Тоа е твој став ако од едно лажиче се зема светата причест може да зе заразат луѓето и не навлегувам во тоа дали овој твој став е точен или погрешен,но доколку би прашале ревносен верник, тој со сето срце верува во оваа света тајна и нема никаков сомнеж кај него дали ќе се зарази,се остава на божјата промисла. Впрочем таквиот не се ни плаши од вирусот па и од самата смрт. Сите имаме различен пристап кон нештата. Не треба да го мешаме световното со духовното,секој нека постапува според сопствената совест.
Постапувај според сопствена совест ако твојата постапка не става други во опасност. Овој случај не е таков. Он нека верува во што сака, се знае кој вирус како се пренесува.
А дали ќе испозарази и десетици други, кои можеби и нема да го преживеат тоа, и тоа ли е оставено на божјата промисла? И зошто и покрај таа божја промисла, и наводното неплашење од вирусот и смртта, трчаат по болници на првиот симптом?
На вести денес даваа за ова и еден поп вика - Причеста 1000 години била само лек, сега некој нас ќе ни кажува дека се ширело зараза.преку причест. Ако фати корона, пак нека лиже лажиче да се излечи па гратис и една мононуклеоза и така со ред све што може да фати.
Би напишала дека нажалост на потешкиот начин ќе сфатат дека не се заштитени од вирусов само затоа што се верници и дека многу ќе заболат, па ќе извлечат некоја поука од сето ова, ама нажалост рајата што во вакви услови пак ќе отиде во црква е толку многу глупа што и да поцркаат на сред миса ќе речат дека Госпо така сакал и ќе се прекрстат три пати. Се сте кажале, немам што да додадам. Крајно глупав потег, џабе бевме дома цело ова време, џабе децата не идеа на школо, џабе се затвори све кога хаваријата кај нас ќе биде за Велигден и за Бајрам. Никому не му помогна оваа држава финансиски освен на попови и оџи, кои патем очигледно нема да претрпат големи загуби заради тоа што пак си собраа маса на народ. Ќе ги мразам највише дури сум жива, банда криминална. Срамно, жално, загревотно да се гледа како сме последна дупка на кавалот и како самите сме учесници како на филм во пропаст на едно државиче. Па уште веронаука кога ќе ми текне дека сакаа да воведат во школата ми се плаче најозбилно.
Еве на пример ти веруваш дека би се инфицирала и затоа преферираш да останеш дома,се дистанцираш,носиш заштитна маска итн...други размислуваат поинаку,еве утре и задутре верувам дека многу луѓе ќе ги посетат храмовите и ќе пристапат кон светата причест(од едно исто лажиче) Дали е погрешно или не, не навлегувам во тоа,го задржувам мислењето за себе.
Кажав дека не ми е гајле дали ти веруваш дека нема да се заразиш, ниту пак се загрижив дека ќе се заразиш. Ама вашите причестувања, бакнувања икони и дишења во врат ќе се одразат со тоа јас да не можам да си го продолжам животот нормално ден-два-три (а и којзнае колку) повеќе. А верувај не сум заинтересирана да седам дома за ти да можеш да палиш свеќи.
Ама е погрешно. Никој не го оспорува нивното право да веруваат во нешто, ама сите се буниме затоа што не може одреден дел од народот да не зарази сите заради нивната верба.
А што треба да се направи според тебе за да ви дојде памет? Да се води светска статистика на заболени и починати? - Done. Да се води статистика на починати млади луѓе? Исто така done. Да се пуштаат клипови од луѓе од Италија, Шпанија како плачат и известуваат за ситуацијата...? Done. Да се пуштаат клипови од болници во Италија? Done. Очигледно треба да ве однесат на Инфективната клиника со свои очи да видите најлошо можно сценарио, односно интубиран пациент на респиратор кој се бори за живот, ама знак прашалник дали и тоа ќе ве опраи. А да и да ве пуштат со опремата заштитна што моментално е на располагање за нашиве доктори, да видите со каков штит се борат против вирусот. Не ви иде и не ви иде памет бре, немате црвена линија кога е во прашање таа ваша религија.
Јас само дадов пример за две сосема спротивни размислувања и пристап кон нештата во животот, па и во конкретниов случај со проклетиов Ковид 19. Државата донесе мерки за заштита и превенција.Секој што ќе постапи спротивно ќе ги сноси последиците,а при тоа не мешајќи се во верските чувства на граѓаните и самото практикување на верата.
Верските чувства само во црква се искажуваат? Си имаат икони дома, ќе претрпат еден Велигден. Луѓе многу поважни работи се загрозени, вие за практикување на вера сте се фатиле. Луѓе испооткажаа свадби (што за мене е потажно), родендени, со предавања на факултет е хаос, некои без работа се останати, ЛУЃЕ УМИРААТ.
Што се мешаа тогаш во нормалното спроведување на наставата? Што се мешаа во слободата да седнеш на кафе? Што се мешаа дали со друштво од 10 души ќе шеташ или сам? Ама верското право им било неприкосновено... Ако стварно не гледате никаков проблем во ова, жал ми е до каде може да стигнете.
Ја разбирам твојата загриженост и мене не ми е сеедно,но немам некој паничен страв. Ги преземам скоро сите мерки на претпазливост,но секој има право на слободен избор. Мене по бизарен ми е чинот на пример за време на празнициве,па доаѓа и 1 ви Мај,собиранки,скари по викендици.... Или во време на карантин и полициски час ќе ја викнам соседката од 3 ти спрат на кафе. Пу,пу тоа не се важи
Па тоа е работата, што не донесе мерки за заштита и превенција кога станува збор за верските објекти, напротив им дозволи да вршат причест со една лажичка во време на пандемија. Се друго можеше да се затвори само црквите не.
Е ете сега, први мај ти смета. За први мај во куќа ако се 10 души, побезбедно е од 100 во црква. Муабет да не праиме што тие 10 души ќе си имаат свој прибор. Ама не, дружбата и забавата се опасност а одењето во црква не смее да се забрани.
Да бе, и детето кога ќе го доиш маска ќе ставаш. Иначе видов многу слики кај што се наццкани пред црква, бетер од пензионери пред банка.
Мојата или нечија слобода завршува онаму каде што твојата почнува. Никој со сила не ве тера да излегувате или одите во црква. Лично право, нели во секуларна држава живееме, ако е дозволено тие што сакаат да одат ќе одат и готово. Не заборавај дека живееш во држава каде мнозинството се изјаснуваат како верници, така да нема да ти оди баш најдобро ако одиш контра и кажуваш како треба. А и ова не е единствениот проблем, туку вие селектирате. Наместо да пуштат повеќе автобуси тие само по еден, луѓе нема од работа со што да се вратат, врие од гужва во автобусите. Може и за тоа се виновни верниците нели? А и тие во црква што ќе одат, 90% не ни знаат за што одат таму. Битно Велигден е и раЌија ќе има и ќе се лока. Библијски никој не бара ниту самиот Бог бара да се оди во црква, ниту пак да се означува овој ден кој е традиција и црковен празник а не Библијски така да нема потреба толку рипање и од нивна страна зошто ќе било забрането да се оди во црква.