Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Славење на верски празници за време на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од orevokrsacka, 15 април 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Се мислев тро...
    Не е беспотребно.
    Не се знае како некој ќе изреагира.
    Во болницата во битола имале проблеми со пациенти кои имале температура на влез, па морало да има присутна полиција, за да ги штити докторите.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.113
    Допаѓања:
    163.678
    Пол:
    Женски
    Дури и да е вака, зошто тогаш и во сите други институции не се одвива животот со луѓе физички ко порано, само на дистанца? Школи, факултети, па дури и музеи, кина, театри, па и угостителски објекти. Со образованието срамота е и да се споредува воопшто, јас не сфаќам што побитна е вашата црква дури и од останативе. Што се побитни верските ритуали од другите не скроз неопходни секуларни обврски и задоволства надвор од дома, објаснете ни?
    Нема ама баш никакво оправдување во споредбава, како што рече Лела, ова е на дното на неопходни работи во вонредна состојба, барем треба да биде во разумно општество.
    Па уште грдо ѝ било полиција пред храм, немој молим те, а пред банки (од каде луѓето вадат средства за да живеат) не ти беше грдо? Да не сакате и музичка желба да ви исполнат више?
     
    Последна измена: 17 април 2020
    На Konfetka, SuperGirl24, Purplelilac и 18 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.323
    Допаѓања:
    126.058
    Пол:
    Женски
    Зошто да ти пречи присуство на полиција?
    Па,баш ради полицајците луѓето држеле растојание,без нив ќе се збутале.
     
    На Konfetka, sj *O*, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  4. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Долго се воздржував да коментирам на темава. Денес во црква отидов. Имаше полиција, обезбедување. Налепници каде да се стои, при што се почитуваше растојанието. На порта се делеа маски, рацете се дезинфицираа два пати, еднаш на порта, еднаш при влез во црквата. Свеќи се палеа надвор. Не се бакнуваа икони, само поклон.
    Можам слободно да кажам дека во маркетите е поголем хаос.
    Во однос на коментарите, разни прочитав, можам да кажам дека секој има право да верува и да го практикува тоа. И јас сум против гужви и ширење на зараза, апсолутно. Ама доколку се оди заштитен и се почитуваат мерките, нема потреба од таква реакција. Во однос на сите критики кон верниците и зошто веруваат, не може да се напаѓа никој. Тоа се лични чувствува и верувања, и не е во ред да се кажува на некој дали е правилно тоа или не. Да се почитуваме сите.
     
    На fana, LivingGlam, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Ова е низ историјата малце видоизменето. Порано во византиски период до бугарска инвазија, преку младотурска револуција, краљевина србија и хрватска до фашизам црквата играла голема улога во зачувувањето на единство помеѓу народот и верба дека се тоа ќе помине ( плус јатаци на револуционери). Тие цркви и овие денес, тие попови и овие денес немаат ништо заедничко. Со текот на времето после комунизмот на Југославија црквите стануваат фактор на ширење на религија и прибирање лична материјална корист. Дали православни или католици, муслимани, евреи се е тоа ист концепт. Од енормни богатства до оргии во манастири и педофилија. Уживање на овоземскиот живот сите кафани полни со попови.

    Овие денешниве во сред на пандемија кои жештат грла во најмала рака кривично треба да одговараат. Тие и сами не си веруваат што зборат. Неранимајковци кои ја користат глупавоста на еден народ.
     
    На Biljarkata, Mishela, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Имаше слики од вчера, видовме што е и како е. И ако една црква вовела ред, залудно е наспроти десетиците други во кои беше и е хаос. Лажичката ја дезинфицираа ли после секое лапање?

    Во маркетите бар во оние кои сум била, секаде се следат препораки.
    И одење во маркет е нужно, за егзистенција се работи.
    Одење во црква е.... Тука ќе застанам.
     
    На SuperGirl24, JollyGirl, Lella и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Како и во другата тема, џабе се млати слама само.
    Џабе мерки, џабе полициски час.
    Секој прави што сака, затоа многу работи не се во ред.
     
    На sj *O*, Biljarkata, Alisa22 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Вака беше во сите цркви во градот. Како било низ другите делови во Македонија, не знам. Причесна нема. Ќе се воздржам од сите други коментари, под ниво ми е да е се расправам.
     
    На christinnn, fana, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.157
    Допаѓања:
    50.550
    Пол:
    Женски
    Јас секоја година одев на црква, ама оваа година не, подобро ќе си седам дома, за доброто на мене и на сите.
     
    На deskarada, sj *O*, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ама растојание имаше...
    Додека мене и на сите студенти и професори ни е хаос во глава како ќе се одвива полагањето, како пракса ќе полагаш со неодржани вежби, тие можеле да одат во црква битно на растојание со маски. Дома можете да се молите. Ама јас микроскоп и хемикалии немам дома.
    И јас сум само една од стотиците со ваков проблем. Ама вие сте морале, итна потреба.
    И со маркет ќе споредувате. Не оди во маркет еден месец - гладен си без храна, без хигиенски производи дома.
    Не оди во црква два месеци -...што? Живи и здрави.
    И очигледно одење во црква стана попотребно од одење на забар.
     
    На Annath, Purplelilac, deskarada и 12 други им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Само ќе кажам секоја чест за верниците кои годинава останаа дома. Тоа е таа свест за духовното која ви фали на вас другите.
    Среќен празник. :)
     
    На SuperGirl24, crimson, deskarada и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Збеснувам кога читам едни исти луѓе прво бараа да се појачат мерките, порано да почнувал полициски час, споделуваа насекаде да се седи дома, и сега истите тие сакале во црква да одат и да се причестат, тоа не било обично вино, крв и тело на Исус било.. Мижи Асан да ти баам...

    Нека одат бе нека одат сите, не знам што чекаат некои? Нека кршат глава. Ебате себичните, ќе си заразат и фамилија и блиски и се живо ама битно во црква ќе одат и ќе палат свеќи, ќе се причестат за да не им биде за џабе постот.. Па кога ќе слушнам дека во црква немало да се заразат свето било тоа.(facepalm)(facepalm)

    Припрост народ сме, нека ги укинат меркиве, ни нема спас и онака се докажавме какви сме кога почнаа сите да пукаат лук по дома, трчаа по сумамеди и ги искупија цели маркети. Почнаа да пијат огромни количини алкохол, па и чист алкохол... некои и хидроген прашуваа кој да го пијат...
    И да не заборавам, бисерите кои ги читаме и слушаме секојдневно од луѓе кои вирусот го поврзаа со политика,5Г,Американци,Илуминати... Нека ги укинат меркиве, па тие што сакаат слободно нека си шетаат и сегде нека отидат. Тие што се свесни ќе си седат пак дома и ќе се пазат. Друго не знам што да кажам веќе.

    Буквално не молат дома да
    седиме, животно до сега ќе разбереше, ама луѓево не.. Секакви категории нѐ има и не се излегува на крај...
     
    На Konfetka, Purplelilac, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Пред маркети, банки, аптеки нема полиција. И никој не се турка, сите се свесни за ситуацијата. Мислам дека пандемијава не' научи на многу работи. А полицијата можеби сепак од други причини била, не знам.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.323
    Допаѓања:
    126.058
    Пол:
    Женски
    Може не се туркаат секаде,ама некаде да.Еве,имам 2 Кам маркети во близина,пред и во едниот се туркаат,не ги боли уво ни што вработените им викаат да држат растојание,а пред и во другиот,муштериите се внимателни.Да не била полицијата пред црквата,голема е веројатноста дека народот ќе се збирал и туркал.
     
    На candy.cane и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  15. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Мислам дека последен пат ќе коментирам во темава. Неопходно или не, никој не забранил. Мое право е дали ќе одам. Почитувани беа потребните мерки и не гледам ништо спорно тука. Има многу несовесни граѓани насекаде, па и по маркети (не секаде се организирани), и сега сметаат верниците. И не знам зошто се напаѓаат личните верувања на било кој, како верниците да се посебна раса. Не сме ниту глупи, ниту ни треба некој да не просветли, ако не верувате не верувајте, ама немојте да навредувате.
    Патем, и јас сум студент и јас сум загрижена за полагањето. Ама ниту црквата ги раководи универзитетите ниту е виновна што не се одржува настава. Тоа е под домен на МОН и на универзитетите.
     
    На Rama, Dessa, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Знам. Ама исто ми е познат и менталитетот на народот тука и блискоста што си ја имаат и ќе ја имаат со црквата. Луѓето имаат потреба за празник да отидат во црква. Добар дел од нив одат и во други денови, не само на празник. Не одат ради свештениците,г.г Стефан... туку ради самата црква. Чувството, поврзаноста.
    Денес и татко ми на поминување бил. Пред само недела дена, нерви кинеше, а и на нас ради поповите кои врска немаат за х и у работи кои ги распрашувал во врска со помен кој требаше да го правиме и го поместувавме ради полицискиот час. Ама, сепак, си го тера обичајот. Оди до црква и оди само за да запали свеќа. Стои некоја секунда и си оди.
     
    На LivingGlam, Rama и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.113
    Допаѓања:
    163.678
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Не само полиција, туку и војници од армија имало пред банка. Од пред 4 дена е сликава, од твитер.
    И ако некој последен и најмалку научи од пандемијава, тоа се оние што ви е толку зорт да идете во црква сега.
    Се критикуваат луѓе што си ги изнеле децата воздух да фатат, што спортуваат по кеј или одат во природа во многу побезбедни услови, само вие треба да сте некако посебни со пригодава. Не знам веќе што да ви кажам, среќен празник и памет во глава :)
     
    На Purplelilac, sj *O*, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Некој мора да биде вреќа за боксирање. Јасно ми беше каков ќе биде ставот на многумина.
    Ниту имам потреба да се правдам, ниту некого да убедувам или разубедувам, ниту да се кријам.
    Кој што збори - себе се открива, кој што прави - за себе си прави.
     
    На Dessa и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.086
    Допаѓања:
    55.757
    Пол:
    Женски
    Апсолутно никој не го оспорува правото на верување. Верувајте си во кој бог сакате, бидете си од која религија што сакате. Никој не смее да ви забрани и не ви забранува на верска определба, но ова е вонредна состојба, каде се скратени други многу поважни права.

    Вирус се шири и треба сите да се придржуваме на мерките, бидејќи него не му е гајле за религија. Не за џабе се труби секој ден, се држат пресови и се прави пропаганда на телевизија, за да му влези нешто в глава на народов. Ама по ова изгледа тешко. Како што кажав поназад голем дел од народов мисли дека вирус не постои, и дека нѐ затвораат за 5G слободно да пуштале, што е жално многу.

    Има решение и за причесната, наместо со едно лажиче да си набават пластични лажичиња за секој верник по едно. Ама неее, мора да се оди на ризик, мора да се докажува дека од госпо никој не можел да заболи. Интересно ќе биди по две недели, да не се чудите после ако рипнат бројките нагло. Тогаш кој бог ќе го барате? :)

    Ако веќе се оставаат отворени црквите можеа и образовните институции и кафичите, рестораните да останат отворени со применување на социјална дистанца. Исто ти е, дури подобро. Никој кај овие не јади од иста лажичка.

    Секоја чест за верниците што одбравте дома да останите за да не бидите потенцијален ширач на зараза. :)
     
    На Konfetka, Purplelilac, deskarada и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Не сакам никого да цитирам или убедувам, ама ете јас не сум верник, ги почитувам и верниците, само не верувам во тоа. Мојот сопруг е голем верник, ама многу ретко оди во црква, ете за празников не отиде. Низ муабет имав го прашано зошто не оди кога веќе е верник, ме интересираше дали навистина е голем верник или онака само колку да се каже. Ми рече дека верата си ја има во себе, немало потреба да оди во црква, тој бил против црквите и свештениците, за него тие биле само мафија. Вистинското го имал во себе. Па еве ме интересира зошто мора да се оди? Што ако е празник? Ако верувате верувате и дома и секогаш и секаде, не мора да се туткате по храмови и светци да изигравате таму. И онака во црквите само пари ви собираат.
    Свекрва ми тврди дека е верник, ама заклучив дека е повеќе по суеверието, исто и баби,тетки во фамилијата. Ретко кој денес знае во што верува, мислите дека ако трчате по цркви тоа ве прави верници. Еве свекрва ми секоја година пости, ама никогаш не се причестува. Оваа година исто не се причестува, ама утрово со другата снаа под рака отишле во црква, не знам зошто морале, духовен мир им давало. Важи. Ако се заразам јас и сите други дома ќе видиме каков мир ќе имаат.
     
    На Konfetka, sj *O*, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.