Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мене ми е глупост ова, али ај.
    Има многу поважни работи што треба да се направат.
    На пример, со тие пари што ќе се дадат за проектов, можеа да ги средат сите улици во цела Македонија! Па срамота е на сите страни дупки, и тротоарите исто. Многу подобар изглед ќе му се дадеше на градот, е тек тогаш да се мислеше за споменици! Ебати споменикот, коа до него поминуваш гледаш дупкишта на сите страни. И контејнери нека се донесат како во странство, со затворени капаци и поубави на изглед, на пример во Виена се темно зелени и со нога газиш и се отвара капакот, нормално да не фаќаш со рацете. Посебен за хартија, посебен за ѓубре.
    И ме нервира што се инвестира само во Скопје. И после зошто сите од другите градови доаѓале во Скопје да живеат и работат. Па сте виделе како е и што има по другите градови? Ништо. Него, тоа е друга тема.
    Битно спомениците да се стават. А улиците тротоарите и ѓубрињата не се битни.
    Ова ти е како човек со посран газ стаил машна. Се дотерал, а газот му е посран. Џабе му е оделото.
     
    На nena2010, esperanca, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Целиот проект е утка. Кој видел фајде од споменици, како прво позеленеа истите,
    за кои се платија толку многу пари.
    Има постоечки проблеми, на кои треба да се потрошат истите пари, не да се создаваат нови. ај сега уште цедете ги парите за поправање на споменицте...
     
  3. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    не се согласувам со скопје 2014, можат парите понаменски да се искористат ама владата не можи да гради фабтики ова е капитализам ама можи да ја подобри бизнис- климата во државата.
     
  4. Doris-Sk

    Doris-Sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    33
    Само уште ајфеловата кула фали за да бидеме мал Париз. :lol: Палми ни посадија, плажи ни направија сега луѓето ќе се истепаат кој прв да оди да се сонча.Глупости невидени и нечуени :puke:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Скопје во 2014 ќе биде една прекрасна метропола со вистински европски знаменитости кои се симбол за нечија историја, победа, битка. Нечија, но не нашата.

    Капијче тука, чичко Стоилко онаму, Аце овде, Гоце онде, куполи тук таму, шмизли, чистач на кондурчиња, мајка Тереза и секаков ми ти барок и рококо прошарани со прекрасни зелени палми.
    Лас Вегас на Балканот.

    А Савана ќе банкротира. Кој сака да шета до Прага или Виена е будала, се ќе си имаме на купче. Македонско, најубаво и најоригинално.

    Не знам дечки, ама да фатиш такси и да му речеш - до Триумфалната, е тоа е веќе нешто! Ама тетка ми битно ќе се нервира по болници, ма што бре, барем ќе шета испод капије јбт и ќе се истуфка и ќе истури нервози токму таму. Ете така. Ал је леп овај свет. Доџе ми да
    пувнам
    од убавини.

    Само не знам на кој да му кажам благодарам што вака убаво ми го воскреснува градот (смајли што става прсте во уста и се мисли).
     
    На A-j-a, BoaVista, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Леле бре, дали ја слушнавте изјавата на Коцета на ТВ за палмите. Па добро бре, кој ли му дал школо на тој човек па после се друго? Од каде спаднал забога? За Скопје 2014 што да кажам, денес бев по работа во СК трескаат автобусите по дупки низ улиците, што е што е, на 2 метра од истите дупки има триумфална капија. Триумфот на простотилукот!
     
    На esperanca, Doris-Sk и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Шмизлите тргнале накај атентаторите, зад грбот на Гоце пливачката се брчка во вода, а онаа другана се прашува до кога ќе чека за да скокне од ОКО, на Ченто му свират свирачите..а тој кренал рака високо горе ..и сега дал се весели или ги кара сеирџиине во тренд што катаден пари трошат...незнам, ама Александар ќе пресече (кај и да е), па ќе му каже на Даме да ги спроведе преку постарион и побав нов камен мост до финансована полиција на распит...а таму во позадина филхармонија свири ли свири. Како бе девојки нема концепт??????? Има , има!
    Него, коцкана што убава беше...ај Коце врати ја жити се.

    Заборавив да прашам - Се сликате до спомениците? хихииии ние да :)
     
    На leonidicka, Doris-Sk, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Па багреми ли да садиме на плажа?! :o
     
    На esperanca и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Значи Скопје 2014 баш и не ми се свиѓа, ама како шо вика Тончи нека биде 2034, нека се среди општиот хаос во нашата мила Македонија па после да се ставаат споменици... Прочитајте го она што го има напишано Тони Михајловски и ќе видите колку е само многу моќно пишува и за Скопје 2014
    http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/675882/index.htmlпрочитајте многу е добро
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.151
    Допаѓања:
    112.867
    Пол:
    Женски
    Децава забегаа од играње Cityville на ФБ!!! Мајко мила уште палми фалеа. Еве им еден поздрав од мене по повод палмиве

    http://www.youtube.com/watch?v=5-UumEsNMJY
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Видете, значи, кога се создавала климата во земјава и во времето на зачетокот на првите форми на растителен свет, никој не се сетил да го консултира господинот Груевски, околу прашањето „дали е во ред во Македонија да нема палми?!?“. Впрочем, како воопшто смеело да биде дозволен таков пропуст, еден фјучер лидер, “прв помеѓу првите“, да не биде консултиран. Директен и незаконски упад во сржта на демократијата, осмислено, недозволиво, противзаконско и противУСТАВНО заобиколување на законодавната власт, И НЕ САМО НЕА, а и заобиколување на локалната власт - Градот Скопје, општината Центар и нејзините претставници од првиот ред на Груевската коњаница.
    Ние сме држава со море! Солун е наш и доколку, Солун не беше наш, ќе не имаше ли толку во Грција на одмор, на наше море?!? Ха! :wasntme: И, доколку се тоа е така, како смееме да си дозволиме да останеме без она што по секоја логика на нештата ни било безправно одземено, ДА ИМАМЕ ПАЛМИ!!! :^) Ај, да ве видам сега!
    Затоа, :smoke: јас одговорно тврдам дека палми во државата мора да има :geek: и најсетне некој превзема нешто во врска со неправдата, што му беше сторена на овој град, на оваа држава и не неговото вИличество господинот Премиер!!! И -->. (точка) по ова прашање!
    Тоа имав да изјавам, за остатокот од градските споменици ќе говорам, откако ќе се консултирам со мојот и ВАШ премиер господинот Никола Груевски!!!
     
    На n.a.t.t.y, Phyramide и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  12. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    А прво да се запрашаат само Скопје ли е град?! Еве кај нас Струга прекрасна природа,Црн Дрим,најубави плажи, езерото рај е! Ама кој и да дојде да прошета в чаршија одма куферите и назад од кај што си дошол или Охрид. Па срамотта е веќе! Градоначалник што имаме ни со прстот не мрда,а и во толку многу градови е така па ништо не се прави. И улиците во толку многу места што не се асфалтираат па не е Скопје само град. Сега без навреда за Скопјани ама баш најубави градови се Охрид и Струга (со најмногу природни богатсва и се најголема туристичка атракција) ,па ова и во интерес и на туризмот треба да се направи да се средат и овие градови,а и другите и тие треба, не е само Скопје град ќе повторам. Па наместо палмите може да се средат другите градови,а потоа нека се прави проектот со спомениците.
    Палмиве ми се глупост од тука до месечината и пешки назад! За голема жал Егејското Море ни е одземено па сега сме една точка во географската карта на светот која го нема и сега во држава каде што нема море ниту таква клима палми да има?! (смајли со човече што се крсти) Страшно...
    А за другово спомениците и сето тоа ми се допаѓа идејата ама прво нека се среди целава држава,а потоа ако може државата да си дозволи нека гради па на крајот и со спомениците ова баш е добро не сте ли патриоти не сакате некој да помине во Македонија па да го виде споменикот на Александар Македонски,Гоце Делчев(и на другите) да се знае дека Македонија имала и ќе има храбри луѓе. За ова потполно се согласувам ама тоа со палмите ми е чиста глупост.
     
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Скопје до 2014 ќе биде Лас Вегас :) Го слушнав Коцета се гледа нашетан човек знае дека палмите потсетуваат на море :lol: Ама не ми е јасно кое море ќе да беше ова нашево :lol: Се смеам а зашто и да не нему му беше смешна изјавата па и сам си се смееше на истата .. Работава е за плачење место државава да оди напред тие садат палми и прават плажи ... како се друго да е во ред во истата па уште до палмите дојдовме. Ајде не вреди да се говори ќе видиме до каде ќе ја дотераат нивната замисла.Главно пари дебело се перат со истата .За народот смртник нема, истиот може само да се слика под палмите на обали мора и до спомениците со сомнителен квалитет .
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.151
    Допаѓања:
    112.867
    Пол:
    Женски
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Долго се прашував кој детал фали за Скопје 2014. конечно да ја достигне својата естетска перфекција. Ама естетите вмровски веќе ја нашле јаготката на шлагот, гомцето на купот срање, итд. ...ПЛАСТИЧНИ ПАЛМИ. Да. Остваруваме. ДА!
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Палма де скопје. 8)
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Една познаничка даде еден многу невкусен коментар денеска, баш морам да го споделам.
    Вели таа: "на што ќе личи тоа на плоштад, прекрасна финтана која на циганчињата ќе им дојде ко waterland :lol: "
    хмм |(
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Твојата познаничка кажала многу вкусен коментар! :D :D :D
    Хахахахаха...бравос!
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Дали тоа јас грешно чув и сум во заблуда или е сепак точна информацијата дека - палмите всушност, не биле вистински, ами - пластични? :o
     
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.102
    Допаѓања:
    258.515
    Пол:
    Женски
    ^^^хаххаа не зезај Оффи не е ваљда :rofl: И не е за смеење ама мислам дека се вистински, денеска некаде прочитав дека им годела скопскава клима |( па најверојатно се вистински. Ги видов од далеку ама неможе да се процени од камени мост.