Јас ти зборувам за право. Не зборам како јас сакам да биде. Зборевме за нешто непредвидено. И Затоа и јас и други членки спомнавме дека требаше да биде ствар на договор - волја. Мпц не знам официјално што став изнела за полицискиот час. Знам од пар цркви, чак и нашава тука повикаао од дома да се помолиме. Ние немавме проблем со луди свештеници што идеа со камиони и чатеа некој во своите редови треба да си воспостави ред и тоа не е Оливер. Ме сфаќаш
Со самото ова што им дозволија масовен собир, паднаа во вода сите досегашни напори и жртвувања, образованието претрпе,државниот и приватниот сектор, илјадници отпуштени луѓе, голем број на веќе пропаднати мали бизниси, нашето седење дома у 4 зида. Се било за џабе. После ова логично е веднаш после Велигден да се укинат сите ограничувања, па секој за себе да си пази и внимава.
На сите ни се ускратени права. Без храна не можеме, без да фрлиме ѓубре не можеме, без здравство не можеме, без да се бањаме не можеме, должни сме да ги згрижиме старите, немоќните, болните, кучињата мораат да мочаат, а се останато е лигавежници. МПЦ да имаа осет сами ќе затвореа цркви и ќе стримуваа литургии, ама не, за сопствените поданици ич к не им чуе. Во вакви конкретни ситуации се гледа лудилото, Папата можеше сам миса да држи, овие нашиве не можеле од дома да се молат. Чиста политика, не ти треба Устав за да имаш малку мозок, не оние кои не можат да затворат храмови, него оние кои решиле по храмови да одат. Нивниот мисловен процес ми запрепастувачки.
Реално,двете страни(државната власт и верските лидери) можат да се договорат ако сакаат.Оливер не може да им нареди да затворат,ама може да им препорача да затворат,да ги замоли. Ама ствар на свест и совест е.Ако ги немаат тие работи...
Верниците се извор на приход за МПЦ. Посебно околу празници. Им е гајле кој ќе се моли, друга им е заднината.
Како може некој во време на пандемија да размислува да оди во црква?? Незнам кој што кажал од вас назад, не читав, ама неможам да го разберам револтот - зошто е забрането да се оди во црква, тие што оделе Господ ги чувал. Интелектуалци. Научници со магистратури и докторати. Шетани, видени, виделе... Ама немаме потреба веќе да се дискутира за пандемија, и за начини како да се спречи.
Зашто да не може ? Како можеше државата да нареди да се стави катанец на секое едно можно локалче, дуќани, фирми од разно разни сектори. Зошто црквите да се имуни ?
Па,ради тоа и пишав ствар на свест и совест.Во други земји,католичките цркви беа затворени,а и православните ќе затворат,а овде... @lovestoneddd Ради Уставот,на претходните 2 страни неколкумина се распишавме поради кои членови од Уставот(член 19 и член 54,објаснети се на тие страни).
Секуларна држава сме според Уставот.Си има одредено каде и на кого државната власт смее да брани,а каде и на кого не смее.И во воена и во вонредна смее да се ограничуваат човековите права и слободи,но не по некои основи,меѓу кои е и верата,ради тоа неколкумина ги спомнавме член 19 и член 54.
Ама таму свештенството проценило дека е ризично и затоа ги затвориле а не дека државата наредила. За разлика од нашиве тука. А баш ме интересира и за Рамазан како ќе реагира оној милитантнион индијанец
Значи целиот Устав паѓа во вода, при вонредна состојба, освен членот кој ги опфаќа црквите. Каков црн Устав жити се, што замајувате ? Еднаш барем кажете ги работите како што се. Ова е чист популистички акт и прилика за фаќање политички поени, односно ненавлекување на гневна маса кон власта, во корист на претстојните избори. Исто ќе биде и за Рамазан. А за свест и совест не треба да се прави муабет. Државата на фирмите не им остави опција да работат на сопствена одговорност и совест, туку им стави катанец од прва. Овде е друга политика.
Па ради таа неутралност треба на кантар да стаат дали ќе дозволат да лиже народ иста лажица, или само ќе стаат катанец на црквите. Рационално и логично размислување малце. На крај краева и демократска држава сме па ќе бидам притворена ако искочам на улица во моментов.
Значи се потепавме да докажеме кои права ги имаме во ваква ситуација и дека заради колективна одговорност треба привремено да се откажеме од некои работи, да ни биде ограничено движењето, дека и приватноста дури не е битна, ама битно не смееле црквите да се чепкаат оти така пишувало негде. Никој не им отиде дома на врата и за врат да ги фати да им рече откажи се од верата. И аха, уставот и законите. Епа ако стварно е така, онда не чини. Туку кој е глуп нека оди. Да, баш глуп ќе речам. Оти стварно треба да си со два грама мозок сред епидемија да одиш да лапаш лажичка што сто непознати души ја лапале пред тебе.
Ама технички и фактички ти првенствено живееш во држава која ја раководи Оливер, не живееш во црква. Или само за сликање е премиер, за другото како ќе се договориме.