Девојки кое е вашето видување околу оваа тема? Дали машките повеќе сакаат слатки, нежни, ангели....отколку провокативни, секогаш спремни за акција девојки? (ако веќе постои ваква тема, слободно избришете ја)! Поззззз
Се е до вкус. Сепак мислам дека овие вторите подобро проаѓаат кај момчињата од причина што се со послободен дух и машките ги сметаат за поинтересни и позабавни. Овие девојки полесно се опуштаат во машко друштво, не се срамат да покажат што знаат, се облекуваат послободно, зборлести се, кажуваат шеги, додека првите обично се срамежливи мамини ангелчиња, особина која машките баш и не ја обожаваат. Но не мора да значи. Се е до вкус.
Ок...а да речиме, секогаш си слатка, забавна зарем тоа не е добитна комбинација за машко??? Мора ли девојката да биде ептен провокативна за да привлече внимание...! Да и јас мислам дека се ствар на вкус! Јас кога би било машко, би одбрала слатка и забавна девојка, а не некоја провокативна и прчла!
Јас да сум машко би си нашла комбинација и од двата типа на девојки кои ги наведе Да знае во дадена ситуација како да се однесува. Не може исто да се однесува и во друштво и на пример пред родителите на дечко и ( на пример да кажува мрсни вицеви ) Кога прочитав провокативна, не го поврзав веднаш поимот со „лоша“ девојка. Туку си замислив онака забавна, зборлеста, ѓаволеста девојка а мислам дека машките ги преферираат таквите. Додека оние слатките ангелчиња си ги претставив како мирни, срамежливи мамини мази кои трепкаат со очињата и само се смешкаат. А тие баш и не изгледаат забавно. Затоа типував на вторите
хммм....еве јас да си кажам....за провокативно не сакам провокативни алишта голи гради,размавани задници,вулгарно однесување не е во мој стил,јас си фаќав дечко во мој стил,па гледам успешна ми е финтата(4 год сум во врска)убаво облечена,скромно а сепак во тренд,надворешниот изглед да привлекува,е сеа може не е убаво да кажам ама ајде,....се знае провокативни погледи,скришни насмевки,па ако следува разговор,глумам се правам наивна примадона,трепкање со очињата,токмење усни, додека да го фанам во стапица,е после кога веќе ќе почниме во врска започнувам со итроштини,па од кога ќе започниме во интимни односи се зне понатаму како одат тие работ...што знам нешто комбинација од двете.
Мене дури ме мава умот, дека машките сакаат да ги користат таквите прчли (ова прчла не го кажувам иронично, да не се сфатиме погрешно, не е ништо лошо да си прчла, некогаш тоа е и забавно) повеќе ради забава, а во резерва си имаат мирничко, нежно девојче, со кое продолжува во озбилните води!
Јас мислам дека побрзо впечаток оставаат провокативните девојки, за разлика од слатките. Сепак, сметам дека е најдобро комбинација од двете.
Ова е прашање на вкус - некој сака повеќе слатки девојки, што би рекле Американците The girl next door, некој сака провокативна девојка во која сите ќе зјапаат и ќе биде центар на вниманието каде и да се појави. Инаку, јас поимот провокативна девојка не го поистоветувам секогаш со претерано разголена или невкусно облечена или нашминкана девојка. Баш напротив, кога велам провокативна - помислувам секси, девојка што умее да заведува и флертува, да танцува, да се движи, и е' шармантна. За мене провокативната девојка е еден комплетно убав пакет (изгледа премногу сум идеалистички настроена ), и знам дека машките повеќе преферираат и загледуваат такви девојки, барем на прв поглед. Од друга страна, машките барем сметаат дека пристапот до слатките девојки е полесен, полесно се разговара со нив, можеби прво ќе и пристапат како на другарка или пријателка. Си имам другар кој целиот живот е во потрага по токму таква - слатка, срамежлива, фина девојка. Јас му викам дека Пепелашка веќе си најде принц.
Знаете како викаат : Испод мира,300 вира... знаат тие мирните да бидат доста опасни.. Провокативните девојки привлекуваат погледи тоа е факт...но кога се ви е сервирано и гради и нозе и задник ... станува досадно по некое време.Најдобро е комбинација фина и културна девојка со цврст став и мала доза сексапил и мистерија.Поинтересно е за момците.Треба да се потрудат малку повеќе да ја "провалат"
Мислам дека кај момците подобро котираат провокативните девојки, бидејќи се позабавни, поопуштени и слично... Но верувам дека сепак, момците повеќе ги почитуваат слатките девојки бидејќи ниту еден маж не верувам дека сака неговата девојка да биде со прст покажана Како и да е, се работи за вкус на мажите... Многупати мирните, слатки девојки знаат да имаат мнооогу скриени ѓаволести тајни
Се сложувам. Мојот најдобар другар еднаш ми кажа дека според него постојат два типа на девојки: 1.Девојки кои ти се свиѓаат уште на прв поглед 2.Девојки кои почнуваат да ти се свиѓаат на втор поглед. Оние првите се интересни за забава, да си ја поминеш убаво вечерта со нив, да се забавуваш, но не се знае што понатака и не се знае дали ќе ги биде за сериозна врска. Тоа се девојки кои се провокативни на изглед, привлекуваат внимание на прв поглед, најчесто отворено кокетираат и заведуваат, но не се мачат да сврзат некој содржаен муабет. За нив најчесто се е забава. Оние вторите се од оние слатки, но не толку провокативни девојки во однос на изгледот, кои немаат цел да флертуваат со колку што е можно повеќе машки во дискотеката. Нив им е доволен и само еден симпатичен дечко кој знае да сврзе квалитетен муабет што не вклучува чаламџиски муабети од типот каква кола имам, колку станови имаат моите, каде се сум бил по светов и тн. Тие девојки покрај тоа што се привлечни (иако не толку како провокативните на прв поглед), односно слатки, имаат и внатрешна убавина. Морам да се согласам дека до некаде е во право, иако не е се нели црно и бело, има и нијанси помеѓу.
ако бидеш цело време слатка или цело време провокативна ќе станеш дсадна,без разлика какви девојки дечкото сака.затоа,треба да знаеш да процениш во која ситуација каква да бидеш и нема каде да бега
Ми се допаѓа твоето размислување затоа што го практикувам тоа.Несакам нападен изглед,не сакам да одам на излегување полу голаа можам да го полудам со други гестови.......
Мислам дека на послободните и провокативни девојки машките гледаат како на женски за една вечер или за мување, а доколку сакаат нешто поозбилно сигурно ќе бараат пофина, мила и слатка девојка. Сепак најдобра е комбинација на двете-провокативност и нежност, и тоа во умерена доза и во точно одредени ситуации. За да биде забележана девојката мора да биде комуникативна, кокетна, малку провокативна (до одредена мера, со вкус) ненападна, а потоа е важно покаже дека е фина, нежна, добро воспитана. Златна средина, умереност во се.
Дефинитвно мислам дека треба комбинација од двете...Во одредени моменти треба да преовладува провокативното а во друго тоа слаткото Треба да се погодат тие моменти..Кога си во друштво треба да си таа симпатична,дружељубива,паметна :geek: девојка.А кога си насамо со него треба да настапи таа провокативноста!Барем јас така мислам..Можеби грешам..А исто зависи и од самата девојка...
Сите машки за девојки ги сакаат слатките, кои провокативноста ја покажуваат само кога се со својот дечко..Повеќето оние провокативните ги сметаат како женски за една вечер. Можеби ако помине некоја слатка девојка покрај момче нема ни да ја забележи, а ако помине некоја провокативно облечена ќе рече “Уууфф каква е..“..А попрво би бил во врска со таа слатката, него со провокативната, од проста причина што личноста како физичка појава со тоа го искажува и нејзиниот карактер. Провокативната не мора да значи дека оди со многу машки, но дефинитивно е повеќе посакувана од слатката, бидејќи поголем впечаток остава. Имам правено муабет со многу машки на оваа тема и тие вака ми рекоа од нивно гледиште