1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скржави луѓе

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 11 април 2012.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    не сум скржава..но нешто што не сакам да дадам не давам или ќе дадам ама малку или само 1 да се проба или да ми се врати зависи што е ;)
     
  2. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .. :geek: ...скржави луѓе да...ама со граница.. :geek: .
    . ]:) скржав да е некој значи или нема стварно или намерно неќи да даде пружи нешто што го има....и сваќам скржави луѓе да,према другите..ама да си скржав за себе си е тоа не ми влегува во глава...имав една комшивка беше правничка,со убава плата и беше сингл..абе и беше жал да си вложи ,да потроши некој денар на себе си...да си среди коса,лице,облека да си купи,а ги трупаше парите во банка и земаше камата, имаше 42 год а изгледаше 15 год постара,не се фарбаше/ааааа па требаше да даде пари за фарба,беше старомодна,алишта по 10-15 год ги носеше,не и се трошеа пари за облека,на одмор не ни помислуваше,страшно...и остана сама,за жал.. :?: ...
     
  3. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    god, ги мразам :@
     
  4. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Оф, камо само ова да беше.. Еве една случка.
    Една ден кога одев нашколо си купив грицки и сок ме коштаа 41 денар, а имав 50, значи имав уште 9. И на 3ти час дојдоа 2 девојчиња и рекоа дека собираат пари за некое болно девојче. Сите почнаа да ставаат пари во касичката и тоа по 50, 100, 150 денари а јас имав само 9 денари. И девојчево баш паметам дека и она како мене си купи само не си купи сок и она имаше повеќе пари од мене. Јас и побарав уште 10тина денари за да не бидам ептен со 9 денари да ставам, срамота е. И она како се запна немам та немам а у главно вади 30 денари за да стави во касата. Оуу боже, јас само и реков „Добро знам дека имаш ама не ми требаат подобро сега еднаш да се усрамам него 100 пати фалејќи се ти дека си ми дала 10тина денари а ја сум ти ги вратила наредната ден“.
    Иии сега ич не е скржава нели?? :^) :wasntme:
     
  5. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Значи не ги разбирам овие луѓе.ОК е да штедеш ама да си скратуваш од се.Некоја средина треба во секој случај.
     
  6. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Значи не ги разбирам овие луѓе.ОК е да штедеш ама да си скратуваш од се.Некоја средина треба во секој случај.
     
  7. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Не сум скржава и последниот денар би го дала ако треба. Познавам многу луѓе што премногу се скржави. Имам едни роднини што во банка ни самите незнаат колку пари имаат, ама битно дека нивните деца не знаат што е да се отиде на одмор со друштво, одат облечени како едвај да имаат пари за леб да си купат, на кафе во град ретко ќе седнат, се само затоа што татко им е толку скржав. И што ќе им се тие пари во банка кога тој во најубавите години им скратил од се. Не го разбирам навистина.
    Според мене парите се за трошење на за чување. Добро да, треба секогаш да се има некој денар на страна, но да имам неброени пари во банка а јас да мизерувам, епа нема шанси.
     
  8. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Не сум скржава.Знам како е да ти треба нешто а да се срамиш да го побараш, кога сите имаат а ти немаш.И последната пара да е би му ја дала на некого кого му е потребна.Познавам многу луѓе кои се скржави а имаат.Лоша особина е тоа.Треба да помогнеш некому бидејки ќе дојде време некогаш кога и тебе ќе ти биде потребна помош.
     
  9. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
    Чудни ми се овие луѓе,но се обидувам да ги разберам
     
  10. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Морам да споделам нешто со вас.
    Излегуваме со дечко ми со еден негов другар и девојка му и навистина мислам дека такви луѓе не постојат - скржави бе за 5 денари еј не ми се верува. еве сеа се смеам додека пишувам. незнам колку место ќе ми треба за да ги напишам дешавките затоа еве само една од нив.
    Прво не нервираше нивното однесување многу и не им се јавувавме затоа што само сакаа нешто да искористат. Сега купи дечко ми кола и шетаме ваму таму по други градови и сл. И сеа они не бараат да одат со нас. нема везе а имаат кола ама не ја возат. тој не лаже дека нешто проблем со гумите а уствари не сака да стави бензин замислете каков шупак. хах
    И сеа одиме во еден град да пиеме кафе и да се прошетаме ние плаќаменафта, патарини а они ни да спомнат се прават паметни и упте викаат леле па исто ко кај нас да пиеме кафе ефтино поминавме и јас ко што ме створил Господ им викам абе убаво си поминавме ама нафта, патарини не е баш исто зависи за кој како. И они пак ништо еј се прават ништо не разбираат. Си викам барем кафето да го пкатеа 100 денари бе ама не тоа е без осет... После земавме нешто за пиење и за јадење да седиме кај таа девојката и она оди си купува путер, мајонез незнам што за дома и на каса тој не вади пари и дечко ми плати и тргнуваме и незнам сеа фати околу 500 ден и тој му дава 150ден и вика немам повеќе. и овој мојов добар добро бе брат не треба ова она. А таа без срам еј си зема за јадење за пиење па смоки незнам сладолед ова она абе катастрофа. и после вечерта уз муабет ни кажува дека претходниот ден фатил спортска.. цццц шупак не ми се веруваше. А иначе ова ќе го заборавев, доаѓаат на роденден кај дечко ми и му викаат абе немаме поклон сеа ќе почекаш малку да земам плата и седнаа јадат, пијат абе што да ви кажам (тоа е таму стаено за јадење и пиење ама малку барем подискретно а не ко да не сте виделе па треба и некој друг да земе) и сигурно до сеа има земено плата ма од поклонот ништо (не дека ми е до поклонот туку се чудам како не им е срам). Уф има уште многу ама срамота е можеби ќе чита девојката па ќе се препознае хаах нема вакви многу сигурно ќеи текне дека з анеа зборувам. А иначе морам да кажам дека он работи зема добра плата и она нешто чепка и она е добра со пари. хаха али тоа е шупаци стиснати...
     
  11. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    260
    Воопшто не сум скржава.Така сум воспитана.Моите се дарежливи, посебно мајка ми.Порано кога студиравме со сестра ми навистина немавме многу.Но сега кога работам, не ги жалам парите ама ич.Си угодувам и на себе и на другите околу мене.Кога некој ми побара пари, ако имам во моментот, не прашувам зошто, како.Знам како е кога нема пари човек и не сакам да го срамам дополнително.Едноставно верувам во карма, се што ќе дадам, универзумот ќе ми врати.
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.990
    Пол:
    Женски
    Страшно ме фрустрираат. :puke:

    Има луѓе кои се скржави за сите останати, ама за своја душа увек дотерани, ухранети и прошетани. Ама има и такви, каде скржавоста е до тој степен да не си дозволат на себе си ни најмало задоволство. (зборам за луѓе кои ни сами не знаат колку точно им тежи сопствениот џеб)

    Со првиве како така можам некако да живеам, ама вториве се само за голи оток!!!

    Далеку од скржава, и горда на тоа!
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.111
    Пол:
    Женски
    Не сум скржава. Секогаш давам пари за она за што требаат. Имав една другарка која што беше многу скржава. Имаше многу пари, ама беше претерано скржава. Секогаш гледаше да помине ефтино.
     
  14. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Да не се лажеме никој не е совршен, секој жив човек има маани, некој помалку, некој повеке, но за секого различно и се перцепираат тие маани. Некому за дружење или соживот му одговара некоја особа што е зајадлива а некој не може да поднесе такво нешто. Затоа мислам и дека е многу тешко општо да се коментира одредена вредност или негативност. Ако како појдовна точка се земе на пример религијата сите знаеме дека во било која има препишано одредени морални вредности. Во Библијата на пример ги имаме 10те Божји заповеди во кои се има изградено одредена морална поставка на вредности и на негативности што треба да се спречат но скржавоста не е мегу нив, многу повеке внимание имаме на лагата, измамата, љубомората, зависта, нечесноста, посакување на туѓото, неправедност, посебно внимание и даваме на љубовта и нејзината мок колку таа е чисто и највосвишено чувство и колку треба да се негува и чува, секако на одземањето на живот но и тука вели Не убивај - не потенцира само за човекот туку дека треба да се почитува секоја единка која постои, другиот дел од нив алудира на почитта најпрво кон најблиските, тука се и секако одморот на седмиот ден, не создавањето идоли, да не се споменува напразно Неговото име и тоа дека тој е единсвен бог што и не е некоја морална вредност.
    Значи скржавоста според мене и треба да биде присутна многу повеке од расипништвото, затоа што скромноста и е врлина сепак... секако има и такви случаи кога е претерано многу нагласена и претерана што секако не е убаво... само треба да се трудиме да бидеме праведни и да можеме да ги разбереме луѓето и светот ке биде многу поубав за сите нас :)
     
  15. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Не сум скржава :!: Не знам што постигнуваат ако се скржави |(
     
  16. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    Воопшто не сум скржава.Така сум воспитана од мала и така се држам.Научена сум кога имам да давам,едноставно кога можам,помагам!Оние што се скржави тоа им е најлошата доблест што можат да ја имат и дефинитивно треба ОДМА да ја исфрлат од практикување. :*
     
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас сум скржава. И не е тоа никаква мана. Тоа е доблест. Што да кажам за оние што се расфрлаат со пари? Што не ја знаат вредноста на парата? И после немаат, па ќе немаат. Точно е тоа дека не живееме засекогаш и дека треба да поуживаме во животецов ама па и да се расфрламе за глупости а после да трпиме и тоа не оди. Незнам јас сум си таква едноставно и мразам кога некој троши пари на глупости, ми оди на неррви и јас нкогаш не би го правела тоа нити ќе го правам ми изгледа бесмислено. Можам да позајмам на некој нешто да дадам али со граница.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Не сум скржава,воопшто...Секогаш делам,кога и да имам...нема врска дали се работи за парче чоколада или пари..така ме воспитала мајка ми :)
     
  19. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.147
    Денеска конечно сфатив дека најголемата маана е да си скржав. Се разочарав во една персона тотално. Некои и да имаат се пак нема да се задоволни!
     
    На bambuca му/ѝ се допаѓа ова.
  20. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Не, секогаш сакам да ги поделам работите со оние што имаат помалку од мене, а и со оние што имаат исто колку мене. Едноставно ме исполнува и ме прави срекна кога ке поделам нешто со некогоо :inlove: :angel:
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.