Како ништо попаметно?Болниците ни се во фаза на распаѓање,нема ни лекови,основни услови за работа нема. Училиштата од кога се изградени нема ништо инвестирано.Неможат децата пристојно во тоалет да отидат.(Ах да,да не ги заборавиме компјутерите кои патем речено прашина фаќаат).Клупите се од времето кога јас учев. А што е со патиштата во државава?Ај не мора толку широко да одиме,што е со дупките по Скопјево? И можам уште многу да набројувам дека има попаметни работи кои треба да се направат во државава,ама градењето споменици кои патем никако не се уклопуваат ниту во нашиот менталитет ,ниту во традицијата и културата наша не е приоритет. И кај им текна фонтани на сред Вардар?Што ке исфрлаат тие?Вода или фекалии?
Te молам прочитај ме уште еднаш. Не реков дека нема на што попаметно да се потрошат, туку дека ЗНАМ дека нема на попаметно да се потрошат. Едно зборче, голема разлика.
Спомениците се непрофитабилни градби,некој би рекол ќе привлечат туристи,како да не.И да дојдат туристите чиј идентитет ќе претставуваат овие бледи копии кои планираат да ги градат?Ако вака мислат дека ќе ги придобијат симпатиите на Европа,тогаш се во голема заблуда,никој не сака фалсификатори и крадци на туѓа историја,идентитет,градби.А ние сме народ со богата сопствена историја,ама џабе,никогаш не ќе научиме да си го цениме своето. И додека пред очи ни се руши секојдневно верата во подобра иднина,бидејќи сме на работ на егзистенцијата турнати,ќе градиме-споменици.Да останат спомени за идните генерации за глупоста и невкусот на мала група луѓе,која ја имала моќта да одлучува како ќе се насочат буџетските пари,истите пари кои со тешка мака ги слеваме таму-ние,обичните смртници,граѓани на оваа напатена земја.Мој предлог им е ако веќе градат да изградат еден огромен Мавзолеј,Бог нека ми прости,во кој ќе ги закпоаат сите мртви надези на граѓаните.И надезта ни ја убија во подобра иднина.Не сум политички обоена,ги напаѓам или фалам сите според заслугата.Кога истите тие пари би ги дале за рестартирање и обновување на стопанството и би се вратиле луѓето масовно на работа,би имале нормални приходи и би повлекло повеќе пари да се издвојат за здравство,образование,инфраструктура.Не е потребно да се влозат директно во здравство или образование пак за обнова или изградба на објекти,пак се заробуваат парите.Клучот е во стопанството и вработеноста,повеќе луѓе со повисок доход и придонеси даваат побогат буџет и откако ќе се решат клучните прашања,се оди на изградба на споменици и др.градби.Вака парите се заробени на непродуктивен начин,а спомениците ќе повлечат и трошоци за одрзување,реставрации и др. значи тотално промашување и загуба.
Големо НЕ! Како прво овие пари можат да се искористат на многу подобар начин.. На пр. во здравството, болниците се катастрофа, хиигена нула ,во училиштата хигиената во вецињата исто така нула, патиштата дупка до дупка собраќајни несреќи секој ден и не само тоа има уште колку има А како второ и да се изградат овие споменици што фајде еве некои позеленуваат, некои напукуваат а некои ќе бидат испокршени од македонските вандалисти и кога гледаш никако не бива само пари трошење без врска
Точно така! Има многу работи во државава на кои треба да им се обрне внимание, а не да градат триумфални порти, да ставаат лавови од по 348769878644 милијарди евра...Ај ако не и Ајфелова кула и Статуа на слободата да изградат Прост пример...Ако во едно семејство, таткото троши пари за градење фонтани во дворот, купува луксузна кола, ја проширува куќата...И вели нема пари за храна, за облека, за на лекар...Епа нормално дека семејството кога-тогаш ќе се распадне! Значи, времето не е погодено за вакви проекти...А не е лоша идејата
гласав НЕ бидејќи нашата економија од која зависи егзистенцијата на овој народ е чиста НУЛА, не сум против градаење, но мислам не е време, кај го има тоа среде рецесија да се гради. Пред некое време поминав низ еден индустриски дел на Скопје и видов колку добри и реномирани фабрики сме имале на времето ( меѓу кои и фабрика за стакло-кристал кој се извезувал за цела свет), а сега се рушевина , а д ане кажувам утше колку такви фабрики има низ Македонија а стојат неискористени, пропаднати, тажно за оваа држава можевме на се тоа што го имаме да бидеме рај на балканот!
Во државава треба да се обрне внимание на многу работи! Барем некој започнал со нешто. Ќе шетате по Прага, Виена, Берлин и ќе почнете со: Скопје на ништо не личиии, што метропола ќе бешеее..бла бла бла. Му фали култура на градов бе луѓе. Ако започнеа да трошат пари на нешто друго, ќе зборевте е зошто на тоа, зошто не на ова. Како секогаш успева овој наш народ да најде маана не ми е јасно. Триумфалната капија е жив промашај, но другово верувам си е на место. Мора некоја скулптура да имаме, жива срамота е Шрек ученичката што плаши луѓе навечер. Ни тоа малку богатство што ни остана не знаете да го сочувате.
Проектот Скопје во 2014 год. е исто како во некоја скапана шупа или визба да купувате скапа уметничка слика и да ја бесите на ѕидот кој се распаѓа. Сосем истото. Кај нас, куп други работи плачат за поправка и реновирање, почнувајќи од инфраструктура, патишта, железници (столбовите за онаа која требаше да не врзе со Бугарија, кога одите накај Кратово ако сте ги забележале си зјаат нечепнати откако паметам за себе) , потоа распаднати болници, училишта и ред други установи од јавен карактер. Демек, се' друго ни е суредено и под конец, остана уште триумфалната капија и куполи (читај цицки) на покривот од Собранието на РМ. Ако, ок е, и покрај сите фалинки во државата, убаво е што му текнало на некој конечно малку да го разубави градот. Не беше погоден момент за градба токму сега, но барем тоа што се градеше да беше убаво, со вкус, со стил. Ние од друга страна, буквално го силуваме градот. Од лаичка гледна точка, градбите се полни само железо и бетон. Сите други држави одат напред, ние се враќаме 20 чекори назад. Целиот свет се ориентира кон т.н. зелена архитектура, каде што трошоците за одржување ќе бидат сведени на минимум, ние градиме некои чудилници. Во Германија е донесен предлог-закон, кој ќе се усвои многу брзо, каде што се кажува дека никој нема да добие дозвола за градба на таков голем објект, доколку самата не е во можност да се одржува. Значи - трошоците за ладење, греење, одржување, да се сведени на минимум, за да не објектот со своето постоење не биде на товар на државата, и да не оди во загуба. А ние - умниците , трупаме бетон. Како ќе се грее таа грдосија покрај Холидеј Ин? Колку пари годишно ќе одат на осветлување и одржување? Или тоа не е важно, го имаме простиот народ да трупа пари на контото од изречени сообраќајни и секакви други казни, од данокот, од поскапениот бензин и леб... Проектот Скопје 2014 е само пералница за пари. Ништо повеќе. Од економска, практична и естетска гледна точка е целосно утнат. Градбите, како некои чирови ќе зјапаат. Ништо ново, инвентивно, корисно и практично, само некој (повторно) да лапне парички во џебот и да се збогати преку ноќ. А да не зборувам за надворешниот изглед. Нео-барок или што и да ќе биде тоа. Тоа е исто, како да се бапнеме сите во сакоа со потпунки и да ги натапираме косите како во 80-тите. Тоа се новите згради во нашето убаво Скопје (кое ќе стане грдо и кичесто). Господ на помош. Сите до една да се урнат уште недоградени, ете тоа го сакам.
Постара статија, но вреди да одделите 5 минути од вашето време и да ја прочитате. Уште во времето кога излезе ми се јави еден другар од Чешка, новинар патем. Со невидено смешкање во гласот ми вели - еј, кога да го посетам Скопје? Сега кога е крш или утре кога ќе биде по-крш? Еј најискрено ми падна шубе. Не дека другар ми Петре Чеховски е битен и пресуден за овој проект, но затоа што не е единствениот кој ми го рекол ова. За смеење сме и потсмев. Тоа еве чисто да видите туристите како гледаат на проектов, башка што тука се засегнати ред други работи кои веќе ги спомнував. Најинтересно е што една моја роднина го презира проектов, но некако е засегната со истиот. Ми вика - „ау што пара ќе си заработам со ова, не знаеш какви пари се вртат околу ова, секој гледа што повеќе да грабне“. Па вие создадете си самите слика која бламажа е сево ова. Јас нема и не сакам да ве убедувам. И не сум тип на човек кој беспредметно плука на се само колку да плукам и мрчам. Но навистина кога човек рационално ќе размисли, а јас мислам и искрено се надевам дека таа способност сега за сега сеуште ја поседувам, не можам да поддржам вакво чудо. Не можам. И не сакам. Нека ми простат сите. Патем да, повелета статијата од британскиот Економист. http://www.economist.com/node/16891819?story_id=16891819
Залагање за модерен град, кој ги следи западноевропските теркови и архитектури се сосема на место од визија на културата, уметноста, модернизацијата, но прашањето дали се има сила, финансиски можности и капацитети да се одржат градежни и архитектонски проекти се политички одлуки, со кои скоро никој не се согласува. Има огромна непремостива разлика меѓу Скопје денес и во минатото. Одлуката да се изгради ново Скопје по земјотресот од кинески ли, јапонски ли архитект ( не влегувам во неговата стручност), кој нема допирни точки со духот на староградската скопска архитектура, недоволното познавање на амбиентот, традиционалните градби и културата на народот се недостатоци на новоизграденото Скопје, што делумно се виновни за неартикулисаните и несоодветни споменици кои денес се предмет на исмејување. Па имаме “грдосии“ од згради и камени блокови, мнешавина на староградска со архитектура што си нема “благе везе“ со нашето поднебје. Старата рхитектура не била вратена, никнувале футуристички градби кои следеле некаков си тренд кои со останатите рушевини од земјотресот биле во тотален несклад, па денешните архитекти изгубени во просторот барајки оригинален стил врз тој материјал треба да уредуваат за Скопје да личи на нешто и така лутајќи во празно имаме осакатен град без просторен континуитет. Како обичен посматрач, со свое лично доживување, би го доживеала Скопје како “изгубениот град“ или Sin Sity , најголемиот грев на политичарите. Спомениците ми изгледаат буквално како да се фрлени од небо и кој каде се затекнал таму останал, слепи црева на градот, тотално непотребни, комплетно нереализирани. И тоа демек треба да го прави градскиот “шмек“. Проектот Скопје 2014 година е само одраз на политичарите како се однесуваат “внимателно“ со градот и граѓаните. По кажувањата на баба ми и дедо ми кои 1940 година одреден период од животот го избрале Скопје за живеење и од старите албуми се гледа дека Скопје бил град со модерна градска архитектура. Офицерскиот Дом кој толку многу ми е споменуван, Народната куќа и многу јавни објекти биле градени по урнек на зградите во Белград, модерни палати со камени сводови и растегнати во висина. Високата статуа на коњаникот во Белград идеално се вклопува во колосалниот дух на градот кој кај нас денес го нема. Основните правила на архитектурата не се запазени, складност, просторни можности, светлост, драматичност целото опкружување кон што се прилагодуваат материјалите на статуите (бронза, мермер и сл.), а не обратно. И во Европските метрополи најпрвин се граделе објектите (катедрали и сл.) па околу нив се развивал плоштадот и градот. И да, Скопје со ништо не се одвојувал од останатите балкански главни градови кои биле под влијание тогашната евроспка архитектура. Да не беше земјотресот Скопје се уште ќе си го дишеше сопствениот дух и секако немаше да се срамиме од него, туку ќе беше наша гордост.
Мислам, дека повеќето го делиме истото мислење. Еве според анкетава 75% се против ова глупостиве што се случуваат во нашиот ни мил град. Првенствено многу е смешен стилот во кој се градат новиве архитектонски зданија. Тој стил на архитектура нема врска со нашата култура и минато. Искрено подобра идеа беше да го реконструираат Офицерскиот дом- градба која вистински постоела, отколку да го китат и онака веќе тесниот град. Не се знае, може и Ајфелова кула ќе никне на плоштадов ни наш! Се’ е само перење пари и тоа огромни суми. Локацијата зградите покрај кеј е веќе друго прашање, кое мене искрено ме плаши Би прокоментирала нешто и за мостот кој води накај факултетите. Па таа реконструкција на тротоарите требаше да биде готова за максимум 1 месец, а не за 5....ама тоа е, треба да се исперат пари за повеќе дневници. Срамота !!!
само што не земаме во претдит дека за време на криза треба да се гради. сите ќе се запрасате зошто? па затоа што со градењето се поврзани уште 25 други индуструиски гранки,. тоа е најбрзиот начин за да не се случи уште поголена криза. Тоа секаде се применува ама овие ја претераја со тоа. Нека градат ама ова е Циркус невиден . нема ни естетика ни ништо.Замислете во Мексико кога се случила огромна криза и се во државата закочило. тогаш царот наредил луѓето да копаат дупки и да ди засипуваат поќе и така да заработата за леп. и Така мексико излегол од кризата. п.с ама се што е претерано не чини
ПРОТИВ! сваќам тоа се дека сакаат да го разубават Скопјево ама па добро шо не средат прво со граѓаниве?! луѓе умираат на улица немаат за јадење, немаат кров над глава а овие наместо да им погонат на некој начин се решиле споменици да натрупаат по Скопјево..Сваќам дека во сте држави се средени плоштадите и се ама па добро ако толку сакаат ад ги стават нека намалат со бројот на споменици и со парите што ќе ги заштедат од тие споменици нека помогнат на оние што немаат. Вчера гледав на телевизија жена со 7 или 8 деца нема пари нема ништо , ќерка и е матурантка и мајкава немала пари да и даде за да се слика за табло.Замислете како им било.. и сепак државата не прави ништо во врска со тоа. И плус споменициве се сите во Скопје колку што знам, а од каква корист ќе им бидат на оние што живеат во другите градови?! Нит ќе ги гледаат нит ништо.. Воопшто не се согласувам со овој проект. Парите можат да се искористат за нешто многу покорисно од тоа.... Ех да бев јас претседател....
Маската на „Скопје 2014“ ќе биде разобличена, а срамот пред светската јавност отстранет! Пред да се преземе иницијатива да се гради нов објект, треба да се знае местото на неговата градба, за какви потреби и за кого е наменет тој објект. Не навлегувајќи во приватните градби, предмет на овој текст ќе бидат државните градби. Лозинката што е распространета во народот „подобро е да се гради нешто отколку да не се гради ништо“, може да се однесува само на градбите од приватен карактер, но таа ни најмалку не може да биде прифатена за државни објекти. Објектите од државен карактер треба да бидат подложени на анализа и оцена од целата стручна јавност, вклучувајќи ги и експертите од одделни области од науката, техниката и технологијата. Ако подетално го разглобиме ова согледување, ќе се постави прашањето дали тоа што се гради е во служба на граѓанинот, на градот, на државата? Дали објектот што се гради ја обезбедува сигурноста од земјотреси? Дали градбата ги одразува техничките и технолошките дострели на современата архитектура? Дали новоградбата е во хармонија со околниот амбиент? Дали таа ги почитува урбанистичките закони? Дали објектот што треба да се гради е одобрен од стручната јавност и од жителите од непосредното опкружување? И уште многу прашања со дали, зошто, како? Во врска со овие многубројни прашања, да ја погледнеме конкретно сликата на левиот брег на Вардар во зоната меѓу Камен мост и новиот мост. Тука никна објект што ја зафаќа зоната од заштитниот ѕид на реката, па се' до самиот објект од Комерцијална банка. Овој објект е наменет за три институции: Уставен суд, Државен архив и Археолошки музеј. Овие три институции ниту по својата природа на работа ниту по функцијата немаат ништо заедничко. Во науката на архитектурата за секој објект одделно постојат строго одредени закони, како во поглед на функцијата и конструкцијата, така и за нивната безбедност од сеизмички карактер. Суштинското прашање за овие три државни институции се однесува на нивната местоположба и на нивното сместување во заеднички објект. Изненадува дилетантскиот однос на сите во реализацијата на овој објект! Во поглед на местоположбата, градењето во крајбрежната рекреативна зона покрај реката Вардар е погрешно и претставува невидено злосторство и узурпација на толку значајниот простор! Што се однесува до заедничкото сместување на овие институции во еден објект, а имајќи го предвид нивното значење, секоја од нив треба да биде изградена во сопствени волумени како посебни објекти и архитектура, која е во согласност со современите критериуми во таа област! За жал, не треба да се бега од вистината. Овој објект се појави на конкурсот за градската куќа на плоштадот и беше одбиен од стручното жири, како објект со архитектура што не соодветствува со времето во кое живееме. Сега се поставува прашањето - како еден објект, оценет негативно од стручно жири, се гради токму каде што не му е местото?! Одговорот е јасен! Тој што ја застапува антиквизацијата решил да ја покаже својата моќ! Без сомнение, ја покажал! Рекол: тука ќе го градиме за да им паѓа в очи на сите оние што ќе дојдат во нашиот главен град за да се восхитуваат на нашата моќ! Но, ете уште неизграден од светските центри пристигнуваат прашања до архитектите: Какви се овие чудовишта што се градат во вашиот прекрасен град - градот симбол на светската современа архитектура!“ Се поставува прашањето - кој е тој што ќе биде способен да ја брани и да даде одговор на оваа застрашувачка архитектура за која немилосрдно се трошат парите на народот? Кој е тој што ќе докаже дека ова што се гради под мотото „Скопје 2014“ на брегот на Вардар - не е вистинско архитектонско злосторство? Сакате ли да правите анализа од аспект на архитектонскиот стил, од аспект на содржината, сакате ли од аспект на конструкцијата, функцијата, економијата, правната издржаност или од аспект на одземањето на правото на слободните видици и правилната инсолација на постојниот објект на Комерцијална банка? Сакате ли од аспект на неприкосновеното право на архитектот - творец да му се диктира архитектонскиот стил, како што тоа се прави од највисоките државни институции - Министерството за култура и Министерството за сообраќај и врски? Сакате ли од аспект на примитивното покривање и безобѕирно омаловажување на комплексот на Културниот центар - антологиско дело на современата архитектура во Скопје? Како да не беше доволен овој архитектонски злостор, а само на стотина метри низводно со засилено темпо на градење изникнаа објектите на Обвинителството и на Финансиската полиција со целиот свој „блесок“ во стил на квазибарок! Само до пред некој ден во рекреативната зона покрај Вардар беше фрлена првата лопата бетон за новиот објект за Агенцијата за електронски комуникации. И овој објект како и другите ќе биде оригинален по својот „стил“ - цилиндричен волумен со задолжителна купола? Почнувам да размислувам и да се прашувам дали реализаторите на проектот „Скопје 2014“ се од Господ благословени и надарени со стилизирани мозоци! Сега една стручна анализа. Сето изнесено укажува на една комплетно погрешна политика од областа на архитектурата и урбанизмот! Се поставува прашањето - во што е големата грешка? Одговорот на ова прашање лежи во два клучни фактора. Едниот е погрешно избраната локација, од што произлегува и недозволената узурпација на рекреативната зона покрај реката Вардар, а вториот е - економскиот фактор. Почетокот на овој дел од изложувањето за многу луѓе ќе звучи како неверојатен и речиси невозможен. Но, кога се работи за реално согледување на бројките и на фактите во областа на градежништвото, тука тие се посилни од чувствата на луѓето. Кога веќе зборуваме за економскиот фактор, ќе се задржиме на основните економски параметри. Пред се', погрешната локација бара овие објектот да бидат отстранети од местото на нивната градба и целата локацијата да се доведе во својата првобитна положба! Се разбира дека таквото отстранување бара одредени инвестиции. Овие инвестиции се средства на државата, а државата е народот. Значи, тоа се пари на народот. За довршувањето на градежниот дел, потребни се уште инвестиции. И кога „карабините“ ќе се завршат, следи целосно докомплетирање на објектите. Многу значајно тој што ги финансира овие објекти да знае дека вкупната инвестиција за градежниот дел изнесува само 20-30 отсто од вкупното чинење на објектот! Оттука произлегува прашањето: дали државата, односно народот, треба да инвестира повеќе од трипати за нивното комплетирање? Во секоја држава каде што сите работи подлежат на оцена на економска оправданост, оваа инвестиција е неоправдана и затоа треба да биде укината, а градбите да биде прекинати. За нивното отстранување ќе бидат потребни околу една четвртина од вкупните инвестиции што треба да се вложат за нивното завршување, а тоа значи заштеда на половина од вкупното чинење на објектите, односно 50 отсто заштеда на народните пари - милиони евра! Резултатот ќе биде враќање во првобитната состојба на најскапоцената рекреативна зона која еднакво им припаѓа како на граѓаните на Скопје, така и на граѓаните на цела Македонија! Маската на „Скопје 2014“ ќе биде разобличена, а срамот пред светската јавност отстранет! „Ти лажеш“, ми рекоа, И продолжија да го бркаат хоризонтот! (Авторот е пензиониран професор на Архитектонски факултет, добитник на многу светски награди, член на многу архитектонски академии) http://utrinski.com.mk/default.asp?Item ... CDAC894F1F
Ми се чини дека е ова во погрешно време. Ајде да замислиме дека секоја градба, секое надоградување, секој споменик е оправдан, нема никакви шпекулации за криминал и секој во државава си живее среќно и весело За се можеме да смислиме некое оправдание ама што да се измисли за "ТРИУМФАЛНАТА ПОТРА". Моите сознанија за нив е дека ги граделе императорите за време на нивното владеење откако ке извојувале значајна победа. Стварно ми е необјаливо. Ај некој од овие што се за Ск.14 нека ми го објасни само ова.
Јас не сум за СК 14, ама еве да ти објаснам. Па тие Грујо си го замислуваат како император, го нарекуваат лидерот, сум чула со свои уши такви. За жал, толку им е досегот. Гревотилаци. Туку сите наебавме од овие глупоштини. За да се дигне еден народ точно дека е потребно култура, но не на празен стомак. Прво најади го народот, па после култивирај го. Инаку, реалноста не допира до неговите следбеници. Еве, Миленко на една негова емисија рече дека немало глад во државава, тој не познавал такви (гладни) луѓе, а дека кафаните ни биле полни. Срам да му е. Ма се е наопаку во оваа држава.
Наместо да се направи ваков проект во кој ќе лапнат малкумина, може да се реновираат фабрики и да лапнат повеќемина.Колку само луѓе би се вработиле во фабриките а си имаме убави фабрики?! За жалење сме. Народот нема леб да јаде, задолжени по банки, задолжени до гуша што ги оправдувам. Се се покачи, а платите останаа исти. Епа кога ќе бидеме гладни ќе одиме да се насликаме со лавчинњата или до триумфалната порта. па ние не сме Чешка? Жални сме ние. Сакам и вакво нешто ама прво да се тргне од средување на проблемот со сиромаштија. Дури тогаш новиот изглед можеби и ќе ми се допадне.