Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Славење на верски празници за време на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од orevokrsacka, 15 април 2020.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    во право е.
    државата треба нас да не заштити од таквите амеби :)
     
    На CameliaMiller, Doozy, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Чекај малце, колку што ти сакаш во црква да одиш, јас исто толку сакам да седнам на кафе со другари што не сум ги видела со месеци. Зошто тебе да те пуштат во црква да одиш и да ти веруваат дека ќе почитуваш мерки, а мене ми забрануваат? Што е твојата црква повеќе од мојот кафич? Подеднакво непотребни се. Ако има забрана треба да важи и за цркви и за кафичи.

    Во најдобар случај, велам во најдобар, значи дури и никој плус да не се зарази од одење на црква, пак не е фер кон другите што седат дома и придонесуваат на колективното здравје, што вие го злоупотребувате.

    Тоа е во најдобар случај, а да не збориме за фактот што ризикот дури и при најстроги мерки во црква е многу поголем од тоа што би бил кога и вие ќе седевте дома. Ќе рипнат бројките по две недели баш кога треба да спласнат и оп, ете уште две недели загубени. А не сакам ни секунда повеќе да седам дома поради вашата неразумност.

    Во најлош случај, ако дојде до степен да се бира кој да се стави на респиратор, како да се помирам со фактот дека на неодговорни ко вас можеби ќе им биде дадена шанса пред некој друг? Бог нека ве лечи тогаш, може?
     
    На Rirri, CameliaMiller, SuperGirl24 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И ако биле отворени црквите знаеме дека не сте криви вие. Ама не верувам ни дека некој пиштол ви стави на глава да отидете.
    Никој да не отишол, исто како да не се ни отворени. Ама отидоа.

    Како во ЖДМ едни што ми се нафрлија што ме болело зошто некој се шетал со дозвола по цигари да купи. Кога има пандемија, кога има ограничување во дозволата за движење и нормално спроведување на настава, ќе ми биде гајле. Оти едни ќе се гушиме во четири ѕида, други им се може. И да имаш дозвола, и да се отворени цркви, кога знаеш каква е ситуацијава, малце ако ти сече во тиквата, има да седиш дома.
     
    На candy.cane и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.961
    Пол:
    Женски
    Ја барам јас друже... каде прочита дека ги оправдувам? Само... дали тоа значи дека треба да плукам по нив, а да се правам слепа и глува за непреземањето ништо ама баш ништо од страна на одговорниве? Единствено полициски час кој е тотално непродуктивен. Нели имаме закон за забрана на јавни собири?
    Зошто не апсеа попови кои пропагираат дека причеста е света и дека не можеш да се заразиш? Противзаконски се ваквите изјави! Каде се надлежните? Или, што не ги апсат сите што ќе излезат од црква и лижеле лажиче внатре или бацувале икони и рацете на поповите? Нели и ова е против препораките? Не апсеа! Не ме зезај!
    Прочитав за св.Петка мислам, дворот се дезинфицирал, луѓе чопор чекале надвор, а полицајциве само ги предупредиле поповите дека се создава гужва и си отишле. Вака ли се постапува во време на епидемија?
    Ама не... вас најдобро и најлагодно ви е да ја префрлите вината на неодговорните граѓани иако вие (тука тебе те вклучувам како припадник на полиција, да не сфатиш лично) сте одговорни за спроведување на мерките и за казнување на неспроведувањето. А вие што правите? Се казнуваат граѓани што отишле до аптека? За најразноразни тривијалности, ама ова неказнето ќе помине!!! Пошто нели, ние стока народ сме!!! Аналогно на ова, ако народот е стока, тогаш и одговорните се стока оти потекнуваат од тој стока народ!
     
    На 1209, candy.cane, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Свештениците од истата лажичка се причестуваат. Отсекогаш, па и сега.
     
    На carangigia, Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Аха значи тоа било работата...да се оди заштитен и да се почитуваат мерките.
    Толку едноставно било да се заштитиме, а толку луѓе умреа.
    Чудно.
    Па зошто тогаш учебната година заврши уште во март? Зошто децата не одеа заштитени во школо?
    Зошто милион луѓе изгубија работа низ цел свет?
    Зошто се откажани сите патувања, свадби, прослави?
    Ете кога може во црква и џамија да се оди со маска и да нема проблем, тогаш секаде би требало да е безбедно, така?

    Стави маската и ајде отворајте ги кафаните.

    И не знам колку може да си заштитен додека во уста имаш предмет кој пред тоа го лижеле илјадници други, и да не постоеше коронава е нехигиенски, а не па во пандемија...Али ај...
    Сега очекувајте да се смири малку ситуацијата, па за две недели ќе рипне наеднаш и тогаш ќе видиме дали Господ заштитува или не...после пак ќе се смири малку, па настапуваат на сцена муслиманите.

    Ќе се вртиме во круг.

    Лудо и незаборавно ќе биде во земјава :inlove: олку религиозен народ кај се видел...Ни имало, ни ќе има.
     
    На 1209, CameliaMiller, Ambitious и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Искрено ако почне да опаѓа бројот во мај, а не ги затворат џамиите и пак порасне, веќе ќе ми дојде да се шетам кај сакам и со кого сакам зашто стварно преку таквото ќе ми е.
    ...океј, нема да бидам таква
    Ама нели се казнуваа тие што свесно допринесуваат до ширење на заразата? Нели се казнуваа луѓе што ширеа дезинформации? Да кажеш дека од причест вирус не се принесува што е ако не дезинформација?

    А чим им дозволија да овие да лапаат лажици, кај ќе смеат да им скратат на муслиманите? Ќе речат ако на едниве им се дозволило, зошто не на другите?
     
    Последна измена: 18 април 2020
    На SuperGirl24, Sejfullai и candy.cane им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Прошле покрај религиозност овие.
    Туку се согласувам со @An-na , државата треба да знае каков народ живее на нејзина територија (да не речам што багра одгледала) и да превземе мерки за да го заштити здравјето на граѓаните.

    После се, некако ми се допаѓа Шведскиот модел. Да пуштиме природна селекција на најјако. :rock:

    Што е најтрагично само, секогаш недолжните страдаат.
     
    На candy.cane и sj *O* им се допаѓа ова.
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Ќе ти одговорам, како граѓанин.... зошто не сум тука да застапувам права на организација или на државен орган..
    Јас да се прашувам, би ги затворил и цркви и секој факинг поп или оџа што ќе ја прекрши забраната за организирање на настан кај што не може да се предвиди и контролира реакцијата на група граѓани...
    Зошто, како што државата не може да ми излезе во пресрет мене како човек што денеска има голема потреба да се качи на точак и да го заобиколи пола Скопје, или како оној што сака денеска да ги прошета децата на Водно или Г. Парк, така не треба да се притресува на чуствата на тој што сакал да се прекрсти или причести вчера... мерките се за сите, без оглед што нас ни изгледаат глупави ( барем дел од нив) ама фактот што кај нас нема сценарио како во некоја од европскиве држави кај што не можат да го добројат мртвите, ми кажува дека сме ако не на идеален, барем на делумно добар пат...
    Значи... не оправдувам, сфати го тоа...би го затворил и секој објект и секој таму присутен што ќе постапи спротивно на препораките...
    Зошто, за две недели, нема да одат во црква заразените од лажичето....туку ќе се јават во инфективна и ќе јадат трици дека државата е спора во тестирањата, дека на неправилен начин ги лекува а поповите ќе ќутат....
    Е тогаш, би ги пратил во соборна на тестирање...
     
    На CameliaMiller и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Ми е срам веќе што ве читам. Вакви погрдни зборови ни на најголемиот душман не сум му ги упатила.
    Знаете ли дека секој лош збор и мисла ви се лепи на вас на душа, не на тој што сте ги упатиле? Ова веќе не е реален ваш страв, туку невидена агресија и лошотилук.
    Која е реалната опасност по вас ако еден верник отишол во црква? Едноставно ако ви е шубе, не го пуштајте кај вас дома, носете си маски кога излегувате, и немајте никаков контакт со некој што поминал покрај црква.
    Бидејќи постовите немаат никаква врска со насловот на темата и длабоко ги повредуваат чувствата на многумина, администраторот да си стави клуч на темава.
     
    На Kimberly11, christinnn, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.926
    Господ е во душата, не е во црквите. Ама ај, вие си знаете.
     
    На Rama, Ambitious, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Мене ме мачи прво зошто отишол сред пандемија во црква? Одговори зошто е нужно одење во црква сега?
    Јас нема да го пуштам дома и може нема да се заразам јас.
    Ама истиот тој ќе се шета пак низ луѓе и ќе зарази некој друг. Реков, одете. Ама после тоа, 14 дена да не мрднете од дома.

    Додека све е стопирано луѓе не одат на работа и едвај крпат крај со крај, некој битно му е лажици да лиже. Да имавте совест, дома ќе седевте, макар што се отворени.
     
    На 1209, CameliaMiller, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  13. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ама не е еден верник, илјадници се.
    Дури и да не ме зарази некој од нив, ќе зафаќаат место на клиника за недолжните.
     
    На 1209, sj *O*, JollyGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  14. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Ги слушав комшиите се договараат вечер да иделе во црква, какви верници биле тие ако седат дома.. оффф не е можно какви шупаци живеат.
    Верници биле они, а со братот и сестрата за партии се скарани.
    ебаве глупаци
     
    На sj *O*, candy.cane, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Јас баш со душа чекам да видам колкумина од овие по црквите ќе бидат позитивни и на инфективна vs ширењето на ковидов меѓу контактитете на интелигентните, здраворазумни луѓе кои се над Господ и рајата vs заразените на работните места кои работеа со дозволи и празник и делник vs заразените во клиники vs заразените од член од семејството кој се заразил по гореспомнатите начини.
     
    На sj *O* и candy.cane им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Oревокршачка, не се согласувам со исмевање верници. Факт е дека во најкритичниот период многумина се упатија натаму поради некаква мака. Да се помолат за здравје на некој свој близок кој не е во добра здравствена состојба, да побараат прошка за гревовите на туѓата или својата душа. Може некој неодамна загубил драга личност која исто така била верник, па се обидел да пронајде автосугестивна утеха.. Крај краева причината не е ниту важна.

    Она што е важно е дека не треба да се обвинуваат толку ниту луѓето, колку надлежните
    кои требале да ги известат отците да променат нешто годинава. На пример секој да земе прибор лажички од дома. Исто како што секоја година навечер пред Христовото воскресение секој носи по едно јајце за кршење. Едноставно е, нели?

    Исто така, имај предвид дека затворениот простор било каде е сам по себе контагиозен, но ајде тоа по страна, бидејќи ова со оралното внесување вино е далеку по загрижувачки. Не е лажичката света, и затоа оваа година можел да се прескокне тој ритуал, наместо илјадници верници да страдаат поради гревовите на десетмина во храмот.

    Што се однесува до вечерва, ако сте верници доволно е да излезете на тераса со свеќите во рака за Бог да ги услуша вашите молитви и подари спасение. Толку.
     
    Последна измена: 18 април 2020
    На Rama, Ambitious, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Значи да немаше полициски и да се оставеше на свеста на народот, црквите ќе вриеја од народ.:drunk:
     
    На sj *O* и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Затоа сега викендиците и становите во приградските населби вријат. Се собраа уште во четврток вечерта и заминаа по петнаесет души.
     
    На fana, christinnn, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    чекај сакате да кажете вечер ќе работат црквите?
     
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Многу од верниците забележувам велите дека поради омраза кон религијата се плука по донесенава одлука и верниците кои се причестуваат, ама дајте бе луѓе барем еднаш погледнете ја поголемата слика.
    Барем еднаш.

    Кажете ми за кој Велигден до сега се пишувало дека не треба да се оди во црква?
    Издвоете барем еден таков пост од било кој член и ќе ви кажам, да во право сте дека коментариве се од омраза.
    Кој ви рекол дека сте себични бидејќи одите во црква изминативе Велигдени?
    Не познавам таков, ниту сум прочитала некаде на форумов таков став.

    Се работи за вонредна состојба.
    Нешто што никогаш досега не се случувало ниту во државава, ниту во светов.
    Како тоа велите дека ви е жал за луѓе кои умираат, а знаејќи дека вирусов во најкомплексен случај се пренесува преку флигеови капки а пак вие свесно внесувате една иста лажица во уста со сите други верници?
    Извинете, ама не е за верување дека се грижите за другите, освен за себеси.

    Мал куп прегледи имам одложено поради состојбава, да не се влечкам по болници затоа што не се знае кој е заразен и потенцијален преносител на вирусов.
    Не можам да си го организирам животов, затоа што хаос е на факултет.
    Професорите на овие години се учат како да употребуваат алатки кои досега им биле шпанско село, притоа плашејќи се дека ќе бидат снимани додека предаваат и тие снимки ќе бидат злоупотребени од студентите за зезање.
    Се убивме со моиве убедувајќи луѓе од фамилијава да не одат на викенд прошетки во друг град и за среќа на крај успеавме.
    Од дома не сум излезена месец дена. Се притресувам на секое поткашлување или кивнување на некој дома, кое бтв може да е и алергија, ама стравот бидејќи се повозрасна категорија си го имам во коски.

    И знам дека не сум само јас со истиве мисли.
    Психолошки опаднавме, свенавме.
    Кажете ми за кого или поради што?
    За да ни кажете дека причеста е побитна од сето ова?

    Зошто немаат полициски часови и слични врагови во Шведска, Белгија, Германија?
    Затоа што луѓето самите знаат дека колку што можат треба да го намалат движењето и контактите.
    Знаете што ќе беше кај нас по болници ако немаше никакви мерки?
    Армагедон.

    Ниту сум мразела религија, ниту сум се расправала во темите за истата.
    Ама ова што го правите е надвор од здрав разум.
    Секоја чест на оние верници кои се исклучок.
    Среќен празник на истите.
     
    На 1209, Konfetka, rainbowmama и 18 други им се допаѓа ова.