На никој од нас не му се седи дома знам,ама во вакви ситуации за некој работи треба да сме свесни. Ама очигледно нашиот народ не разбира.
Не се нормални овие. Мафија. Гајле им е за здравјето на верниците, битно џебот да им е полн. Уште поглупави се овие кои се силат дека ќе оделе во црква, ништо немало да ги спречи. Во црква не можеле да заболат. Ало. Ќе одат по секоја цена на мафија да даваат пари?? Ако се вистински верници не им треба црква да се докажуваат, посебно не во ваков период! Не е тука до верата колку што е до огромната несвесност за ситуацијата. Голем дел од народов мисли дека нема вирус и намерно нѐ држат дома за 5G да местат и да нѐ убиваат со тоа, па камоли за другово да имаат свест. Туку кога ќе размислам, јас да сум би ги пуштила да одат да се гужваат без растојание, без маски, без ништо, ама под еден услов: Ако заболат да не се лечат в болница туку в црква. Госпо не можи да ве разболи, само да ве лечи, така беше? Страшно значи.
Да не се повторуваме... Пошто јасна сум коа пишувам и.....пошто испаѓа да за ваша потреба да се зубите некому ради црквата, јас да ја бранам. Ноу тенкју прашајте го Оли зш. @Biljarkata
Да му се плукнам на тој устав според кој право на оддржување религиозни ритуали (не на верска определба, туку на ритуали по верски објекти како вообичаено!) е над сè и единствено што не смеело да трпи во вонредна состојба, побитно од право на образование на пример, пошто школите и факултетите без збор се затворени веќе месец дена и се бара алтернативи за продолжување на функционирањето. Не заслужува да се нарече устав и држава тоа, најмалку секуларна. Што и да се деси, изјавана е тешка навреда за интелигенцијата на цел одговорен и разумен народ што живее цврсто на земја. Ама што да се очекува од кловн ко Спасовски што бацува раце на свештеници, ставен на највисока функција...
Убаво кажа мислам @CameliaMiller, секој што ќе отиде на црква пред влез потпис дека се откажува од своето право на лекување доколку заболи од корона!!! И толку. Слободно нека одат веќе ама после да нема плачки. За таквите ич не ми чуе да ви кажам оти почнаа црева да ми се превртуваат кога ги читам по фб. Ми е мака само што и други покрај нив ќе испаштаат ни криви ни должни.
Абе!!!!!!!!!!!!!!!! Отворив Фб да видам цркви шо постираат, глеам стаиле распоред за литургии, отварам у коментари пошо имаше многу да видам дали некој ги прекорува, дали некој дава било каква забелешка... Коментарите беа ова: Тоа е, ај чао.
МПЦ ова од инает го прави, зошто бараа финансиска помош од државата, а тоа што го добија е за нив. Идиотски реваншизам по цена на здравјето на верниците.
Ко програмирани у тоа мозоците да се, истиве ваљда коментираат “cena??¿?” на постови кај шо јасно се глеа цената.
Aко им е за финансиска помош, нека го продадат глисерот од пред некоја година што го земаа. Со тие пари може комотно два трособни стана да се купат.
Може си ти јасна, не се карам со тебе. Јас само барам разум или држава или виша сила над севишната религиозна каста, да ги одбрани верниците од нив самите. Пошто не е тоа рационална категорија... и почнува многу страшно да изгледа проекцијата во иднина, са сите, и верници и неверници Мислам дајбоже да е свето лажичето, ама што ако не е. Страшни грешки во чекори, застрашувачки
Ќе речев се надевам нема деца да носат со нив во гужвите, ама искрено нема врска. Доволно е еден член од семејството да заболи и толку... Тие си знаат, големи си се. Ќе си отидат во црква 100тина души заедно. Ќе си направат ред за причестување. Попот со раката ќе ги допре, ќе им ја стави во уста истата лажица на сите 100 луѓе и истите тие луѓе ќе бацат 2 до 3 икони. После следи другата тура со други 100 луѓе и така. Истата лажица...исти икони...истиот поп те брише со мантијата да не ти капне виното долу...дишење во врат...плунка од баба и кармин останати на икона... Корона, Корона насекаде....
Лапање на лажица која 729 луѓе пред тебе ја стаиле во уста е гнасно у нормални услови кога секој е здрав, а не па кога наоколу коси пандемија.
Не може полицијата пример да стои пред секоја црква и да ги казнува сите затоа што биле во група од повеќе од 5 души? Или да ги соберат сите поске црква и да ги стават во карантин 14 дена како што ги ставаа сите што доаѓаат од странство?
Еве како им беа литургиите повеќето дена, имаше видео исто, он сам се молеше прекрстуваше правеше нели тие обреди пред црквата во рим Немаше никаков инцидент и ниту еден човек во било која црква насекаде низ италија. Верниците си го гледаа на тв и си се молеа. Дури ниту се молеа ниту повикуваа ниту ништо. Самиот папа им имаше кажано дека оваа година ќе прави сам летургии без никого.
Што и фали ете на Италија што немала верници во црква? Инаку морам да ја пингам @vitamina денес се пуштени пари како помош на земјоделците. Се очекува уште една тура.
Pastor sorry after service caused wave of coronavirus https://www.standard.co.uk/news/wor...e-caused-coronavirus-infections-a4403826.html