1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скржави луѓе

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 11 април 2012.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Еден дедо, кој често го среќавам на автобуска, си продава паломчиња, ми кажа откако му дадов повеќе пари/ рака што дава не пресушува. А истото на сестра ми еден чичко и го кажа кога му го даде геврекот на него. Се сложувам со тоа. Искрено никогаш во животов сум немала многу, сум била и сиромашна, па преминавме на средна класа. Ама секогаш секогаш подававме, и подавам. Не мораш да имаш пари за да дадеш, има многу начини ако сакаш некому да му помогнеш. Пример организирање на собир со означена цел, и се што ќе се собере се дава на оној кој навистина му треба. Секој што го прави тоа, можам да зборам за себе го правам зошто се чувствувам побогато, мирно, ме исполнува од дното на душата затоа ја учам ќерка ми уште сега дека не треба да биде себична. Точно е дека побогатите се малку по себични од оние што немаат, зошто претежно имале се во својот живот и не осетиле борба, се движат во кругови каде не ја забележуваат потребата дека некому треба да помогнат. Едноставно никогаш не им е доволно. Како и да е, индивидуално е, и самосвет..
     
    На WarriorAngel, crazylady, Aleks96 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    се согласувам со коментаров
    иако има луѓе полни со пари а себични тоа не чини
     
  3. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    имав една пријателка што кога одевме на школо таа од сите во класот бараше пари и после како да ги заборава ај да заборавиш еднаш двапати ама секогаш да забораваш е тие таквите во паричниците секогаш имаа полно пари еднаш ми се имаше десено имав 50 денари и си купив нешто и ми останаа уште 20-30 денара и една школска ми побара 10-20 денара и и дадов и после не ги врати заборавила како да не се прават мутави и тоа ме нервира ногу а а ко му речиш ќе ти речат леле за 20 денара се правиш и ќе ти ги дадат едвај и после ќе те зборат е тоа мене најногу ме нервира што они се прават демек заборавиле како да не. :@ :^)
     
  4. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    и заборавив да ви го кажам и ова со една школска и пријателка бевме излезени и со такси отидовме во друг град блиску до нашиот и таксито не чинеше 200 денари и таа ми вика ај ти плати го ние ќе ти дадиме пари после немам ситно а јас имав само 200 денара е тоа најногу ме изнервира наместо да дадам 70 како што требаше јас 200 а таа е многу богата има пари многу значи врие од пари и мене тие пари ми беа испланирани значи јас немам одвише да се расфрлам имам колку толку ама сите пари да ги дадам за едно такси па не вреде и после кога отидовме во диско таа ми вика ај наместо пари да ти порачам пијачка од тогаш со неа немам излезено не ми требаат такви алчни. глупости пијачка ќе ми нарачала па толку да не размисле да рече може ќе и требаат пари за нешто др а не она мене пијачка маани се од тука си викам кај фана ја работа со тебе ц ц ц тоа е што да се прави
     
  5. Alone-Girl

    Alone-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    27
    Има некои луѓе што навистина скржават, но тоа може да е одраз на тоа што немаат.. ако некој ги стиска парите, тој најубаво си ја знае причината, неможе да се расфрла една недела со пари, а другата недела да нема ни за леб што се вика.. оваа ситуација ја оправдувам.
    Но некој што има пари и има приходи по 1000е месечно и повеќе и на крајот да скржави, неможам во никојслучај да го оправдам.. секој учи, бара работа за да може да спечали и да ужива во животот. И тие што имаат пари ке има заврши животот како на оние што се сиромашни или пак на оние од средната класа.. така да гледај да уживаш во животот, не во парите.
     
  6. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас и тие луѓе ги сваќам. Има некои што едноставно душата не им дава да дадат пари. Штедат нон стоп и собираат. Некои едноставно се обожаватели на пари и нема причина зошто да ги мразам.
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Е тоа веќе надминува скржавост и повеќе наликува на обид за правење будала на другиот. Сум сретнала неколку вакви луѓе. И не верувам дека забораваат, може еднаш да се случи ама ако се случи втор пат, ова е веќе правење неудрен. Јас кога должам некому (на сите ни се случува во даден момент да треба да земеме пари од друг) постојано ми е на мисла дур не ги вратам.

    Инаку, знам случај кога еден позајмува од другар му 500 евра, и тоа пари заработени на лозјето во Италија, и година дена му ги нема вратено. Иронијата е во тоа што човекот ги има парите а не сака да ги врати под изговор дека нема. Син е на сопственик на фирма - единствена во Источна Македонија, летово си го ладеше на Црно Море, вози скапа кола, со еден збор човекот е толку богат што не знам како дошло до тоа да позајми пари од другар му. И еве не сака да му ги врати, за греота на детето што со пот ги заработило тие пари.
     
  8. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Ги има доста. Јас не сум една од нив. Немам ништо против скржавите луѓе. Ми се има десено да побарам нешто од една личност ама не ми даде. Истата личност побара од мене и дадов. :)
     
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Мразам скржави луѓе кои се премногу богати и што би се рекло лежат на пари, а иако имаат толку многу се скржави што гледаат до денар каде им оди парата и гледаат све што е можно поевтино да купат или некои викаат немаат божем пари за леб а дома од све најскапо за јадење и пиење имаат и најскапо се облекуваат, а со парите од некои кои се глупави и ќе им дадат мислејќи дека сварно немаат, тие со тие пари или си реновираат или уште по луксузно живеат. :@ :devil: :punch: :headbang: :worried:ilent: :envy:
     
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Мразам скржави луѓе.

    Посебно оние што ем имаат пари, ем се стискаат и го бројат секој проклет денар. Сфаќам штедење и слично, ама еве имав една другарка на одмор што толку многу се стискаше дали ќе и стигнат парите и го броеше секое денарче, мрчеше кога ќе требаше да даде пари за нешто групно да се купи, за на крај да изгуби цела илјадарка и да плаче. И верувам дека и се врати за сите стискања и сите нервози што ни ги нанесе на другите.

    Ете такви луѓе мразам, што ем имаат, ем не даваат. И не е само за пари, туку и за други работи. И јас знам да си ги бројам парите, да штедам, ама не до толку.
     
  11. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    да и јас познавам пријателка која на школо ако сака нешто да си купи нема да купи за да не потроши некој динар лелее и за матурската вечер не се сликаше сама за да не даде плус 50 денара а има ај да е некој што нема океј ама оваа има
     
  12. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Секоја форма на скржавост ќе ја сфатам, само една не можам. За сопствената душа бе да си скржав! :^) Многу ниско мислење имам за овие личности.
     
    На De-lovely, Trendafilka, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Некои луѓе и јас не можам да ги сватат и се чудам кога се толку скржави што ли си копуваат за јадење или пак седат гладни хахаххахха!!! :lol:
     
    На love93 и slada им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Епа тоа не е скржавост. И јас сум таква, јас водам сметка колку трошат бидејќи ако останам без работа треба да бидам на товар на моите кои немаат да ми дадат, немаат ни за себе и никогаш немале многу пари. Знам да частам , не ми пречи ако на тој до мене му платам пијачка, две, тоа нема да ме осиромаши. Ама луѓето не ценат да ви кажам, имам една другарка и завидува бидејќи заработувам , си тргам пари на страна и сегде кога сме заедно во друштво сака да ме претстави дека многу штедам, демек скржава сум. А колку пати сум ја частела, кога одма кај некој дома не одам со празни раце. Е сега гардероба имам доволно и купувам колку што ми треба, а не да имам купови па да им помине модата дур да се решам да ги облечам. Ама дали си штедите , дали имате или немате тоа е ваша работа не мора да кажувате. Една другарка очајна да се омажи на сите дечковци им викаше - јас имам пари во банка, ќе купам стан, или плац, и што со тоа , ќе ја искористи некој за пари.
     
  15. Ana122

    Ana122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    Јас не сум скржава но и не трошам многу. Ги разбирам луѓето но само ова не го сфаќам. Еднаш на мојата другарка и позајмив 100 ден. и тоа во училиште бидејки требаше да платиме на наставникот по англиски за тестовите што ги правиме. Потоа поминаа една недела, две но таа не ми ги врати парите. Не сакав да бидам досадна но таа не ми ги врати. Ајде ја заборавив случката. Но најмонгу се изнервирав онојпат кога таа ми позајми 20 ден. дојде дента дури до кај мене дома за да и ги вратам парите. И тоа за 20 ден. Не е сиромашна но многу е скржава
     
  16. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    И јас имам таква другарка. Абе ќе пукне за јадење ама еден денар не дава,а мераклика си е за јадење,друг да купи ќе јаде,а таа нема шанси да се троши...а не да нема,плива во пари. И ако се договараме да се собереме кај некоја другарка дома и да купиме нешто за јадење или пиење ќе се сложи,ќе дојде,ама пари не дава после на таа што платила,а неа ако и должиш абе ќе те пукне дури не и ги вратиш парите,па макар и 20 денари да се. Не можам да ја разберам. Многу ме нервира таквото однесување :@
    И јас штедам,ама ова нејзиново не е нормално.
     
    На Ana122 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emi93

    Emi93 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    16
    Алергична сум на ваквите луѓе... |(
     
  18. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Дечко ми е многу богат и плус МНОГУ СКРЖАВ :D Ама ептен. Има 5 коли од најскапите, фирми, една зграда.
    Далеку од тоа дека сум со него затоа што има пари, значи моите се посиромашни, али кога да сме излегле секој своето си го плаќал а и немам намера кафе од 60 денари некој низ нос да ми го вади утре ден ако се скараме.
    И на пример некат ќе излеземе и јас стварно немам ни 2 денари во џеб ;( затоа што немам работа и моите имаат долгови, и ме тера ај на кафе па на кафе. После вика скржава сум била :devil: . Не може он да се шета ко нормален човек во парк, мора да седне да гнете и да пие |( . Го сакам ама стварно е за никаде.
    Глеаме еднашка у град у Најк еден дуксер кој беше 5 000 денари и викам леле ама е скап, па ми вика е добро де имам ќе си трошам, ако некој нема па баш ме заболе |( .
    А да и врвот беше кога поминувавме покрај еден контејнер и еден човек храна и бараше и овој вика Ете го си вечера ;( . И му викам како така зборуваш греота е, и ми вика епа нека земе нека работи јас имам пошо работам. Божем да работа најдеш денеска ептен е лесно...Само едно не знам кај ќе им оди душата на ваквите луѓе :x :x
     
  19. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Исто и јас имам другарка која што е богата, ама прилично богата. Е ама со толку пари додека одевме на училиште ништо не си купуваше и не јадеше(а голема мераклика е на храна), исто со позајмувањето на пари, ако и позајмиш можеби никогаш нема да ти ги врати, а ако ти позајми па макар и два денари после ќе те отечи за да и ги вратиш, а и многу пати има усрамувано девојчиња пред цело друштво за само 100 денари. Тоа никако неможам да го разберам јас :fubar: :fubar: .
    Инаку јас не сум скржава, ама умеам да штедам пари.
     
  20. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    eхееј јас си имам таква другарка,се случувало да немам батерија на тел и да чекаме такси по 1саат а она тел полн со кредит не сака да потроши 5ден за да викне такси,ако треба до 5 сабајле ке чека ама не се јавува на такси,си чека.многу пати се случувало кога некоја другарка бара нешто да и се даде,она нема шанси,се повлекува,јас сум таа што секогаш помага и на крај повеке трчаат по неа.еднаш на одмор си купивме нешто заедничко и она требаше да даде околу 6ден може помалку се спагаше оти јас немав ситно,и морав да раситнам голема пара оти она повеке не дава,а најинтересно е тоа што за потребни работи штеди,а за непотребни глупости плака скапо