1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скржави луѓе

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 11 април 2012.

  1. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Извини вака али не знам што бараш со таков човек.Каква иднина гледаш со него?
    Велиш е толку богат и едно кафе не те части?
    Јас 5 минути не би седела со ваков човек. :x
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Секој може да си биде скржав, до граница да не ме засегне мене. Ако скржавоста на дотичната личност паѓа на мој грб, тогаш ми се спојуваат 2 жички у главата и ми експлодира мозокот од причина што имам многу искуства со ваков тип на нелуѓе.
    Личност бр1. Има пари. Девојката никогаш цигари не си купува зашто наводно не пушела за да купува. Ама ако некој запали во друштво, твојата кутија отиде со неа по пола. Еднаш да е така, ќе си речеш нема везе ајде. Втор пат ќе си речеш, еј абе оваа втор пат купија по пола со мене си пуши. Трет пат ти се спојуваат жичките, како на мене. И од како ќе и изнакажеш дека ти е преку глава и да си купи цигари, ќе проба да те направи будала дека само по 1-2 цигари ти зимала. Аха, да!
    Личност бр2. Исто така има пари. Често се собираме 3 другарки кај некој дома зашто учиме заедно пред испит. И нормално, ако седиме 7-8 саати, вадиме и јадење, нема да гладуваме мајку му. Ама типкава има развиено една тактика- излегува од соба демек до wc, јаде набрзинка и се враќа умирисана на ајвари, јајца, манџи... Срамота. А кога јаде кај некоја од нас, јаде колку сите нас :^)
    Личност бр3. Има премногу пари и никогаш не плаќа ништо со изговор дека носи 5000ка и да не ја ситни. Ако соберам се на се, сигурно ми должи 600-700 денари. Ќе чекам да се соберат 5000 и ќе и ја земам, знаете, колку да не ја ситни... :fubar:
     
    На Hipster, sweet-star и london-girl им се допаѓа ова.
  3. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Jас воопшто не сум скржава,така ме научиле моите од дома и таква ќе си бидам секаде и со сите.Било што да е,на некој и да му треба и да побара јас ќе му дадам.Секогаш се случува во школо некои од моето одделение што не носат храна да им ја дадам мојата храната или некои што немат пари да им дадам или позајмам.Јас ѓи мразам скржавите луѓе.Некои толку многу скржави што и самите не се свесни,а според мене воопшто не вреди да си скржав бидејќи таа е многу лоша особина.Ставете се на место кога некој ќе ви побара нешто а вие нема да му возвратите,па едн ден и на вас кога ќе ви затреба нешто и кога ќе побарате па тие на вас нема да ви возврати.Во животот со секого треба да делиш се што имаш.Не вреди воопшто да си скржав...
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.219
    не сум скржава, ама сум рационална гледам да не трошам премногу. Не ми е проблем да частам во друштво, а има женски што нон стоп се натрапуваат некој да ги части.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.219
    Наши роднини од странство ќе дојдат летоска и кога одат да се видат со роднини ни кафе 100 гр не носат, а доаѓаат еднаш во 5 год. Епа тоа е скржавост.
     
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    А што берите вие туѓи гајлиња? Кој сака може да си ги троши парите на што сака и колку сака. Ако не сака, воопшто и нека не ги троши, не е ваљда мој проблем тоа.
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Сега ми е јасно зошто една тетка веќе не ме кани на гости кога си идам за МК! :wasntme:
     
  8. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Не сум воопшто скржава,но гледам да не се расврлам многу.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Еднаш прочитав во весник дека скржавите луѓе биле посреќни. :o
    Инаку,не велам дека е добро да си скржав,таквите луѓе ме нервираат.Па добро,ништо нема да ти стане 10 денари на некого позајмиш(пример за во школо),ама и во секојдневен живот гледај да помогнеш,нема ништо лошо во тоа.
    Од друга страна пак,не е добро ни премногу да се расфрлаш наоколу,гледај нешто и за себе да оставиш.Всушност не треба да бидеш толку наивен,па со луѓе што не заслужуваат да бидеш дарежлив.Сакам да кажам не со сите.Еве пример,си му позајмил пари на некого,но тебе ти се потребни и тој некој треба да ти ги врати,сега да е културен треба да го стори тоа :geek:
     
  10. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555

    Ни јас исто :x
     
  11. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Јас сум си скржава,ама не до толку за да не давам на пример ако некој нема 10 ден. или нешто ситници..Јас сум друг тип на скржава...Јас давам ама некако не со задоволство.Знам дека е лоша особина,но ете.Се сеќавам еднаш имаше купено чипс и сега јас не сум била дома и брат ми го изел цел за мене оставил само трошкичиња.Абе се испокаравме..И после ми беше криво. :/
    Јарец сум во хороскоп.Неможам да преќутам.И кога знам дека не сум во право за нешто продолжувам да се расправам.Знам дека не треба ама ете.. :D
     
  12. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Незнам што да коментирам за ваквите луѓе.
    Мене кога ми било потребно 20-30 ден.не сакале да ми дадат демек немаат,а кога мене ке ми побараат не можам да ги одбијам,секогаш давам и да имам,а и да ми се последните пари.Гоолема мана ми е ова,бидејки постојат и такви што ни пола денар не заслужуваат. :)
     
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Имам две цимерки регистрирани овдека, ако го прочитаат муабетот ќе им текне од кај се познаваме ама ај :rofl:

    Годинава една цимерка шо живее со нас-абе скржла невидена! Некни имаше купено сок и некакво благце, ги видов значи, ги видов, сите ги почастила, и демек за мене оставиле кога ќе се вратам.
    Отидов да јадам, кога се вратив у собата сокот го немаше. Ниту благото. Абе ме скопка и крај, цел шкаф и го испревртев и алапачата си ги собрала. :rock: Не ми беше за една чаша сок или едно бонбонче, ама сега, поделила на сите, и бргу-побргу да не и земе некој. Не дека нема пари.
    Истата вечер дробевме салата. За салатката седна да си мезне. Ко и побаравме леб немаше, а цела векна и стоеше у шкафот затворена. Исто и влажни марамчиња.
    Не и е првпат, а нема да и е ни последен. Не дека до нешто нејзино ми е дојдено, сама ќе си купам.
    Кога имам давам, кога немам кажувам, немам, последно ми е, ми треба, и готово.
    Ама смешна ми е, за земање е прва, а ко треба да даде ништо нема, ништо!

    Чунки една жица за пружање алишта шо ја даде таму на почетокот ко почнавме заедно да живееме.. :rofl: :rofl:
     
  14. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ако станува збор за пари не сум скржава знам да позајмам знам да дадам без да кажам да ми се вратат едноставно сум ги дала од срце но кога позајмувам пари на некого гледам тоа да биде некој поодговорен што знам дека ќе ми ги врати а не да го бркам да ми ги даде доколку станува збор за поголема сум на пари. Да потенцирам дека за благо сум скржава :D случајност е кога нема да ми се јаде па да го дадам на некому или да не ми се свиѓа па на друг да го дадам да го изеде.Ако станува збор за триста други тракатанци не сум скржава давам на тие што им се потребни.
    Инаку кога сум имала 4-5г ми останало последното бомбонче од оние Бони Топ ли беа :D и сум го скршила да има и за мене и за другарка ми. :P а можете да замислите што сме изеле од едно бонбонче и тоа Бони Топ :D
     
  15. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81
    Се сметам за скржава личност, но не претерано, ама што да правам бе луѓе нече срце да попушти :lol: а во последно време почнав да пуштам срце често :$ бидејќи немам ниту брат ниту сестра никогаш во животот не сум делела ништо, се било за мене, меѓутоа кога на училиште некој нема пари секогаш позајмувам бидејќи и мене може да ми се случи да бидам во таква ситуација, а за жал ги има и такви што се аздисани и без усул и секој ден ќе ти бара по 20-30 денари што ќе ги потроши за глупости и никогаш ќе нема да ти ги врати :^) . Имам една другарка која е јарец во хороскоп и е премногу скржава, во состојба е да го помине цело Скопје на пример за некоја блуза ако е 50 денари поевтина :| , и да, еднаш мене ме нарече циган затоа што несакав (не дека немав пари) да одиме на кафе. За моја душа не сум скржава ама сум економична :$ Ако ми се јаде благо нема да се залетам да купам милка туку ќе си земам нешто така по ниско буџетно. :)
     
  16. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Прв пат наидов на темата неможам да останам рамнодушна ,а да не напишам збор два.Во животот од некој нешта што мразам е и скржавоста кај луѓето.Сум била опкружувана со такви луѓе и на моменти ми смета не сум и изустила гласно,но во одредена ситуација ме повредувало,јас душата ке си ја дадам ,последните пари и фрижидерот(храната) цел ке го изнесам од дома за други,а со иста мера не ми се возвратило.Карактерна особина е скржавоста кј луѓето си го ценат денарот,си имат принципи на живеење,себичноста работи кај нив во нивните души.Не памтам во животот за некој да сум била скржава ниту ни за себе,се давам за другите душевно,а и материјално,да и за себе можам последниот денар да си го потрошам за мое лично задоволство да не жалам иако сум свесна за утрешниот ден ке немам ни за ѓеврек на работа.
    Се наежувам од скржави луѓе.
     
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Уфф, колку мразам вакви луѓее. |( :envy:
    Јас во класот имам едно девојче шо татко му го даваат на телевизија и сигурно зима 70 илјади плата, а мајка и околу 30. Лелее детево. :geek: Нашколо не носи ни 2 денари... Од цело оделение бара по 1 денар за да собере 3-4 денари. |(
    Една ден одиме со девојчево во продавница за да си купиме нешто и она зошто имаше само 3 денари си купи од тоа јајцата мали чоколадни шо се од 3 денари! Кога сме прва смена нашколо кифла не носи и по цел ден гладува, а истото е и за втората смена. Пред неколку дена кога грееше најжешкото сонце она нашколо дојде со ..................... РОЛКА на долги ракави и одозгора како со плетен елек. :geek: :fubar: :fubar:
    Не само родителиве шо се скржави па и детево дури. Лелееее боже помагај од вакви луѓе. :@
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    По ,,ова,, ти заклучи дека детето е скржаво ?!?! Ако на школо не носи пари не значи дека е скржава туку можеби не и даваат од дома, ако не носи кифла можеби прво јаде дома па потоа оди на школо, а тоа што облекла ролка со долги ракави е дикутабилно (можеби така и кажала мајка и, а можеби и сама се облекувала и згрешила при избор-неочекувала дека толку ќе е топло...).

    Скржавоста е карактерна особина.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Фала му на Господ шо не сум ја добила оваа особина, моите уште од мала ме учеле да делам со другите се што имам. И никогаш не сум се фатила себе во ситуација на скржавост. Ама :!: некогаш е многу тенка линијата меѓу штедливоста и скржавоста. А јас незнам ни да штедам. Незнам ни тоа колку е добро, ама секогаш кога имам ги трошам парите, дали само за мене, дали заедно со други, не гледам дали јас сум дала повеќе или некој помалку, или дали кога некој ќе ми побара пари, ми паднало тешко да му дадам. Ако имам ќе му дадам. И не само пари, било што. (освен облека, тоа не давам) Со дечко ми никогаш не сум имала расправија од типот јас вчера платив ти денес. Гледаме се да биде еднакво. Ама никогаш не сум се замерила или ми паднало тешко ако јас на пример сум платила три пати а он немал ете тогаш немал пари па неможел да плате. И јас искрено се трудам да ги сфатам скржавите луѓе, некогаш и со многу напор, а некогаш само слатко си се смеам. Некња се најдов во ситуација јас да се чувствувам незгодно поради скржава личност. Дотичната, зборуваше дека многу пари трошеле на излегување (а излегуваат или петок или сабота само за да не трошат двата дена), па на дечко ми како се справувал со мене, многу сум пиела бе :D И јас прво останав ваква :o. Му кажувавме шо правевме секој ден сега за први мај кога бевме во грција, и он таков изненаден, ние многу пари сме трошеле. :D Да се разбереме, јас не пијам за да се испијанчам. Јас пијам колку шо ми е доста. А ете шо да правам коа мене малку не ми е доста, ама тоа не значи дека јас сум пијана секој викенд или секогаш пијам колку шо можам и неможам. Ама некој тоа така го сфака. И на крајот изјави, жива загуба е да имаш ваква женска, многу пари ке ти троше. :D Леле луѓе, после ми беше незгодно да си порачам пијачка. Е од такви скржави луѓе, они ќе направат да ти биде незгодно. Па не плаќа он, јас плаќам или дечко ми, како и да е, ама они ти ја гледаат бе сметката, ти ралунаат колку пари на ден трошиш. Ама сеа слатко си се смеам на тој "поучен " разговор. Парите се за трошење, ако не ги потрошиш на убави нешта и со сакани луѓе, не ги чувај, зошо може после да бидиш приморан да ги потрошиш на нешта шо не ги сакаш :)
     
  20. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Па не се сметам себе си за скржава личност, но има некој нешто кој не сакам да ги поделам. Познавам луѓе кој се во странство лугето пливат значи во пари и секое лето кога си доагаат се во исти руби облечени, јадат ефтина храна,не сакаат да им одат гости бидејќи ќе се потрошат и мислам дека луѓето се опседнати со своите пари.