Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Meне најмногу жал ми е тоа што по 100 години (ако остани нешто од Македонија) во историјата за основно и средно образование ќе пишува "И тогаш на власт дојде патриотот Груевски, кој е несомнено еден од најголемите македонци што постоеле. Го реновираше цело Скопје и ја направи најголемата промена во историјата - Скопје 2010 година...’’... Затоа мразам историја од дното на душата, затоа што целата е со наполнета со вакви глупости. Можам да претпоставам дека некое мое праправнуче ќе мисли дека Груевски е великан...Лошо, лошо
     
  2. natalina

    natalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Скопје во 2014 год. со изменета инфраструктура демек по светските трендови и гладни и боси граѓани кои ќе немаат леб да јадат ама битно ќе имаат модерен град ете тоа е филозофијата на нашиве "големи" умови:Ситиот на гладниот не верува.Мислам дека за следните избори најдобро е да имаат валва парола
     
  3. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Скопје 2014 е Скопје кое јас лично не го сакам!

    Државава има други дупки за крпење, а тие нема да се закрпат ако ни ги замачкаат очите со неколку споменици кои патем апсолутно не кореспондираат на времето и просторот!

    Арно ама, јас не сум на власт, друг одлучува за ова!

    И тој другиот си решил да си гради!

    Едно се гради, друго се руши така барем викаат!

    Баш ќе видиме што ќе се сруши кај нас? Власта или народот?
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Оффи, си го исполнувам ветувањето!

    Скопје 2014 ми смета од причина што доаѓа во погрешно време. Имаше криза, ние сме сиромашен народ и имаме слаба социјална политика, треба големо реновирање на здравството... Не дека некогаш има шанси да има време за тоа, сите секогаш ќе сме незадоволни, ама баш за време на таква депресија од кризата не беше баш пожелна.
    Втора причина е што не ми се допаѓаат некои од спомениците. Пример триумфалната капија(мислам дека е копија, и не личи на нас). Не ми се допаѓа местото на црквата. Големите градови имаат голем плоштад, со многу споменици и црква (катедрала) на самото чело на плоштадот, не некако накривена во некој ќош.
    И трето- па само за Скопје се гледа во врска со споменициве- зарем другите градови немаат луѓе кои плаќаат даноци исто како скопјани???

    Ги почитувам великаните чии скулптури се планирани или поставени, како Гоце Делчев, Даме Груев, Гемиџиите. Ми се свиѓа споменикот на Александар Македонски, само можеби малку е преголем за скопскиот плоштад. Сметам дека и оние од вас кои не го сакаат Скопје 2014 да не си играат мајтап и да не ги исмеваат овие личности.

    Да сублимирам- Сакам да е плоштадот убав, и за тоа треба да се смени (за вкусовите не се дискутира), не се од планираното ми се свиѓа, ама моментот мислам дека не е приоритетно баш ова.

    Оффи, се надевам дека барем малку си задоволна од ова што го кажав.
     
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Додека фабриките и болниците немаат средства да произведуваат и даваат лекови, додека луѓето умираат поради финансиската неможност да купат соодветен лек, додека училиштата се скапани и се распаѓаат, додека во секоја втора градинка не работат парната, додека улиците се целите со дупки, додека се зголемува бројот на стечајци и невработени, не го подржувам проектов!
    Ако продолжам со набројување ќе станам досадна и ќе треба да набројувам цела недела.
    Како СЕ’ да е совржено во државава, ништо друго не и фали, па ај сега затоа што немаме каде да ги трошиме „вишокот пари“ ќе правиме нови споменици, ќе правиме Париз од Скопје...
    Ма не 2014, 4014 нема да биде готов тој проект. |(
    + Кич невиден... Срамота! :x
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ааа тоа дека нема да биде готов се сомневам, ко што се спрегнале да работат како да им се брза, искрено за ништо до сега немам видено толку интензивно да се заангажираат и да работат, побогу кога има дефектна водоводна цевка или кога нема струја, ма и пожар да има пола Скопје да гори нема да бидат толку ангажирани! Тие и пре 2014 ќе го завршат веруј, на 31.12.2013 ќе биде готово :rofl:

    Ја коа ќе помислам на проектов ми се јавуе слика пред очи, младиве искачаат од Б2 облечено во допи*њаци и повраќаат пред црква :?:

    И да најјака фора во 2014 ќе биде „ај да се чекаме кај споменикот„ :rofl:
     
  7. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Проектот ќе беше добар и ќе беше прифатен од народот да ја немаше оваа сиромаштија......невработеност до гуша нашиот премиер споменици гради......па тој слеп ли е па не гледа како луѓето се мачат и чекаат некој да им фрли парче леб.....Срамота голема срамота....не знам што мислат....па толку пари дави ли се за еден лав (а колку многу ги има и не само лавовите и сите др споменици) кои за кратко време ќе фатат 'рѓа
    како што е тргнала работа ќе почнеме од спомениците да јадеме само што се тврди заби ке испокршиме
    За жалење сме :envy:
     
  8. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808

    Не е слеп,знае тој многу убаво,ама така му одговара.Инаку спомениците сигурно не се платени толку колку што е кажано,дел од тие пари завршиле во нечиј џеб.Хмм во чиј ли?! :wasntme:
    Не се толку скапи колку што ги кажуваат,па затоа и фаќаат 'рѓа и ке се распаднат!
     
  9. Lora07

    Lora07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Мислам Македонија нема потреба од вакво нешто во оваа сиромаштија....на нас народот ни требаат пари за леб и вода во овие тешки услови а не споменици... :yawn:
     
  10. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Битно имаме 4 лавови што ништо не значат,имаме шмизли имаме искривено девојче во сред центар,па ќе дојде некој од друга држава ќе се прашува што ли значат спомениците а одговор нема да добие затоа што и тој што ги направил не знае. :fubar:
    А за проектов Скопје 2014 катастрофа сите идат напред со нови градби а ние назад во 18 и 19 век,место да му овозможат на народот работа и да ги зголемат платите а не они ќе градат :devil: Бар да беше нешто измислено од архитект а не копија од другите метрополи како што е лавот во Будимпешта,Триумфалната капија во Париз и др. :x :puke:
     
    На Lora07 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Скопје 2014. Одлична замисла, засега перфектна реализација.
    Нека зборат хејтерите што сакаат, но сега има повеќе места, т.е. повеќе кипови пред кои македончињата можат да просат. ;(
     
    На NelChe му/ѝ се допаѓа ова.
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Најјака фора во 2014 ќе биде: "Се чекаме кај споменикот'' :wasntme:
    Абе шема сме кој е како нас :|
     
    На Gordana10 и pink4ever им се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Го поддржувам проектов и тоа што не остана се' на хартија, туку се реализира.
    Само мислам дека сумата која е издвоена е малку повеќе астрономска и не е реална.
    Сиромашниот останува сиромашен,колку пари да му дадеш,пак ќе постојат сиромашни.
    А,ако сакаме да си го обелиме лицето и да бидеме земја привлечна за странски инвестиции,мора да се докажи од една страна сериозноста.
    Но,едно не ми е јасно.
    Една дупка на асфалт не закрпиле,а даваат пари за нечии мадиња јеботе -.-
     
  14. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Се чекаме кај левото маде на Букефал. Абе ајде, не сакам да коментирам. Нека го изградат, па после ќе ги јадеме шмизлите и мачките наместо леб. Во време на светска криза ние имаме пари за споменици... Кога ќе видам некој што нема сол во очите кај што крека дека го поддржува проектов, ми доаѓа да вриштам. Нема леб за јадење, ама битно имаме барок и рококо во Македонија |(
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сакаат да создадат нова култура нетипична за Македонија, бледа копија од големите метрополи каде што културата се создавала со векови и се градело, таа архитектура е нивна автентична, препознатливи се по тоа, не направиле се за 2-3 години.
    Ми се допаѓа тоа што сакаат да го вратат стариот дух на Скопје со тоа што ќе го реконструираат Официрски Дома и стариот театар, а тие замисли и некоја нова архитектура непрепознатлива на нас ми е тотално утка!
     
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Го поддржувам проектов, затоа што знам дека парите што се даваат за него во никој случај не би се употребиле за нешто попаметно, и може само да завршат во нечиј политички џеб. Затоа, барем нека градат, кога веќе „не знаат“ што со сите тие пари.
     
  17. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    ако незнаат што со парите,ондак фино лепо нека отстапат место и фотелја на некој што знае,а не да ги даваат за мадиња и трансформер лавови :D
     
    На Anthem, Alanna, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    продолжување на мислењето на Тања ;)

    кои после нецели два месеци целосно позеленеа, од што се многу квалитетни и од што толку многу пари се фрлија на нив.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    boa,морам да ти кажам нешто,у последниве два месеца слабо сум активна,обицно набрзина ке зирнам не пишам,ама и да мислам да пишам кога ке прочитам шо си пишала ти,си викам шо ке пишам кога боа веке пишала све шо ја сакам да кажам :) а не сакам да се повторувам.просто ми е чудно како може толку да ни се совпагаат мислењата у вези политика,јавен живот итн итн.така да форумџики ако ме нема,боа збори у мое име :D поздравче и извинение за офф топкот ;)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Па зашто не би имале барок у 2010 година, сегде низ светов кога се гради, се гради нешто модерно и функционално, само кај нас се враќаме уназад и се посветуваме на барок, сите терсене ние наопаку. :lol:
    Само едно неможам да сфатам дали и кога се ќе се заврши премиерот лентата ќе ја сече костумосан или или ќе облече пумпарици и некои чаршави за да подобро се уклопи у сликата. :| А на секој влез од градот ќе ставиме знак дека во Скопје подобро е да си облечен повикторијански :!: особено ако планираш да се движиш низ плоштад...Аххх како залудно се трошат пари, или можеби како успешно се перат пари...едно е али тоа си го знаат само главните луѓе задолжени за реализација на проектот... :x
     
    На Mistery и Offspring им се допаѓа ова.