Најтрагичното околу референдумот со ГТЦ е што многумина го сфатија политички, делејќи ги луѓето на „ваши„ и „наши„ (ова делумно важи и за промоторите на кампањата). Многумина не препознаваат дека тука не се работи за партии и лични профити туку добробитта на граѓаните на градот Скопје. ГТЦ не е само нешто од минатото каде нечии родители се собирале како млади. Сентименталноста е најмал проблем. ГТЦ е израз на слобода, отвореност, вклопеност во околината и љубов кон природата - не се уништуваа паркови со дрвја за да се изгради - а крај него има парк, денес делумно упропастен со одвишни преголеми статуи. На ГТЦ потребно му е реновирање обновување на инфраструктурата но не затворање и промена на фасадата.
Со вас не вреди човек ни да се расправа. А и не планирам да се докажувам со некој на кого ГТЦ му е грда бетонска градба, ама свршава и паѓа во несвест на бароков вештачки...се видел вашиот осет за естетика одамна. Само едно нешто ќе кажам... 96,2% од вкупните гласови биле за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ, па вие и понатаму смејте се како недоквакани, друга реакција од вас па и не е дека се очекуваше. @Hipster како да излезат кога ќе летаат од работа ако ги видат на гласачки список. Ако не они, сестра им, брат им, татко им. Ќе им го затворат дуќанот, ординацијата и тн. Народот едноставно се плаши дека утре ќе биде без леб ако се побуни на било каков начин и тоа е. Немаше толку да боли да беше праведно, боли затоа што е тиранија, а демократијата е веќе мисловна именка. Болното е што селендра без основни познавања од архитектура, историја и култура реши да загуши цел еден град. Барокен трговски ееееј....па некој нема две чисти во главата. Како ќе се вика? Baroque City Mall? Такво нешто нит постоело некаде во светов, ниту требало да постои, ама што има везе ние ќе го измислиме. Исто како што ја измисливме и оваа Faux baroque бурлеска, на која цел нормален свет ни се смее. И уште една работа...ме боли и тоа што дури сега од кога цел град се демолираше народов реши да излезе и да се буни за нешто. Да, мило ми е што почнавме од некаде, ама зошто тоа не го нарпавивме до сега. Мене лично ме болеше подеднакво и кога почнаа да никнуваат баркони згради, мостови и статуи на секој чекор, кога ја лупнаа триумфалната капија како чир на сред град, кога плоштадот го прекопаа сто пати и секој пат нови плочки редеа, секоја нова позлатена ограда и се она на кое отиде у мајчина грдна количина на пари. Мои, твои, ваши, наши. Ама...битно се гради!
'Уѓето (што би рекол Глујо ) станаа рамнодушни за се што е од општ интерес. Не е сега битно што ГТЦ не го доби референдумот. Битно е што граѓаните на Центар рекоа јасно дека несакаат барок на ГТЦ. Многу ги испомешаа работите со барокната фасада ( за која и беше референдумот) со тоа дали воопшто му треба на ГТЦ реновирање ! Па реновирање му треба, и никој тоа не го спореше !!Но сега, што било, поминало...тоа е ! Борбата продолжува на други полиња, а наше е да си го кажеме и браниме она што мислиме и што е за доброто на сите.
@Giovanna јас ја разбирам таа работа, јас го разбирамтој наш проблем, суштински клучен. Не го оправдувам го разбирам. Само процентот на вработени во државна администрација од центар не е 60 посто, за жал. Мислам дека сепак сеуште не сме свесни до каде сме во калта потонати, до гуша. Криво ми е што сме сеуште марионети на политикава. Што не размислуваме со свои глава. Знаеш што, злобно ќе звучи ова ама и јас ќе се смеам кога ќе дојдрме до тоа дереџе администрацијата да нема да зема плата зашто ќе се потроши ќесето. Па тие нека си ја чукаат главата што се дешава. Не знам до каде ќе дотуркаме со ваква игноратност и расфрлање на пари.
Па колку и да имаш пари, парите се трошат ! Сите знаеме дека овие на власт, земаат кредити за да враќаат долгови и претураат ''од шупље у празно''. Еден ден, ќесето ќе биде навистина празно, ама тогаш ќе ни се полнат очите со погледот кон статуите и украсите околу и тие ќе ни донесат лепче на маса.
@Hipster Да, нема 60% во администрација, ама страшното е што се навлезени во приватниот сектор и во буквално секоја клетка и пора на општеството, затоа и тиранија ми е најсоодветен збор. Не смееш да кренеш глава затоа што одма ќе ти ја исечат. Само гледај си надоле пред себе, умно завршувај ги барањата и обврските што ти ги задале и ќе бидеш помилуван. Не смееш да зборуваш против власта, не смееш да одиш на простести и референдуми, не смееш на било каков начин да си кажеш што мислиш. Се осветуват каде стигнат и на кого стигнат. Баш бев пред некој ден на приватен лекар каде што случајно наслушнав телефонски разговор помеѓу докторов и син му кој во тој момент беше на протест. И знаеш што му рече? „Синко бегај од камери и апарати и пази што правиш, да не ми ја затворат и ординацијата“ Пренатрупаната администрација одамна не ни е единствен проблем, од таму само започна...за жал. Премногу е отидена работата, секој ден се повеќе се убедувам.
Леле со новиов плоштад се надевам дека ќе отворат некоја поликлиника во близина. Зиме ќе се лизгаме и ќе кршиме колкови, лете ќе се онесвестуваме. Ајде аирлија...
Леле... Плоштадот бил отворен,светел....фонтани... ЛЕЛЕЕЕЕЕ НИ ЦЕЛА ФАМИЛИЈА НИЗ НОС НИ ИЗЛЕГОА ТРЧАЊА ПО ДОКТОРИ,ПА ПЛАЌАЈ ПРИВАТНО ЛЕКАРИ И ЛЕКОВИ,ПА АНГАЖИРАЈ ЛОГОПЕДИ,ДЕФЕКТОЛОЗИ ОД ЏЕБ ЗА ВНУКОТ,ПЛАЌАЈ ЧАСОВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗА ДЕЦАНА ДА ГО СОВЛАДААТ БЕЛОСВЕТСКИОТ ИМ КЕМБРИЏ...И ПЛАЌАЈ...ПЛАЌАЈ... АМА ИМАМЕ ФОНТАНА,И СПОМЕНИЦИ ОД МИЛИОНИ ЕВРА... МОРЕ СО ТОА БРОНЗАТА ПО ГЛАВА НА ИДИОТИТЕ ШТО НИ ГИ ИСТРОШИЈА ПАРИТЕ И НЕ ЗАДОЛЖЈА СО ПОКОЛЕНИЈА.
Ќе преминам преку фактот дека трошат пари за непрофитабилни градби што никогаш нема да се исплатат во држава на која и требаат инвестиции и во која деца умират чекајќи помош за лекување во странство. Ај да претпоставиме дека естетиката на плоштадот во главниот град ни е топ приоритет. Мене најжално ми е што градат барок во 21 век, наместо да градат модерни градби за некое време да бидат гледани како специфичност на архитектурата во Скопје. Они градат дупликати. Треба да изградат мини Ајфелова кула и проектот ќе биде комплетен.
Плус инфо: Ограда со крстови ќе ја чува Владата (ФОТО) А еве ги крстовите: Целта на сороспијските медиуми е правење било каква верска или национална тензија, нетрпелливост, а се во прилог на СДС. Плус инфо, лузери! Ако ви сметаат крстови, што е со крстот што го имате во логото?
^ Проблемот на партискиот мозок е што си наоѓате (или од штаб ви наоѓаат) толку небитни глупости, додека го занемарувате битното и се правите слепи на лошото...тоа е страшно, срамно и смешно. Текстчето е дебилно и со бедни три реда, ама ни на крај памет на (просечен) читател не би му паднало дека, не знам, имало скриена порака за верска тензија. Се читате ли бре пред да постирате? А па и браќава што се едни што читаат Плус Инфо или Курир...или што и да е, шта да ти причам. Него...700,000 евра?! Подобро да е од бело злато.
Само моронска влада троши огромни суми пари на глупости кои немаат никаква вредност, ниту пак се од корист, додека народот чепка по контерјнери за парче леб. Народни и позајмени пари се трошат како да извираат од некој неисцрпен бунар. Тоа е, кога имаш мафијашка банда на власт ! А градов е направен како некоја ораница на која преку ноќ никнуваат некои хибридни и чудни кичерајски градби !
На страна партискиот мозок, да речеме дека ти затаил штабот и не си била информирана. Еве ти за „крстовите“, тензиите, скриените пораки.
Се воздржував од коментар за ѓубрево, ама толку траеше... Со интелигенција како „уметников“ Никшиќ и слични на него, не е ни чудо што Босна чмае во место еве веќе децении. Освен исмејувањето на Скопјаните, Македонците, Скопје, јадењето гомна за МПЦ, можел „уметников“ да направи и некое видео околу бедотијата во неговата држава, околу многуте босански места каде на големо се проповеда и спроведува вахабизам, радикален ислам и закон на калифат, околу неговите браќа по вера каде таму некаде на блискиот исток со токмаци и динамити рамнат со земја со милениуми стари објекти, споменици, светски чуда многу позначајни од оние скопскине на кои им се потсмева гнасниов, околу тоа колку се променило Скопје сега во однос на девеесеттите кога во него се начукаа и на наша сметка живееја десетици иљади Босанци бегајќи да не бидат искољани во тамошната војна. Мене овој ми е далеку од се што се поврзува со уметност. Босанска верзија на Политико, со нешто подобра техничка опрема од Саше и со јака поддршка од талибанската филијала на Ал Џезира на Балканов. Туку, уште еден добар владин проект, може малку и надвор од рамките на Скопје 2014: Наскоро старите возови ќе заминат во историјата, ќе се креира нова слика за железничкиот транспорт во Македонија Сега следуваат забелешки од опозиција: Бришачот стои вертикално-нечинат! Што дпмне-овска боја-нечинат! Што плаќале да вградат жмигавци на воз-нечинат!...
А од друга страна во ветер отидени 150 илјади евра , што не се ништо за вмровците бидејќи и така тие си трошат милиони за глупости кој потоа ќе пропаднат , еве го првиот нивни проект. еве од неколку портали кој не се курир или слични вмровски газолижачи http://a1on.mk/wordpress/archives/508616 http://24vesti.mk/gradskata-plazha-...na-se-podgotvuva-teren-za-panoramskoto-trkalo и видеото
@corto.maltese Не туку го споредувај Сараево со Скопје те молам. Сараево има толку автентична архитектура која е стара со векови значи градот има душа што се вели. Колку што приметив човекот го исмејува барокот. Барок во 21ви век. Споменици на секој чекор. Дубаи стана еден од најпосетуваните градови во светот но зошто? Поради своите моодерни и футуристички градби. Тие градби можеш да ги видиш само таму и на ниедно друго место. Да го направеа во барок стил па и незнам дали ке беше една од најпосетуваните дестинации. Убаво е тоа што Скопје се гради ама направи го автентичен, еден и еднинствен кој што ќе биде уникатен а не копија. И онака милиони и милиарди евра се потрошија на него .Крај краева кој ќе треба да ги враќа сите тие пари од кредитите? Ние и нашите деца, и внуци и правнуци. Тоа се народни пари, со туѓи пари неможеш да правиш што сакаш!!!
ова е пак купување чоколади наместо леб: повелете прочитајте за состојбите на шините и условите, http://faktor.mk/2015/07/08/vozot-shto-juri-so-160km-na-chas-vo-makedonija-ke-polzi-so-50km-na-chas/