Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Славење на верски празници за време на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од orevokrsacka, 15 април 2020.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Реално ако сакаа овие на власт можеа да им наредат на верските лидери да стопираат се ! Можеа и полицискиот час од среда или четврток да го направат. Ама само апелираа, знаете и сами зошто. Ако направеа такво нешто имаме многу проста маса, голем број луѓе ќе се кренеа против власта, ќе беа револтирани и лути, а тоа не им оди во прилог на нашиве политичари баш сега пред избори, и тие си го гледаат столчето и фотелјите. Денес баш пресот кога го гледав, тоа не беше ништо друго туку онлајн митинг. Не кажаа ништо ново, само се фалеа како се справуваат до сега.
     
    На Doozy, Amellie13, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Дали навистина причесната се одвиваше со една лажичка?
    И дали следната причесна исто ќе се одвива?
     
  3. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Да. Буквално со една. :)
    Ете до толку се.
     
    На Scott Weiland и RainBow им се допаѓа ова.
  4. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    аха :nod:
    и тоа, гледав една клипче на фб, баш оној свештеник што даваше изјава пред соборна... како ги рани сите со истата лажичка...
     
    На CameliaMiller, Doozy и RainBow им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Можеш ли да го споделиш?

    Не ми е јасно зашто седиме дома, зашто децата ни патат затворени со недели, зашто е се ова што се случува. Неколку пати реков дека се покажа како народот нема свест, ама ова.,, Има ли зборови за ова да се опише? Требаше да си тече животот нормално, вака само некој пати, некој си прави што сака. Секогаш било така и требаше по тоа да се водиме.
     
    На M.B., CameliaMiller, SuperGirl24 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    јас седам дома зашто не планирам да се вратам на инфективна.
    а тие нека лижат и кутлачи ако сакаат.
     
    На SuperGirl24 и bicycle им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Да, ама поради нив ни се пролонгира седењето дома. По две недели ќе рипне бројот на заболените и ајдеее, пак карантин, ќе дремеме сите по дома зашто некој морал да оди да се причести баш сега.
     
    На SuperGirl24, Doozy, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    точно. и мене тоа ме нервира.
    ама кога ќе ми текне колку време не бев бањата ниту излезена на воздух (знаеш уствари), пак бирам да седам дома. разумот пред револтот.
    а тие што лижеа ... најголем број од нив се над 60.... па нека му ја мислат...
     
    На Doozy и RainBow им се допаѓа ова.
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    ова најдов... клипот не можам..
    ама ако некој го видел, нека сподели...

    NAK_8919-copy-scaled.jpg
    pricest-veligden-koronavirus2-768x540.jpg
     
    На Doozy и RainBow им се допаѓа ова.
  10. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Тоа е. Ќе се сведе на колективен имунитет ваљда. Сега они, потоа муслиманите по џамии... ќе треба до септември да дремеме дома.
    А тој попот што кажуваше дека тоа е во ред го имаше на вести, не знам дали има линк, нека сподели некој ако знае.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.277
    Пол:
    Женски
    А чекај... таму полиција имаше ли? Зошто не ги приведеа и казнија? Нели е прекршување на препораките и мерките, или јас нешто грешно сум разбрала? :?:
     
    На Rama и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Колку ќе биде интересно ако им се каже на овие поповите на крај они самите да земат од лажичката да пробаат. :D
     
    На CameliaMiller, Rama, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    имало... надвор пред црквите
     
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.277
    Пол:
    Женски
    А што, внатре немаат ли ингеренции?
    Кога можат во приватни куќи да влегуваат и приведуваат, зошто не и во цркви?
     
    На candy.cane и sj *O* им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    за да не се групираат беше тоа. не за лажичката:D
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.277
    Пол:
    Женски
    Абе ај!!! Реков јас, меркиве се проформа само |(
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    немаат ингеренција ни во приватни куќи, освен ако нема наредба од јавен обвинител
     
    На CameliaMiller, candy.cane, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Не зезај Ана. Црквата е помоќна од државата. Остај сеа ти тоа...


    :rofl:
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.277
    Пол:
    Женски
    А нели им одеа на дечурланата што се собираа по виливе низ скопскиве села?

    @LiliBoz На почетокот ептен, ама ептен давав поддршка и бев за меркиве. И сега ги почитувам ама... како поминува времето согледувајќи ги сите работи и глупости кои се случуваат и прават, ова се ми личи на лакрдија :doh:
     
    На zuto, CameliaMiller, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  20. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    а случајно да ти текне вината да ја бараш кај поповите и кај будалине што ја лижеа лажичката?
     
    На Scott Weiland, Doozy, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.