Мене на прв скрининг прво мереше абдоминално, но поради тоа што бебето беше свртено ме гледаше и вагинално, што значи ако има потреба може и вагинално.
Јас сум само 10+ недела и докторот баш на последниот преглед во 8+ недела ми го мереше. Со вагинално ехо нормално дека уште сме малечки
Здраво, дали можеби можете да ми одговорите - заради одредена проблематика во бременоста беше потребно да одам на почести ехо прегледи - ми доаѓаа на 2 недели за време на цела бременост (два пати дури и на една)... сега сум 30та недела, за цело време ми беше мисла одењето на прегледите но, од друга страна така требаше... Дали знаете дали и колку се штетни за бебето и дали некоја од вас имала такво искуство? Благодарам Пред
Кога е најдобро втор скрининг да се направи? Планирам во 20та недела,дали е во ред? И што се да очекувам од прегледот?
Се препорачува од 19-22. Мене ми рекоа најдобро 21. Бидејќи е можно да е бебо +/- 1 недела од пропишаните недели. Јас така и бев 21+2. Но не е грешка и20 или 22 недела. Со среќа.
на предавање во Систина, истово прашање го постави една трудница, и рекоа дека прегледите не се воопшто штетни за бебето. поштетни се телефоните и другите електрични апарати со кои сме секојдневно опкружени од колку самиот преглед.
Здраво идни мамички јас сум сега 10+2 за прв скининг закажав кај докторот што си одам во систина тогаш ќе бидам 12+5 така ми напиша на извештајот тогаш да одам на преглед и тогаш е првиот скриниг,е сега не ми е јасно дали тој ќе ми го прави скринингот или ќе ме препрати кај друг доктор исто во Систина?
@Andonia драга ваљда ќе ти кажел Ивановски ако друг доктор ќе ти го прави скринингот. Ние имаме во петок закажано, Петановски ми рече нема јас да ти го правам, закажи кај Петрова или Котларова. Макар што тој на прегледот во 10+ ми мереше и носна коска и нухален набор. Рано е уште рече, ама јас сакам да си проверам. Детален е многу на контролите. Ни спомна и за полот, ама дека не беше скроз сигурен дека уште беше рано, не скокам пред време : D Само да се здрави и живи, единствено тоа ми е важно. Инаку јас ја одбрав Петрова, по слушање многу спремна била. Секако ќе споделам искуство здравје.
Ваљда ќе каже да незнам не мие јасно баш ова али ке одам на закажаното па ако треба ќе ме препрати кај друг доктор незнам . Да така е да се живи и здрави сите кај сите Господ убавини да дава ,чекам да ми гокажеш полот кога ќе бидете сигурни
Ако си кај Ивановски он ќе ти го прави.И мене ми ги правеше он скрининзите.Ќе се воодушевиш колку е поинаков на тој преглед,јас уживав на скрининзите и на секој преглед со колкаво внимание го гледаше плодот.Опушти се,во сигурни раце си
Не се сомневам во докторот кај него сум подолго време и од како останав бремена си продолжив кај него иако од инсеминациите не бидна одпосле останав не го напуштам докторот .Кога дозна дека сум бремена од срце беше среќен се познава на лицето дека не е ради реда ,така да не се сомневам воопшто во него,само не мие беше јасно со скрининзите дали тојили друг доктор сепак ти благодарам
Знам,те читав .Горе доле идентична приказна имаме за забременување.Истиот доктор,абе среќна рака има човекот. Јас цела бременост кај него ја водев,кај матичната ради реда само.Жал ми е што нема да ме пораѓа он,ама ми рече абер да му пуштам. Верувај му безусловно
Со лесно нека тие пораѓај ,со Господ напред. Пробав да ти пишам порака но не дозволува имам некои прашања ако сакаш пиши ми .
Здраво мешиња. Го направив вториот скрининг, бебушот е пораснат и веќе убаво му се гледа и целото лице. Не можев да одредам на кој ќе личи, битно носето како на син ми. И најбитно што во ред се развива. Тежина 480гр . Се потврди уште еднаш девојче е. Вагинално ми го виде и цервиксот, со нормална дожина е. Ве