Се ближи недела, па да бидете информирани, сите жители на Центар, ќе има референдум за ГТЦ.
    [​IMG]

    Ќе се самоцитирам
     
    На Abrakadabra, daylight, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Од колку до колку часот на 26. април недела? На кои локации и кој сè има право да учествува на референдумот и со какви документи?
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.962
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за референдум важат истите правила како за избори. Избирачките места се исти како за регуларни избори, времето е од 7 до 19 итн.
    Нека ме исправи некој ако грешам.