1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Славење на верски празници за време на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од orevokrsacka, 15 април 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Хм..ова не е баш вистина.
    Во суштина прогон немало кон црковните чинови, бидејќи црквата во повеќе држави ја имала апсолутната власт. Прогонот бил насочен кон Катарите, Телемитите, Темпларите и обичните луѓе кои биле класифицирани како вештери, многу често без особена причина.
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Комунистички режими???
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Во Јапонија исто така католичките мисионери и јапонските христијани биле осудувани на смрт.
    Како немало.
     
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Пишував за средновековието, не за модерното доба.
     
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    8.460
    Па историја не е само средниот век. ;)
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Исто како што режим не е само комунизмот.

    Не постои држава чија централна власт не ги подржува најголемите верски определби и лидери.

    Излишно е споменувањето на прогонството од денешен аспект кога зборуваме за мејнстрим религии и нивни водичи.
     
    На Amellie13, Bratot и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас не пишував за средновековието да ми се реплицира за средновековието. Јасно спомнав некои режими во историјата и не гледам шо не беше баш вистина тука. А ако одиме поназад тогаш можиме и за прогоните врз христијаните во антиката ама не мора дотаму кога имаме современи прогони на христијаните (исил, боко харам). Верските права се гарантирани со закон токму ради вакви примери. Ко Евреите шо се заштитени поради геноцидите над нив, особено последниот. Историјата може да се повтори и затоа мора да се пружи некаква сигурност.

    Е сега, одење во црква за време на карантин и причестување од исто лажиче под закана од заразна болест е друга крајност, а ќе видиме деновиве дали ќе се случи.
     
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Аргентина, мејнстрим религиите ги имаат сите права и слободи денес. Она што пробав да ти го посочам преку цитатот е дека никогаш не биле обесправени низ епохата, се до денес. Без оглед на политичките одлуки во секуларните држави.

    Во антиката христијанството не било доминантна религија, знак прашање е и постоењето и развој според списите.

    Денес многу одлуки се носат од верски водичи кои претпочитаат сопствени интереси.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Кога се работи за вербата во Бог, не е тајна дека верувам со цело срце и разум во него, колку и да е смешно некому.
    И кога сум болна и кога сум здрава, јас му се молам Него, јас барам помош од Него, јас со сите мои постапки и гревови се плашам од Него а во исто време и го почитувам и сакам, иако сум грешна до срж.
    Како и да е, мене таа верба никој нема да ми ја искорени никогаш и никаде, ама да, не го поддржувам одењето во Црква во големи групи во време на опасна пандемија.
    Верувам дека многу пати Бог не штити сите нас, ама во овој земен живот ништо не е само црно или само бело...значи не може се да е само добро, мора да има и зло, така било отсекогаш, а моменталото зло е скапаниот Ковид19 и не би ризикувала да се заразам во огромна толпа на луѓе.
    Како што и многу пати досега не сум била во Црква за Велигден, така нема да бидам и сега, не само ради потенцијална зараза, ами и ради тоа што немам 2000 евра за казна, а уште помалку немам ни врски кои брзо потезно би ми ја "скинале" казната, како што тоа важи за голема група на граѓани во мајчица Македонија|(

    Верувам во Светата причест, верувам дека тогаш се принесуваат Светото тело и Светата крв, ама ете овој пат избирам да останам дома, како и многу други пати здрава и права што сум останала дома, ако грешам Господ нека ми прости...

    Кога сме кај бацувањето икони, со години не ги бакнувам, не само ради заштита од другите, туку првенствено другите да ги заштитам од себе, од каде да знам што и како пренесувам со плунката?
    А да, и пари не поминувам никако преку икона, бидејќи нема ништо погнасно од нив, ама 90% од верниците како ги помазуваат иконите по 100 пати пред да ја остават парата, тоа е чудо|(

    Да не го тупам веќе, ќе кажам уште дека пред 4-5 год постев за причесна ама не отидов оти настинав многу, не сакав да заразам некого со истото лајче, добив прекор од една личност дека не сум била во право, дека вирус и бактерии немало на тоа лајче, ама кој знае....
    Значи да не ме сфати некој погрешно, јас верувам и тврдам дека во Црква се е осветено, ама во илјадници луѓе, во време на опасен вирус, тешко дека Бог може да не дочува сите, а и тешко дека се ќе биде добро, мора и злото да проработи.
    Ви текнува?:D Тоа е таа вечна борба:devil:

    За многу години да ни е најголемиот празник Велигден, молете се од дома, испочитувајте ги традицијата и обичаите и се ќе биде добро...
     
    На ane.bella, Biljarkata, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    Ама во црква и во џамија никако,оти лажичето е бељата. FB_IMG_15870411609242596.jpg
     
    Последна измена: 16 април 2020
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.798
    Допаѓања:
    38.194
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу изреволтирана од овие што одат на црква ама искрено, многу! Од никој друг не сум, ниту од оние кои излегле на воздух сами, ниту од оние кои се во маркети, ниту оние кои шетаат кучиња, ниту од оние кои отишле на планина сами оти сепак почитуваат мерки, а овие бе??? Ќе седам јас 28 дена у карантин за да не загрозам некој за нив, да се они на раат, и покрај тоа што со сигурност не сум заразена и покрај тоа што сите други после контакт седат 14 дена карантин, а не 28, ќе јадам леб и јогурт цела недела оти нејкам да се жалам, јас обично јадам се од храна, ама оваа недела храната е помија, ќе дишам воздух преку два сантима отвор, оти они бараа за нас што се враќаме такви мерки, за да не се рашетуваме и ќе ќутиме оти сами сме си го барале што сме се вратиле, ама сето ова за на крај они да ми се шетаат по црква, да јадат од иста лажичка, да стојат рамо до рамо и да цуливаат икони и на кран јас да излезам конечно и недај боже од нив да се разболам! Ало дали има некој нормален тука???

    Извинете ама многу сум нервозна, преку онаа ми е веќе се.
     
    Последна измена: 16 април 2020
    На Doozy, Fallen.Angel, Herrera и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно со црквиве, ај отворени ќе се и пример да одам во црква нели ќе ме застанат заради полициски час. Мислам, нема да се телепортираат луѓево до в црква.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Па тогаш само будали ќе одат, да си кркаат и казна за прекршување на полициски час. Муабетот беше за денес, утре и вторник
     
    На Nausicaa, Mantub и smile:) им се допаѓа ова.
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ама до 4 смеат. И доволно е..
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Да, да, не се доизјаснав јас мислев вечерта во 12 за Велигден
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ова е едно од малкуте нешта што апсолутно ме имаат извадено од такт. Ќе поминам некако преку луѓено што би се ставиле себеси и другите на ризик за да запалат една ебена свеќа, од тој профил на луѓе друго не ни очекувам. Ама фактот што владата затвори сè живо и диво од угостителство и рекративни активности, ама ги остави црквите, е тоа не можам да го сварам, тоа е сè спротивно од секуларност.

    И да не сте ми спомнале дека хигиената ќе била максимална, дека ќе имало само одреден број луѓе во храмот, дека овојпат немало колективно да лижете една лажичка и такви ми ти глупости. Ова е непотребен собир и како таков треба да се забрани, крај на приказната. И само еден да се зарази заради одење на црква, пак е one too many.

    Стојам на тоа дека ова е природна селекција и ич не ме боли за тие што ќе се заразат во црква, нивен ризик е, ама тоа што заради нив ќе се продолжи времето кое јас ќе морам да го поминувам дома... мислам дека само пишувајќи за ова ми се дигна притисокот.

    Нема буквално никаква разлика меѓу тинејџерите што одеа во кафичи додека беа отворени и овие што ќе одат во црква сега, или било кога за време на пандемијава. Трчајте ебаве, Исус нема во рајот да ве прими.
     
    На Annath, Mishela, ушко и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Па ко што слушав од некои...
    Баш дека сме биле селуларна држава, не ги затворале.
    Нели чим црквата не се меша во законот, зашто законот да важи за нив.
    А и според Уставот така морало.
    Што пак е глупо де...
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Purplelilac, Ambitious, Doozy и 17 други им се допаѓа ова.
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Иначе, славење празник нема врска со одење во верски објект, можеш да славиш дома, во куќа, во стан, во шупа, во пештера, се додека го славиш во душата.
    Плус ниту шириш зараза, ниту се заразуваш.
    Амин.
     
    На Annath, Doozy, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.