Ахахахахахахахааааа....леле се чувствувам како да побудалувам.Веќе немам сила да се нервирам,да мислам и само ми оди да се .... изнасмеам! Ало,па ризик е бе!Е не вистински,па банани кога ќе почнат да растат или кокосови ореви,па да се караме чии се и преку ноќ,ромите ќе ни ги оберат и ги гледаш пред фонтана јадат и се капат,као на Хаваи да си,а не дај боже си се истопорила да се сончаш,тап кокосовиот орев,чао,после Коце крив!Нема,тоа се си е пресметано,квалитетно разгледано,да се тргнат сите ризици,само да се искористи позитивата!Е сега...околу квалитетот на пластиката не сакам да зборуваме,ќе ми падне тешко.Не даааај боже да обледнат од сонцето,па секоја година тендери за набавка на нови палми!
Палмиве на Кеј, побудија таква носталгија кај мене, како на времето оние трите светлечки на влезот на ГТЦ, донација на мистер Пенов по повод претстојните новогодишни празници... Не знам зошто, ама многу мерак имаме удрено на палми. What Happens in Skopje, stays in Skopje.
Ахахахаха Трендафилке кај ти текна!!! Коце е плагијатор,та на на на наааааааа!!! Пак е идејата на опозицијата!Фејл,епик фејл Коце,епик! Чии се палмите?!
Тие трите во боите на семафорот, ретко кој ги памети. Каде исчезнаа? Ако Пенов не си ги собрал за себе, украс за некое дворче, еве на, љубоморно си ги чува.
Хасхаххахахахаххахахха лелее... ми текнува на палмите, ама не му се у комшивскиов двор, може у некој друг, или подобро внатре може ги чува А Лилит малку невкусно ми беше дека ми се греота циганчињата, ама целокупната замисла на сликата е превртување
Ама признајте дека штом ќе ги видите ве асоцираат на море Па и пејсажите, позадината, таман. Цццц уште ова фалеше...
И мене ми се допаѓа, всушност мислам дека фонтаната е единственото нешто што е убаво и правилно во овој проект, исто и обновувањето на фасадите на зградите околу плоштадот. Му се радувам и на театарот, затоа што таков си бил и порано нели, е сеа уште Официрски фали. Друго ништо немораа да прават.
Ме интересира само дали ќе можам од Кисела Вода од зграда да го видам, да поуживам во глетката де Онака богами врат ќе треба да искриви човек за да го опули
Леле, леле, ле ле Фонтаната не ме бендисува баш... Ама палмите како ме погодија леле леле испод палме на обали мора... (смајли што се крсти)х10 Све све ама архитектурата на триумфалната капија и зградата на ЕВН се најпогодени една со друга кој што сака нема каже
Можеби да беше само фонтаната во целиов овој фамозен проект ќе беше многу подобро отколку што го закитија со палми, лавови и.т.н Не е лоша фонтанава, рака на срце, но да беше само таа, и околу неа да имаше наместено неколку клупи. Како што направија кај нас во Велес во паркот. Една фонтана голема, со патеки и мостови и клупи неколку, тревници и некои фини дрвца. Еве кој нема видено...
Се надевам дека нема да ви смета и моето мислење тука. Гледано од моја страна, без политика и сл. работи, не сум компетентна да коментирам од таа страна. Воопшто не ми смета тоа што се обидуваат да го разубават градот, со што и да е, но не е начин да се среди само фасадата, а внатрешно куќата да биде растурена. Нема потреба од коњи, капии, палми и не знам уште што кога немаме асална болница. Треба да се вложат средства во многу поинакви работи кои се основни за живот, а ние се обидуваме да покриеме 2-3 дупки на плоштадот и да направиме пет споменика со кои плоштадот изгледа како шаховска табла. Плажа покрај вардар, палми, човечиња по улиците, а крововите од училиштата течат. Не оди. И ме нервира и тоа што се што се прави, се прави во Скопје и негова близина. Каде се другите градови? Сфаќам дека е главен град, но што не бива, не бива.
за коментарот. Ужасно ме иритираат сите безпотребни украси во градот, а сите трудници желно чекаме да ја отворат новата ГАК. Стварно за срамота, за се има пари, само за тоа што е најпотребно не. Срам да ти е Грујо!
Сигурно ги има купено од гуливер Инаку не го оправдувам проектот Скопје 2014 год, парите можеа да се искористат за многу попаметни работи(кога веќе решија да ги трошат во ваква економска криза), една фабрика да рестартираше добро ќе беше (пример нашата фабрика за автобуси, за да можеа они да произведат нови а не да ги увеземе од Укранина), или да се отвореа болници за да има кај да се вработат луѓево, или да се реконструраат градиниките, училиштата. Беда жива сме ! Битно аце наш голем маж стигна
Ќе треба да застанеш пред ГТЦ за да се сликаш со фонтаната и цела да се фати и да се гледа цел Ацета Е сега ако има црква на патот и остали препреки како уште 283470 споменици тогаш ќе му фали глава на Ацета на сликата
Точно. Не за раст на рејтингот, колку за добро на народот. Оп-се движиш кон избирачко место, претходно се замиваш на фонтаната да се просветлиш како со крстена вода, па среќен и весел што си видел блажена полјана, одиш да составиш една убава и благословена кружница. Бог нека е со вас, чеда божји.