1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Славење ден на независност на туѓа држава

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Capricorn96, 18 јануари 2018.

  1. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Ме интересира вашето мислење околу славењето на ден на независност на Албанија, Косово, Турција, Србија небитно која држава, а притоа денот на независност на Македонија воопшто не се почитува. Во државава живеат Македонци, Албанци, Турци итн, но ова е Македонија нели, тука се слави Ден на независноста на Македонија,. Исто како што е глупаво во Албанија да се слави Ден на независност на Македонија така е глупаво и кај нас да се слави Ден на независност на Албанија или Косово. Знам колку луѓе се собираат за Денот на независноста на Косово на пример, каква галама се прави, какви паради со знамиња и музика, според мене не е во ред. Државата сами си ја газиме а другите ги издигнуваме, зошто?
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.811
    Допаѓања:
    48.323
    Пол:
    Женски
    Ги почитувам сите.Ама кај нас се слави нашиот ден на ослободување.Они ако сакаат нека си слават по дома.А паради такви работи уште не сум видела до сега.
     
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Ден на независноста не, ама ете Бугарите ќе славеле Илинден тука :inlove: :D

    Единствено знам дека амбасадите си прославуваат, најпомпезно Американската амбасада го одбележува 4-ти Јули (што е нормално сите да знаат дека Империјата прославува свој празник), а нешто од типот како опишаното во воведот, се уште не сум посведочила, за среќа.
    Ама, затоа знам дека се чествуваат некои паднати „борци“ , кои всушност се бореле против локално население, како оние од ОНА, или пак, како кога српска делегација доаѓаше по повод годишнина од кумановската битка (а нели до Прохор Пчињски македонска делегација не смее да припари). Тоа не оправдувам, да зависи од мене не би било така.
    А, заборавив. Исто, во Македонија се одбележуваат денови на албанската азбука, знаме, кече и што ли уште не... Претерано.
     
    Последна измена: 7 февруари 2018
    На Rama и blonde_supergirl им се допаѓа ова.