Мислам дека машките сакаат провокативни девојки само за авантура, додека сакаат слатка и нежна девојка за подолга врска. Мислам дека еднаш сретнав таква статија овде на фемина за таа тема.
Мислам дека џабе ние се трудиме да објасниме што и зошто повеќе сакаат кога ни тие самите не знаат. Денес едно - утре друго. Или пак трагаат по совршенство - домаќинки во куќа, госпоѓи на улица и курви во кревет како што прочитав во еден друг пост. Сакаат провокативни за една вечер а да се подолго време во врска со слатка? Тоа значи дека провокативните се ку***чиња а слатките се светици што никогаш нема да те излажат со друг или да те заебат некогаш? Ццц...
Слатките девојки слатко ќе те заебат..Јас мислам дека надворешниот изглед и не е нешто најпресудно за тоа каква е девојката.Ете мојата една другарка си тера шехерезад стил, со ролки и панталони, онака баш симпатично и фино но во принцип е многу послободна од другата ми другарка која тера онака по сексипилен стил. Се е прашање на вкус. А богами неретко и самите машки поим немат шо сакат.
The best f both worlds Не многу разголена али убаво и секси облечена. Деколте минич и огромни штикли не се секогаш секси За се треба да се има мерка
Умерено провокативни девојки, т.е. провокативни со вкус! Ми се допаѓа кога ќе видам девојка која знае да го покаже својот сексипил на ненападен начин. Слатки девојки ми е некако израз за шмизлести лигави девојки. Ама џабе и да опнеш минич и деколте до пупак или пак да изгледаш благотелечи слатка ако немаш шарм и ѕвезда да привлечеш нечие внимание. Се' е до насмевката и сјајот во очите
еее знаете како...ми кажале и слатка и забавна дека сум,мн ми успева да заведам несвесно.....а кај ми е устата за некој што мене ми се свиѓа,тогаш со извинение ќутам како п***а под кошула ,што би се рекло хехехе
Секоја девојка има нешто провакативно во себе ама не секоја знае да го изнесе на правиот начин. Секоја чест за тие што умеат дискретно да го покажат провокативното во себе. А за слатки девојки, ако ми мисли на baby face, тогаш тоа е физички предодрено, неможе секоја. Ама ако зборуваме за слатко понашање, тоа го може секоја. Значи секоја девојка може да биде слатка преку ден и провокатвна преку ноќ Какви сакаат машките е индивидуално. Јас мислам дека до некаде повеќе сакаат провокативни, ама пак оние слатките им се поголем предизвик на крај, зависи од расположението и за што се спремни
Слатки бе, срциња . Таквите девојки се често и позатворени, помистериозни, а најголемо задоволство ми е постепено да „откривам“ што се крие во нив и да ги наоѓам нивните слаби точки... Има нешто неодоливо во тоа, и прави да ги посакувам страшно. Да се разбереме, ни провокативните девојки не се на одмет. Да знае интелигентно да ме заведе, да кокетира со мене, да се надмудрува во флертот, да направи да ја посакувам само за себе... И да, вака кога пишувам, сфаќам само дека и едните имаат свои „адути“, и другите... Зависи од периодот на „наклонетост“ кон еден вид од нив. ))
Ако под провокативност се подразбира стилски изразен сексипил јас секогаш гласам „ЗА„. Бидејќи за мене е сосема природно жената да сака понекогаш умерено да ги извади на светлината на денот или на светлата на ноќта своите нозе во убави дизајнирани хулахопки и високи потпетици или своето деколте, па зошто си инаку жена, побогу? Сега ако има премногу елеганција и стил некои типови би се уплашиле како нејзиното „одржување„ многу кошта , ако пак тој го знае предобро брендот или па дека штиклите се во тренд, е малку да се запрашаш да не има геј тенденции , бидејќи поголемиот дел машки знаат дека штикла е само висока потпетица, а кај убавата гардероба ќе го приметат првенствено затегнувањето на материјалот над и кај облините . Е сега слатката мала со фармерчиња и патичиња и пунџиче може да биде доживеана само како другарка. Онаа што личи на пластична кукла ќе добие најчесто извештачено однесување кон неа. Ова е во однос на реакцијата која стилот на облекување може да ја предизвика, но не мора да значи, онака нафрлив некои размислувања, не се генерализации, бидејќи нив и не ги почитувам баш. А моралот според мене нема корелација со облекувањето секогаш. Бидејќи често додека фраерите зјапаат во оние со прекраток минич оние во ролки до гуша заминуваат со својот мувач по темни ќошиња-незабележани од толпата, а дечкото безбедно го отпратиле до дома претходно . Сега кај некои од провокативните си важи и правилото „Повелете од изволтево„ , ама пак ќе речам облеката не е показател за нечиј морал според мене.
Кога јас би била машко би сакала девојката да биде и провокативна и слатка искрено верувам дека постојат девојки дури и јас самата себе си се сметам за девојка која ги имам двете во мене Тоа што некои сметаат дека провокативните девојки се само за една вечер нема врска кое машко не би сакало да има покрај себе сексипилна девојка и меѓудругото заводничка која ја посакува цел град а тој е тој што само ја има покрај себе (треба да ја третира како принцеза )напротив има златно правило кое кажува провокативните девојки можеш само да ги гледаш и да им се восхитуваш ,тоа што понекогаш ке облечат длабоко деколте и ке ги покажат своите нозе не значи дека се лесни девојки напротив се смета дека слатките,тивки и повлечени се само навидум добри девојки само поради детски црти на лице и на тој начин доага до израз нивна навност поради што никој не се соменева во нивната добрина и морал
За машките не знам ама јас да си кажам за мене. Ме привлекуваат и слатки и провокативни девојки. Не мислете дека и оние со слатка фаца и невин поглед, не предизвикуваат сексуални фантазии во моите мисли. И тоа како се јебозовни тие слаткушестите девојки, пример слатка убава фаца, две плетенки и фустанче и некој невин поглед, а потајно се крие некое ѓаволче Да ја фатиш и... оу јеа. Исто и провокативните се добри, секси, само што кај нив автоматски ти доаѓа слика како имате секс, ме асоцира на див и груб секс. Не дека кај првите не е така, али... Како и да е, двете ми се допаѓаат, зависи во кое расположение сум и како би сакала да е завиткан подарокот.
Совршена комбинација ми е слатка девојка со поглед кој во секунда може да се трансформира од мило невино во диво разуздано. Кога ќе се спомне провокативна девојка, ме асоцира на некоја ко Сораја (може малку лош пример со оглед на тоа што има зуби ко орбит гравчиња), еблеста, ама провокацијата застанува тука. Нареден ден, чао пријатно. Со невиниот изглед е друго, можеш да го збуниш „противникот“, да не знае кај се наоѓа. Магијата е во погледот.
Искрено, мислам дека е потребна златна средина. Се што е претерано е - лошо. Никогаш не сум изигравала слатко, наивно и невино девојче, но ниту сум била премногу провокативна и нападна. Ниту едната категорија не ми се допаѓа. Всушност, на луѓето, посебно мажите, не им глумам никакво лудило, ни невино, ни провокативно, јас сум јас, таква каква што сум, ако ти се допаѓам ок, ако не - пак ок. Take it or leave it
Па мое мислење според мене мислам дека машките денес повеќе сакаат провокативни бидејки тие се така по зборлести се шегуваат било на нивни или на нечија друга сметка додека пак овие слаткиве се повлечени срамежливи
Јас мислам дека ваквото генерализирање на девојките нема смисла бидејќи не постои девојка што е само слатка или само провокативна... јас мислам дека секој треба да си биде тоа што е бидејќи во секоја од нас се крие и ангелско и ѓаволесто
Мислам дека за момците попривлечни се провокативните девојки. Тие се секогаш на подиумот, тие се секогаш супер скоцкани, дотерани од глава до пети, послободно облечени. Тие се најчесто оние кои немаат граници и забрани, а тоа им дозволува и послободен контакт со момците. Додека оние слатките, се срамежливи, скромно и поприбрано облечени, тие си ја знаат границата до каде им е и ако момчето сака понатаму таа прекинува. Значи, слатките девојки не се спремни да одат до некој крај за да видат какво е момчето до нив. Тие се мамините ангелчиња кои кога се оставени трчкаат кај мама со солзите на очи. Затоа и мислам дека не се привлечни за момците.
Јас сум за баланс И двата вида, можат да бидат привлечни и пријатни и за машко и за женско око. Слатките, дефинитивно знаат да изненадат. Да бидат фино и пристојно облечени, а под тој аутфит да лежи жешка мачкица. Како и да е не верувам дека под надворешниот изглед на слатка девојка се крие невино и наивно девојченце. Провокативните пак- боли глава. МИ одаваат впечаток на го добивам она што го сакам. Да не се разбереме погрешно, не мислам на оние девојки кои имаат ставено се’ на тацна. Мислам на оние кои знаат да покажат длабоко деколте кое не е вулгарно. Јас си имам и слатки и провокативни моменти. Зависи од расположение и прилика
Испод мира триста вира. Искрено различни вкусови, ама според мене мистериозното е попривлечно. Нема фајде да одам полу гола и да се радувам што ме зјапаат. Јас спаѓам во слатки. Така мислам. Провокативност во умерени дози.