Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Славење на верски празници за време на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од orevokrsacka, 15 април 2020.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Знаете што е всушност работата? Ајде пак ќе кажам.

    Можеби да, нема стварно никој да се зарази, oкеј. Може ете стварно да се погоди ниеден од верниците таму да не бил позитивен. Ама не се осеќате ни малце гадно што токму вие сте привилегирани без потреба? Ни малце не ви дојде криво што кога се е запрено, кога луѓе немаат за леб,, баш вие сте посебни и на врвот?

    Имаше едвај десет случаи кога во еден ден се донесе одлука да се прекине настава на сите школи и факултети. Значи немаше прво предлози да одиме со маски на факултет или да бидат предавањата со помал број студенти или не знам какви си мерки туку одма прекин. Се сеќавам бевме на вежби кога прочитавме за предлогот и дека ќе има седница за да се одлучи. После три саати негде, стигна одлуката за прекин на настава. Колку брзо. И пак ќе речам, ако мораше така, наше е да се прилагодиме и да бараме алтернативи.
    Мене ми е наставата на факултет, на друг му е тоа што е без работа па едвај живее од заштеда, трет што постојано е во контакт со голем број луѓе и се плаши дека на болен родител дома ќе му донесе вирус Вие што? Што трпите, то ест, ќе трпевте?
    И не глумете жртви пак дека некој кон вас посочи прст како виновници. Да имавте совест, да ви беше гајле, да сакавте да придонесете за ситуацијава, САМИ ќе баравте да се затворат цркви и сами ќе бевте гневни на тие што одлучија црквите да останат отворено, особено што одење во црква не е неопходно во моментов и не трпи никој, економијата на пример.:)
     
    На nevermet18, Fallen.Angel, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.015
    Пол:
    Женски
    Јас да сум професор на факултет по предмет инфективни болести и ако ми дојде студент и на прашање како се шират инфективни болести ми одговори дека на сребро на лажица од причесна не се лепи ќе добие црн печат во индекс и дури сум жива нема да го положи испитот кај мене.
     
    На M.B., Fallen.Angel, sj *O* и 18 други им се допаѓа ова.
  3. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    Само да прашам делумно офф топик ај но поврзано со верски објект Како тоа може крштевка во полициски час на ден Велигден? Или некои луѓе се проќивилигирани а некои ќе си седат и ќе слушаат мерки ? #чистоонакамеинтересира #сенадевамнемапогрешнодабидамразбрана
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Тие со врски се посебни. Нив ни полиција ги фаќа, ни корона. Ние обичните смртници ќе се плашеме да идеме подалеку и од портата ако ни избега топката подалеку од 200м при шутирање.
     
    На Fallen.Angel, sj *O*, Ambitious и 4 други им се допаѓа ова.
  5. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    Баш.... дури си мислиш седиме дома а другиве си играат играчки ;) до капија да излезам одма ќе помине полиција а целден никаде ги нема
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    4.003
    Пол:
    Женски
    Пропишаните мерки се добри.
    Мислам дека се кикснува со спроведувањето.
    Каде е полицијата ? Денеска сите дворови беа полни со друштва по 10тина, коли фрчат насекаде, ако отворите било која социјална мрежа ќе забележите дека народот се движи.
    Дали полицијата не си ја работи работата како што треба, не знам што е,ама изгледа дека само одреден дел од народот патиме.
    Не патам за друштво ,патам затоа што некои од нас и со фамилијата не можат да се видат.
     
    На Lisicko, ElenaOfRivendell, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.229
    Допаѓања:
    1.638
    Баш сум изненадена во мојот град солидно се почитуваат мерките. Сите комшии беа во своите дворови со семејствата си правеа скара, немаше одење по комшии надвор од дворот. Сите сме обично 4 члени семејства, така во двор немаше повеќе од 4/5. Полиција во секој реон на градот, постојано кружеше полициско комбе. Надвор мува да прелета ќе се слушне тивко. Имало некаде збиранка во двор 10 души одма полиција интервенирала и така.
     
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Поздрав до сите што плукаа ;) а бројот на заболени после Велигден драстично се намали. E874B3A5-A25A-4770-ADC6-700C36E03331.png
     
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    А деновиве има зголемување. Може од Велигден е?
    Ако среброто толку добро се покажало со сите вируси и бактерии, зошто не речеа маски од сребро да носиме? Или кафани да работат ама со сребрен прибор? Или поп со лажиче на инфективна да помине?
    Ако случајно никој во Струга не умре од колоната завчера, и тоа ќе го оправдаш?
    И Велес го чатеа од комбе пред месец дена и ене сега жариште е, зошто темјанот не го спаси? Кај нас се' уште (се надевам и натаму, да се разбереме) поп нема починато од корона, но ете во Србија има случаи, како не им текна на лажичето?
     
    На Tan4ence, princess5, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1589024591725.jpg

    Поздрав до сите нас што два месеци немаме мрднато од дома. Не знам веќе што да кажам, без зборови сум. Ова ја поминува секоја граница на глупоќа што постои.
     
    На Tan4ence, crimson, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Хахаха со маски под брадите се поголем дел. Е, ќе си умрам.
     
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Во Струга ич не се почитува, никој маски не носи, полицијата не казнува.. Некултура.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    shto event e ova co struga ili taka im teknalo site da iskochat
     
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Литија, секоја година се одржува, моштите на св. Ѓорѓија се носат низ градот.
     
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Коментар од типичен неверник,ќути и не си прај гревови
     
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800