Свекрва ми која е патем во ризична група, ама ако првите јајца не отстојат 2-3 саати во црква,ништо не правиме, какво фарбање,каков Велигден...
Ако за вас самите не ви е жал, помислете барем на родителите, баби и дедовци или некој со хронично заболување во фамилија. Ама љубовта кон имагинарно другарче е побитна од онаа кон жив човек. Бравос. Терајте. А меѓу тие што ќе одат има и такви од ризични групи. Е на тие па шо да им речеш.
А како е ок? Да му го свртам и другиот образ на тој што случајно ќе ме зарази со кашлање додека чекам ред у маркет после лапање иста лажичка со сто души? И што свесно ќе биде потенцијална зараза за уште толку? Се што е свесно направено е за секаква осуда и точка!!!
Ве испобришаа. Ама сериозно, нека си имаат луѓето избор бе! Или црква/џамија, или болница. Ич со тоа немам проблем. Природна селекција at its finest.
Не бе, по едно пусуљче пред верски објект, фино-лепо да си потпишат. Јас, Камелија, свесно се одрекувам од своето право на здравствена заштита, со цел да можам слободно да лапам лајче/љубам черга.
Во ред де, сите размислуваме различно и како што знам имаме право да се изразиме. Повторувам, исто не го поддржувам одењето во црква во овие моменти, секако, тоа не значи дека не сум/ сте верници. Како и да е, извинете ако се навредивте, иако тоа не ми беше намерата. Мислам дека во овие времиња нешто што најмалку ни треба се расправии, а гледам дека кога ви е досадно тоа го правите. Останете дома и среќни празници.
А на поповиве не ли им е страв дека ќе фанат корона? Отидоа 2-3 дедовци од СПЦ така, им љубеле руке поданиците А не се нешто многу фит, just sayin
Јас ве читам и се чудам што зборите. Овде проблеми и дискусии околу цркви немаше ( морам да го напоменам фактот дека италјаниве се 100 пати побожни од нас, у смисол дека буквално секоја недела сите се во црква) а ние само за празници, и пак немаше еден човек "да избега да оди у црква" тоа се подразбираше дека ќе е така. Иначе не верувам дека се затворени црквите, може до врата да ама внатре има свештиници, тоа сигурно веќе видов плус ја тропаат камбаната по цел ден. Да така.. До нас ќе да е, повеќе до старите. Или не сепак а?
Зошто не ги затвараат црквите??? Никој не смее да им писне на црковната мафија еј секта!! Колку сум бесна сите што одат да бацуваат икони и од исто лажиче да се причестуваат би ги оставила да испоцркаат ама амебите ќе заразат и други , значи може да има полициски час да се затвори се а секташкиве храмови останаа отворени да шират зарази.
Битно вие седете дома и чувајте ѓубре на тераса, до контејнер додека стигнете можеби 2000€ ќе потрошите. Кои идиоти ја водат државава еј, доста и паметот не држи. Поединци.
Со среќа да ни е со ваква „мудра“ одлука. Пикот тек сега ни следи. Тешко доктори за кого си ризикуваат живот.
Која е поентата да се седи дома повеќе од 60 часа доколку луѓе одат во црква? Власта буквално не прави идиоти. Даваат ,,амин" на петстотини луѓе за излез додека проблемот го гледаат во оние пет кои одат на гости на ручек. Само пратете до каде ќе оди целокупнава шарада, иако стравувам дека ќе снемаме залихи на пуканки до крајот.
Па да воведеа данок на религија за населението, и да си лапаа овие пари и коа не работат, али не, мора да ги оданочат... А и сите верници станаа бе, мме, а коа ќе ми текне моја генерација идеше у црква за Велигден за да се смува со симпатијата, па имаше тука садо мазо горење и лупење на восок пред црква, па тоа шо ќе остане од свеќата под перница, и оној шо ќе го сањаш муж ќе ти биде... Амин.
Проблемот е што тие истите ќе заразат уште многу други луѓе ни криви ни должни. Во вторник ќе дд нацртаат во маркет да ги испофакаат лебовите, млеката и се друго или ќе ти дишат во врат додека чекаш ред пошто што е тоа личен простор и ќе си фатиш и ти корона.
А чекајте, не сум во тек јас со муабетиве. Од каде ова дека е дозволено да се оди во храмовите? Нели нема излегување до вторник до 5:00? А колку што слушнав, оние што сакале да се причестат, ќе си викнеле поп дома да им дојде. Не разбирам за која дозвола за собири пишувате и на што сте толку гневни.
Многу драматизирате. Црквата НЕМА да работи за време на полициски час, а причесна не се праи во секое време, туку само после литургија. Огромни гужви се прават само во сабота спрема недела, а тогаш цела земја е во локдаун. Не е дека одобрувам одење во црква за време на пандемија, ама премногу ги извртувате и пумпате работите. А и реално, тие без свест, ако не одат во црква ќе одат во маркет и ќе чекаат по саат ипол ред, ќе фаќаат се живо и ќе дишат на другите во врат. Инаку, да знаете дека и џамиите работат. За другите денови не знам, ама за Џума во петок работат со сигурност.