А денес и утре што ќе има верници шо прајме? И да видите колку само имаше гневни верници што ќе имало полициски за Велигден. Летаа пцовки по коментари. Причест ќе има од исто лажиче,така кажа еден поп. И вели кој се плаши нека не доаѓа. Па сега еве, кој е глуп нека оди. А ќе има такви што ќе одат зашто уверени они дека корона не се фаќа. Не ми е жал за него. Туку дома ќе испозарази фамилија, па тие други и така до идната година ќе си седиме дома. А одење во црква не е поголема потреба од одење во маркет или факултет/школо. Маркет мораш, образованието трпи, ама третиве никој не ги гиба.
Џамиите работат и се отворени само оџата да може да го пее езанот,ни во град ни во село верниците не влегуваат внатре,забрането е.Ни за џума....
Нема потреба да се оди во црква овие денови. Причест нема во четврток и петок, а ако сакаат да се помолат, тоа можат и дома. А после Велигден нема литургии, вторник, среда, тие денови. Така да, дека ќе има некоја закана за ширење на пандемијава, не верувам. Ама еве ќе видиме. За коментарите, видов некои. Тоа се ,,најјаките" верници што никој и ништо не може да им ја раскине врската со Бога. Колку навистина се верници се гледа од далеку, ама ајде.
Точно, нема потреба. Ама има такви што ќе одат. И затоа требаше да се затворат црквите, тоа го трубиме неколку страни. Едит - А да немаше полициски час ќе беше полно, без разлика што им велиш да не одат. Значи повеќето викендов не одат од што не смеат, не од што се свесни дека така се шири епидемијава.
Законите не дозволуваат затворање на црквите, за жал. Но можеа да се одважат МПЦ и самите да го предложат тоа. Абе Ерусалим беше затворен за католичкиот Велигден поради пандемијава. А и ова сега го прочитав III. БОГОСЛУЖБА, МОЛИТВА И ВЕРСКИ ОБРЕД Член 18 (6) Никој не смее да ги попречува свештените лица и верските службеници од цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија во извршувањето на нивните верски активности во јавните верски објекти и таму каде што тоа е дозволено согласно со овој закон. Значи навистина имаат неприкосновено право
Религијата секогаш била угнетувач на човековите права. Не би било прв пат да се жртвуваат човечки животи во име на религија. Паметни се тие, да беше за пари на краток рок, на крај можат и да отворат трансакциска за донации од верници. Ама не, така после нема да можат да ги убедуваат верниците дека кој оди во црква е заштитен од зарази.
Битер кажа се што мислам и јас. А се согласувам дека среќна околност е што е полициски час викендот, затоа што многу верници, а уште повеќе квази “верници” ќе се нацртаа во дворовите на црквите и ќе кружеа. Изгледа само овие брадите малце ескивираат...
Историски имало прогони врз свештениците и верниците во некои режими, затоа по закон државата не смее да задира во тоа право, шо не значи дека не можеа да се договарат зад затворени врати свештениците сами да ги затворат храмовите за верници. Ама политичарине ко и многу други се плашат од виша сила доколку не се испочитува Велигден и затоа не го бараат тоа.
Би рекла дека таа виша сила се гласачкото тело, секако. Како не се плашат од виши сили кога крадат толку пари?
https://emagazin.mk/otec-pimen-nema...mEcF4Xsr8hTRNTROcYnWKv2dOS33jheBUvMr5KjrBGGQI Уште да го послушаат...
Тие воопшто не се плашат од гласачите зошто гласачите им се стандард без оглед на се. А по Библијата Господ простува други гревови, не простува непочитување спрема него и тие по таа логика се водат. Знам луѓе, така да јасно ми е како размислуваат.
Знам и јас луѓе @Аргентина * , живеам со такви. Конкретно зборев за политичарите, не за обичниот човек. А по Библијата, Господ простува гревови само доколку искрено се покајат. Е тоа не знам баш дека ќе го направат...
МПЦ се како некоја секта со овие збрки. Јас па мислев дека вакви работи има само во книгите посветени на папите во 15ти век. А, и оној оџата ништо подобар не е. И после барајте верба во Бог преку поповите. Тоа не се попови/оџи. Тоа се мафијаши
У Италија свештениците не се плашат од виши сили, само нашиве м. Затоа се возат у блиндирани џипови сеа ми текна, да бидат заштитени од злите виши сили
Муабетот беше за политичарите кај нас, а ти за свештениците во Италија ми пишуваш. Шо да ти речам друго.