Тоа е тоа @daylight само разликата е што има два дена молк, петок и сабота. Инаку гласањето е само за жителите на општина центар со истите правила како и за парламентални, председателски и локални. Референдумот е распишан од страна на градоначалникот на Центар, затоа е само за жителите на Центар. Никогаш не е исклучено дека градоначалникот на Скопје да распише и тој референдум по ова прашање, тогаш ќе се оди на ниво на цел град и се разбира тој референдум би бил одлучувачки. Но тоа е хипотетички, што би било кога би било. Би требало да поминат пак до петок да не информираат за уште нешто дополнително. Зашто одат од врата на врата, вчера почнаа, капањата, ако можам и така да ја наречам трае до четврток до полноќ. Излезете во недела центарци!
Само тие граѓани што припаѓаат под општина центар. Штета што политиката се меша секаде и правото на глас за ГТЦ ни е ускратено на сите што живееме во Скопје. Сепак тоа е обележје на целиот град и сите сме засегнати. Но, со оглед на фактот дека се манипулира со гласачите ( тоа чувме убаво од ''бомбите'' ), јас разбирам зошто е тоа вака смислено.
Добро што е само Центар , оти Центар неможат да ги купат со брашно и да ги влечат за уши , веќе 3 круга избори изгубија и ќе го изгубат и ова сигурно , ех да можеше Грујо ќе направеше цела Македонија да гласа , па пак да може да си намести .... Само ми е страв тој паторот да не му текне да прави нешто тешки глупости на 26ти .
Референдумот е само 3 милиончиња фрлени во дупка, ништо повеќе. Зашто пираните од ДПМНЕ не се заинтересирани и никаде ги нема околу оваа работа? Затоа што во ова видоа добар начин за слабеење на касата на поддржувачите на Жерновски и на општинската каса која се полни од граѓаните на Центар. Нема да е чудо ако во блиско време се изнуди и референдум за Железничка (мислам дека е под Центар) и нови 3 милиони евра, па да се заредат уште неколку вакви општински референдуми, за на крај граѓаните да се прашаат зашто парите од нивни даноци се даваат за гласања, за сметка на нова инфраструктура или било што покорисно од нешто што оваа влада каква што е кога-тогаш ќе најде механизам да го наврти кон својата воденица. Можеби и советниците на ДПМНЕ од Центар ќе почнат да поддржуваат вакви предлози А искрено, трговски е грд ваков каков што е, ама ајде. И не дека ќе се пролепшаше ако им паднеше во раце на ДПМНЕ. Башка, гигантско јато на голуби напикани по ламперијата ќе останат бездомници. Биодиверзитетот на градот ќе се наруши.
http://a1on.mk/wordpress/archives/480104 Се најде некој да каже гласно и јасно. Едно големо браво за човеков!
Дали покрај толку милиони испрани пари ти се загрижи за трите милони денари кои ќебидат потрошени за референдумот. ДАЛИ? Драги корто, ГТЦ и целава држава е во рацете на таа партија. ГТЦ е грд зашто 12години уназад ВМРО владееше со ценар, 3 мандати имаа, два доларова, еден Тинекс. Ништо не направија. ГТЦ плаче за рановирање, за градина на кровот,ама модерен еврпски стил, каков што се планира. ГТЦ ќе се реновира без да му се измени есенцијата. Еден од ретките отворени трговски баш е уникатен и така треба да остане. А погрдо нешто од сегашниве кичнови низ град нема, ГТЦ е најмал проблем во споредба со е останато што изгрдија во Центар. Се симнаа од планина, ги соблекоа опинците ама си останаа длабоко во душа такви прости. ГТЦ НЕ ВИ ГО ДАВАМЕ!
Ете што го му била болката на персиецот. А во едно друго интервју пред некој ден читав негова изјава во која револтиран вели дека Иран не била повеќе негова родна земја. „Никад чуо“ е ама бил најпознат и највлијателен, доаѓа овде од пи*кесимајчине и сам не знае од кај, примен е ко човек, има проекција, фино културно претставен е пред јавност и на крај блада како овде немало демократија и народот бил неартикулиран. Му кажал ли некој дека околу 400 000 гласачи артикулирано дадоа поддршка за тие споменици. Нека оди во Грција и нека им каже дека спомениците кои асоцираат на Спарта се грдотија и глупост затоа што се исклале со неговиот народ. Ни проекција ќе му се види, ни он. Кога сме кај видување и грдотија, има ли персиецов огледало? Евра се не се денари. А ГТЦ беше грд од време, ама кој гледал на тоа кога внатре имаше и од пиле млеко. Денес кога во него зјаат празни дуќани на ударни места и при еден куп нови изградени „молови“, ГТЦ не е вреден за трошење енергија. Плус во модерни држави вакви центри се повеќе се градат покрај прометни автопати, а не во забутани градски центри, па прашање на генерации е кога ГТЦ ќе биде подвргнат на ТНТ, му се допаѓало тоа некому или не. Го има негде планот од европскиот стил или некој предлог, нацрт со бавча на кровот? Пушти линк. Центарска работа, бавчите од секад им се у крв. Начукаа згради максимално врз дворовите и бавчичките, сега бавча во трговски.
Си бил накад во Њујорк да видиш бавча на кров? Си видел некогаш ти музеј и најгорниот кат градина? Звучи познато нешто Метрополитан музеј? Си чул или само за музеј на ВМРО знаеш? Јас ќе те поднаучам. Eве ти и други руфтопови, модерни,правени во последниве 10тина години итн. Бостонскиот најголем бизнис центар, највисоката зграда во цел Бостон(Prudential) што е пола грговски центар, остатокот бизнис центар се наоѓа во ценатрот на градот и има има ваков балкон на еден од крововите. Што не ти е јасно, или и ова е комунистички ко што љубиш да кажеш. Не чини сега,а тек колку ќе биде грд како барок. Ќе се направи сто пати поубав. Не зборам јас тоа лаикот, АРХИТЕКТИ кажаа, држеа 3 пати предавања. Ама кој се заинтересирал да слуша. http://www.plusinfo.mk/vest/22150/studentite-povtorno-kje-predavaat-za-gtc
Чудна работа како со текот на годините се менуваат мислењата. Кога си во опозиција, поддржуваш референдум, ама кога си на власт, не. Хммм Двојни аршини.
Во САД не сум бил. На времето преку факултет се нудеа оние „работи и патувај“ програми во кои наши студенти рибаа нужници по МекДоналдси за сметка на демек учење јазик и видување свет. Не отидов. Но имав среќа да научам јазик и да видам нешто од светов покрај културен народ, без џогери, четки рибачи, писоари, без спиење со глотни Филипинци. Ама еве, во живо Праденшл и Метрополитен не сум ги видел. Лајк за напорот што проба да ме поднаучиш. Кога пишав нацрт, проект или план, мислев чисто да не има навистина некој конкретен план за нашиов ГТЦ кој само вие го знаете. Сериозно сакав да го видам. А оно ништо. И немаше потреба да се упалиш толку. А несомнено е дека како јавни објекти добро изгледаат, но дел од сликите се и од приватни станбени објекти, каде градините на кров, се почесто во комбинација со урбаното пчеларење се често видена слика низ модерниот градски свет. Е сега не е ли малку брутално од една страна центарци да патат и да се палат по јавно парковско зеленило, а од друга страна она малку што им беше по дворовите во вид на градини или паркчиња го уништија со поставување на типичните неколкукатници. Одведи ме и покажи ми барем еден вака или слично уреден кров од новоизградениве па и постари станбени зградички и одма ќе те поддржам. А не да им служат тука копиљација зимоска ми мава со снег одозгора по старци и по коли, за ведење голуби, и за зјаење празни. Нека земат да садат, копат, полеваат, ќе имаат зеленило на кров. А и смешно е Њујоркчани и Бостонци да се споредуваат со центарци, а нивните градови со нашиов главен. А ГТЦ ниту ќе се направи поубав на било која власт да и припадне, дали локална, дали централна. За двете страни во моментов ГТЦ е само трофеј кој по целата ова претстава само ќе фаќа прашина или ќе се изгланца со лажно средство за сјаење. Тоа што трговски за некои минати генерации бил место на собир, дружење, значел нешто, на денешниве и на идните ќе им биде некое друго место. ГТЦ старее, ја губи магијата, па и намената. Се повеќе ударни дуќани стојат празни, конкуренцијата е голема, ако некогаш важеше за место од каде се купува квалитет денес 80% е напукан со тезги со чкарт, фалс и неквалитетна стока, пластична бижутерија, ефтини парфеми. Така се намалуваат и приходите за негово одржување, станува нерентабилен и за некое време скроз ќе колабира. А тогаш ни гушкање, ни барок, ни англиска трава не го спасува. И студент по архитектура е само студент по архитектура, не и архитект. Без навреда. Се знае кога се стекнува со ова звање. Констатација без врска. Одлуката за референдум ја донесуваат советниците во општински совет. Демократски изгласана одлука со мнозинство, како и во кое било друго тело. Кој е поброен тој решава. Исто како ја да те прашам зашто ти се буниш за градењево и според твојата партија унакажувањево на Скопје, а не си се бунела за унакажувањете на Камени мост од Пенов? Двоен аршин? Глупо е, гледаш?
И на крај ќе им се роди сјајна идеја да ја преправат нашата стара чаршија во ЧАРШИЈА МОЛ... па шу бе? Добро луѓе па не е ли заштитена чаршијава? Срамота е ова. И една друга работа, го гледам плоштадот, која сакате улица во градов и се ново направено - и заклучувам, ништо ама баш ништо не направија од прва... копај, прекопај или во превод тендерче за бате па за дада. СДК и мене ми се плаче.
Не, не е глупава, на место е споредбата. Убаво те прашав, како во една ситуација референдум е исправна работа, а во друга не? Инаку, за твоја информација, јас гласав кога беше референдумот за територијална поделба, кој од тогашната власт не беше поддржан (СДСМ), а да живеев во центар, ќе гласав и сега. Ич не ми е битно кој и зошто го предлага референдумот, битен ми е поводот. Ама... ти и слични на тебе партиски војничиња тешко дека некогаш ќе сфатите дека во државава сеуште постојат луѓе кои не се купени од било која партија.
Морав... ...не дека нешто особено ми значи референдумскиот феил на Жерновски, ама поинтересен е денов, а и периодов што следи. При толку земање залет, бомби, нови сили, глумење елан, демек пролетно будење и ново сонце и најбитно од се гушкање во неколку турнуси, вакво само-себе-лупање од земја скоро и да немало во политичка Македонија Пардон? Им го дадовте и тоа на тацна. Со црно на бело.
^ Само морон може да ликува на ова. Гтц имаше 8.5 проценти гласови повеќе него нашиот почитуван председател. 38.5 гласови за. Од една општина, најмалата во цело Скопје vs цела Македонија. Размисли на кого треба да бу го врзеш шамарот. Ликувај само партизирана амебо. Шамарот е и за тебе ама џабе нема да се освестиш, толку ти го испрале мозокот да си неоправлив веќе. Јас искрено се нервирам, заради тоа што живеам во град со покондурени сељачишта. Неписмени, неопбазовани, непродуховени. Ликувај, ама нема за долго. Во која дупка и ќе се скриете кога ќе се смени власта не знам само.
^ Види, знам дека ти е тешко и дека се нервираш. А како и нема. Колку само полет имаше во тие форумски, фејсбук и твитер статуси, колку само се попаливте на големиот референдумски шамар што ќе и го лепнете на власта, колку енергија разменивте преку гушките со тоа бетонизирано мртвило од градба. Ама ете, дури и таа бетонска грдосија ја осетила мизеријата во вас, па и неа не сте и по мерак. А ако ова ви тактиката за менување на власта, само напред Те оставам на седативите.
Бољи на седативи него на сум на апчиња против шизофренија Не сум на седативи но те прокупес, ама сум гневна морам да признаам Знаеш што, се има свој почеток и крај. Мене ова ми мириса на почеток на вашиот крај. Јас за разлика од тебе се нериврам за историја и за спомени, не за политичка партија која откако ќе си го избрише газот со мене ќе ме фрли како згужвана марамица. Скопје памти, и ќе врати еден ден, убаво, за што му направивте.
Теоретски, кога би имало референдум за зачувување на уставното име на Република Македонија на кој излегле само околу 45% од граѓаните иако мнозински (над 90%) гласале „За„ а преостанатите 50% што не излегле т.е. го бојкотирале биле од другите етнички заедници и незаинтересирани граѓани и тн... дали ќе го сметате за успешен или неуспешен референдумот? Така е и со ГТЦ... Можеби правно гледано е неуспешен, но праведно гледано е повеќе од успешен.
Оваа ти е добра Не се избламирав ниту јас ниту некој од (според тебе) моите или нашите. Имате кловн од градоначалник кому му дозволивте и вас да ве стави во еден голем циркуски вагон и да ве прати директно во шаторот пун со публика која уште се гази од смеење од вашата претстава. Чекај, Жерновски не ви го напраи вчера вас баш ова, само да си измери една работа? Само што остана и тој покакан и вие замачкани. Честитам!
E dragi moi i eden referendum ne ve biduva da organizirate .I toj neuspeshen a ostaj toa celo vreme silenje po tv i urlanje demek kolku bile jaki hahaha .Kaj moze ovie da sprovedat izbori i tie da bidat regularni nema shansi sekogas ke gubat. Se izrezilija apla se im stana rabotata i silenjeto dva i pol meseci i pojke so bombite . Se SAMOUBIJA LUGJEVO za zalenje se haha
Никој центарец вчера не гласаше за партија, луѓето гласаа за својот роден град. Проблемот е што и центар се наполни со дојденци од ваму од таму, од секаде, дојдоа на власт ама сеуште се со опинците каливи и глумат шерифи. Вчера ГТЦ освие фер енд скевр 16 000 гласови. И се тоа со киенење на флаери и плакати, со притварање луѓе што работат на кампања, со заглавување лифтови, со заканување на администрација со откази ако гласаат. Демократија? Зборувајте ми за тоа во Македонија. Шетата што не излега повеќе, штета. Зашто не се гласаше за СДСМ туку за срцето на градот. Ама што очекуваме од луѓе без срце и без душа.