Значи никој тука не води кампања против христијанство, глеам демохристијаниве се нафурале само црквата се напаѓала. Не, сите што го загрозуваат јавното здравје ќе ги напаѓам, без разлика дали се клањаат у џамија, синагога или будистички храм.
Џабе е луѓе, џабе дискутирате, убаво кажа и Деса, има верници со таков мајндсет што се убедени дека лажичето е пресвето и дека Бог, бидејќи е добар, нема да дозволи да се зарази некој. А ако дозволи, време му било на човекот да оди кај Бог. И никогаш нема да ви го сфатат аргументот зошто не треба да го прават ова, освен како напад врз нивната религија и Бог, за жал. Да не биде дека верниците се нападнати, ве почитувам сите верници што ќе ги испочитувате мерките и ќе останете дома. Ако Бог е сеприсутен и сезнаен, нема веројатно да му е важно дали в црква ќе се помолите или дома, важно ќе му е дали е искрено. Мене конкретно сè ова ми е префрустрирачко да го читам и се обидувам да го избегнувам колку можам. За мерките, како и сите, и јас мислам дека требаше да се затворат верските објекти, секуларност или несекуларност на држава или не знам ти што. Ако едно Косово можеше да ги затвори уште пред 2 недели (според кажувањата на другар оттаму), можевме и ние.
@Vitaly кога зборуваме за хуманост, во ред ли е за време на пандемија да се буни и жали народот како им биле ускратени правата за време на празниците? Во ред ли е од едно лажиче кои го поминале 575758 души да го лижат уште стотици други, м? Ајде да зборуваме за тоа што е во ред а што не е во ред. После 2 недели ќе се види тоа квичење и сите тие паметнаковци па ќе ќиснеме по соц. мрежи како државата ни е за никаде, како Филипче да си даде оставка а некој води инает и мисли дека баш нему нема да му се случи да заболи, а погоди што? Сите сме во иста опасност, вирусот не бира, брзо се шири. Што и фалеше на Италија кај што не се собираа по цркви баби и дедовци, лица во средни години и тинејџери? Верник не си ако потрчаш во црква, верник е многу повеќе. И јас сакам да идам ама исто така мислам и на најблиските и гледам да ги почитувам и мерките. Кому му се оди нека оди, ние ваму се знаеме а стручните лица врска немаат. Што експерти и паметни луѓе ќе бевме, Ајнштајн у гроб се превртува.
Бидете среќни ако сте опкружени со најблиските, а Господ секако ве гледа, нели тој е секаде. Себичноста на ревносните верници ги прави неверници. твојата немарност може да го загрози здравјето на твоите родители...а тоа почитување не е потенцијално можеш да убиеш некого па ни туѓото здравје
Ама токму тоа е поентата на вербата, не ти требаат факти и докази, едноставно веруваш ако се верник. Е сега секаков народ има, некои веруваме дека постои вирусов, иако реално веруваме на медиумски информации, никој од нас реално не го видел (и да не го види). Некои веруваат дека нема вирус. Некои веруваат дека земјата била рамна, некои дека е овална. Она што го викаш научни факти се уствари мејнстрим информации во кои сме одбрале, или не убедиле да веруваме. Она што го викаш имагинарно другарче, за некого е исто реално колку што нам ни е земјата овална. Ама во основа, и едното и другото се убедување. И ништо од тоа не е спорно. И немаше да биде спорно ако ја решеа работата како во сиот нормален свет. Оти цело ЕУ не се секуларни држави што забранија верски обреди (да, и свадби и погреби) само на балканите се толкува секуларизмот како што му прднало, за после народ меѓусебно да си вади очи, верници против неверници, христијани против муслимани, итн шоу маст го он Инаку јас не можам верник да обвинам, верата не е рационална категорија, ако поглаварот му вели црквата е за вас отворена. И за џамијата важи истото. Се на се, балканска трагедија во неколку чина.
Не ти е сеедно, но немаш некој паничен страв. Аха, океј. Мала кратка лекција по неодамнешна историја. Во Шпанија доволен беше еден масивен собир (фудбалската утакмица во Валенсија за да пукне епидемијата и да ја турне Шпанија во бездна). Еден човек беше таму заразен без да знае и од тој собир таму Шпанија моментално е втора во светот по број на заразени. Повели клипче, убаво погледни околу 30тата секунда, ова се случува после масивна експлозија од пациенти, крахирана болница и пациенти на под. Умираат дури чекаат некој да ги прими. Го изгледа? Епа сега изгледај го уште еднаш, па уште еднаш ако има потреба. Се дури сликата не ти се импринтира во мозокот. И по катаљарда пати да повториме, масивен собир на луѓе е она што може да доведе до огромен број на заболени Н.А.Е.Д.Н.А.Ш. Затоа е тоа flattening the curve, затоа се ограничуваат движењата за заболените да циркулираат, односно едни да излегуваат, други да доаѓаат.
Како што кажав, не ми требаат објаснувања, во контекст на пандемијава одење на црква за мене е еднакво на собир на комшии во двор, собир на деца во парк и секакви други непотребни групирања. Не само што не треба да биде дозволено, туку треба да биде казниво само да се доближиш до црква. Колку сакате кукајте дека ви биле скратени религиозните права, се работи за вонредна состојба и црквата е последната работа што треба да биде исклучок од забраната за собири. Фактот што е, покажува дека е привилегирана, тоа е спротивно од секуларност. А емпатија за луѓе што полносвесно ги ставаат другите на ризик, не само што ја немам, туку и во минус ми е.
А ти дали ми го прочита предходното мислење пред да ме нападнеш вака. Не селектирај тоа што ти одговара и само тоа. Знам дека и од порано имаш гнев кон религијата така да муабетов на тоа се должи. Како тоа тој што ќе се доближел до црква казна, смири се. Кажав и јас дека не е во ред тоа но има еден куп други работи кои се подеднакво лоши или пак уште полоши. Ситуацијата со ЈСП никој не ја коментира.
Со тој „различен пристап“ во Јужна Кореја епидемијата се распламтила со илјадници заразени токму поради верска група, а во Иран (каде состојбата беше најкритична по Кина пред да се прошири вирусот и во Европа и Америка) лудаци лижеле површини по џамии за да докажат дека сè е свето и чисто. Гуглај, од второто имаше и видеа по нет како самите гордо се снимаат. Не смее фанатична игнорантност и научни факти да се третираат како различни пристапи со подеднаква вредност и првото да е заштитено со демократија и човекови права, посебно не во ваква состојба.
Да, Семе синапово работи кои сега не помагаат во оваа ситуација. И аман не те нападнав, само те прашав што е а што не е во ред, не биди толку нежен да се припотресуваш.
А кој треба да дели морал "верници" кои за време на најголема пандемија одат у црква ,лижат од иста лажица?? Шират потенцијална зараза и ставаат други животи во ризик?? За време на пандемија од вирус .. Немој ти се молам прекини да ги оправдуваш секташите безмозочни.
Не мешај офтопици, зошто да ја коментирам ситуацијата со ЈСП на тема за цркви? Муабетов не се должи на револт кон религијата, туку на револтот кон владата заради тоа што ги затвори сите локали освен црквите во време кога движење и групирање треба да биде на минимум, што е ужасна и непромислена работа, имајќи го предвид фактот дека одење на црква е на дното од неопходни активности периодов. Ова е исто ко владата да рече океј забранети се секакви собири освен за Трајко и неговите 37 другари, за нив не важи. Нема да те збесне фактот што владата тотално нелогично го привилегира Трајко на твоја сметка?
Луѓе темава веќе стана досадна,нема крај на муабетов.Што велите? И во црквите веќе нема групирања.За тие што не веруваат може утре слободно да појдат и да се уверат со свои очи. За среќа од 16.00 па 3 дена последователно полициски час.
Не се потресувам туку ми зборуваш како јас да ги собирам да одат во црква иако и самиот се изјаснив дека сум против. Тоа не е оправдување да бидеш поголемо зло и да посакуваш смрт некому. Не бидете дволични, истите тие членови се правеа за да ме банираат од форумов бидејќи се изразував како десничар и бев против геј бракови а овде истите тие пропагандираат и посакуваат смрт некому. Ако некој е неписмен и не знае нешто оди фатиго за уво и подучиго ако толку се грижите а не смрт некому да посакувате. Па се изкажав дека сум против, не ги подржувам во никој случај, само сакав да кажам дека нема потреба од толку револт спрема религијата. Ве нервираат верниците ок ама некои почнаа да мешаат и библии и цркви и џамии и богови и смрт посакување и што уште не. Дури имаше мислења дека ова се ради верниците ни се случувало. Нема потреба од такви мислења мислам дека. Немора и оваа ситуација да ја искористувате како оправдување и да ја користите цитуацијава како штит за да вреѓате се што е со религија поврзано. Не е во ред.
Да не се движевте меѓу нас после вашите свети собири, ич немаше гајле да ми биде. Од црква, право во карантин 14 дена. Ама пошто потенцијална зараза сте за сите останати, да, имам против, а денес доста слики кружеа од "растојание". Седете си дома и не бидете идиоти. Црквата нема да ви избега, тука ќе биде и после короната. И не туку на секое се фаќајте за муслиманите. Исти дебили се. А сеедно ми е кој ќе ме разболе. Или се натпреварувате со нив кој е поглуп? Не разбирам?
Можам со глава да се кладам дека да немаше мерка полициски час цели три дена, црквите ќе беа полни викендов зашто нели, отворени мора да бидат. И покрај сите препораки, еден куп ќе се нацртаа зашто толку им сече. Е тек тогаш ќе нае*евме. Значи полесно е да затвориш цела држава три дена дома. Од една страна оправдувам пол. час ради оваа причина ама пак ќе речам, можеа да затворат сепак цркви.
ЕК со порака до МПЦ: Врвен приоритет периодов е заштитата на здравјето 17 Apr 2020 - 10:31 Европската Комисија (ЕК) во реакција до МИА се осврна на последните случувања со Македонската православна црква (МПЦ) и потсетува дека сите чинители во општеството имаат обврска да го заштитат здравјето на населението, јави дописничката на МИА во Брисел. Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, потсетува дека сите земји, во ЕУ и во светот, воведуваат вонредни мерки поради глобалната пандемија на КОВИД-19 и дека врвен приоритет овој период е заштитата на јавното здравје на населението. Оваа реакција доаѓа откако МПЦ одби да ги затвори храмовите за време на велигденските празници предизвикувајќи длабока загриженост од можните последици врз здравствениот систем. -Последните неколку недели, земјите членки на ЕУ и земјите ширум светот донесоа вонредни мерки за да се справат во здравствената криза предизвикана од епидемијата на КОВИД-19. Ова се времиња без преседан и националните власти треба да ги имаат потребните алатки на располагање за да делуваат брзо и ефикасно за заштита на јавното здравје на нивното население, изјави Писонеро за МИА. Портпаролката потсетува на пораката упатена од страна на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 31 март годинава. -Секоја вонредна мерка мора да ги почитува темелните принципи и да биде ограничена на она што е неопходно и строго пропорционално, нагласи портпаролката. Вонредните мерки кои се воведуваат во рамките на оваа здравствена криза треба да бидат временски ограничени и под надзор на демократските контролни механизми во општеството, изјави тогаш шефицата на Европската Комисија.
Јас бев денес, купив свеќи и се поклонив пред плаштаницата. Внатре во црква пуштаат по 3-4, со задолжително растојание и без поголемо задржување. Надвор немаше гужва, сите беа на два метри еден од друг во колона, се течеше беспрекорно. Единствено присуството на полиција пред храмот ми сметаше. Беспотребно и грдо изгледаше.