Што кога знаеш дека си слаб ? Јас себеси се сметам за слаб човек , лесно можам да се разочарам и од најмала ситница посебно кога е предизвикана од него ... Незнам , има моменти кога се ми смета и се замарам со непотребни работи Чуствувам како сама да сум крива за сопствената несреќа затоа што сама си ја предизвикувам од нисшто правам слон и се малтретирам психички Што да правам за да станам посилен човек ???
И јас се фаќам себеси слаба на многу нешта од ситници па се до големи нешта. Лесно се разочарувам , ранлива сум, понекогаш лесно тонам во депресии и сама си уништувам нешта. Клучен фактор ми се чини самодовербата и оптимизмот.
Мислам дека ретко се наоѓа човек кој нема слабост или можеби нема таков.Секој од нас некогаш во некое време ќе го пронајде тоа.Но треба да се биде силен и да се има подршка за да се надмине тоа.Можеби звучи чудно и смешно но мене слабост ми претставуваат стари,злоупотребени,изнемоштени лица.Се соживувам со нив и ми навираат солзи,овде ме дотепува и емотивноста.Страв ми е дури да се потсетам на некои моменти,не сакам да поминуваат низ тоа тие луѓе кои најмалку го заслужиле тоа. Мислам дека со се ќе се справам но со ова неможам.Можеби вака мислам затоашто не сум се сретнала со некои поголеми проблеми во мојот живот,а не дај Боже и да ги има
Секој човек за да постигне нешто треба прво да си има доверба во себе да верува дека тој тоа може да го постигне иако ситуацијата е премногу напорна тој сепак не треба да се откажува од тоа! Па да кажам за себе мене човек лесно може да ми го скрши срцето бидејќи премногу сум ранлива и кршлива.И како рекле:
Не треба да се сметаш за слаб човек. НЕ! И самата викаш дека има моменти кога ти смета да се замараш со непотребни работи. Ти смета? Па не се замарај, непотребни се работите Нормолно дека ќе се чувствуваш не среќна, кога од мравка правиш слон. Немој, гледај на СЕ со позитивност, труди се, секој ден се труди се повеќе да не се грижиш, ќе видиш ќе успееш, мораш
се сметам за слаба личност.Не ме повредуваат зборовите на луѓето,колку што ме боли зборот на мајка ми.Кога сум разочарана сум депресивна,особено после кавги со моите.
За жал свесна сум за тоа дека сум слаба личност.Карактерно. Секогаш сум тажна,огорчена,нерасположена.Не од што сакам,туку поради проблемите кои ги имам.А тие се безброј..И не,не сум само јас виновна за мојата несреќа.
Најголемата слабост и светост на човека е семејството. Затоа пазете што, како, кога се мешате во туѓото.
И јас се сметам себеси за слаба личност. Попуштам под секакви притисоци. Криво ми е што немам цврст карактер.
Најголема слабост ми е фамилијата.. Најмногу ме боли некој кога ке ми прокоментира за тоа шо имаме стварно чуден начин на живот, сепак тоа си е наша работа! И да, и јас се сметам за слаб човек, често зборовите ме погодуваат, и ретко кога покажувам дека не ме боли..
Имам многу слабости. Слабости од него и од фамилијата... Можат многу работи да ме повредат ама никој не го гледа тоа, затоа што сето тоа што ме боли го кријам под една НАСМЕВКА-која не е вистинска............
Не се сметам за претерано слаба личност.Ме погаѓа само кога ке ме погодат во слабата точка а тоа ми е фамилијата.Инаку за се друго не ми чуе
Не се сметам за слаба личност воопшто,всушност сум многу силна личност . Но единствена слабост ми е фамилијата..
Претерано сум емотивна и се влијае на мене... Лесно може да ме изнервира некој посебно ако ми значи ваљда тоа ме прави слаба... а слабост како слаба точка мојата фамилија и луѓето што ги сакам( него и пријателите)
не се сметам себеси за слаба личност. Повеќе сум како заштитник на некои поблиски личности, но дури и кога сум разочарана од нив сепак не се чувствувам слабо. Има моменти кога сакам да се закопам, но ни тоа не е слабост. Сепак, што не те убива те прави посилен.
Слабост ми е кога некој зборува за сите оние што ги сакав а што сега не се меѓу нас. Тогаш се трудам да не заплачам, секогаш успевам да не заплачам иако внатре вријам.
Слабост... Имам многу слабости, фамилијата, него, јас како личност, но издржувам се борам, и поради тоа се сметам за силна личност која издржува многу, а исто така однадвор изгледам како премногу кршлива, плашлива, страмежлива, и кога некој ке ме потсети на тоа, ме нервира ама само се насмевнувам, зашто воопшто не сум таква каква што изгледам